Не можеш да спречиш, посебно со многу деца кога се. Моево во паркот надвор летото што не проба од смоки,соленки,грцки, балги работи. Ама како да му го земам кога сите јадат он да гледа ли. Јас секогаш носам нешто со мене поздрава опција ама он не го погледнува тоа. Ама секако дома не ми давам такви работи. Сега еднаш до двапати во месецот се помирив дека ке касне и такви работи. Само да не е често и секој ден.
@kozuf На Фб често ми излегува една страна од мајка, поим немам која е, на Рилс ја зачекувам и почнува вака Оливер е 23 месеци пример За појадок јаде житарка со блендирано овошје, како овесна каша слично За ужина пример пола банана, малини, урми За ручек спремив тортиља со месо, ја фрли цела, му дадов тост со кашкавал и го изеде ... И главни коментари на видеото се, зошто да се нуди заменско јадење, демек тоа што го одбива и фрла, го нудиш на сите оброци во ден, додека не се изеде. - Е сега не знам колку е тој принцип правилен, и како на 1-2 годишно дете би влијаело. Кај мене ретко прибира ќерка ама ако воопшто од еден оброк не каснала, добива заменски. Ако изела барем пола, остануваме на толку, верувам дека не е секогаш исто гладна. - На еден друг канал имаше совет, да нудиш во чинијата работи што ги сака плус 1на нова. Следен совет беше ама веројатно за поголемо дете дека мора од се што е на чинијата барем по 1 залак да проба. И демек 5-6 различни видови храна, колку, толку ќе се најаде. На блиски детето е скроз пребирливо, не јаде скоро па ништо буквално. Мајката вика ако цела недела реши да јаде леб и мармалад, само тоа нудам колку да јаде малку од малку. Дали е тоа правилно или не, секој си знае со што се соочува, и нормално ќе си избере што најмногу одговара за детето.
Јас сум пораснала на леб и маргарин и бисквити со млеко... чат пат банана. Во градинка ништо не сум јадела само сув леб. Мајка ми многу се нервирала, но сум се гадела од се. Уште памтам како со саати седев на маса еднаш требаше гулаш да јадам, јас не сакав ни да го помирисам. Кога наполнив 12-13 години некако магично почнав да јадам се. Сега сум голем јадач, готвам се, јадам се, сакам да пробам се...
Моето не јади никако месо и не ми текнало да пробам пак да понудам како каша, мислам ништо не јади ама месото сакам да почне да го јади. Некогаш бара каша кога сме во маркет, може ќе го прелажам Инаку моето дете беше со блв од прв ден, каши давав ама кога бевме излезени или ако немав ручек, ама генерално домашното зготвено беше на парчиња и јадеше се, до после година. Недела по недела почна да одбива секаква храна, ете го 21м, не јаде ништо. Мислам не ништо ама скоро па ништо. Јаде парчиња, јаде цели овошки, јаде сервирано како за нас, ама не сака да јаде храна која не ја сака. Пример ако види месо на чинијата ми вели мама тргни месо, и не седнува да јаде(ова што прочитав горе дека да се даваат една намирница што јаде и други нови) не функционира. Не нудење заменски оброк исто не функционира оти после 5 дена не нудење и упорност од негова страна дека ќе живее на воздух апсолутно нудиш нешто што знаеш дека ќе го јаде колку само да јаде. Ете неделава искрено не се сеќавам што има јадено, буквално се што имав зготвено не јадеше. Живее на леб и маргарин(не сака путер) јогурт, макарони кои последно не ги сака ни со сос, а така барем му вметнував повеќе зеленчук и некогаш мелено, ориз и спанаќ, овошје и бисквити и смоки. Толку. Ни чорби, ни манџи, ниту јајце, ниту месо, ниту риба, месо од динусаурус ако можам да најдам да му донесам и да викнам реномиран готвач да го направи, пак нема да го јаде. За мене ова пробирливоста беше многу голем удар искрено. Јас секогаш велев дека одвај чекам да имам дете и да му готвам разни работи, да готвиме заедно и да пробуваме различни специјалитети, сум кажала и предходно дека многу сакам да готвам. Поточно многу сакав, ова што се случува сега со него ми ги урна сите соништа и сериозно веќе не ни сакам да готвам. Многу е тешко и стресно секојдневно да спремаш храна која знаеш дека нема да ја јаде и секој следен оброк да го минуваш во грч. Лабав си, лабав, додека станеш нелабав по тоа прашање оти на моменти се осеќаш како најлош родител што не знае да го нахрани своето дете и седи гладно. А за кг па нема мака 12.500 е, како и сите на негова возраст, висок околу 80+. Од што не знам.
