Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.653
    Допаѓања:
    24.368
    Пол:
    Женски
    Омалаксана не можи да е од вадење заби. Т.е мене педијатар ми има кажано дека не креваат тт од вадење заби туку можно е тој период да падне имунитетот при вадење заби и да се разболи.
     
    На lalinda му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.574
    Допаѓања:
    7.833
    Пол:
    Женски
    Па не се сложувам баш. Синко има кренато температура од заби и тоа само еден ден и толку. Утрето ништо не му беше, а заб имаше пробиено. Не се разболе.
    А за омалаксана од заби не може, тоа да
     
    На Amore123 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.653
    Допаѓања:
    24.368
    Пол:
    Женски
    Така ми кажаа, ние искрено ни со двете немаме проблем со вадење заби ама како и да е мислам дека омалаксаност не е од заб :^)
     
  4. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.574
    Допаѓања:
    7.833
    Пол:
    Женски
    За омалаксаноност се сложувам дека не може. Ама температура и те како може. Педијатрите и стоматолозите различни ставови работава хахаха
     
  5. lalinda

    lalinda Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    159
    Температурата е од заби, а омалаксана е од температурата. 3 пати имала до сега темп. секад е омалаксана, не може глава да крене. Цело време се стиска за заби затоа сум сигурна дека е од тоа. Сега се освежи после лепчето, туку другото ме мачи повеќе, тоа што е на 4ката. Не знам дали е нормално
     
    На Amore123 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.165
    Допаѓања:
    20.298
    Пол:
    Женски
    Синоќа премногу кашлаше и плачеше. Му дадов пак Лоратидин и некако ја избуткавме ноќта со сто будења измеѓу. Плачеше како да го боли нешто, се виткаше дури од болка и се зариваше во креветот. Му ставив ефералган, му намачкав непца, сѐ направив и дури откако го однесовме во дневна после некое време се смири. Сабајле проверив крвна слика, гранулоцитите му се ниски, Црп е мирно. Грлото не е црвено и плучата е ок. Ми кажа вирусно дека било, да сум продолжела со дексазон, а ако не се смири до четврток да воведеме кортаир. Му даде и сируп Рупафин. Зошто даваат сирупи што се за над две години? Ете и Лоратидинот конкретно знам дека е над две. Кашлицата му е сува и надразнителна и од носето му тече проѕирен редок секрет, како водичка.
     
  7. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.574
    Допаѓања:
    7.833
    Пол:
    Женски
    Се дешава подлив да се створи при излегување на заб. Педијатар тука ништо нема да помогне. Стоматолог да ја види ако ти изгледа озбилно. Сега јас не знам какво е, тоа може да си се повлече и само, а може да треба и да се прочисти. @Spidy мислам дека е стоматолог ако не сум нешто грешка. Ако е, по може да помогне од нас ;)
     
    На Spidy и lalinda им се допаѓа ова.
  8. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.846
    Допаѓања:
    13.459
    Aj i tuka da prasam. Maloto (dve i pol godini) ima suva kashlica, plus povrakjanje samo nokje eve vtor den e vaka. I ima kako tecna stolica. Mu krkori i stomakot na momenti. Sto moze da e ova se izmeshano? I zosto samo nokje povrakja? Ve molam za mislenje. Nemam mir vekje.
     
  9. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.466
    Допаѓања:
    13.524
    Пол:
    Женски
    @lalinda до 38 температура може од заби, и нормално е да има подлив над забот баш пред да никне. Ако омалаксува, пола доза парацетамол за да и олесни, глодалки ладни ако ги сака многу помагаат, и гелчиња за непце. Да избие забот, се ке се повлече.
     
    На Ceneva и lalinda им се допаѓа ова.
  10. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.179
    Допаѓања:
    2.835
    Пол:
    Женски
    Кортаир или пулмикорт веќе не знам кој беше странскиот, го носат во мојот град во една аптека. Распрашајте се во вашите градови да не имате таква аптека што го носат за да не чекате долго. Ако на некоја и треба ќе напрвам услуга да ви препратам по карго.
    Јас го земав лани, потоа си набавив од грција и уште имам од него.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  11. lalinda

    lalinda Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    159
    Еднаш сабајле ѝ измерив имаше 38.3 после никако не ми дава. Едвај чепче ставив. Инаку Ефералган ставив од 80мг, само тие ги имам, немам од 150мг. Делуваше после еден саат, се освежи малку за два саати пак качи и се наведна на мене заспа. И само на цицка да е. Еве ја ми спие во раце уште. Дали може на помалку од 6 часа да се дава чепче, пак гори, бидејќи е од 80мг а не од 150? Според нејзината килажа треба 150 да дадам.
     
