На година дена и син ми имаше два дневни подои, пред двете дремки. Откако наполни годинка почнав постепено да му ги тргам еден по еден и да ги заменувам со ужина. Таман сте, постепено тргни ги. Кај мене беше лесно зошто тогаш не заспиваше цицајќи. Цицаше пред спиење, ама заспиваше со цуцла. Во градинка оди до 15-15:30 кога се враќа дома обично секогаш е гладен и одма руча, измеѓу ужинка и околу 19-19:30 вечера. Не му е изменет редот, освен што и таму руча (ова кога како), плус дома пак.
Па јас мислам дека не е до цицањето туку период, знам дека и големава по 200 пати излегуваше од соба и викаше на се што ќе види во дневна чаооо. Искрено она беше потешка од второво. Се одби на нејзина желба и немав проблем ич со тоа, некако сама одлучи кога и како да се успива, па после почнавме да пуштаме цртани во темно и после 10мин клопче, ден денес е така, може не е ок ама пред спиење кога гледа тв заспива за 10 мин и не догледува
Јас се сеќавам како мали ни пушташе мама мечето ушко и после во кревет... Јас исто му пуштам да гледа цртани преку ден, некогаш и кога баш прави проблем со нејадење. Додека е умерено според мене нема штета. За се треба баланс
Па не наводно екранот зеленото светло било штетно за сон и тешко заспивале.. кај нас пак обрадно, чим пуштам тв следува тишина и одма заспива, така ја успивам и малава оти ако големава не се стиши, малово не заспива. Па тоа ни доаѓа како некоја рутина, какао топло, тв и кревет. Порано заспиваше големава во дневна, па ја носевме в кревет, сега сама стопира цртанот и си оди да легне.
Јас почнувам од себе, и мене тв ме успива така да, овие испитувања што се правени можеби се темелат на деца што се нон стоп со екран. Не е се пишано правило јас ќе кажам.
Не се темелат на деца што се нон стоп пред екран, туку на сите деца генерално. Во момент кога мозокот треба да се смири, со тв се стимулира непотребно и доаѓа до опаѓање на мелатонинот, плус синото светло што го емитира тв итн. И не значи дека ако нема последици врз заспивањето, дека нема воопшто. Честите будења ноќе исто можат да бидат резултат на таа престимулираност. Јас секогаш практикувам мирни активности пред спиење, зошто и сама кажа негде погоре, они денот го проживуваат во сон.
Моето е многу активно, не седнува, а не па да седне цртани да гледа, хаха, не му држат интерес многу. До душа јас и не ни пуштам многу. Пред спиење не пуштам тоа време го поминува со татко му. Тоа е нивно време, зошто мм ми не е дома до 6 поручек. Моето преживува да, ама од другите беснурии што ги прави и му се забрануваат,па вришти и плачи преку ден дека не сум му дозволила сите чинии да ги извади на масата , и после тоа истото го прави и во сонот, се лути и вришти. Сигурно дека има влијание екранот, ама 10 мин сигурно не премногу. Тоа за мене е умерено гледање. По логично ми е да смета на сон ако гледа саат два во екран, отколку 10 мин искрено.
Бесни се сите деца на таа возраст, особено машките, така и личи да се темпераментни и радознали. Јас отварањето на шкафови одамна го решив со штитници зошто видов дека е дете што сегде ќе брка. Во текот на денот ретко се дешава да плаче за нешто што не му е дозволено, брзо се заигрува со друго. До сега немаме некои екстремно драматични ситуации. Екран пуштам и јас 10-15 мин за инхалација кога е болен, ама повеќе од тоа и секојдневно не. Моето е од тие деца што зјапнуваат во тв и оставаат се друго. Знае и да се кара за да му пуштам Биби, го зима далинското и вика Биби Биби, ама не попуштам. Зошто и тие наивни 10 минути, некогаш не се воопшто наивни и ствараат зависност. На екран периодов ни вртат видеа од Новогодишни базари, планини со снег, новогодишна музика и слично. Нив не ги регистрира, си игра и не гледа во тв.
