1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.363
    Допаѓања:
    21.350
    Пол:
    Женски
    Крвна слика, црп и брисеви имате ли направено.
    За шлаемите инхалации со физиолишки помагаат. Прашај дали може зошто сте многу малецки. Месец и пол сте така?
     
  2. momomo

    momomo Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    41
    Крвната слика и црп добри беа пред недела дена , еве денес урина одвај и земав и тоа многу малце но ќе видиме

    Не срц година и 5 месеци , ма што не физиолошки , аква марис

    Тешко ми е што 10 дена температурава држи уште ден има ден нема и ја држи цело време 37,5-38

    Мајки кажете искуство ние уште сме со температура дури сега поинтензивно качува на 4 саати, денес пак во козле ќе одиме за резултати од брисот од шлаем јас навистина незнам што се случува, не кашла више, но можда и ренген на гради ќе и прават денес зошто 3 ца доктори никој не може ништо да слушне
     
    Последна измена од модератор: 25 април 2017
  3. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.860
    Допаѓања:
    32.471
    Пол:
    Женски
    Мајки денес бевме на кожен лекар, и ни потврди дека имаме недостиг на пигмент на ножето и на лицето. Ни даде крема и бетадине да ставаме. Дали има некоја искуство со ова? Дали се повлекува?
     
  4. dade123

    dade123 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    1.184
    Пол:
    Машки
    Мами, незнам дали прашањето е баш за во оваа тема, малата има година и пол и мака мачиме со јадење, малце јади, ќе касни од се по еднаш и толку. сака само да цица, има денови дали ќе касни две лажички а има денови за ручек ќе изеди цело тањирче. ама воглаво не е јадач ама ич. како да ја натерам да јади колку што треба, а со килажа си е нормална за возраста, си спие, си мочка си кака си најнормално.
     
  5. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.610
    Допаѓања:
    8.253
    Мајки користи ли некој од оние млека што се од житарки.Малиот го одбив,ама не сака кравјо млеко,адаптирано млеко,чај,сок,вода...ама затоа пие многу од овие млека што се од житарки.Страв ми е да дадам по толку многу...пие по 300-400 грама дневно.Давам од миндел,овес,ориз-само од соја не.

    Инаку 14+ месеци е:)
     
  6. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.260
    Допаѓања:
    35.116
    Пол:
    Женски
    Јас не знам дали тие се баш замена за обично млеко. Мојов исто не сака ад млеко ниту кравјо млеко а пие отакко сам се одби од цицање и тоа на 11 месеци. Прифаќа само едно шише АД дневно од 150 милилитри и го пие ноќе полубуден.
    Млеко давам преку кашички како гриз и слично (и тој не го јаде ако нема банана на пример да му добие друг вкус).

    Мене ми рекоа да форсирам јогурт и млечни производи заради калциумот. Среќа јогурт сака да пие и тоа многу. Само и со јогурт важи истото како и за млеко не повеќе од 300 - 500 милилитри дневно зашто ќе влијае на ресорпција на железо и може да дојде до анемија.
     
    На fairy88 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.363
    Допаѓања:
    21.350
    Пол:
    Женски
    Мами еден совет. Синко малку поткашлува. Почна редовно да оди во градинка, па ова е очекувано. Матичната ми препорача сируп од ислански лишај за смирување на кашлица. Дали сте користеле, дали сте задоволни.
     
  8. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.623
    Допаѓања:
    15.731
    Па викаат дека бил добар,ама кај нас еднаш не помогна.Најприродно за кашлица свари му чај од кромид ,јаболко и стави малку мед,проверено ,или можеш кромид со мед да ставиш да пушти сок кромидот и давај му како сирупче 2-3 пати во денот:)
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  9. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.363
    Допаѓања:
    21.350
    Пол:
    Женски
    Azelea би пробала ова што ми предлагаш. Дај конкретно пиши ми сооднос и за чајот и за сирупчето како да го направам.
     
  10. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.623
    Допаѓања:
    15.731
    Вака за чајот ставаш една главица кромид со лушпа,едно јаболко и можеш еден орев накршен со лушпата,а и не мора ако немаш,се залива со вода и го вариш додека не испари половина барем од течноста ,прецедуваш и се пие.За сирупчето чистен кромид колку сакаш ставаш во некој сад или тегленце и колку кругови кромид имаш толку лажици мед ставаш врз него,се остава во фрижидер неколку часа да пушти сок кромидот и се дава 2-3 пати во денот :)
     
    На galapce, alana, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.960
    Допаѓања:
    327.286
    Пол:
    Женски
    А за каква кашлица е ова?
     
