Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.456
    Допаѓања:
    96.666
    Која е толку штетата?
    Ќе бидеме 'глуви' по дома нон-стоп? Или пологично е се' да си продолжи како што било, со некои прилагодувања кон детето, нормално?

    Ете, мојата гледа, постојано прашува додека гледа, јас и одговарам, кажувам, па таа додава, се смееме на смешни ситуации од цртан заедно, кога има нешто неубаво и кажувам не треба така, ако има букви ги кажуваме, броеви, бои...
    Пееме песни. Вербализирам се' од старт и кога воопшто не разбираше ништо.

    Спие како топ 12ч.
    Кажува сложени реченици, брои до 20, ги препознава буквите и броевите до 20. Сега ќе прави 3.

    Малку ги хиперболизирате работите беспотребно, ова модерно родителство веќе не е ни интересно, плус има личности кои полесно потпаѓаат под туѓи влијанија/кажани зборови, па кога ќе ве прочитаат голема е веројатноста да се осетат како најлошите мајки на светот кои не успеваат по цел ден да го анимираат детето и замисли му дале цртан/два да изгледа.

    Да се советуваме, ама без претерување.
    И без осуди.
    Детето треба се' да прави. Да шета, да скока, да трча, да игра... Па и цртан да изгледа.
     
    Последна измена: 27 декември 2024
    На Secret-Angel7, Anturium, lalinda и 16 други им се допаѓа ова.
  2. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    2.912
    Пол:
    Женски
    Абе ајде прочитав дете зборува 4 јазици де на комшивката, де на братучетка. И ништо не им фали.
    Тоа не е 15 минути гледање. Кажувам, па кој сака нека се навреди.
    Штетата допрва ќе се види. На никој не кажувам дали е мајка или немајка. Се извинувам ако погрешно се разбравме.
     
  3. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.455
    Допаѓања:
    42.445
    Пол:
    Женски
    Не знам како можеш да тврдиш дека штетата допрва ќе се види, од искуство?
    И да на мене ако се однесуваше тоа, не, не е ни комшивката, ни братучетката. Внука ми зборува 3 јазици на 4 год. Македонски, кој и е мајчин, Холандски кој е екстремно тежок, ама родена е и растена во Белгија и Англиски секако знае.
    И растена е со тв пред телефон јаде, само овие денови изгледавме 5-6 филмови од Гибли студио, јас и она и моево(кое не ги гледаше уствари)

    Не знам зошто би лажела и што имам од тоа.
    И не не се разбравме погрешно, точно те разбрав што мислеше.
    А на крај на ден ако не се лажам ти бараше совети околу екраните дека детето многу ти гледало во телефон(не сум сигурна за ова) чисто да знаеш телефоните прават поголема штета од тв, кога веќе збориме за екрани.
     
    На Mumoftwo30, Malesia и Ceneva им се допаѓа ова.
  4. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    2.912
    Пол:
    Женски
    Грешка си, а и многу лично ме доживеа. Не знам зошто мене ми се правдаш. Длабоко ти се извинувам.
    И телефон и тв е екран (исто е)
     
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.455
    Допаѓања:
    42.445
    Пол:
    Женски
    Не те доживеав јас лично, ама ти лично ја нападна членката погоре и со тоа ме испровоцира да напишам мислење. Арогантно ја нападна, како дали знаела она дека детето нема да сонува, нема да фантазира оти гледа цртан, да земе да се едуцира итн.

    Не ми се извинувај, не ти се правдам воопшто, само пак ќе кажам ти многу арогантно настапуваш во темава.
    А за телефоните, не сум грешка, на твоето во градинка рекле дека може да има проблем оти користете многу телефон;) Затоа прашав дали од искуство вака самоуверено тврдиш, за да ни споделиш искуство.
    Нема потреба да се караме на темава.
    Тема за деца, убава тема. Треба да бидеме емпатични кон други мајки, да размислиме што ќе пишеме, да пишуваме културно, фино и свесно, барем тука. И кога сакаме да дадеме добронамерен совет иако е за нешто лошо, треба да бидеме помеки во изразување.
    Толку од мене на тема екрани.

    Секој си знае за свое дете.
     