Бела и моето е исто, стварно. И потполно те разбирам и јас исто немам срце да го одбијам сеуште и стварно ме нервираат коментари за тоа успивање. Мораш да го оставаш со друг да спие, мора да се навикне, мора вака мора онака, епа не мора. Дур можам освен во екстремни случаеви ќе го заспивам јас. Дали со цицање или не. Мојов заспива со татко му и со баба му, ама ако јас сум таму. Пример да го држат шетаат они, ама ако не сум таму нема да спие. Жал ме фати како опиша дека те чекал. Душа. Тоа нашите се изгледа не само карактерно многу такви поврзани туку и ради хороскопов
Добро секој си го познава детето и до кај може граници да му постави,и за цртани и за се. Јас тестирав, тв на цртани пуштен, тој три пати застана да гледа во цел ден зошто музиката му привлече внимание. И јас имав штитник, го скрши само до кутлача и чинија да дојде. Играчки еден куп... Неее моево кувар ќе бива... Елката како е заградена да не може да ја дофати ќе се смееш. Се лутеше до пред некој ден и вриштеше зошто не му е достапна. Сега заборави не ја погледнува. Ама упорност 10 дена да појди кај неа. Не се заигрува многу сам. Сам само глупости да прави и да се качи на највисоко што може ( цел на мајка ) А веќе немам ни идеи што да го анимирам. Освен брканица, криенка и да бидам куче по дома ништо не му држи интерес повеќе од 15 мин. Цртаме, боиме, се вртиш секунда, бојцата завршува во уста цела изгризана и јазикот обоен. Читање, што е тоа, одма граба книгата и сака да ја разлепи. Сите играчки ги превртува и пробува да ги отвори да види што има внатре. Поголем кога ќе биде очекувам да бидат сите размонтирани, мајсторче мое ( тоа на татко му ) Нека е здрав и жив само. Совршен си е таков, ама енергија пие само така
Стануваме и одиме се миеме и двајцата, мислам јас пред него обично станувам и се мијам ама после пак со него за друштво. Па оди си игра он нешто јс правам доручек. Како што рече Бела овие мафини, лепчиња, каша, палачинки не се баш фенси и се реално брзи, за пола час имаш доручек. Јас некогаш одвечер правам банана леб, погачи, мафини и има за утре и за доручек и за ужина. Јадеме заедно и после јас средувам по дома обично облека собирам простирам, замивам садови, он си игра тука околу мене или ми помага. Па се облекуваме одиме на пазар и прошетка и ќе си дојдеме од спие јас ручек. После тоа татко му станува(дека работи ноќна, спие до пладне) и ручаме заедно(јас и мм ручаме он скоро ништо не руча ама седи со нас) па одат со мм на прошетка/гости некаде или си играат дома, или го носам кај моите. Вечерта го качувам пола саат обично кај свекорите да го видат и го спремам за спиење. Мм оди на работа ние или спиеме или он изведува( псоледните месеци е хаос ноќно успивање) и така. Он заспива јас седнувам да работам 4-5 саата и средувам за утре на крај пред спиење.
Мајки фала многу за советите за јадењето, каснам сега дочитував. @Bella_Stella пиша за крвта нешто природно да пробам, што на пример?
А знаеш дека детето треба да мисли, да сонува,. Екранот не му дозволува никаква фантазија. Никаква стимулација. За спиење му сметало или не е најмалку битно. Како другата штета. Во последно многу се апелира за телефоните. Изгледајте некој подкаст, ислушајте некое предавање. Да видите дека ќе најдете симптоми кај детето после 3 дена по 15 минути гледање. После се чудиме за многу работи и се тешиме период е ќе помине. Извинете што упаднав.
Исто и јас, воопшто не ми смета јас да сум таа што ќе го заспива. Не ми фали ни излегување ни ништо. Го родив на 31 година, претходно се изживеав доволно и сега ми е убаво да сум дома и со него. Убаво е да може да заспие и со друг, не викам не ама ете не може и тоа е тоа. Дур му требам ќе бидам тука за него. Ќе дојде ден кога ќе го бараме тоа гушкање и ќе сакаме да им требаме, а нема да биде така. До тогаш ќе уживам во моментите со него.
