Се убаво тоа и случајно и намерно да уништи нешто. Тоа што јас може јас немам финансии на секое нејзино лудување да реновирам. Факт е дека така растат деца и треба да имаат слобода ама и да знаат за граници. Еве јас фломастери давам само под надзор. И тоа купувам такви што се перат од алишта и се со ред. Не дека нешто ќе ми трае 20+ години без да сменам ама едноставно немам услов секои 2-3 години или почесто да реновирам комплетно. Не спаѓа тука варосување на ѕидови, нешто што секако го правиме. Туку менување ламинат, нов мебел и слично.
Знаеш колку е 4ри год? Мојата каква што си е на 4ри мислам ќе ме продаде на Бит пазар за ич пари, а не да ја држам во тотален мрак. Па таа обожава да пее, сака гласна музика, ги имитира изведувачите... Зошто да и ја ускратувам радоста? Ич не се замарам златна, си го следам детето и само тоа ме интересира. Кој што ќе каже, ич не ме допира. Само што ете, го читам форумов и секогаш кога ќе се спомне екранизација, муабетот се претвора во натпревар која помалку дава, која ич не дава, па правдања, натегања, осуди... Тоа и ме натера да искоментирам. @Lavender13 убаво објаснето, ама ете за тоа детето што кажуваш, зошто секое однесување на детето мора да се поврзува со екраните? Што ако нетрпението и е дел од карактерот? Гени нешто? Или во денешно само екраните го моделираат детето?
Muabetot bese za crtani i nivnoto vlijanije so tie ostri intenzivni boi i 3D formati. Nikade ne spomnav da ne pee i da ne gi imitira izveduvacite, sto e nesto drugo. Sto si vikas mojata e prepametna, ovie sto ne gledaat glupavi, podzatutani pa ne mora da gi stavis pred ekran, mozat i taka da kjosaat
Ништо не си викам, ти тропаш глупости. Пее пред тв, што е тоа??? Кој е паметен за него, кој ќосав пак за него. Јас делам на добри и лоши само. Толку.
Se citas li sto pisuvas? Muabetot ti bese za CRTANI. Preprocitaj se, nemoj da go izvrtuvas muabetot. Glupostite se tvoi!
Девојки дај олабавете се, си стварате непотребна тензија и нервоза. Колку и да е форум, сепак се напнувате со непотребна дискусија и докажување што е и како е. Уживајте си со дечињата во овие убави денови. Сите знаеме што е правилно, што е погрешно. На крај на ден сите сакаме сѐ најдобро за своите деца и секој сам си ги поставува границите. Chill out.
Поради дијагнози како екранизам нам ни требаше цела година да откриеме дека син ми има намален слух и поради тоа не се вртел на име. Се согласувам дека екраните се штетни, но многу се нервирам кога се се поврзува со тоа. Што ќе беше еден кај што се обратив да ме прати да испитаме слух? Да го средев проблемот совреме..
Pri doenje se smetaat za najbezbedni i se dozvoleni pencilinskite lekovi. Citeralot ne e pencilinski, sepak kako ke ti kaze doktor.
Овие ги имаме, од паркет, маса веднаш излегла бојата, исто од алишта се пери. Не ми се пробани и следните ама гледам washable да пишува https://www.officeplus.mk/Фломастери-Сет-112-Giotto-Turbo-Maxi-076200-Висечки
Тие од офис ги имав јас оти ми беше преку глава од не излегување флеки од алишта иначе за мебел/ѕидови има во Дм едни сунѓерчиња бели и све иставаат, додуша моиве не шкртаат по ѕидови ама на нив е напишано за фломастери, ние ги користиме за чистење ѕидови од некоја си флека или патики џонот. Врв се.
Дај ми слика ако можеш. Досега сме ние само на дрвени боички, допрва сакам да дадам фломастери. Знам еднаш кога ископала од некаде маркер што се имаше случено за 2-3мин, па затоа само одложувам со фломастерите.
Јас па дрвени не и давам оти мм има уплаф од нив а тие мрсните боички ги јаде хаха маж знае да го обои ѕидот со столот од биро и оваа магија решава секов проблем
Не си му давала да гледа цртани кога бил мал, ама сега ако не му дадеш телефон добива панични напади. Епа, изолирано дете покасно самото ќе ти докаже дека не чинело баш толку да е изолирано. Не сум ги изолирала нит од тв, нит од телефон. И цртани гледаат, и на телефон седнуваат, и играат, и трчаат, и чоколади јадат, не им е ништо скратено и забрането. Па нит се зависни од нешто, нит ништо. Знаат со денови да не чепнат телефон или да не го погледнат телевизорот, ама знаат и по пола саат у денот да изиграат игрица на телефонот или да пуштат тв и да гледаат нешто заедно. И на бебето му пуштаат, ама не му задржува внимание долго ништо, ќе поигра со газот и главата малку кога ќе слушне некоја детска песна, две минути за Дарко Биберко и после си брка негова работа. Ако е све умерено и балансирано, не ми е јасно зошто толку фама се крева околу гледање ТВ, и зошто постојано на маса се вадат тие научни истражувања и негативни последици, и набивање вина на мајките што даваат. Па 0 минути до две годишна возраст, па нервозни ќе биле, па не знам какви ќе биле ако барем една минута у денот гледале у екран. Ок ми е да си пишете секоја своето искуство, ама ова е баш како што пиша некоја членка погоре натпревар која не дава у тв да гледа, па го храни детето со најздрава органска храна и додајте по желба, едноставно да се докаже дека е најмајка, па сите да и пишат браво, топ си. И тука ти доаѓа да престанеш да ги читаш темиве кај што се зборува за деца, зашто ти одмилува од докажување и суптилни навреди. Па уште ко ќе прочитам, место да му даваш тв, дај му да реди коцки Останете ми со здравје и користете го периодов за убави работи, па во новата со помалку осуди и вперување со прстот кон другите, повеќе кон себе и своето
Зошто сте бе вакви? Па да му се одмили на човек да пише нешто што е за добро на сите деца. Свртете ја малце лупата од вас како мајки и насочете се на децата, пошо тоа е и темата на која дискутираме. Не која каква мајка е, дали дава органска храна или чоколадо или тв. Никоја не рече дека е најмајка и дека треба да се следи нејзиниот пример, зошо ваков ироничен став? Никој ама апсолутно никој на темава не рече “тие шо даваат тв се немајки”. Шо одма се скока во таков наратив? Ова испадна ко тема за лечење несигурности на мајките. Терај што си одлучила дека мислиш е најдобро за ТВОЕТО дете, остави ги другите да играат со коцки! Јас кога ќе одберам став за воспитување на моето дете, го фурам тоа и нема што форумов да ми влева несигурности. Тука кој сака да дознае нешо плус супер, кој не пак супер. И едните и другите сме мајки со најдобри мисли за нашите деца. Убаво е да се сподели знаење, кој што ќе прифати и дали ќе прифати е негово. Ако има некоја црно на бело за бенефитите на гледање тв нека сподели, ќе ја читнеме и таа страна па секој нека си одлучи. Ајт со здравје.