    На Splendor., Carolin., Mumoftwo30 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    7.738
    Пол:
    Женски
    Овде и никој не се правда. Зошто би. Секој е возрасен и свесно одговорен како постапува со свое дете. Пак ќе кажам не се замарај со тоа дали некој дава 15 мин или цел ден. Терај си ти како мислиш со твоето дете. А ќе дојде ден кога нема да можеш да го спречиш тој екран да го користи, такво време дојде.
     
  7. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.456
    Допаѓања:
    96.666
    Само не ми е јасно, ако некоја го гледа детето сама (како мене), буквално САМА (зошто и како не е предмет на дискусија), дали цели 3 години нема да посака 10мин кафе да се напие додека детето гледа цртан?
    Дали во толку време нема да се најде ден да не и е до ништо, па да си каже, ете тв, нека се занимава, немам сили едноставно...
    Дали, дали?
    Има толку дали, во толку денови и секакви моменти, алал да ви е ако функционирате по ПС секогаш.
    Ете, не има и грешни, не сме сите семоќни.
     
    На lalinda, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Giiirl23 и 14 други им се допаѓа ова.
  8. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    7.738
    Пол:
    Женски
    Мајка, прво браво за тоа што сама си го чуваш детето ( не навлегуваме во тоа зошто ;) )
    И ДА заслужуваш да се напиеш кафе. Толку ....:inlove::hug:
     
    На Secret-Angel7, Carolin., Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. deniz333

    deniz333 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2018
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    1.691
    Пол:
    Женски
    Majka potpolno te razbiram, znam kolku e tesko dete ds gledas sam bez da imas vreme za oddiska, ama jas mesto crtani sum davala kocki da redi ili blokce nesto da crta pa makar i se da iskrta makar i cela soba lom da ja naprvi seto toa ke go animira 10 min a mozebi i poveke vreme... znam deka 10 min pred ekrani ne pravat nikakva steta, ama sepak ne bi dala zatoa sto se naviknuvaat i ke ocekuva sekoj den, pa ke ima placki koga za 10 min ke mu go isklucis... seto toa vodi kon eden zacaran krug. Jas sum za baram do 4 godisna vozrast decata da ne znaat deka voopsto postojat crtani takva opcija da nemaat vo glavata...
     
    На Mumoftwo30 и Malesia им се допаѓа ова.
  10. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    5.520
    Пол:
    Женски
    @deniz333 , не те напаѓам ама мене пак тоа ми е претерано, да не знаат дека постојат цртани. Еве јас едвај чекам уште малку да почне ќерка да разбира повеќе и да си гледаме Дизни и тоа долгометражен филм. Што значи и по цел час пред Тв. Не секој ден, можи 1 неделно ама сепак.
    Не гледам дете сама, оди и во градинка, има и куп луѓе околу неа кога е дома.
    Имавме и период кога гледаше повеќе Тв и да, имаше штета од тоа. Има период како сега кога Тв не е вклучено со денови. И знае да се заигра со лепенки, со боенка, со коцки, кукли, околу мене во кујна.
    И готвам, и зборувам што ќе ми падне на памет нели да ја анимирам попатно.

    Дали е полесно да ја седнам пред Тв, полесно е и јас нема да гледам со едно околу дали и текнало со фломастер да направи уметничко дело. Или да стави нешто во уста. Или да собирам ориз 3 недели низ куќа од едно играње нејзино.

    А за Тв, еве во градинка ги дочекуваат со Тв додека сите со соберат. Сум реагирала, ми викаат тебе ти е едно дома, овде се 15-20 за да ги собереме наутро, мора така.
     
    На Carolin. и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  11. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.430
    Допаѓања:
    4.310
    Апсолутно секој одлучува за свое дете, ама убаво е да се знаат последиците од таков избор, барем во денешно време со толку достапни информации.
    Не осудувам никој, секој има причина за тоа што го прави. @1209 те почитувам, ама не може да тврдиш врз основа на еден или два примери од твоја околина дека 10-15 мин гледање тв на ден нема да има негативни последици.
    Пошо сите истражувања посочуваат на спротивното.