Фала мајка за советите. Јас ја нудам истото на 40мин-саат или ако побара, се додека не дојде време за следниот оброк, па тогаш давам друго. Дека од сабајле ги готвам трите оброци и ги имам спремни обично. Може тоа ми е грешката ќе пробам и истото да го давам и да не нудам измеѓу. А ако има во чинијата нешто што го сака само тоа го јаде, друго ништо не ја занима. Пример јајце патлиџан и леб ако ставам, само лебот ќе го изеде другото ќе го извади и фрли. Ако не ставам леб да не ни види дрка има, тогаш можеби ќе проба од другото. Ама можеби. и за фрлањето со убаво зборам храната остави ја во чинија или во уста. Се смее покажува со прстето во чинијата, ја фаќа и ја фрла.
Јас никогаш не давам прво леб зошто е обожавател на тесто и ќе се најаде од лебот, а од другото само ќе чофне. Ако е некој оброк што не му е баш најомилен, прво ставам од тоа што најмалку го сака, па додавам од тоа што му е омилено. Иначе знае и он да пребира, ако има печен/варен зеленчук и моркови во него, пазам колку ставам зошто ќе се најаде само од моркови, ги обожава е мал збор. @1209 можам да замислам како ти е ама мислам дека е време да се помириш зошто ништо позитивно од нервозите не добиваш. Врткај исти јадења, нека јаде тоа што сака. Така и ти нема да готвиш за џабе и он ќе е најаден. Чим нема проблем со крвна слика и килажа пробај да се опуштиш. Организми се во прашање, не се сите деца исти. Ете го моето едвај 10 кила има, а иста возраст се. Се фрустрирав многу, ама поважно ми е што јаде и е здрав, килажата моментално е споредна. Многу деца се нејадачи дур се мали, а после магично се менуваат, јас лично сум таков пример. Уште ги памтам “заканите” од татко ми дека нема станување од маса дур не јадам, сосема погрешно нели, ама и него го разбирам до негде зошто комотно ветерот можеше да ме дувне од што не јадев ништо. Е сега сум сѐ обратно од тоа, обожавам храна и обожавам да готвам и јадам апсолутно сѐ. Љубовта кон храната е менлива, ќе бидете ок.
Фала мајка, во право си не си правам услуга со нервоза. Генерално сум многу трпелив човек и со љубов наоѓам некако време да готвам секакви јадења, мафини, палачинки, лепчиња со зеленчуци, јадела или не - јас пробувам. Ама притисок ми е тоа што хемоглобинот и е под граница. Малку, ама сепак. Килажата е исто 10 ама не ме секира килажата, да е здрава. И дека се буди по минимум 6 пати (ако имам среќа) ајде што е настината некогаш ама мислам и поради глад, цица како прегладнета некогаш. Матичната инсистира да не даваме суплемент него со исхрана, ама тоа никако не оди. Не знам ни колку време е ок да седи така со слаб хемоглобин без подобрување, може треба повеќе да ја замарам матичната. Ова го гледам како нешто што само јас можам да го променам и подобрам, само да сфатам како. Тешко ми е и да се помирам со тоа и да и давам леб и макарони без ништо, а она би можела тоа да јаде за сите оброци и ужини мислам без проблем и да ми биде малку полесен животот. Така да, јас ќе пробувам додека можам и секој совет за нешто што функционирало кај вас е добредојден
Веројатно си пробала, ама ако случајно не си, пробај некако низ игра да ја нахраниш. Јас сум против јадење пред телевизор, против телевизор генерално, ама можеш со играчки. Пример земете кукла што она ќе треба да ја нахрани, нека си реди некои сортери, а ти храни ја. Се случува и кај нас да изведува, иако генерално е добар јадач и јас вака го залажувам. Храниме мечиња, мести, отвара, затвара кутии и успевам да го најадам. За хемоглобинот пробај нешто на природна база да и даваш, не мора одма суплемент. Плус важно е и кога сте правеле крвна слика, ако е дур е болна нормално е да е понизок. И кај син ми е така.
