Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. lalinda

    lalinda Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    153
    Ве читам сеуште за одбивање и заспивање. Сега од 8 до 9 се успивавме и тоа со цицање. Цица и почне да ги затвара очите, и одеднаш ги ококорува, дури и не трепка само за да не заспие. Мислам дека сама се бори да не заспие. Ќе остави цицка и продолжуваме со шетање низ соба, па ајде пак цицање, па пак нишкање низ соба, и така седни стани цел саат. И се прашувам ако вака заспива додека цица, колку саати и паѓање од раце ќе ми треба ако ја одбијам? Сериозно се прашувам.
    И ако заспала во 9 сега во 10 очекувам да вресне и пак на цицка, па во 11, во 12.. до сабајле. А може и измеѓу саатите уште по еднаш(како вчера).
     
  2. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.762
    Допаѓања:
    23.376
    Пол:
    Женски
    Еве пишав заспа, пола сат спие, сега заплака и мм го крена да го презаспива. Ако неможи тој да го презапие одам со цицката јас :)
     
  3. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.498
    Допаѓања:
    7.738
    Пол:
    Женски
    Добро вие сте доста подалеку од родното место, мене ми е три саати и ќе се нацртам ако се случи баш нешто. Моите би го чувале кога ќе потпорасне, една недела не повеќе. Ме знам дали ме прочита погоре, мене не ми е несвојствено тоа. За одговорност ако се нафаќа мајка ми, и ако чувствува дека може, јас би го оставила, и верувам како на никој, и што и да се случи знам дека ќе изреагира подобро и од мене.
    Да се редактирам. Јас на година и 7 месеци сум паднала од тераса, пред на баба ми очите. Во ист град живее, моите биле на работа, а било празник и баба ми ме чувала. Ако треба да се случи ќе се случи и во еден час чување,не дај боже нели. Баба ми има траума од мене не дека не, ама пак продолжила да ме чува кога и да требало. Никој никогаш ниту и рекол нешто на страна, за да се чувствува виновна. Глупо е тоа и да се помисли, а не да се каже.
     
    Последна измена: 26 декември 2024
  4. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.804
    Допаѓања:
    17.804
    Пол:
    Женски

    Ее баш. Буквално од овие причини не би го оставила и не знам дали би земала така некое дете внуче на гости кај нас. Мене ми е страв саат два да ми остават дете, деца се бре се се случува. Барем знам по моето, се мавнува некаде пред мој очи, го спасувам на дневно ниво по 3 пати минимум глава да не убие. Ако е со вакво темпо тешко дека кај некој ке го оставам. Деновиве му е главна занимација да реди кутии да се качува над нив и да ја тегне елка. И плус има една како маса со алат и неа сака да ја крева во вис паѓа со се неа, само го фаќам.
    На одмор годинава внуката главата си ја расцепи во рачката од фиоката а и јас и мајка и бевме тука во секунда падна, темп 39 крена 7миот ден, стрептокока закачила. Замислувам да била на пример поголема и ние да сме ја земале со нас, не знам јас не би се решила на таков чекор барем засега не.
     
    На Bubish26 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. lalinda

    lalinda Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    153
    Маж ми има пробано милион пати, џабе. Веќе не се ни труди, директно јас одам. А првите месеци, до кај 5ти месец, ако не заспиеше цицајќи, он ја заспиваше.
     
  6. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.762
    Допаѓања:
    23.376
    Пол:
    Женски
    Големиот преспива кај мајка ми по 1 ноќ од 4 год, само еднаш има споено 2 ноќи, ама се гледавме дента, летото беше, не сакаше дс си иди па си преспа петок и сабота :D Еднаш месецот преспиваше во сабота, тој сака и повеќе ама оди на работа и не е можно. Малото досега само до 1ч ноќе го има чувано свеки 10тина пати од ко е роден, за свадби, излегување.
    @lalinda го презаспа мм. Сега легнувам со големиот :D
     
    На lalinda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.073
    Допаѓања:
    20.004
    Пол:
    Женски
    Моево побара денес кога се врати од градинка ама јас одма давам јадење и заборава. Денес страшен апетит имаше да не го урочам, па ваљда затоа и бараше, не можевме да го најадеме. :D Јадел и во градинка, а обично скока ручек, и дома уште нас што не не изеде. :D
     
    На Ceneva и lackygirl им се допаѓа ова.
  8. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.108
    Допаѓања:
    1.931
    Пол:
    Женски
    Свекрвата успешно го чува малиот од мај месец кога наполни 9 мес, а јас тргнав на работа. До сега никогаш не плачел одма таму се заигрува. Таа го чува предобро со спиење на време, со готвено само за него со се. Облекуваме скафандер и оди директно на влезна врата си знае дека ќе оди. Јас кога го земам во 17ч трча да ме прегрне, но никогаш не плака.
     
    На Malesia, 1209, Carolin. и 4 други им се допаѓа ова.
  9. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.762
    Допаѓања:
    23.376
    Пол:
    Женски
    Првото дете мајка ми го чуваше од 9 месеци. До 2 год таму секој ден, таму прооде таму прозборе..не плачеше по мене тој како овај. Свеки на работа е цело време во 3 смени и неможи да ги чува. Сега мајка ми е на одмор па таа ги чува двајцата до 16ч. Малиот од 10 а големиот го носи мм во 12 и 15, до тогаш е на школо. Лудница сме.
     
