И ќерка ми има долга коса ние користиме на Алверде жолтиот со бадем и невен нејзе убава и е косата од него мека и ја прави.
Големиве ни се исто, ми вели кога ќе пораснам ќе пробам, сега не, а ако проба одма плуќа, нема ни осетено вкус. Најново е да нема храна во нејзина близина ако не ја јаде она, малово ја провали и оди со чајната ја брка и ова бега Не знам јас втор пат грешката со блендирано не ја правев и давав од старт парчиња и фала Богу што се одлучив за така, иако различни се двете во секој поглед, сепак мило ми е што второво јаде се и плус парчиња. Нема заби ама јаде
Теоријата, па и праксата до некаде, викаат дека колку порано почне да се нудат парчиња, толку подобро. Децата што од бебиња јадат парчиња генерално се понеприбирливи, ете ти конкретно имаш и личен пример. Да не се повторувам и за останатите придобивки од таквиот начин на хранење, Лаванда убаво објасни. Моето дете почна од неполни 6 месеци со немлечна исхрана, многу кратко блендирав, дали месец дена, после пасирав краток период и за брзо се префрливме на парчиња. Единствен “недостаток” е тоа што сега е тешко да го нахраниш пример со манџа, зошто сам уште не е толку спретен со лажица, а да го храни друг не сака и затоа ретко кога руча во градинка. Кога би имала уште едно дете уште од старт би почнала со парчиња, блендер не планирам воопшто да вклучувам.
Да со манџите е проблем и со супа, пошо мојава не дава јас да и давам и тоа е лом ама гледам да и праам погуста манџа, промер за големава манџата уште се блендира оти се гади од парчиња во манаџа, шо да ти кажам.. мене и второво не ми прифаќаше од 6 месеци немлечна храна и до 9 беше на доење само, па после покажа интерес и од тогаш е на парчиња и фала Богу сака се да проба. За многу работи и е тешко ради што нема заби ама се снаоѓа. Јас не воведував ни класично воведување на храна според алергини или месеци
Џвакањето се "учи" со непцата, забите после си ја преземаат улогата. Не мора заби да има за да џвака, таман работа. Друго, со блендирање децата нема да научат дека храната има текстура, и после се гадливи кога преминуваат на парчиња, и стануваат попребирливи и нејадачи, често се со изразен гаг рефлекс за работи кои вообичаено не го предизвикуваат тој рефлекс. Башка научени лапни голтни, првите пати може да им залетне, потоа и не соџвакуваат убаво и ете ти проблеми со желудникот. Трето, џвакањето помага во развој на мускулите, вилиците и поставувањето на забите. Без џвакањето ќе има неправилен развој, неправилен говор и тешкотии при менување на забите.
Да и јас го следев него и се водев по тоа како има интерес. Алергените многу спонтано ги воведов, знаев да дадам и нова намирница што не е алерген, заедно со друга нова. Ептен сум лабава на тема храна и мислам дека тоа вроди со плод. Секако и индивидуално си е. Мислам дека многу родители се откажуваат ради нередот кој што и јас лично мислев ќе ми пречи, ама се испостави дека за него трпението ми е на друго ниво, а и многу малце правеше неред, ептен беше краток периодот кога фрлаше на земја. Конкретно имам другарка што има врсник на моево и уште блендира по нешто, а детево седи како кукла и чека да го нахранат. Кога се заедно двајцата, освен што моево е поситно физички, изгледа многу поспретно зошто е оставен од мал сам да се снаоѓа. Манџите и јас ги правам погусти и секогаш ставам многу зеленчук на коцки, пошто ако нејќе да срка, си лови со раце и си јаде.