    Еве ќе дадам пример од тука, на секои 5 години државна агенција објавува цела книга со здравствени препораки, од тоа што да се јаде, што да се избегнува, колку да се јаде одредена намирница за да се добие максимален бенефит, колку да се вежба неделно, колку да се спие итн. Значи 5 години некој спроведува истражувања, собира податоци и се тоа го претставува убаво скоцкано пред јавноста, и таа книга се следи како библија од медицински персонал.
    Во последнота објава немаше конкретна препорака за screen time на деца 0-2 години, за 2-5 беше макс еден час дневно.
    Асоцијацијата на педијатри, револтирана пошто нема никаква препорака за оваа старосна група, излезе со сопствен извештај и препорака за точно 0 screen time за 0-2 години. Викаат, има премногу истражувања и докази во насока на негативното влијание за да се занемарат, и не сакаат да чекаат уште 5 години до следната објава на генерални препораки, бидејќи штетата би била огромна.
    Да седнеш да читаш има еден куп истражувања кај што црно на бело може да видиш колку се погубувачки последиците.
    Негативно влијае на говор, фокус, логичко размислување, социјална интеракција, трпение, килажа, меморија, спиење. Нема ама апсолутно ни една позитивна работа, ни една.
    Едно истражување ми беше посебно интересно, како децата на таа возраст паметат 50% од интеракцијата со екран, споредено доколку таа интеракција би била со возрасен.

    И јас имам во моја околина бистро дете израснато со екрани, зборува повеќе јазици, можам да кажам дека на 1,5 година зборуваше како за дете од 3. Ама има огромни проблеми со фокус и трпение.
    И не се споредува времето ние кога бевме деца со денес, пошо ниеден параметар не е ист. Тв сега е 5 пати поголем од тв на кој што јас како дете гледав, цртаните не се ни приближно исти, ова денес е чиста хипноза, од бои, анимации, звуци. А да не зборам за тоа колку недостапни беа цртаните тогаш, требаше да начекаш рандом на некоја програма и тогаш да се погоди татко ти да не гледа фудбал или вести, или да чекаш да завршат вестите за да гледаш 15-20 мин. А сега пушти youtube и нека врти кога било.
    Јас дома не пуштам тв, ама музика свири цело време. Цртани му пуштам во екстремни ситуации, за нас тоа е кога е болен и кемкав, или треба да се даде лек/инхалација. И веднаш се забележува како му влијае, колку после тој период активно бара тв во секоја прилика и колку е понервозен.

    Секој родител ја повлекува линијата за екстремни ситуации, и тоа е во ред, никој не го живее животот на другиот за да знае како е.
    Ама убаво е да се знае целосната слика.
     
    На Secret-Angel7, DaisyDoo, Giovanna и 7 други им се допаѓа ова.
  12. deniz333

    deniz333 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2018
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    1.691
    Пол:
    Женски
    Kaj nas doma ne e isklucen tv no sekogas se toa nekoi emisii bilo sto drugo osven crtani i voopsto ne i privlekuvaat vnimanije, zatoa sto ne se vo tie 3D formati i gi nema tie jaki boi kako kaj crtanite. Ne go ni poglednuva tv. Sin mi do 5 godisna vozrast nikogas ne dobi telefon da gleda bilo sto ama nikogas i koga sme odele i po gosti i koga sme sedele po restorani ne posegnav da mu dadam tel i ne mi ni barase znaese deka takva opcija ne postoi. Nekade okolu 9, 10 godini mu kupivme tel zatoa sto mora veke taka e dojdeno vremeto i on e sega bukvalno zavisen od nego, ima 11 godini ne daj boze da mu go sokries mislam deka dobiva panicni napadi... sto li ke bese od mal ako sum go zaucila? Sepak sekoj roditel si znae sto e najdobro za svoeto dete.
     
    На Malesia му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    2.912
    Пол:
    Женски
    Јас и членката поубаво се разбравме со два различни ставови. Ти отвори дискусија. Ова е форум секој си кажува свое мислење
     
  14. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.060
    Допаѓања:
    20.000
    Пол:
    Женски
    Зошто содржи кофеин.
    ‘Cacao contains caffeine, and while a small taste is fine, food with caffeine should generally be reduced or avoided for babies and toddlers. Note also that cacao nibs, candy, and other cacao and products pose an increased choking risk.’
     
    На Sun&Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.586
    Допаѓања:
    24.018
    Пол:
    Женски
    Ич да не се замараш, јас сум 98ма година ако ние не гледавме бумеранг и не бевме надвор( можит од последните генерации што бевме така послободни) не знам кој, нити сме тупави нити не знаеме јазици. Дали ќе му пушташ 15-30мин цртан не прави штета ако остатокот го помине во игра, посебно игра надвор, добивање љубов од тебе и расте колку е можно без голем стрес. А зар има поубаво од среќна мајка, па барем и тоа едно кафе да ја направи полабава?
     
