Никогаш не сакал АД, сум пробала, плус не пие од шише. Синоќа успеав со цуцла и тапкање по газе да го смирам 2-3 пати, ама 2 пати не се смируваше и морав да дадам да цица. Не сум, точно. Да бев немаше по сто пати да препрашувам и да кројам планови. Знаат тие мајки што доеле дека не е одлука што се носи лесно. Жал ми е да му го скратам задоволството кога го гледам колку ужива дур цица. Иначе јас освен на форумов со никој друг не сум зборела на темава, само со маж ми нормално. Самото доење е интимна работа, па така и одбивањето. Кога ќе го одбијам блиските само уз муабет ќе дознаат, а да најавувам свечено не е мој стил.
Ај едно прашање. Почна да ми плука храна. Мислев дека не сака да јаде, ама кога и дадов помазно и блендирано го изеде. Беше болна, па не знам дали е фаза или се вративме на бебе фаза со блендираново? Што да правам? Ако не го направам така периодов ќе остане гладна, а не ми оди во прилог со дехидрираноста и паднатиот имунитет.
Ќере да подозрдави и јас ќе покушам со сенфот ама ако не бива, ќе кренам раце и ќе чекам да се откаже сама. Многу е умна пу пу ( морам са плукнам оти а пофалам, нопаку е после се ). Два различни карактери со големата, да се чуди човек. Сама носи пумпица, спрејче седи умна, за сируп се буни само ама најдобме начин и го редиме во овошен јогурт од јагода и така го срка. @Sun&Moon да не ја боли грло? Афти да не има?
Јас уште го пробувам со блендирано за ручек заради месото, така го јади, ама вчера кај мама беше па јадел манџа со компир и месо, нормална, иначе се си јади, џвака, си јади од нашиот ручек, не би се грижела, период е, давај како што јади, бар да јади. Ќе смени пак, можи растат заби па ја болат непца. Мојов пред некој ден се задави со чипс, имаше на маса и си зел, го гледам почна да се дави, го кренав, го наведнав и го чукав на грб па поврати, изголтал цели парчиња чипс
Тоа пробувам да видам. Афти не гледам, единствено грло да ја боли. Се надевам е период и ќе си се врати во нормала.
Јас на моево сеуште му го блендирам месото иако е 1г и 4мес. Обично пример блендирам месо со пашканат да стане како паштета и потоа мешам со другите намирници како компир, грашок, морков.. Тој убаво џвака кога јаде тврда храна, но за месото сум читала дека ошто и кај повозрасни луѓе, подобро се апсорбираат хранливите материи ако е направено како пире и полесно може да се обработи во организмот да не предизвикува гасови и сл.
Големата само блендирано сакаше и не прифаќаше парчиња од мало, па многу тешко ми е сега, а малово јади од старт само парчиња и се гади од блендирано.
Ете јас ова не го знаев, можеби стварно со месеци не спиеме дека и давам неблендирано месо и ја боли меше
Извинете ама мене ова ми е тотален нон сенс. Ете моето дете е 1г и 8 месеци, а блендирано месо не јаде негде од 9 месеци и никогаш немал проблем. Не верувајте во сѐ што ќе прочитате. Дете од скоро година ипол и те како треба да ги јаде месото и секоја друга храна на парчиња. Разбирам и дека генерално од очај се блендира, за бар нешто да каснат. Ама дека е поисправно да се јаде блендирано месо на година и 4 месеци и дете што има заби да не жвака туку само да голта, дефинитивно не е.
Ова ми нема смисла, пошо апсорбција на храната се случува во цревата, а не во усната шуплина. До моментот додека месото во било каква форма стигне до цревата, веќе е точно во формата во која треба да биде. За полесна дигестија, можеби, но сепак мислам дека бенефитите од механичка обработка на храната во усната шуплина се побитни. Се развива вилицата, тоа потоа афектира визуелен изглед на лицето, па говор, па поставеност на забите итн. За вакви работи секоаш се водам по еволутивен пат. Нашето тело е производ на милиони години еволуција. Храната најдобро се апсорбира во формата која ја јаделе нашите далечни предци-цела. Ни смути, ни блендано месо.
Да бидеме реални месото е тешко за џвакање на возрасен, а не па на дете на кое што всушност забите за "мелење" на храната не му се ни излезени. Сепак секој нека си прави како мисли. Јас преферирам главните јадења да му бидат со полесна структура, а измеѓу секогаш му давам нешто што може да го гриза и да "вежба" џвакање, плус што секогаш седнува и со нас да види што јадеме ние и си пробува и џвака.
Моево цел ден нешто мели нема шанса на маса да седниш без него.. Ние секој ден за ручек јадиме свежа салата, зимава претежно е зелка, морков и цвекло, плус по 1 ракиче обавезно тој обожава зелка, со раце зема и јади. Таков си е, гурманче, се си пробува. Само се молам ваков да си остани. Нерви немам пак да се расправам со нејадач големиот, не ни пробува, еве сношти на пр ореви печев, да пробам ако не ми е убо ќе го плукнам вели, ама автоматски плука, не го ни џвакна. Еурокрем секој ден се јади... Некогаш и 2 пати а до година и 3, 4 месеци се јадеше.
А моево некогаш како изненадува со јадење, се прашувам кај му оди. Ама тоа се ретки денови. Повеќе сме на молење. Јаде се ама да го бркаш или буквално да му буташ во уста. Само за свежо овошје и зеленчук никогаш не прави проблем. Јаде сам без мерка хаха
Дали сте ги користеле шампоните на Белина? Овој конкретно? https://bellina.mk/prodavnica/nega-i-higiena/kosa/shamponi/детски-шампон-за-коса-за-повисока-сјај/ Веќе долга коса има ќерка и ни со Мустела, ни со Корине не ми се допаѓа како и изгледа после бањање. Како многу "диво" и стои.