@1209 @kozuf Такви се и колку побрзо си прифатиш, полесно. Тешко дека ќе се сменат. Порасна и не се мена, давам тоа што јади, нудам секогаш ново, ретко пробува и секогаш плука. Од мало беше дебело со многу кила како второво сега, на 2 год беше 20кг, на 4 год 24, 25кг, па имаше период се разјаде 27кг стигна, па сега е пак 24.500 - 25кг на 6 год. Малото поќе јади од него (него дома го мерев 15.500 има) Мин недела цела недела еурокрем беше за на школо џабе ставав друго (хумус, тост, маргарин и чајна) тие се работите што ги носи на школо за јадење. Вчера тост му направив па го изедил. Денес пак тост па хемоглобинот стално 110 му беше, сега му е 120.
Ставаш зачини? Пошо моево ако е блутаво нема исто да јаде, истото јадење го јади што и ние. Леќа.. не ни праам оти ни јас не можам да смислам да ја јадам хахах да во ред е да даваш се што е ете така здраво нели ама не ни очекувам дека ќе сака ( свекрва ми прави и така имам пробано да дадам и двете повраќаја од леќа) па не ни се трудам. Некои работи ќе почнат да ги надат после 9-10та година, нормално е да кратат на намирници како растат и да не им се свиѓаат одредени работи. Мислам, кој јаде се? Сите си имаме вкус.
Да, многу е прееењмногу е тешко со пребирливи деца. Кој не се нашол во таква ситуација може само да дава совети ама претежно се залудни. Јас и со нутри имам разговарано и со психолог и 4 педијатри мислење. Престанав да се замарам искрено. Сега јаде тост со кремсир, макарони со јајце и сирење, путер кроасан со какао, мисиркино поховано, рибни стапчиња и банана и авокадо . Шо да ти кажам е менито ама гледам да не е гладна само. Имавме период кај што јадеше доручек-ручек-вечера само банана. Стариве лудеа ама јас се помирив. Тоа големава. Малово пример јаде се ама не и да меша, пример јаде денес ќофтиња и не смее во чинија да има ништо оти ќе фрли се, а во чинијата може да има пире ( ако ставам само пире ќе го јаде). Друго, нити јас јадев се, нити ти, со тек на време пробувавме нови намирници кога сами бевме свесни дека не е ништо сташно да пробаш. Крвта на двете им е топ.
И јас многупати моево сум го хранела со игра. Некогаш кога ќе запне не сака да седи во хранилка за жива глава и јас одам со чинијата по него низ стан капе храна насекаде лом битно да јаде..
@Bubish26 , мојава да не ја подречам си е јадач. Е ако случајно се случи да јаде помалку или не јаде воопшто таква паника се крева, како крај на светот да дошол. Тоа од баби и дедовци, зависи кој ја чува. Па и од градинка знаат да кажат денес помалку јадеше, што не личи на неа. Е сега нормално, ни јас сега не јадам се, ни очекувам дека дете цело време ќе се однесува исто. Туку, ајде друг совет. Касање како да надминеме? Дома кога сме сами, не каса воопшто, кога ќе дојде некој, посебно со деца претпоставувам сака повеќе внимание да привлече, се случува да дојде до мене и да ме касни. Е проблем поголем е во градинка, се случува да ги каса другите деца. Да чекам само по себе да и дојде дека не треба така? Дома зборуваме постојано, физички не сме ја казниле. Сум пробала и јас нејзиниот прст да го каснам нежно да види дека боли ама ништо од тоа, како игра го сфаќа и си продолжува.