Мафини. 2 банани или варена тиква колку една шоља пасирана, две јајца, брашно од овес, спелта или мешано, да се добие убава текстура(од око) млеко(може и растутелно, јас кога како ми текне) пециво и ставам најчесто какао/мед/путер од јатки, цимет, некогаш јаболка рендам, ореви. Ова се е од око искрено ама се блендам и правам со ова или палачинки или лепче. Некогаш ставам врз лепчето јаболка запржени во путер и засладувач од урми да омекнат, ова многу е вкусно. Солени правам со една чаша брашно(плус нешто екстра) две филџани грчки, еден филџан јогурт, две јајца, рендан кашкавал, рендан морков, оригано, сол, црн пипер. Одозгора ким и сусам. Овие исто многу ги сака. Мафини се. Овесна каша правам стандард варам со млеко и додавам некогаш замрзнати бобинки, банана, какао, јатки, семки како за мене што ја правам. Исто многу хит му е лепче намачкано со томатело/кечам и одозгора дтавам матено јајце измешано со кашкавал и полевам врз лепчето и печам кратко 10тина мин. Ова многу го сака и само така јади јајце. Ориз варен како сутлијаш со банана, или солен со грчки сака. Ориз и спанаќ сака, макарони со зденка и кашкавал и златна мешавина. Правам и едни питички со јогурт. Брашно, јајце, јогурт, пециво, сол. Мешаш во ептен меко тесто и после расукај и сечи форми и пржи, моево многу сака со мене да сука Заедно ги правиме. И јаде со јогурт, овошје, намаз… И така.
Па не знам баш за ова. Да штетно е тоа не е спорно. ама дека не сонуваат и дека немаат фантазија ради 15мин екран не верувам. Барем кај моето не гледам никакви проблеми со фантазијата. Некогаш тоа е единствено нешто што функционира и стварно не гледам потреба да се набива грижа на совест кај родителите ради 15мин гледање тв. Ете сега баш внуката беше на гости и е расната со екрани. Знаете колку е паметна? Некои работи кои ги правеше не ми де веруваше дека од 4г дете излегуваат. Збори 3 јазици моментално и знае многу повеќе од што треба да знае 4г дете. Последно малце се напна работата ептен со екраните стварно. Не дека свесен родител го остава детето да блее во телефон или телевизор по цел ден. Ама одбрани програми 15мин на ден нема да го направат детето дебил. Па и повеќе од 15мин. Може јас сум лоша мајка не знам, моето израсна со тв, мислам не тв за него ама безразлика тв цело време работи, го гасам само саат време пред спиење ама дневната дремка обично почнува со гледање нешто и легнати и спие баш доброз.
Мене ич не ми наби грижа на совест како родител тој коментар искрено. Внука ми гледа цртани одредено време секој ден, и е дете со најголема фантазија, друго не познавам со толку фантазија. Мајка ми вели ти беше таква, а и јас сум гледала цртани па ете. А ако земам да читам, и без тие 15 мин кој знај што симптоми ќе му изнајдам. На нет колку има и точни има и неточни информации. Така да јас си одлучувам за мое дете колку ќе гледа и дали ќе гледа, врз основа на тоа што јас сметам дека е граница на нормалата. А секој си има право на мислење и да си искаже став за одредена тема.
Не, општо зборев дека многу родители вака делат совети на други родители и притоа набиваајќи грижа на совест на истите. Мислам у реду е штетни се екраните, сите знаеме. Штетни се и за нас. Јас во Лондон пример не ни имав тв, ама не сме белким толку будали да си го оставиме детето цел ден пред тв, да гледа со саати кокомелон. Тврдам дека 15 мин одбрана програма нема да направи ниедно дете глупаво. Експертите на крај на денот тоа им е работа, да докажуваат дека де едно нешто е штетно, од тоа земаат пари. Да се разбереме дека и јас сум против гледање тв, освен кога е неопходно. Не проповедам дека треба. И јас претежно одбирам да играме, готвиме, шетаме. Ама некогаш детето гледа цртани, и филмови и песни, и биби и боби и по некои глуп цртан. Па фала богу ништо не му фали, и вишка има