Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.855
    Допаѓања:
    17.987
    Пол:
    Женски
    Падна примирје:l: се изгушкавме, ме изнабацува, ме мазеше по лице и си заспа со рачињата додека ме држеше за лице :inlove:

    Вечерва да видиме како ке биде.
     
    На 1209, kozuf, Bannana и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.566
    Допаѓања:
    7.820
    Пол:
    Женски
    Како поминавте? Јас уште немам почнато да му кратам ноќни подои. Ама навикна да не цица за заспивање. Знае да спомни ама не е упорен како порано. Се гушкаме и заспива. Ама како помалку да се буди ноќе сега.
     
    На kozuf му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.855
    Допаѓања:
    17.987
    Пол:
    Женски

    Одлично. Јас бев спремна за плачки и врискот ама не заплака ни еднаш. Беше жален малку ама полесно он свати одколку јас. Мене потешко ми е искрено. Не планирав некни да прекинам сосем сличајно бидна, мм не беше дома сами спиевме и се вртеше цела ноќ на спална од 8ипол до 1ипол не ни стана. Во 1 ипол му подпевнав се презаспа, после тоа раскажував за волкот и трите прасиња кај што ги дува куќите му е интересно едно 10пати сигурно раскажував ама не се бунеше презаспиваше. И си реков тоа е тоа, или сега или ке се влечев уште со месеци. Може полесно свати дека он сигурно 2 месеци не цица пред дремка и пред спиење само ноќе. Добар е да не го подречам, ама јаде денес луѓее страв ме фаќа искрено. Нудам и вода мм сабајле го пратив и сок да земе, фруктал му земал со витамин Ц демек да внесува течности. Ама има изедено денес ова до сега:
    Д: две јајца, 7 маслинки и 1ипол тостирана кришка леб
    У: крекери со грчки јогурт и црвено овошје, барни мече, пола јаболко и скоро цела банана.
    Р: телешко месо, компири, моркови печени, краставица цела.
    И еве го сега јаде бисквити суви. Вода има испиено едно шишенце цело од неговите и пола сокче. А 200 на саат е не е допрен.

    Едит: ми беше лут, мм сабајлето кога дојде со него цел ден го помина дури на кај 5 ми се фрли да ме гушка :!::rofl:
     
    На Bannana, 1209, Giiirl23 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    625
    Браво :l: машала со јадењето, и мене ме стави на мисла. Значи сепак си надокнадува за млекцето.
    Моето цица после градинка уште, морам да го скратам барем тоа некако за почеток.
     
    На 1209, јolene и Carolin. им се допаѓа ова.
  5. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.855
    Допаѓања:
    17.987
    Пол:
    Женски

    Јас велев што има врска он што цица ноќе демек не цица многу а и не се одразува на јадењето дека ноќе била, аха важи еве го јаде денес, од кој пишав прееска и мандарина има изедено и плус 2 соленки, правев дома со бело вино рецептот ако ги знаете. Кај нас сепак се покажа дека го хранело и млекото. Вчера не беше вака денес, ке видиме утре.
     
    На lackygirl, 1209, јolene и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.147
    Допаѓања:
    20.277
    Пол:
    Женски
    Браво мама баш звучи како лесно да се одбил. Целосно ли не цица веќе? Дај кажи типс енд трикс, не знам како ќе се справам со презаспивањето ноќе, никако не презаспива без да цица.
     
    На kozuf и lalinda им се допаѓа ова.
  7. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    5.658
    Пол:
    Женски
    Може лош совет ама дали би можел да остане ноќе само со маж ти или со баба, тетка, било кој освен тебе? Неколку ноќи да го презаспиваат тие?
     
