Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.037
    Допаѓања:
    45.969
    Пол:
    Женски
    Не, општо зборев дека многу родители вака делат совети на други родители и притоа набиваајќи грижа на совест на истите. Мислам у реду е штетни се екраните, сите знаеме. Штетни се и за нас. Јас во Лондон пример не ни имав тв, ама не сме белким толку будали да си го оставиме детето цел ден пред тв, да гледа со саати кокомелон.
    Тврдам дека 15 мин одбрана програма нема да направи ниедно дете глупаво.
    Експертите на крај на денот тоа им е работа, да докажуваат дека де едно нешто е штетно, од тоа земаат пари.

    Да се разбереме дека и јас сум против гледање тв, освен кога е неопходно. Не проповедам дека треба. И јас претежно одбирам да играме, готвиме, шетаме. Ама некогаш детето гледа цртани, и филмови и песни, и биби и боби и по некои глуп цртан. Па фала богу ништо не му фали, и вишка има:D
     
    Последна измена: 27 декември 2024
    На strelec231992, Carolin., Mother of 2boys и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.754
    Допаѓања:
    21.467
    Пол:
    Женски
    Мене дур бев бремена многу ми се подобри крвната слика од лекот со маџун, какао и таан. За други лекови искрено не знам, а овој не знам дали е дозволен за толку мали деца. Какаото мислам дека не се препорачува многу да се конзумира докај 2 години, а другиве не би требало да се проблем.
     
    На Mother of 2boys и kozuf им се допаѓа ова.
  3. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.754
    Допаѓања:
    21.467
    Пол:
    Женски
    Ние се убедуваме некако со тоа дека елката нана и он треба да ја гали, оди кај неа неколку пати и само ќе му кажам немој елката нана, погали ја, ќе ја погали и се трга. Не ми е заградена, немав живци за такво нешто. Решив дека или ќе има или ќе нема елка. И он е жива пакост, во очи те гледа и прави глупости. Во последно време ептен му е изразено тестирањето граници. Знае за повеќето работи што смее, што не, ама таков карактер е што ќе се вртка ќе се шутка и пак по негово ќе си направи. Сам се заигрува ептен он, ама знае и да не викне на земја да си играме сите заедно. Сега многу позитивно му влијае и градинката. Ептен е среќен што оди и кога се враќа не престанува од пеење и брблање на неговиот јазик. Веројатно ни раскажува како си поминал. :D
     
    На Giiirl23, Giovanna, lackygirl и 4 други им се допаѓа ова.
  4. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    925
    Фала ти многу уште сега ќе направам нешто за сабајле. Fingers crossed :l:
    Ќе се распрашам и ќе пробам баш, ама и само маџун и таан е подобро од ништо, фала за идејата :l:
     
    На Carolin., Mother of 2boys, Bella_Stella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.037
    Допаѓања:
    45.969
    Пол:
    Женски
    Леле моево не да тестира граници последно време, страшна работа. Па се научил само што ќе направи глупост одма гледа во мене и вика мама не каа Стефан со онака фаца да го ожалиш, како мислиш секој ден го карам и тепам по неколку пати:D
    Елката секој ден ја редам мин еднаш, вчера пример му текна дека може пинк понг да игра со неа, па кога ги замава лампионите…некни млеко истури врз неа, од што и е душата не знам.
    Сега дека дада му беше тука, значи се расцепија од глупости правење. И само се караат за играчки. Он пак многу скржав, ништо не дава и само вика по неа, неее Хана, не Хана, онака нервозно.
    Ама поштено ме утепаа оваа недела, како воз да не згазил се осеќам.
    Ама вчера да го видете како мило ја гушкаше, ја гали, ја гушка, ја гледа мило, абе се стопив колку нежен беше :inlove:
    Сфатив дека уствари тоа е резултат на молувањето и гушкањето од мм и мене и се осетив како добар родител.
    А и тоа што внуката сакаше цело време кај вујна да оди и не седна воопшто кај баба и и дедо и, исто ме направи да се осетам способно и убаво.
    Плачеше на крај на одење по вујна.
    :$
    Инаку цел фрижидер ми е излепен со стикери. Идеа ако немате за игра да ви кажам дека ова успешно држеше многу време внимание. IMG_6778.jpeg
     
    На Giiirl23, strelec231992, Giovanna и 7 други им се допаѓа ова.
  6. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Моето гледа цртани кога облекуваме пижами и вреќа. Го бањам или туширам, одиме на спална и додека го облекувам и правам млеко гледа babytv. Кога е скроз облечен го гасам тв станува од кревет и си оди во собата.

