Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.749
    Допаѓања:
    8.814
    Пол:
    Женски
    Prolet e beter veruvaj. Ke pocne polen i cuda vo vozduhot, ke tece nos, ke se pravat inhalacii, bronhiti, laringiti... Vo zima se virusite najcesto, bakteriite preku cela godina se. Nema spas se dur se vo kolektiv so drugi deca sekogas ima nesto.
     
  2. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    756
    Допаѓања:
    1.093
    Пол:
    Женски
    Да, ама полесно е кога е поголемо дете и е болно. Во смисла дека ќе кажи што го боли, дали му е жешко или ладно, полесно ќе испие сируп, и најважно ќе знае да дува нос. А и нема да носи пелени што е плус олеснителни за мајката да нема облечи соблечи.
    Јас со големиот во болница се чувствував дека сум на одмор, додека со малиот секоја вечер се молев да не пуштат утредента :D
     
    На 1001Ana1001, lackygirl и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  3. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.147
    Допаѓања:
    20.280
    Пол:
    Женски
    Таман работа да очекувам дека на пролет магично ќе ги снема сите болести и нема повеќе да е болен. Ама сигурно ќе биде подруго, он ќе биде поголем, можеби барем малку поотпорен, повеќе ќе соработува за давање лек итн. Иначе како во зима така и во пролет, не се сите деца исто болежливи. Ама ќе избуткаме некако. :)
     
    На 1001Ana1001, Mother of 2boys, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.747
    Допаѓања:
    5.662
    Пол:
    Женски

    Точно е дека не се сите деца исти. Ќерка ми пролетта беше повеќе болна од цела зима. (facepalm)

    Инаку сеуште е во децата што почесто отсуствуваат од градинка. Спрема лани оди двојно, па и тројно подолго до настинка или што да е. Ама спрема други деца што прв пат почнале годинава, нејзе веќе и е втора година сеуште отсуствува повеќе.
    Нема НЗС тука. Се помирив и јас дека е такво детето. Што е во моја моќ давам, правам, следам и тоа е тоа.
     
    На Carolin. и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  5. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.634
    Допаѓања:
    24.319
    Пол:
    Женски
    Еве и нашава преку ноќ само стана затната, ќиваше и реков а добро е барем вака вадиш секрет. Стана од дремка зарипната, тешко дишење, ни 5 ни 6 одма на болница. Знам шо се дешава викенд на вечер, па нема што да чекаме реков одиме.
    Црвено грло, црвени ушиња, крајниците големи и највероватно ќе го тераме истото што и со дада, полна секрет. Добивме пумпица за инхалација и ибупрофен, па се надевам ќе е подобро. Одамна немала втора дремка, еве сега спие не мрда, се надевам нема да крене тт
     
  6. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.147
    Допаѓања:
    20.280
    Пол:
    Женски
    Побрзо да помине. :hug:
     
  7. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.634
    Допаѓања:
    24.319
    Пол:
    Женски
    Фалаа и кај сите вас:l:

    чепче после 2 мин ако го искака има ефект? Сируп го плука одма, море в грло покушав да и го стам јок. Измешавме во сок пак не, дури со нутела и неќе
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    980
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    Кој од вашите дечиња помина Аденовирус?
    Не знам дали е тоа, па ме интересира кои поконкретно се симптоми.
    Почнавме со повраќање, па со мал наод на плуќа и кашлање, па сега со температура која трае веќе 4 дена постојано и без сируп не спаѓа. Обично се движи 37 со нешто ама еве вечерва отиде накај 38.
    Стварно сум загрижена што никој ништо не ми кажува што е.
    Чекам резултати од брисеви, а крвната слика е ок.
    Плус пие панцеф.
    И целава голгота трае една недела.
     
  9. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.568
    Допаѓања:
    7.825
    Пол:
    Женски
    Може е екстрем, ама секунд затни носе ќе го голтни без проблем. Така ми имат кажано, не сум пробала, моето пие сирупи кога треба. Мене реакцијата на овој муабет ми беше, ти луда ли си. Ама одговор добив, кога ништо друго не бива, мора така за добро на детето. Можеби, не знам, не дај боже да се најдам во таква ситуација само си реков.
     
  10. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.172
    Допаѓања:
    2.832
    Пол:
    Женски
    Ако е како син ми ќе стане и ќе поврати веднаш :envy:
    Претешко е со деца што неќат сирупи.

