Прееска кога го слушна плуќата беше чиста, иако знам дека тоа е брзо променливо. Ама нема никакви знаци дека спуштил. Како можам јас да осетам, кои се симптомите? Иначе не му мириса здивот лошо, него некако поразлично, не знам како да објаснам. За брис ја прашав докторката прееска, не рече ништо за пак да направиме. Температура овој пат воопшто не качува, освен минатиот петок што качи до 37.8 и утредента се разболе.
Кај ќерка ми, "свирење" на гради или остар звук додека диши. Кашлање посебно додека спие. Некогаш повраќање шлајм ноќе. Неколку пати имала спуштено и различно секогаш. Јас за секоја појака кашлица посебно влажна трчам на доктор да ја наслушаат баш дека е подложна на спуштање.
Брис направете мами, штом има миризба. Мислам дека кога има бактерија знае да јави мирис. Не ме факај здраво за готово зошто не сум 100 посто сигурна. Баш се намачивте. Аман ајде ова последно да е. И во новата година здрави ко дрен да бидете
Има кратко и плитко дишење, како да дише со стомак, а плуќата како д ане се полни (ова кога се легнати се забележува). И почесто нека го слушаат. Мојов со антибиотик и се, па еве ден два во Козле лежиме со пневмонија
Секогаш кога се разболуваат моиве им мириса различно здивот. Не сме имале ништо посериозно фала богу и на обична настинка им мирисал. Со лесно да мине
Искрено не сум ни сигурна дали му мириса. Ќе видам утре како ќе биде. Дајте ми некоја препорака како полесно да го исфрли шлајмот, што функционира највеќе кај вас?
Инхалации да се разводени и често шрицање нос. Ама секое настинување се со мин 10 дена шлајм што не е брзо. Последно едниот имаше како заглавен секрет позади цело време и хрчеше на спиење и тоа траеше сигурно 3 недели што веќе ми стана сомнително. Испадна дека има многу зголемен трет крајник. Сега е на терапија, има подобрување ама уште хрчи.
Он не хрчи ама цело време подголтнува секрет, баш се слуша. Во носот прскам синомарин и влечам со аспиратор, ама не вадам нешто многу. Иначе вака е свеж и збеснат повеќе од било кога. По цел ден пее. Во понеделник ќе ги сликаат со Дедо Мраз во градинка. Не знам дали да го однесам само за слика или да го пуштам да оди, баш се мислам што да правам.
Баш заради ова мислам дека одбивањето треба да е одеднаш, а не постепено. Вака ем се мачи, не му даваш, ем пак цицне подоцна. Не е наменето само за тебе, туку општо зборувам за сите што сакаме да ги одбиеме. Имам пишано дека кај и да е сакам и јас да прекинам, и не планирам ништо постепено, одеднаш нема веќе и крај. Само уште да се решам, бидејќи има голема мака со забите и само тоа ѝ е утеха. Звучи како изговор ама тоа е.
И јас од истата причина не можам да се решам, то ест забите ми се една од главните причини. Претешко ги вади, а има уште 8 за вадење и единствен начин да се смири навечер кога има болки е со цицање. Да ги вадеше лесно мислам дека многу поедноставно ќе ми беше да се решам.
Моево многу лошо спие веќе цела недела, по 100 пати будење, денски одвај го заспивам, и кратко спие, ноќе успивањето е уште хаос. Цело време е со раце во уста, едвај чекам да ги извади забите и може тогаш ќе почне да спие како што треба. Долу уште е само со предните два и 4ки, зајаче. Многу немирен станува, ништо не ме слуша, ниту со зборење, ниту со убедување, ниту со карање, ниту со повишен тон, ниту со арно, ниту со лошо. Како расте се повеќе гледам од карактерот на мм во него и тоа она најлошите карактерни црти од мм, он нема многу лоши ама тие што ги има баш му се терсене. Мислам генерално многу е добар на душа, наивно добар, ама од друга страна терсене човек е и детево како него ми личи А јас и оно и двајцата со рогчиња, често се натпреваруваме кој потврдоглаво ќе настапи, осеќам дека како ќе расте се потешко ќе биде да се победи Кажете ми ноќеска како ви спијат децата? Моево не сака ниту вреќа, ниту покриен. Цело време е откриен и ладен, а не спие во позиција како да му е ладно. Обично е на пижами и боди на прерамки, околу 23степени е во собата, мене ми е пример ептен ладно и стално и со едно ќебе ме треси, а он до мене откриен спие.
И моето ептен ептен лошо спие, никогаш не сме биле вака. Плаче во сон и ако не сум до него да ме чепка или да цица едно 5383072 пати не се смирува. Денски исто знае да скокне дремка, или му траат кратко па спие два пати како денес, или квичи мижејќи и го држам во раце да се доспие зошто ако го спуштам плаче и одма се буди. Кај нас сѐ е на куп. Болен е, заби, градинка, регресија. Не знам од што попрво е ваков. Од рубриката ич не ме слуша денеска го карав зошто се качува на нозе на едно камионче и готов е да се лупне. Сериозна сум, му кажувам дека ако не се симне камиончето ќе оди да нане, се заканувам практично, а он ме гледа во очи и се смее. Начекува момент кога не го гледам, ќе се качи и кога ќе го погледнам одма се симнува и се прави наивен демек еве мирен сум, ама се смее под мустак, као те зафркнав. И он е со рогови и тоа опасни. Пошто разбира апсолутно сѐ, тврдам дека разбира и што значи НЕ, ама се прави демек не е од тука. Па ќе отиде кај шо паднал и сам се кара, вика ‘неее ба (бам)’. Работава да се смееш ли, да плачеш ли. Секој ден ми тестира живци и покажува карактер. Инат и своеглавост му се главни особини моментално. Спие во вреќа со ногавици, моментално е на перење и спие покриен со ќебе јорган, поточно откриен зошто ако осети како го допира на нозе особено, одма прета како да гори. Ептен е склет дете, цел ден он соблекува, јас облекувам чорапи.