    Нашата елка не е заградена еве жива е 2 недели.
     
  7. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    8.507
    Пол:
    Женски
    Е убаво што функционира тоа нана елката. Мојот тотаа, на лампионите, мисли топки дека се и ги фрла низ куќа :rofl:, и го ставив кошот за играње пред елката да не може да помине, па влегуваше во него за да ја фаќа, ама ја оддалечив и сега ич ништо не и може:lol:
    Ма опасни се мали главички што се им текнува :inlove:
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.723
    Допаѓања:
    7.724
    Пол:
    Женски
    За елка не ни ја погледнува. Ќе помине покрај неа, ќе каже Голема елка и си заминува. Еден куп пакетчиња под неа, среќа па не знае оти се со храна полни, да знае има да си се гости секој ден по 100 пати.
    Од Дедо Мраз се плаши, така да немаме проблеми многу тука :D

    За Тв, е од тие деца што се загледуваат зависно, така да ограничено е на минимум. А учи еден куп работи.
    Јас не сум покажа бои и никој близок, од Дарко Биберко знае да препознае црвена, жолта, зелена, сина.
    Еден куп песни знае да пее и игра баш од Тв.

    Што би се рекло како се плашевме од елка и се и сешто поврзано со празници, добро поминуваме.

    Туку ќерка нешто од куп работи покажува страв и се крие деновиве. Од нови играчки пример во продавница. Вчера шетаме и ајде демек ова, она интересно. Кучиња и мачиња во живо ептен сака, им се смее, ги гали. Во продавница од играчка куче што лае и свири, ептен плачеше.
    Во следна продавница од голем Дедо Мраз, исто музички, повторно плачки. Да не речам само си наоѓам работи за нервози и анализа, а знам дека е нормално да не сака се, да не и е се интересно.
     
    На Giovanna, le.soleil, Carolin. и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    8.507
    Пол:
    Женски
    Е а кога сме кај плашење, го сака дедо мраз и снешко, ама имаме ирвас кој игра со главата, лани го имитираше и до вчера си играше со него, ама не сакаше да свири и игра многу, прекинуваше ( слаби батериите ) и се налути синко оти не свири. И ајде на мм му велам смени му, стај му нови батерии. Како го пуштивме, така дете избега и мама мама паше нече ( се уплаши )
    Денес цел ден му го покажувам не сака да му се доближи бега и вика нече , дека не го сака. И го ставив под елката, да ја чува. Сега и кошот да го тргнам елката мислам дека нема да ја допре ради ирвасот.
    Што се деси што одеднаш не го сака,не можам да си објаснам.
    А има куче играчка што лае и оди,мече што се крие, со нив немаме мака. И со ирвасот дур не му сменивме батерии немавме мака, ама сега да.
    Мачињата во улица ги фаќа сите за опашот :D, кучиња сака. Сите ги има крстено Дона, по на комшијата кучето ( ја обожава )
    Деца, денес вака утре онака и пак во круг :inlove:
    Еве го со мачето :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    • 1000009797.jpg
      1000009797.jpg
      Големина на фајлот:
      374,7 KB
      Прегледи:
      45
    На lackygirl, Carolin. и 1209 им се допаѓа ова.
  10. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.350
    Пол:
    Женски
    Може и какао, јас на големиот му давав од две години секако нема да изеде наеднаш една лажица какао која нема ни 5 гр. И верувале или не тогаш не се разболува ќе. Доби Бронхит без симтоми, само тешко дишење ни температура ни секрет.
    Дури лани кога наполни 4 год после варичела му падна имунитетот и беше постојано болен. Сега се убедуваме пак да го јади, а покрај него да успеам и малиот да проба.
     
    На kozuf и Ceneva им се допаѓа ова.
  11. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.769
    Допаѓања:
    3.475
    Пол:
    Женски
    Премногу ама премногу родители се лажат себе затоа и толкава врева. Ама моето зборува 4 јазици на 4ри години. Ова е едно објаснување дека не се 15минути во денот. ТОЛКУ
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.647
    Пол:
    Женски
    Зошто не се препорачува какаото?
    Јас знам често да ставам во јадење.
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    8.507
    Пол:
    Женски
    Врева за што?
     
  14. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    925
    Моето има неполни 17 месеци, најдов различни информации, едно дека е ок, друго дека не е ок под 2 години поради кофеин..
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.037
    Допаѓања:
    45.969
    Пол:
    Женски
    Те разбирам да, се крева врева зошто многу родители не знаат да го контролираат гледањето и екраните. Ама повеќето што јас ги знам барем, се свесни за користењето на екрани при анимирање на деца. И голем дел ги користат свесно.
    И нема потреба да се набива грижа на совест ако некој пуштил цртан 15 мин на дете да иде да се и*ере на раат што се вели.