  12. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.623
    Допаѓања:
    15.731
    Џој за секаква помага,смирува а и воедно помага за исфрлување на шлајм, освен ова и со чај од бел слез имам позитивно искуство,а друго и мукоплант и од лишај пробав,немаше нешто ефект.
    http://www.lekovitebiljke.com/cajevi/caj-od-crnog-luka-za-kasalj-i-inhaliranje
     
    На galapce и joy1 им се допаѓа ова.
  13. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.960
    Допаѓања:
    327.286
    Пол:
    Женски
    Ни нам никогаш не ни помагале куповните сирупи.А и од Систина ми рекоа да не ги давам,контра ефект прават
     
    На irena.1 и azelea им се допаѓа ова.
  14. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.623
    Допаѓања:
    15.731
    Во право си,и јас сум приметила повеќе ми кашлаше од нив,наместо да и се смири уште повеќе се засилуваше кашлицата.
     
    На irena.1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.935
    Допаѓања:
    153.052
    Пол:
    Женски
    Јас правам некогаш и со ловоров лист и шеќер помага и тоа малку. А ова со кромидов грдичко е за пиење? Некако ми има останато во сеќавање баба ми нешто слично ни правеше и доста беше бљак па дали ќе го прифатат и децава.
    Инаку чај од бел слез и не е за секаква кашлица јас порано му давав на син ми и знаеше мн повеќе да го изиритира и раскашла ако му беше така посува кашлицата. Мислам дека е за позрела кашлица за исфрлање шлајм.
    Туку кога сме кај шлајм може не е за во темава наш ама сепак. Син ми сабајле се разбуди му се одеше во тоалет. Не ни се искака само онака се издува да кажам :) ама кога го избришав имаше буквално како мрсул со малку сукрвица така како розевко. Извинете вака сликовито може е малку гадно ама сите сме со деца па знам дека нема да ви пречи. Сте слушнале до сега за вакво нешто. Може да е шлајм преку столица? Има простор за паника? Само 1 денес се случи
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  16. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.610
    Допаѓања:
    8.253

    И јас мислам дека не се.Читав на нет немаат доволно калциум за да се задоволат дневните потреби на детето.Мојов не сака многу јогурт,повеќе прифаќа кефир.Денеска испи 50 грама.Сиренце исто јаде,но не по многу.
    Вчера па зборував со една мајка од градинката.Била веган три години.И кога и кажав за млекото вика супер дека овесното било многу здраво,тоа и го кажал и педиатарот.Ама и кажав ова за клциумот и дека не е доволно калорично како кравјото.Ми рече дека калории ќе си прима детето преку храна,а калциум од други млечни производи.

    Инаку во градинката даваат стрго од овие млека.Кравјо не даваат.Само се мислев дали ќе смее цело време да пие само вакво млеко,ама изгледа ќе се реши и тој проблем.

    Денеска има мал напредок.За прв пат купив Хипп Био млеко за деца 12+ готово направено,пакувано во шише од еден литар и пиеше и од тоа.Малку се мрштеше,ама го пригати.Па ќе мешам сега:)
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  17. alana

    alana Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    1.180
    Допаѓања:
    3.335
    Пол:
    Женски
    Ние ловоровиот лист редовно си го користиме во супа и манџа и кога немаме кашлица...ако не ставам ловор како да ми фали нешто.

    Инаку пак имало некој стомачен вирус....чувајте се.
     
    На M&M и azelea им се допаѓа ова.
  18. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.623
    Допаѓања:
    15.731
    Да,да слезот е за зрела кашлица,за исфрлање на шлајм,а ова со кромидот не е баш грдо со мед супер е,кај мене го пие наеднаш дури.
    За сукрвицата може да е од шлајмот и ако некое капиларче му пукнало ,мислам дека не треба да е страшно ако не се повтори.
     
    На M&M му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.987
    Овој сируп е за исфрлување на шлајм повеќе, за сува кашлица не се препорачува повеќе го надразнува грлото и кашлаш уште повеќе. Го имам пробано и кај двете деца и затоа кажувам искуство. Инаку не е грд за пиење, ставам повеќе мед и лимон и не се ни осеќа кромидот.
     
    На ♡BuBaLe♡, M&M и azelea им се допаѓа ова.
  20. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.549
    Допаѓања:
    139.808
    Малата не е какана 5ти ден денеска. Не личи дека има мака. Јаде сливи и пие сок од сливи.
    Докторот ми рече ако не се искака чепче да ставам.

    Досеа не сум ставала. Кажете ми за колку време ќе се искака после тоа?