Ух за тоа не знам , моево ја има еднаш каснато на дада, а еднаш посегнато и толку ама при грабање на играчки , а мојава големава има хематон добиено од каснато тогаш од 18месечно и тоа преку дебел дукс, не можам ни да замислам шо би било да беше по мајца. Уште е склона на касање и има сега 3 и пол години. Јас тогаш многу се наљутив искрено оти детево беше само остаено да се чува, кога ја апна мојава на дада ја скаравме и почна да плаче и од тогаш не посегна.
Ете моето денес реши дека ќе изеде пола корка леб со путер и павлака и дека ќе плука и вади со рацете од уста. Едно тенко парче леб не може да изеде. Јас не можам да не се нервирам. Зошто беше супер јадач и тоа се смени преку ноќ. Денес ќе го јаде, друг ден кога даваш исто, плука. Нзс никаде. Буквално да не знае човек што со сигурност ќе изеде, па тоа да му дадам. Замена нема, не давам. Покасно нудам ужина и тоа е тоа. Кога ќе изгладне ќе се најаде како да нема видено и така тераме. Ама тешко е со пребирливо дете. Зошто знам како беше лесно кога јадеше и сега кога се не му чини.
Туку моево од саботата е на терапија со пумпица спреј во инхалатор и спреј за нос, денес почна да и тече крв од нос при ќивање, предпоставувам од спрејот е? Матичен е против спреј ама ова беше на дежурен ни препишаа
Епа ете денес е 5ти ден, за спрејот не кажаа колку време треба, само за инхалаторот една недела. Ништо денес повеќе не и давам спреј
Како што и си мислев, јас дефинитивно нема да го одбијам од доење со оставање за спиење со некој друг. Вчера бев на новогодишен ручек/вечера од фирма, отидов негде околу 6 ипол и планот ми беше да дојдам до дома за да го заспијам, ама маж ми вика не не, ќе пробам јас, ако не бива ќе дојдеш. Нешто во себе ми викаше дека нема да заспие, ама ај си викам да ја искористиме приликата. Дур не било време за спиење бил супер, татко му го бањал, јадел, си играле, не ме барал. Кога го спремил за спиење почнале тешки драми. Одел на влезната врата плачел и викал мамааа мамаа. Маж ми вика пробав сѐ, и мечиња стававме да спијат, струи изгасивме, пеев, приказни кажував не и не. Ќе се смири малку вика, ќе му текне пак на тебе и трча низ сите соби ме тера да му отворам и те бара и плаче. Кога прашав спие ли ми кажа во кратки црти, не ми даде срце да седам дур он дома плаче и си отидов. Кога ме виде вие не знаете што беше тоа, ликот му се смени, како една вреќа товар од грб да му се симна. Се гушнавме, му дадов да цица и заспа за 10-15 мин. Не барам совет, само се преслушувам и сфатив дека одбивањето дефинитивно немам срце да биде со такви плачки. Маж ми со сет памет го снимал за да ми го покаже, ќе го убиев. Кутриот стои на влезната врата со рачињата подадени нагоре, плаче и вика мааама маамаа. Душата ми се распарчи.
И јас немам срце на тој начин. Ќе одам по потешкиот пат и постепено, ама да плаче и липа не сакам. А мажите снимаат нив им е тоа интересно. Мојот го сликал како го држи неговиот новчаник и ја гледа мојата слика и бакнува. Не му го даде назад дур, не си дојдов јас. Мој совет кога ќе почнеш со одбивање почни да го заспиваш без цице, прво тоа да навикне, потоа и ноќните. Со нас мами ќе се гушкаат милуваат, поинаку е отколку со тато. Не дека и тие не милуваат ама поинаку е. Ете мојот некна заспа со баба му, што предходно немаше шанси, исти сценарија како твоето, низ цела куќа мама мама беше. Ама веќе заспиваме без цице, не дека не бара, ама јас му пеам и брзо заспива. И сега и со баба не е проблем