На првото дете од 7 месеци, пасирсно, па после парчиња му давав, си џвакаше се, немаше проблем воопшто, каков јадач си беше, само тој месо не јадеше, па и се чудеа роднини тогаш како јадел парчиња оти имавме друго дете во фам 7 месеци постаро од моето и тоа на 14 месеци само блендирано јадеше. Покасно на година кога беа на гости мојов си јадеше сам крстајче, овие се плашеа да не се удавел, сам јадеше на 8 месеци, со лајче, вилувче, имам видеа кај што си јади сам, за после 2 год јас да го ранам, со молби Ама ете го пак нејадач, пребирлив...не се менува. На второво покасно со парчиња почнав од кај 9 месеци па се јади, скроз се различни, во се. Сепак си се карактери и крај. Истата мајка сум, исто нудам, правам, сношти на пр сутлијаш, големиот одвај пола пајнче изеде, малиот цело
Апсолутно си во право, со карактер си се раѓаат, па ние може и на глава да застанеме нема да смениме некои работи. Само нека се живи и здрави.
За блв ќе бидам секогаш и секаде гласен поборник. Синоќа јадевме бифтек, и синко јадеше со нас, исти парчиња како нашите, иако од заби има горе кец,двојка и четворка, а доле кецови и четворки. Џвака, а ако му е жегаво или не му се свиѓа секогаш го плука. Досега инцидент сме немале.
Јас и со првото почнав оти не јадеше ништо ама еднаш два пато почна да и залетнува и се уплашив, а со второво немавме проблем сама си плукаше/плука ако не може
Месото ако е убаво зготвено не е тешко за џвакање. Препечено месо искрено ни јас не јадам. Да не се повторувам со сите за бенефити на исхрана со парчиња, се сложувам. Вистина и до детето е ама секако бенефитите се многубројни. Блендер не сум уклучила откако е родена ќерка ми. Најпрво давав пасирано со вилушка, одма почнав комбинација и со парчиња, а веќе одамна инсистира и со прибор да јаде сама. На почеток имаше хаос, сега е веќе многу прецизна. Не е толку важно дали имаат заби, најважно е храната да е послужена соодветно за возраста и ќе си јадат без проблеми. Исто така и од читање и и од искуство со ќерка ми, некоја текстура им треба време да ја засакаат. Немам искуство со нејадач дете, верувам дека родители во тие ситуации пробуваат секакви методи за да се даде храна.
И моето јаде парчиња од кај 7ипол месеци. Ама јас жонглирав и уште жонглирам некогаш парчиња некогаш каши како ке ми дојдеше денот. И еве го ден денес пу пу да не го заречам се си јаде. Кај што му е хранилката тој ѕид е од јадење лом, ама битно да е он најаден, може и јас згрешив што таму ја ставив ама реално само таму не ми смета да е пуштена и да не ја кревам и дигам секое јадење, а да ни е на маса. Нека ручка он ние ке варосаме. Најмногу му давам каши или јас го ранам кога треба да јаде, а јас немам време да го чекам, треба да завршиме нешто и сл. Кога одиме на шетање или ако се погоди да сме некаде надвор, завршуваме брзински да знам дека е најаден и чист. Моето од 8-9 месеци јаде сам банани, круши, јаболка, краставици летово се потепа од јадење. На мм чичко му ни се комшии, кај нив во двор знае кај се посадени и си одеше си земаше сам. Брокула да видите како гриза цела китка мислам сите ке пројадат брокули
Исто и моето јаде сѐ што и ние, а нема многу заби, касно почна да ги вади. Има само 1,2 и 4, горе и доле. Никогаш до сега и ние не сме имале инцидент со давење, така да остане.
