Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.611
    Допаѓања:
    7.184
    Пол:
    Женски
    Исто ко за моето да зборувате. Моментално вади доле четворка. Вчера ноќта и преку ден, а и вечерва не е спиена ич. Само ме тегли и кубе, брвка во очи и што ли не. Не плаче барем да знам дека ја боли, ако не цивка во сон поима немаше да имам што му е.
    Инат, на мене. Граници се тестираат. Точно знае кај е не и пак оди таму. Вчера казна беше нема музика од лап топ, оти не фаќаме по кабли и по лап топ.
    И заклучувам книги и играчки кога ги мава. Демек да сфати.
    Во градинка мислам најгласна е, овде не ми е јасно како им се толку мирни децата бе. Ко без емоции, ама ај друга тема.
    Спие само во вреќичка од раѓање па навака. Поинаку не ни знае.
    Се обиделе во градинка да ја успијат, дремнала од премор пола саат и толку. Си ја зедов дома, не презаспа.
    Важно не ми велат ништо како се однесува или да ме караат. И да имала лош ден, само доброто го кажуваат :x. Вчера знам дека плачела, ми кажа жената од кујната, ама воспитувачката рече ок била.
    Е сега они не се навикнати тука дека мајките не прават муабет со другиот персонал. Нели снобови, ама јас со сите се поздравувам и два реда сврзувам.

    За секрет, тестирав и со перење и без перење исто ми е. 10 дена трае. Дали влажнела со инхалации, дали не тоа е тоа. Ко се туширам ја оставав да дише. Сите тројца во купатило. Надвор по два три пати на ден. На балкон секој саат, луфтирам и тоа е тоа. Едино ставам капки за нос оперилот за бебе, сечам кромид за спиење. Тоа.
    Да поминува кај сите.
     
    На Giovanna, lackygirl, Splendor. и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.755
    Допаѓања:
    5.680
    Пол:
    Женски
    @Ano , како сте денес? Гушки до вас.

    Градинка овде, само најлошото ни го кажуваат :D
    Се степа, немирна беше, плачеше, не сакаше 15-20 минути да заспие, фрлаше храна, не знам што. Ова општо на земање што сум слушнала за моето и рандом други деца.
    Да се разбереме, во ред ми е да знам што се прави моето дете, и ако има потреба да реагирам. Нормално дека не смее да ги повредува другарите.
    Ама ретко кога рекле не само за моето, општо за сите, мирно беше, играше, ги направи активностите. Пофалби никако.
     
    На Carolin. и јolene им се допаѓа ова.
  3. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.035
    Допаѓања:
    40.372
    Пол:
    Женски
    Уште на лустер што не пробал да се качи. Затворени во 4 ѕида, јас и он (facepalm). Не не пуштаат да мрднеме од врата зошто и сезона на грипови. Ако преживееме добро ќе биде.
    Он цело време си е фит, ама гради вријат од секрет.

    20241220_092238.jpg
     
    На LiquidLuna, Bubish26, Giovanna и 14 други им се допаѓа ова.
  4. 1001Ana1001

    1001Ana1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2022
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    132
    добро мајки некој да ме утеши дека станува подобро, ова не се издржува. 15м дечко, што спиеше од раѓање од 7-7 и блв јадеше сам се живо и диво, одеднаш станува терорист. не спие воошто, ај што не спие него вришти ќе речат комшииве го тепаме, плаче за се и сешто, три месеци сме болни еден чекор напред 10 назад со адаптацијава од градинка, има мислам 200 заби во уста и уште вади нови. со маж ми ќе се распаднеме, не сме спиени, ништо нејќе да јаде, како да го оддржам здрав кога ништо не сака да изеде, има црни подочњаци зошто протестира за спиење, значи ќе заспие во раце, па ќе стане ќе се искубе за да се расони.

    се осеќаме како издишани балони, немам сила ни веќе да го слушам значи само кенка и вришти на некоја фрекфенција што ми иде слушалки да си ставам и да излезам од собава. се осеќам ужасно, нетрпеливо, како недобра мајка, спремна сум за тантруми (барем така мислам од поголемо дете), ама овој период кај што не се разбираме што сака а вришти не можам да го издржам. воздухов е одвратен и канцероген нејќам ни надвор да го изнесам значи цело време е дома а и ние со него.

    плус 8 саати сме на работа и двајцата, притисокот се прелева и дома, се осеќам дека потфрлувам на сите фронтови.

