Луѓе ги има сите заби освен 5ки пак не спие, како да ви кажам. Ноќеска станува и седнува на гз и плаче. Два вечери пробувам да не му давам да цица станува 363636 пати и веќе околу три сум преморена и пак му давам за он да се смири и јас да поспијам, тоа е. Денес тргнавме на вакцина и си се вративме ко попчиња. Имал вирус според крвна слика. Ептен се мислев дали да вадиме крв или не ама на последната кривина свртев на кај лабараторија си викам ај да не направам беља и ке направев за малку. Матичната вели почекајте минимум недела. А вака е весел, јаде, трча не е застанат ама сите резултати се хаос и така..
А опција за одмор имате? Јас искрено во ваква ситуација ни зела некој ден одмор, знам дека обично сите чуваат денови за вистински одмор, ама што е моментално најбитно. Некогаш и ние одиме со глава во ѕид и пробаме да жонглираме милион обврски. Веројатно и нему не му е лесно со градинка, болен, кенкав, мама и тато нервозни, такава енергија има дома, што не сте излезени исто. Знам дека не сакате да е така, не дека ве обвинувам, него може е паметни малце сите колективно да здивнете, макар и 3 дена одмор, ќе можете некаде на повисоко на воздух да идете, подруго ќе е.
@Ano со помин Ние пнеумонијата во дневна болница ја лечевме, секој ден одевме за инфузии 5 дена, ама проливот не легна на болница 4 дена. Бар почисто ми гледа таму. БТ многу нечисто, многу... Спојлер: Слика Немам време да пишам, кој хаос сме моментално, на работа останав сама, колешката откажа, гужва е секој ден, си одам отепана дома, а дома ме чека се големиот домашна да пиши, малото обесено на мене плачи по мене, ако го земам му фаќа во тетратките и му кини, ако не го земам вришти, одма се акнува на под, многу ми е смешен тогаш, малку е драма кинг Има пак 2 дремки, почна касно да заспива, после 22ч, ноќе спие со повеќе будења ама бар одма презаспива, сабајле 7ч е станат, во 9 веќе му се спие па го заспиваат па после пак спие кон 13ч и така. Имам повеќе, поопширно за пишење ама немам време Иначе е со мрсулчиња проѕирни и се лигави, 3ките се на пат. Заби дур ваѓаат нема спиење, дур не излезат сите. Тогаш почна да си ја спие цела ноќ првото
Не ми дава да редактирам, а морам да се корегирам, не на жлебината туку на устата од внатре. Ако има некој искуство што можам да мачкам, ја боли
@Bella_Stella мене ми е глупо веќе да те цитирам, да не ме сфатиш погрешно, ама како мојава да ја гледам во твоиве постови. Цело време од бебе мачиме мака со тие респираторни инфекции, цело време бронхити и пневомнии. Еве ја скоро 6 години и такво е, кашлачко дете. Добро е што му се развлажнила кашлицата и што искашлува, не е добро да е сува, тогаш прават повеќе бронхити. И добро што конечно ви смениле дексата, ти кажав нема некој голем ефект кога се инхалира. Измеѓу кортаир прави му инхалации со синомарин само за побрзо да се развлажнува и да искашлува. Моево беше утепано од лекови и кортико, на пумпица 3 години, претходно на пулмикорт една година. Антибиотик на секое и тоа сумамед, лекоклар... Летово после микоплазмата пресеков, полека ја откачивме пумпицата и детево живна малку по малку. Никогаш не верував дека јас ќе се завртам на таа страна, ама последнава година почнав и со хомеопатија и детево се прероди. Не е веќе модра околу очи, почна да јадр повеќе (добро јадеше како глушец, сега како маче, ама такво е нејадач од раѓање, ме имаат читано тука колку глава од ѕид мавав) Направете и еден пнеумослајд ако треба, да исклучите атипични бактерии. И едноставно со тек на време ќе се помириш ваљда дека детето е такво. Ќе ти викаат прво до 3 години, па до 4, а сега последно е до прваче па да видам што ќе се смени.
@Bella_Stella сега се мало, ама за натаму само да имате на ум совет од мене. Мм бил вака како дете, цело време со бронхити и пневмонии, свекрвата вика месец немаше да не легне болен, и така до некаде 4-5г. Отровен од антибиотици, некој и предложил да проба со акупунктура. Правеле 15 сесии, од тогаш до денес мм нема фатено ништо и е прилично здрав. Скоро никогаш не е болен. Се надевам дека вашите ќе го надраснат ова, ама ако случајно не испадне така, имајте го ова во ракав.
Не ни дадоа можност да доаѓаме на дневна. Или тука или да потпишеме и дома само со антибиотик да си одиме. Не дека е идеално, ама солидно е тука во споредба со вашиве услов. Уствари собата си е чиста, толетот малку го подзабораваат изгледа, ама јас ќе издржам некако. И онака од ноќеска нема да има вода па прееска еден туш набрзина да не не пратат докториве дома дека мајкава неистушитана 3 дена . Ама со мало дете ако некој и на мочање може да отиде арно е. Само кога спие . Да не ве цитирам сите, фала на поддршката, знам дека ќе помине, ама ние секогаш со грижа на совест дали можевме да превенираме. Инаку во некоја од темите се зборуваше за магнетните коцки. Кај нас се полн погодок. Доста внимание му задржуваат дури и тука за жива среќа. Ги вртиме во круг нив, цртани, шетање низ соба и пак од почеток.
Со помин побрзо. Арно што имате тоалет со туш, кај нас на детско имаше само едно вц и немаше туш. Јас недела дена седев некапена, плус не дозволуваат посети, а како би отишла у вц без некој да го гледа не знам. Дека вц е надвор од собите. Стварно безвеза многу, некој со бебе и тодлер буквално не може да функционира таму. Јас молам Бога на секое разболување да не стигнеме до таму пак.
Леле да. Знам така со големиот кога беше нешто пред 2 години кога лежевме на орл, детскиот дел се реновираше, не сместија кај возрасните. Вц едно во ходник. Среќа една жена (пациентка) кога и да пројдеше мемпрашуваше дали ми треба да го почува да одам во тоалет За жал
Жал ми е што имате такво искуство. Син ми до сега нема спуштено на плуќа. Секогаш кога е болен грлото и плуќата се ок. Со горниот респираторен систем му е маката на него. Јас решив да не се потпирам врз туѓи примери и прогнози до кога ќе биде вака болежлив. Често закачува вируси да, еднаш до сега бактерија, ама никогаш не било екстремно, се надевам така и ќе остане. Кај него фрекфентноста на болестите е поголем проблем од тежината.
Kade odite na homeopatija. Mozes li da mi pises lp za ova. Isti sme i nie so golemiot so tie antibiotici i cuda sakam da probam odamna ama nekako se se predomisluvam
Јас мислам дека еднаш пишав дека минатата година често ја минавме во болница. Секој месец беа болни и со температура која никако не се спушташе. Март месец последно со двајцата бев и големиот од тогаш се нема разболено. Малото во јуни последно со аденовирус и пролив во болница. После тоа имаше бактерија во нос ама без температура. Мислам дека разболувањето е процес кој мора да помине. Ќе трае неколку месеци по ред секако до пролетта, па потоа ќе намалите со интензитетот.
Да, така е и тоа веќе го прифатив. Полесно ми е и мене кога си повторувам дека е фаза и дека нема вечно да сме вака. Плус тоа со секое негово разболување сѐ посигурна сум во себе и помалку паничам, така да ќе бидеме добри знам. Со душа ја чекаме пролетта да ни дојде.