  12. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.466
    Допаѓања:
    13.524
    Пол:
    Женски
    Ако иде температурата до 38.5 или повеќе, тоа веќе не е само заби и треба цела доза за да има правилен ефект.
     
    На Mother of 2boys и lalinda им се допаѓа ова.
  13. lalinda

    lalinda Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    159
    38.8 сега, ставив пак исто чепче, се надевам толку ќе биде. Претходниот пат со едно ѝ помина. Немам друго а сама сум. Ќе чекам да видам.
     
  14. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.574
    Допаѓања:
    7.833
    Пол:
    Женски
    Таа температура не е од заби. Многу е висока за од заби. Сигурно има нешто плус. Прати си дете и да помине за брзо
     
    На lalinda му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    498
    Допаѓања:
    626
    Моето кога вади заби обично е така, крвче се појавува кога излегува запчето. Со четка ако даде се вади и после нема. Прашав педијатар, мислам дека не е ништо страшно мајка.
     
    На lalinda му/ѝ се допаѓа ова.
  16. lalinda

    lalinda Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    159
    Сега го нема колку што можев да видам, а пак качува температура. Таман симна. Ќе пукнам од кај сега ова. Се изнаплака за сите пари и пак заспа.
    Фала ви на сите да не ве означувам посебно :l:
     
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.554
    Допаѓања:
    42.947
    Пол:
    Женски
    Денес имав една ситуација со детево и не знам дали изреагирав како што треба.
    Бевме на гости кај другарка и она има помало бебе 11м е, и он многу и се радува, ама пред кренување он веќе беше изморен и раздрзлив и сакаше да ја гушне, бебето дома кукла што имаме цело време ја гушка, ама не си ја знае силата и ја грабна силно и она почна да плаче, јас секако дека му реков да ја пушти убаво ама не можев да дозволам детето да плаче па насилно го тргнав, и он изреагира многу бесно на тоа, ја фати уште еднаш и силно ја налегна на врат и потоа додека ги оттргавме ја теглеше за ногата. . Ги разделивме секако она се смири ама он имаше многу агресивен тантрум после тоа, со плачки со фрлање шал капа, ме удираше мене , ме теглеше…
    Не секогаш ме трга кога има тантрум ама најчесто ме трга за блуза и ме удира. Јас смирено му зборам дека не ми се допаѓа тоа, дека не смее така да прави, се со убаво додека не се смири ама искрено ме загрижуваат овие изливи на бес покрај тантрумот.
    Прв пат вака прави на бебе/дете, а и предходно си имаме играно со нив, обично е многу нежен и со нас дома.

    Нормални ли се овие изливи на бес? Што да правам во тој момент?
    Го изнесов надвор и се смири за брзо, другарка ми вика да не де сеќирам дека е нормално, она има и поголемо дете, ама од друга страна вели дека со неа немала такви проблеми ама од децата по пријателите знаела дека е нормално…јас не знам што да мислам.
    Многу се јадосувам отпрееска што дозволив и втор пат да го грабне бебето, а воедно и се плашам ако стане така насилен со други деца, здравје летото очекуваме принова од брат ми, морам до тогаш да го средам ова понашање.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.653
    Допаѓања:
    24.368
    Пол:
    Женски
    Нормално, немој да очекуваш дружби со деца помали или на негова возраст без драма да има. Не му зборувај кога има тантрум, остави да се исплаче, па после гушни. Ќе се разговата кога ќе се смири целата ситуација. И не, нема да го средиш тоа понашање лесно, пошо тек ќе сака да покажува доминација или ќе има љубомора
     
    На Splendor. и 1209 им се допаѓа ова.
  19. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    1.443
    Пол:
    Женски
    Нормално е тоа, тоа е таа возраст.
    Очекувај дури и љубомора за бебето што доаѓа. Полека, смирено, ќе помине тој период.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    1.443
    Пол:
    Женски
    Ајде помош.
    После стомачен вирус, сега температура 38.5 :(((
    Она си е весела, ровари по дома.
    И ставив оцет да видам дали ќе спушти, сега заспа.
    Да ставам чепче или да чекам?
    Маж во болница хоспитализиран и дехидриран, јас со детево дома ме фаќа паника. И она болна и мене не ми е добро.