    многу ми е тешкичко :(
     
    На 1209, Carolin., Sun&Moon и 2 други им се допаѓа ова.
  5. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.070
    Допаѓања:
    5.767
    Ednostavno pomirete se deka e faza i deka pomine, malku popozitivno i rotirajte so maz ti .Vo smisla eden den posle rabota praj ti nesto sto ke te opusti, odmori potoa drug den toj i ke pomine. Pa ke dojdd druga faza tantrumi, i fazata jas se mozam jas sum golem se taka dokaj 4 i nesto godini, potoa doaga eden razbiracki period koga malku e podrugo.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  6. strelec231992

    strelec231992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    817
    Леле какви трауми ми врати сликава. 20 дена бевме затворени во таа соба не смеевме да искочиме. Со лесно мајка и побрзо да поминува да си одите дома што поскоро и да не се повторува :l:
     
    На 1209 и Ano им се допаѓа ова.
  7. 1001Ana1001

    1001Ana1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2022
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    132
    проблемот настанува што и двајцата работиме од дома а тоа колку има позитивни има и негативни страни. работното време не ми е поврзано, значи јас тие саати ги влечам низ цел ден, односно додека сум на работа јас и готвам и пуштам машини и играм со дете, истото го прави и маж ми. навечер доработуваме тиа што не сме завршиле и едноставно паметот не престанува да мисли. немам таква работна позиција кај што доаѓа 4-5 саат и оп, толку е завршено. немам експлицитна граница помеѓу работа и приватен живот, а тука доаѓа и моментот дека сме нонстоп болни сите, па имаш денови кога не си способен нит да сработиш нит да родителуваш
     
    На Splendor. и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  8. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.172
    Допаѓања:
    2.832
    Пол:
    Женски
    Имаше на страна на фб продаваа. Изгуглај ќе ти излезе. Одамна ми е земен.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.568
    Допаѓања:
    7.827
    Пол:
    Женски
    Јас па читав дека треба постепено и ради дете и ради нашите дојки и појава на мастит. Секаде кај што отворив како да се укине доење секаде пишува постепено. Еве сношти пред спиење и не побара. Изгледа се навикна на тоа. И многу мирно ја помина ноќта за чудо два пати само стана. Камо среќа сите ноќи да се такви ама ...
    Јас го почнав така процесот и веќе назад нема. Нагло ми делуваше страшно и го замислував хистеричен и да вреска без крај, а тоа не го можам. Ради тоа уште ноќе му давам, одма почнува да вреска на најјако и да се витка со главата на назад и да има хистерични напади. Преку ден е лесно има занимации и игри да му одвлечеш внимание, ама ноќе како ??? Најдобро е да можам да заминам некаде некој ден и да не гледам и слушам како поминуваат брз цице ( ова себично од мене ) ама ни за така ич немам срце и да имам таква прилика, што ја немам.
     
    На lalinda, Carolin. и kozuf им се допаѓа ова.
  10. Girl239

    Girl239 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2022
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Моево деновиве заспивањето беше страшно вчера заспа сам кај 10 зошто бевме на слава сабајле стана во 9 прв пат толку касно станал од кој е роден покасно од 8 нема станато 17месеци е разбира скоро се што ке му речеш да каже да донесе ама ако нешто нетреба да чепка и му речеме не тој седнува на земја и плаче незнам дали е нормално ова буквално само ако го искараш или нешто не е по негово не го оставиме ке седне доле и плаче
    Пред некој ден бевме на роденден прв на едно дете кај фамилија таму никако не седеше незнам што му бидна тоа беше ка кафана темно музика немаше деца само он и дететво може затоа па го однесевме на од мм мајкаму за ние да поседиме
     
  11. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    626
    Кај нас ништо од одбивањето, 2 дена не сакаше млеко, не сакаше ни да јаде. Третиот ден излезе 3ка, вриштеше за цице и дадов. Татко и на пат 10 дена сама немав шанса против детево да ја одбијам и да преживеам.
    Инаку исто @Ceneva читав сегде дека е подобро да е постепено, и Јасна ја прашував исто ми кажа, а ја имаше и на јутуб на некоја емисија кај што објаснуваше. Ама подолго трае маката така веројатно.
    @Ano срце ми се скрши со сликата, држете се и побрзо да помине
     
    На Ano, Carolin., Mother of 2boys и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    1.001
    Пол:
    Женски
    И јас да се пријавам дека не спиеме ни ние. Можно е да се 5ките таман пред роденденски зашто обично така е, ќе се разбуди сред ноќ и не може да заспие долго време. А и јадење слабо, за спиење ќе издржам, само да почне да јаде.
     