    Децата во некој момент за жал ќе станат зависни од екрани, во такво време живееме и ние пред децата на моменти сме биле зависни од екрани, наше е да им укажеме дека светот се случува надвор од екраните.

    Браво за твоето и моето знае азбука од 18м ама стварно не е тоа поентата на муабетот. Сакав да кажам дека безразлика на тоа колку гледаат, ако е совесно користењето нема да ги затупи децата, 15 мин на неколку дена сигурно нема.

    На крај кој како сака нека си ги чува децата. Сите одбираме што е правилно што не е.
    Дека не е правилно екран да им биде излез, забава и единствена анимација не е, дека 15мин во ден ќе штетат на развој, не верувам и 100 експерти да ми кажат.
     
    На strelec231992 и Carolin. им се допаѓа ова.
  16. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.769
    Допаѓања:
    3.475
    Пол:
    Женски
    За екраните. На сите им е ајде детето ми е препаметно е со телефон. Штетата не ја гледаат за жал.
     
  17. misli_si

    misli_si Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2020
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    401
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки.
    14 м, со тт сме цела недела, ама баш досадна 37, 37 со 5 па 36,6 па 38, Не сум и давала парацетамол, нема мрсули, не кашла, не верувам дека се заби, во суштина нема никакви симтоми освен тт. Јаде, игра... кога и е спуштена.
    . Што може да биде?
     
    Последна измена: 27 декември 2024
  18. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    8.507
    Пол:
    Женски
    Ич не се замарај, кој како сака нека си прави, и залажува што велиш. Секој си одговара за свое дете. А тие што велат дека се 15 мин а всушност се повеќе, пак си е нивна одговорност. Тука ние ништо не можеме.
    А еден ден за жал ќе бидат практично нон стоп пред екрани, зошто самото школство е веќе такво. Не како во наше време, книгата, и ретко кој имаше компјутер дома. Сега домашно им пуштеле на вибер (facepalm)
    Такво време дојде. Тоа е и тука ние нема да можеме многу. За сега дур се мали да контролата ја имаме, ама понатаму нема баш да е така
     
    На Malesia му/ѝ се допаѓа ова.
  19. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.037
    Допаѓања:
    45.969
    Пол:
    Женски
    Ама не знам како можеш да тврдиш дека на сите им е тоа изговор детето ми е препаметно а е со телефон. Не не се сите деца паметни како и сите ние што не сме возрасни паметни.
    Некои ќе бидат попаметни, некои ќе бидат екста паметни, некои ќе бидат просечни, а за жал ќе има и не толку паметни. Муабетот ми е дека не мора да се набива толку грижа на совест на родителите кои некогаш ќе пуштат цртан на дете.
    Вревата направи толку вина да осеќаат родителите од се едни нешто што стварно е претеризам да речеш на друг ама твоето дете нема да има фантазија оти му пушташ да изгледа еден цртан у ден.
    Некогаш малце треба да се припазиме како коментираме.

    Пак ќе кажам јас не велам дека имаш лоша намера со ова, треба едукација за темава. Ама и малце треба да олабавиме со ова вака треба, така не треба, ќе го осакатиш детето, ќе му направиш траума, не го храни вака, не му читај ова, читај му она, запиши го на едукација, учи го 10 јазици од мало…
    Забораваме да уживаме со децата од сите овие работи што некој ни ги наметнува дека треба или не треба да ги правиме.

    На крај на ден и ние пораснавме со цртани, да си игравме и на улица и се тоа, ама кога земавме ком. прв пат пример се сеќавам дека по цели денови играв симс, сум била докај 10тина год, па одговорно тврдам дека памет не ми фали.

    Ако еден цртан филм у денот ти дозволува да направиш убав ручек за детето мислам дека нема сигурно да потфрлиш како родител.

    А како родител на дете кое цело време има достапност до тв, оти како што кажав тв кај нас работи скоро цело време со програма за нас не за него, тој многу ама екстремно многу ретко се загледува во тв, едноставно не го интересира.
    Сите деца не се исти и некое сигурно ќе биде хипнотизирано, ама на крај на ден затоа сте родители за да процените до каде може да се оди.
     
    На Giiirl23, Giovanna, Splendor. и 9 други им се допаѓа ова.
  20. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.769
    Допаѓања:
    3.475
    Пол:
    Женски
    Извини вака. Јас со добра намера коментирам. Не можам убавини да пишувам на тема екран и денешните родители.