    На Carolin., Mumoftwo30, Ceneva и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.060
    Допаѓања:
    20.000
    Пол:
    Женски
    Многу убаво објаснето. Браво!
     
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.455
    Допаѓања:
    42.445
    Пол:
    Женски
    @Lavender13 јас не оспорувам дека е штетно. Муабетот за членката ми беше друг, поентата, ме иритира пристапот кој го имаше кон друга мајка.
    Небитно. Затоа реков секој бира што ќе пушти, ако пушти. Јас пуштам стари цртани, сум кажала и предходно.
    Мечето ушко, гес хау мач ај лав ју итн.
    Кокомелом нема никогаш гледано и нема да гледа. Исто и стари анимирани на Гибли студио.
    Не сум воочила никаков пеоблем со фокус, интеракција, меморија и сл. Напротив сметам дека имам многу напредно дете, на моменти сум запрепастена што се знае и умее. Ова без намера да се фалам.
    Значи ете го муабетот пак 15-20мин сме гледале ако начекаме, јас апсолутно не гледав само 15-20мин.
    Ама пак збориме за 15мин.

    И пак ќе кажам секој си знае за своето и кои граници може да ги помине. Да и кај нас на тв цело време е пуштена генерално музика, кукин видеа, некои со живорни или природа, ама му пуштам и цртан, ќе седнеме и двајцата ќе одмориме и тогаш ќе изгледа цртан, гушнат во мене и апсолутно не сметам дека правам лошо со овој ритуал.
    Секој за себе.
    Јас не сум човек што 100% верува на се, ниту во експерти, ниту во ништо. Едноставно секогаш се земам со резерва и иако не ја оспорувам нивната експертиза, оставам мал процент за делување од искуство.


    @deniz333 убава е замислата, ама некогаш едноставно ништо друго не функционира. И не, не. ебаш практично да оставиш дете да исчкрта се со фломастер. Треба да знае граница што може да уништува што не, пак за сите овие работи мора да си до него најчесто. Шкртање со фломастер повлекува едно пола саат чистење по него, ако некој има време за тоа бујрум, јас немам.
     
    Последна измена: 28 декември 2024
    На LadyD, Splendor., Carolin. и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.017
    Допаѓања:
    40.348
    Пол:
    Женски
    Јас само едно ќе прашам за екраните. Еве имате две деца. Поголемото сака да гледа, на помалото ќе му ги врзете очите? Да се разберетме не сум за екранизација, првото до две години мислам дека не гледаше или тоа беше минимално, ама тој сега е 7 години, сака да седне да погледа тв, и нормално и малото е изложено. Не дека малото го интересира да загледа, ама изложен е на екран. За жал таа е реалноста.
    Единствено што внимавам тоа што се гледа да е на тв, не телефон или таблет, зошто сепак фокусот е друг.
     
    На strelec231992, Carolin., Emy867 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. deniz333

    deniz333 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2018
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    1.691
    Пол:
    Женски
    Da znaes kako mi bilo se iskrtano i toa so penkalo, ne davav flomasteri ama imase zelba da skrta po zidot ako treba ke se sokrie i za edna minuta imas umetnicko delo :D tolku bese iskrtano sto mi bese sram da povikam moler, laminatot go unisti pa go menuvavme mebelot go smenivme :D:D nisto od ova ne dozvoliv se toa bese vo tie 2, 3 min sam, telefon ne davav a tv ne go interesirase ednostavno takvo si e deteto granici kolku i da sakav ne mozev da postavam sepak ako se mali si imaat karakteri.. i do denes koga e veke 11 ipol godini uste pravi gluposti...
     
    На Mumoftwo30 и 1209 им се допаѓа ова.
  20. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    7.738
    Пол:
    Женски
    Мамасити дај кажете лек за нос, целата се затнав. Само носот, немам ни темп, но грло ништо. Значи класична настинка. Ама не можам да се поднесам, цела ноќ не спиев од што едвај дишам. Прскам физиолошки ама не помага, чаеви пијам. Друго што смееме ние што доеме. Ваш сме ограничени.