  13. MeryS

    MeryS Активен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2023
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Женски
    Ќе потрае ама ќе помине, кај мене е 17 месеци малиот, скроз истото ни се случуваше.
    10ти скок, каде што учи со тестирање на границите плус болен. А само што го одбив од цицање - темпирав пред да почне скокот.
    Кенкаше за се и сешто, а ако го добие во истиот момент насмеан. Јадеше од мал сам, а во тој период само бисквити и вода сакаше...
    Можам да ти кажам само да не го тераш да јаде, повеќе течности, гушкање и давај му тоа што сака. Ќе помине и ќе си јаде пак се. Инаку можеш да му направиш одбивност.
    А за плачењето, пробај да не му го даваш тоа што го сака кога плаче, да му го насочиш на друго вниманието, да научи што е "чекај" и "покасно", во овој период почнуваат првите тантруми и многу брзо учат кај кого со кој метод можат да си го истераат нивното.
    За месец се врати мојот пак на старо, весел, здрав, си јаде, си спие. Ќе помине ♥️
     
    На 1209, јolene, Carolin. и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.153
    Допаѓања:
    20.284
    Пол:
    Женски
    На Ano му/ѝ се допаѓа ова.
  15. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.611
    Допаѓања:
    7.184
    Пол:
    Женски
    Градинка за да издишете и да се концентрирате на работа. 17 месеци е и мојата, ако не работам ме прегорува.
    Почна со градинка сега, уште е на привикнување, ама и тие 2-3 саати на ден прават разлика.
    Со дете што тестира граници мора смирено само. Кога вие сте напнати, ќе биде и оно нормално.
    Има денови кога буквално вријам еј, од кожа ми се излегува. Капак на се во последни три месеци на прстите се брои колку ноќи имаме спиено. Ноќва исто. Заспа во 8, до 11 спиеше. Од кај 12 до кај 5 не кубеше и клоцаше. Во 5 заспа и и до 7 ипол спиеше.
    Маж ми зомби сега работи, требаше да 11 ипол да седи во градинка. Му се јавиле да ја земе во 10 оти плачела и не се смирува.
    Јас еднаш ќе имам работа да излезам и да завршам мои обврски, она ко радар баш тогаш нема да соработува. Во 11 ипол се вратив дома и ја заспав.
    Преморена е, заби што растат, не најадена, не наспиена, нормално ќе е таква. Ама се е период, што ми рече една членка, помири се дека е така и терај, евентуално ќе помине.
    Ако сами си го гледате и работите, мора помош да си земете за пар саати. Дали за готвење, дали за дете, дали баби или дадилка или градинка. И на дете ќе му е поубаво отколку цел ден само дома да биде.
     
    На kozuf, Giovanna, 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.035
    Допаѓања:
    40.372
    Пол:
    Женски
    Леле сега ме исплаши уште повеќе. Јас се си мислев 7, максимум 10 дена :worried:. Зошто ве држеа толку многу?
     
  17. lalinda

    lalinda Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    157
    Сега приметив на жлебината од страна има како прегризено, не знам дали точно го опишувам. Дали знаете што може да е?
     
  18. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    4.479
    Мајка и ние сме доле само со кецови и 4ки или 5ки, не сум сигурна. Дури и ме загрижува, доле нема ни двојки ни тројки, а горе фалат тројки и петки излеа. Доле е ко штрбава баба.

    Мислам дека колективно сите се во иста возраст и фаза кај што тестираат граници и сакаат да имаат контрола колку што можат врз некои работи.
    И искрено до некаде ги сфаќам, приметив пред некој ден може 100 пати му реков не ваму, не таму, не чепкај тоа, остави ова. И за некои од работите ме слуша стварно, е некоаш ме гледа во очи и продолжува ама ако не е многу опасно почнав да го оставам. Секој момент од нивниот живот им е диктиран од нас, може сабајле и нив не им се станува и не им се облекува во 5 слоја облека ама мора ( и мене не ми се облекува ама низ денот таа фрустрација ќе ја исфрлам низ нешто, он кутриот само тантрумче му останува за да се искаже ).
    Е сеа го напишав ова, да не ми се удри од глава.

    @Ano со помин нека е, побрзо да се вратите дома.
     
    На Splendor., Giovanna, Ano и 4 други им се допаѓа ова.
  19. strelec231992

    strelec231992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    817
    Извини мајка не ми беше тоа намерата да те исплашам, не размислив два пати пред да пишам... Кај нас беше исклучителна ситуација, не сакам да ти стварам паника и да ти објаснувам. Инаку толку обично околу 7 дена се лежи макс 10. Ќе ти пишам ПП.
     
  20. Bebence29

    Bebence29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    1.041
    Допаѓања:
    922
    Пол:
    Женски
    После колку време од примена мрп вакцина ги пративте во градинка?