    На Carolin. и atz1995 им се допаѓа ова.
  10. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.159
    Допаѓања:
    2.774
    Пол:
    Женски
    Внуките од брат ми се 6 и 7 години, летово останаа 10 дена тука на поседок. Прво беа сите заедно дојдени, тие на распуст а брат ми и снаа ми мораа да се вратат на работа, таму немаше кој да ги чува.
    Голема одговорност е да, прво помалата доби воспаление на уво од базенот, после ден пред да си одат поголемата гореше со 40 температура и така си замина во авион, дојде брат ми да ги земи. А живеат поприлично далеку, 2000км… но за се тука бевме сите и јас и двете баби…
     
    На 1209, Carolin. и Ceneva им се допаѓа ова.
  11. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.591
    Допаѓања:
    24.050
    Пол:
    Женски
    Не дека некој би му скокнал на тој што го чувал во тој момент детето, туку тој што го чувал ќе осеќа огромна кривица.
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.498
    Допаѓања:
    7.738
    Пол:
    Женски
    Јас како родител штом го оставам детето со баба му, и знам што се може да се случи пропратно, деца се тоа, паѓаат, се разболуваат итн, значи и да се случи нешто никој за ништо не треба да осеќа кривица. Нема дете кое не се паднало во присуство на трето лице, а не сме ние родителите. Тогаш тие во градинка кој знае колку кривица осекаат.
    Сепак тоа е мој став, а ти си имаш друг. Јас кога ќе бидам баба и те како ќе прифаќам одговорност ако сум здрава физички и психички, и ако моето дете има доверба во мене дека јас можам.
     
  13. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.073
    Допаѓања:
    20.004
    Пол:
    Женски
    Да не вади заби или општо си е вака? Да не е преморена или недоволно уморна кога заспива?
     
    На lalinda му/ѝ се допаѓа ова.
  14. lalinda

    lalinda Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    153
    Да, вади заби од како наполни годинка па наваму цело време. Се стиска за уста, бели се, со месеци ги вади никако да изникнат. Ама од раѓање е тешка на спиење, од сам почеток се буди исто, забите се само еден голем плус.
    А јас веќе стварно не знам како да си олеснам и на мене и на неа, бидејќи од толку многу будења преку ноќ знам дека не е одморена воопшто, иако што по цел ден е на нозе и весела, а мене веќе нема дел од телото што не ме боли, ама неспиењето ми е капак.
     
  15. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.591
    Допаѓања:
    24.050
    Пол:
    Женски
    Иста е, мислиш готово се предава затвара очи, наеднаш станува и продолжува со игра :?:
     
    На 1209 и lalinda им се допаѓа ова.
  16. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.073
    Допаѓања:
    20.004
    Пол:
    Женски
    Баш ми е жал.. :| Освен да издржиш дур да излезат запчињата, не знам да те советувам. Знам која ноќна мора е кога се буди и моето по 59348408 пати кога вади заби, зошто и он е тежок на таа тема. Ама барем лесно заспива и има периоди и кога спие ептен мирно. Кај вас е изгледа спојка од забите и од ‘такво си е детето’, за жал.
     
    На lalinda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. lalinda

    lalinda Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    153
    И големата беше така? Како беше после одбивањето?
    Е баш спојка ми е. Мачно ми е веќе да дојам искрено, а многу ме спречува да ја одбијам.
     
  18. defocus

    defocus Активен член

    Се зачлени на:
    22 август 2023
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    108
    Пол:
    Женски
    Јаде парчиња нема проблем, ама губи интерес и цел саат треба да го оставам да јаде.
    Затоа уште блендирам и пасирам.

    Три денски подои и безброј ноќни не бројам.
    Пробав да намалувам за спиење не би ва.
    Сакам заменско со кравјо, кое би препорачале? Колку пати дневно/ноќно? Дали мора стоплено?
    Дали децата што подолго цицаат, имаат проблем со забите? (не знам од каде го имам слушнато ова)

    На сами чување па и не ми е баш дојдено до палачинки, фенси оброци, уште давам од кашите кексолино итн.
    Да ги дотрошам не планирам нови.
    Во меѓувреме и тоа да прашам. Како ви е организирано секојдневието со деца на оваа возраст?
    Како е најпрактично?
     
  19. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.073
    Допаѓања:
    20.004
    Пол:
    Женски
    Знам. Само си го одлагам и јас одбивањето, баш ради тоа што не знам како ќе се справам со него кога ќе почнат плачките.
    Колкаво е детенцето? Зошто даваш три пати преку ден? Ако има 1-2 дремки, пробај да даваш само пред дремка. Со храната може да изведува зошто знае дека има опција цицање. Кравјо не сум давала и не планирам да почнам ни кога ќе го одбијам. Јаде сѐ друго од млечни производи и тоа е сосема доволно. За забите не знам дали е точно, мислам дека генерално нема правила.
    И јас сама го чувам, сега веќе и во градинка оди. Во деновите кога не оди стануваме околу 7 ипол - 8, се миеме и одиме во дневна. Он е одма расонет и почнува да си игра дур јас спремам доручек зошто за брзо откако ќе станеме е гладен. Мене спремањето палачинки, вафли, пржено лепче, омлет итн ми е станато рутина, воопшто не го сметам за фенси оброк и ми одзема време слично како за подготовка на овесна каша, просо, палента и слично. Пие витамини, доручкува, си играме, излегуваме на прошетка и/или пазарење. Некогаш заспива во количка, некогаш не. Се враќаме, правам ручек дур спие, станува руча, татко му е веќе дома па со него се занимаваат и се играат подинамични игри, со мене се помирните активности како редење сортери, читање сликовници итн. После следи вечера, капење ако е ден за тоа и спиење.
     
    На 1209, Carolin., lalinda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. defocus

    defocus Активен член

    Се зачлени на:
    22 август 2023
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    108
    Пол:
    Женски
    Две дремки, пред секоја дремка и навечер пред спиење = 3 подои. Година дена е. Супер опис ти благодарам, ако може и за деновите со градинка и кога најчесто е ручек/вечера.