    @Bubish26 Прво пробувам во шише со сок, ама сок преку 90мл за премалку да се осеќа сирупот, ако не го пие го земам во раце легнат, и шприцам измеѓу образот и забите. Така не може да го плука, ама на рати по малку бидеќи имаме големи шанси како што пишав да го поврати штом ќе стани.
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.924
    Допаѓања:
    6.149
    Пол:
    Женски
    Син ми помина. Многу беше лошо со црп 126, првите два дена до 38 качуваше ама после до 41 и со саати не ја симнуваше температурата. Затнат, црвено грло, нејадење, и траеше 13 дена вкупно. На мојот адено и рино му беа заедно, педијатарот рече затоа толку лошо било. Кај вас може полесно да помините. Како и да е изгледа стана имун на вирусот, скоро имаа неколку деца од градинка а претходно и внук ми. Мали беше стално со нив и само со затнат нос помина
     
    На Sun&Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    980
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    Хмм..црп е мирно, крвната слика е ок.
    Температурата е 37 до 38 во некој просек веќе 4-ти ден денес.
    Пред една недела почна со повраќање, па сега ова и мал наод на плуќа кој во петокот докторката рече дека е подобро и се повлекува, претпоставувам поради Панцефот.
    Како да знам дали е адено?
    Докториве ништо не кажуваат, а детево ништо не јаде, ни пие, кога ќе стане од спиење бара само вода зошто устата и се суши. Јазикот исто и е бел.
    Стварно не знам што да правам, каде да ја носам...
     
  13. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.924
    Допаѓања:
    6.149
    Пол:
    Женски
    Со брис од нос се открива. А зошто панцеф пие? Правеше брис?

    Едит: адено е група на вируси иначе. Мојот немаше воопшто мака со стомакот, ама адено знае да даде симптоми и како стомачен
     
  14. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    980
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    Поради наод на плуќа.
    Посебен брис е или не?
    Дека правевме ама резултати во понеделник.
     
  15. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.634
    Допаѓања:
    24.319
    Пол:
    Женски
    @Ceneva Ќе ги пробам двете методи пошо не бива со сокови, она општо не пие сок ама и турив во чашка како дада и да пијат заедно, ма го осети фрли и чаша и све. Иначе сирупов е вкус на јагода, да е некој грд ајде разбирам ама вака.. чепче како што кажав го кака одма и не знам дали има ефект. Ете прскање инхалација и прскање во нос дава без проблем.
     
    На Bebetoo му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.634
    Допаѓања:
    24.319
    Пол:
    Женски
    Мила, до 38,5 не се рачуна за покачена тт баш. Ако се движи 37-38 не и давај ништо доколку не е омалаксана,нека се бори организмот, долго време го стопирате. Иначе мојата кога имаше на плуќа крена максимум до 38, еве денес тешко земаше воздух ама е без тт.
     
    На Sun&Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.568
    Допаѓања:
    7.825
    Пол:
    Женски
    Верувам дека е така. Мене ова братучетка ми ми го кажа која мака имаше со едното дете дур не почна да разбира дека мора да пие. Се надевам дека никогаш нема да го имам тој проблем. Мене овие работи ми се екстрем и не би можела да ги практикувам. Ама го напишав како совет кој некој го правел и функционирало.
     
    На Bebetoo му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.857
    Допаѓања:
    17.995
    Пол:
    Женски
    Прва ноќ без цице и сабајлево ми е лут. Дали да се смеам или да плачам работава :?: не го нишкав се гушкавме раскажував за волкот и трите прасиња 5353 пати преспа кај мене на перница ама сабајлево е лут. Што се деси до сеа:
    - Да те облече и да се симнеме доле?
    Д: Татииии (и го носи кај фиоките со негови алишта)
    - Да му дадам витамини сабајле го зема шприцот и оди кај таѕко му татииии
    - Димитар ке јадеш јајце?
    Д: Татиии јаје и го носи да земат јајце и тавче :rofl:


    Со мене нема муабет уште ене го седнат со татко му на подлога играат мене под око ме погледнува :rofl:

    Пијам кафе и скорлам на раат пошо само слушам "Татииии" :rofl:
     
    На 1001Ana1001, Bannana, Zumbulche и 13 други им се допаѓа ова.
  19. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.147
    Допаѓања:
    20.280
    Пол:
    Женски
    Не, ставаш ново. И моето не сака сируп па да се убиеш.
     
  20. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.568
    Допаѓања:
    7.825
    Пол:
    Женски
    Па добро одмори малку хаха. Ќе се одљути и пак ќе биде мамииии. Затоа уживај во овие 5 мин твои се ;)
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.