  8. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.855
    Допаѓања:
    17.987
    Пол:
    Женски

    Воопшто не цица, знае рачето да го пикне ноќе ама така заспиваше и порано како сигирен мислам дека се осеќа. Пишував знаеш дека цицаше само ноќе, почнав кога преминавме официјално на една дремка се стабилизиравме и прво скратив денски, после скратив пред дремка го нишкав поточно заспиваше кај мене на рамо легнат со главата и јас пеев и го шетав. Повеќе тогаш се бунеше неголи сеа искрено. Недела после тоа он сам си прекина за ноќно заспивање да бара, јас нудев он се местеше на рамо и вака теравме добри 2 ако не и 2 ипол месеци. Само викав од вечерва не давам ама се лажев сама себе никако не можев да се решам.
    Јас знаев дека сама ке го одбијам односно не сакав да му правам 2 стреса наеднаш да го осавам ем без мене ем без цице, си реков и да плаче јас ке гушкам ке се смири, ке издржам некако и баш ради тоа плачење имав страв некој и не можев да се решам порано. Ни па можам јас во друга соба да го слушам да плаче нема шанси. Ете бидна полесно од што мислев на сите ви посакувам вака да поминете од се срце.
    Станува и сега, не очекувам магично да почне да преспива цели ноќи, првит ден пиеше и вода, синоќа не сакаше. Мислам дека игра улога и тоа што јас во меѓувреме го научив да заспива со мене легнат на спална и да му раскажувам приказни и сега ноќе кога ке се разбуди пак раскажувам ама синоќа стана 3пати и одма презаспа. Седна на газ јас го земав до мене и си продолжи.
     
    На lackygirl, 1209, kozuf и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Fifisita

    Fifisita Нов член

    Се зачлени на:
    20 декември 2024
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Zdravo na site. Moeto dete e 18m i pre pre mnogu se ligavi. Zabcinjata site se ispadnati a ligavenjeto ne zapre, mislam deka i se zasili. Nose po 2 ligavcinja i za 5min e kako pod cesma staveno. Dajte mi sovet so da pravam od sto moze da e.Fala
     
  10. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.147
    Допаѓања:
    20.277
    Пол:
    Женски
    Со маж ми може во друга соба, ама нема срце да ми издржи да го слушам како плаче. Кај мајка ми можам да го однесам за викенд пример, во соседен град живеат. Ама и за тоа немам срце. ;(
     
    Последна измена: 24 декември 2024
  11. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.147
    Допаѓања:
    20.277
    Пол:
    Женски
    И јас немам срце да го оставам да плаче, што викаш ем без цицање ем без мене, мислам дека ќе му биде преголем шок. Еднаш бевме разделени кога беше помал и ми се лутеше после тоа, а сега веќе кога ептен разбира ќе биде бетер. Он не цицаше со месеци преку ден, заспиваше кај мене во раце, само го држев со цуцла, ни нишкање ништо, заспиваше за 2 мин. Ама откако се разболе еден период од што ли не и беше со недели болен почна пак да цица денски пред дремка. Легнат на спална и така заспива. Кога е на градинка само не цица денски, ама ете денес само 15 мин спиел таму и кога дојде дома не сакаше да спие, беше расположен, трчаше, пееше. Не е дете што бара да цица по цел ден, само кога му се спие знае да почне да ми крева блуза, инаку не. И он така се утешува пипкајќи ме на гради, како некоја сигурност му е дека сум тука. Ќе пробам вечерва да не дадам. Заспа цицајќи ама еднаш се подразбуди откако е заспан и го презаспав без да цица, па да видиме.
     
    На Carolin., kozuf и 1209 им се допаѓа ова.
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.541
    Допаѓања:
    42.901
    Пол:
    Женски
    Може треба да го прегледаат? Моето престана да лигави околу година и нешто, а има само 10 заба, вади уште ама не лигави, вака чудно ми звучи толку лигавење за таа возраст.
     
  13. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.632
    Допаѓања:
    24.313
    Пол:
    Женски
    Мислам дека за таа возраст не е лигавењето баш вообичаено. Јас на моите никогаш и не сум им редела лигавчиња, не сме имале проблем ни како многу мали ама сепак мислам дека твоето е на возраст кај што лигавењето треба да е намалено или скроз запрено. Најдобро консултација со доктор, он да направи проценка.
     