Моето јаде парчиња после првиот роденден, пред тоа крупно сецкано и каши. Јаде овошје од 10 месеци свежо и сам. Убаво е да знаат да жвакаат. Единствено проблем му прави пилешкото. Многу пати го вади од уста. Досега ниту ние не сме имале проблем со задавување, се надевам и нема да имаме
Јадеше каши блендирани на почеток, па пасирани, после парчиња. Е, fun fact, тато и баба се плашат на дете од скоро 2 години да даваат парчиња и уште гмечат, сечат минијатурни парченца, како за дете од 7-8 месеци. Ќерка јади секако, само да се јади работава. Знам и да си ја земам со мене и во пекара да си се најадеме и се останато. Уште позабавно седи пред некој ден во хранилка. И давам пола банана, културно цело парче да си го изеде. И ја давам втората половина, влегува маж во кујна, детево како што јаде почнува да кашла, и нормално "кавги" со маж оти не било пасирано јадењето. Значи истото и се случува само што ќе го види татко и неколку пати. Без него си јаде скроз како и нас.
Те имам читано дека маж ти е плашлив. И мојов е ама не до тој степен, пример остана да се качува сама по скали од лизгалкатаи да се спушта сама ама мора да е зад неа или до неа, а јас ја оставам. Одма си прај црни сценарија и секогаш ама секогаш кога е со него ќе се чукне, ќе падне од нигде никаде и одма се фаќа за срце
Остај сестро, да не почнувам. Да ја види сама на лизгалка дека во игротека ја оставам или срце ќе го стрефи или со документи за развод ќе ме пречека Не знам до кога ќе си мисли дека детево е премало. И ко за беља само пред него паѓа, се удира, се дави. Абе ко за инает.
И ние сме со блв од прв ден, јадеше сама и јадеше се. Парчиња соодветно спремени, месо убаво сварено, густи кашички понекогаш за доручек како овес, киноа, полнам лажичка си носеше сама во уста од почеток. Хаос и многу чистење, истрајно трпеливо си терав верувајќи дека вреди. Веќе готвев доста оброци како за нас, соодветно зачинети и без сол вадам за неа посебно. Или печен зеленчук за неа во малечко тавче ама се печев наеднаш. И заедно си ручавмр, неверојатно напредуваше во спретноста. Ама, пред првиот роденден почна во градинка. Дали до градинката, разболувањето, или развојно до возраста, дете почна да пребира. Не отвара уста. Го вади и фрла јадењето од чинијата. Фрла цела чинија. Ќе проба и вришти ако не и се свиѓа, плука. Ретко нешто да и погодам, тогаш јаде цело. Верував прво ако не јаде не е гладна и не форсирав. Следен оброк нешто друго, пак не сака. Ноќта цица 5747473 пати. После некое време вака кога е беше болна, прв пат дадов втора опција и го погодив, изеде се и бараше уште. Значи гладна била ама ете тоа што го нудам решила повеќе да не ми го јаде. Килажата од тогаш навака е иста, во висина порасна, прооде, хемоглобинот е на долна граница, матичната ми вика инсистирај на исхрана. Уште трае нејадењето, и неспиењето. И месо јаде слабо, леќа, спанаќ, киноа никако, како и да маскирам не јаде. Од грав ја боли стомак, жолчка е лотарија дали ќе помине или не. Семки и јатки во некои крекери некогаш ќе касне малку. Готвам и сама си јадам, а она ми фрла на под и солзи ми идат стално од беспомошност. Си викам бар да не се мачев со блв и рибање стол, под и дете по 3 пати на ден да не ми беше криво. Така викам од мака, знам дека не е џабе, има многу бенефити, ама непребирливост не е еден од нив за нас. Можда нешто јас згрешив по патот, давајте ум ако имате идеја што да правам.
Ужинките сите ги јаде сам. Му оставам исечена круша или јаболка, банана.. мандарини јаде сега. Му имам давано и калинка убаво ја џвакаше. Јаде краставица, компирче .. Најмногу сепак сака кифла, лепче, јаде баничка со урда од пекара, кроасан.. Но сето тоа е пропратно и како ужини, а трите главни оброци во денот се со полесна структура и малку притиснати со вилушка колку толку. Бевме на роденден денес не знам колку соленки изеде. Како да го спречам оди си зима од детските масички и си мезеше цееел роденден.