  14. Bannana

    Bannana Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2024
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    163
    Пол:
    Женски
    Ако си решена да го одбиеш. веднаш после градинка давај му ужинка, за да не бара да цица. Јас така почнав со одбивање. Прво го скратив подојот после градинка.
     
    На kozuf му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bannana

    Bannana Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2024
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    163
    Пол:
    Женски
    Пробај да му дадеш АД пред спиење, и навечер ако цуца цуцла, со неа да го залажеш. Јас не нудев вода, од аспект да не се научи па да станува за вода. Си пие доволно течности во текот на денот.
     
  16. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    5.658
    Пол:
    Женски
    @Bella_Stella , мене ми личи дека ти всушност не си спремна на одбивање, а не баткото.
    Детето ко дете, за 3-4 дена ќе се навикне и тоа е тоа.

    Совет од пријателка што го добив уште додека бев бремена, кога се работи за одбивање вика не најавуваш на никого, не правиш помпезности од тоа, не се консултираш со мајки, свекрви, пошироката фамилија, освен нели ако не решиш дека го оставаш со нив детето и не се појавуваш.
    Јас не доев, таа за нејзиното дете вика се погоди момент мажот да е на службен пат неколку дена. Во 3-4 вечери додека се врати го завршивме одбивањето. И по некоја плачка и сето тоа ама била решена дека нема назад.
     
    На 1209, Malesia, Bella_Stella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    625
    Не сум уште решена, не ми смета денското доење мене, ама слабо јаде и се буди навечер многу, затоа размислувам за одбивање.. Јас имам млеко, имам и нерви, ама не сакам да и правам повеќе штета од корист со доењето. Ама па од друга страна подобро да цица отколку да јаде кравји какавал ваљда. Не знам :D
     
    На Giiirl23 и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  18. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.566
    Допаѓања:
    7.820
    Пол:
    Женски
    Ова ќе кажам дека не е така. Се е до детето, не секое за 3-4 дена се навикнува. Јас на моето за заспивање веќе една недела како не му давам и два дена само не побара. Сношти не да беше упорен, сиса сиса и само ми брцаше во блуза, ама јас си стојам на ставот дека за заспивање цице нема. Сакам да кажам дека е и до детето. Ноќните допрва ќе му ги скратувам ама тука има да биде многу тешко и хаотично. Зошто го гледам како се понаша кога се буди ноќе и кој врисок го дава ако не добие цице.
    Ама за празниците кога и мм нема да е на работа ќе почнам, оти не бива веќе, брадавиците ме болат од што ми ги цуцла :lol:
     
    На MeryS му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.172
    Допаѓања:
    2.832
    Пол:
    Женски
    Син ми се лигавеше од трет крајник. Не дишеше на нос воопшто и беше со отворена уста цело време.
     
  20. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.808
    Допаѓања:
    23.547
    Пол:
    Женски
    Како сите заби извадени!?
    3ки и 5ки?
    Моево се лигави сега за 3ките,не се ни пробиени ама почнати се. Досега ги има сите 1ци, 2ки и 4ки. Фалат уште 3ките и 5ките.

    Јас сум на работа сега од 8 до 16ч, веќе втора недела и градите ми спласнаја, првите дена ко ќе си одев камен ми беа, влошки за гради носам секој ден. Ко ќе си одам одма бара да цица, вчера на пр еднаш во 16ч цицаше и еднаш во 20ч па после пред заспивање. Ама не заспива навечер со цицање, туку цица в спална па си слегува сам и си оди во дневна и со татко му таму слушаат валцери од Андре Риеу, па тој го заспива. За тоа време јас со големиот в спална заспивам. Е сега пак цица ноќе 2 3 пати, кога станува му давам за презаспивање. Сакам на намалам на 1 подој денски, овај кога си одам дома мора да си остани, оти ме бара одма се мести за цицање :D па после нз како ќе биди, ако неможам постепено па дирекно ќе биди.
    Иначе многу ми е пораснат некако :wasntme: секој ден нови зборчиња има, повторува по нас, ќе го речи па после не го вели и така :D
     
    На 1209, Mother of 2boys и kozuf им се допаѓа ова.