Ајде да се насмееме, доста беше оваа дискусија. Секој си одлучува за свое дете и си знае што е најдобро. И сите мајки се мајки! Еве нешто што мене ми стави насмевка на лицето https://www.instagram.com/reel/DDcOCuYSMFK/?igsh=N21yY2JkdDg1ZWp2 Добра ноќ мамасити!
Ocigledno imas pomali deca pa zatoa vaka mi pisuvas. Denesite deca tinejgeri se recisi site zavisni od tel, tik tok itn... nemoj da mislis deka sega nadoknaduva toa sto kako dete ispustil, nisto ne ispustil dobro sum mu napravila, sum go zastitila malku poveke od toa sto ke mu bide nuzno sretstvo vo zivotot za bilo sto, keski da mozev barem uste malku podolgo da go zacuvam od ekranite.
Мислам дека членката им само мало бебе трето, другите две се големи. Не сум сигурна. Нејсе, стварно не е темава за расправање и мене првичниот пост ми беше баш со таа намера, да олабавиме со осудување и арогантно настапување кон други мајки, може секој да си каже мислење, дискусија, научен факт ау, не мора и на вака убава тема да вперуваме прст и да осудуваме. Секогаш ќе има нешто во кое грешиме како родители и апсолутно и се да правиме по правила и прописи не е гаранција дека никогаш нема да имаме проблем со децата. Нека се живи и здрави, сите правеме најдобро што знаеме и умееме, не е лошо и да се надоградиме во знаењето, да смениме став ако треба, да бидеме подобри, секое дете заслужува родител ќој се труди да бде најдобар иако не секогаш му успева.
Три имам, најголемото ми е 12 ипол. И не, воопшто не е зависна од телефон, иако е веќе во пубертет. Правете како сметате дека е најдобро за вашите деца. Ама муабетот од типот давај коцки место тв е многу неубав. Нит судам ако некоја дава, нит ако некоја не дава. Гледам на моите како и колку им давам, тоа е најбитно.
Не давам тв ни тел ни 5мин. во текот на денот и тоа е моја одлука и ничија друга. Кога беше бебе до 3м не пуштав воопшто тв и кога ќе одевме на гости ми се чудеа што ми е ама ми беше гајле зошто читам на темава, се информирам и во моја околина имам 3,4 другарки кои децата ги пораснаа со телефони, па сега одат по логопеди и дефектолози. Тоа се обично првите деца зошто немаат пример кој ќе го гледаат, немаат братче/сестриче кое ќе го имитираат, кое ќе им земе внимание итн. и затоа првите деца најчесто имаат проблем со екранизација. Секој си одлучува за своето дете, секој си ги носи последиците исто така, вашето гледање мене нема ништо да ми наштети, ниту нашето негледање на вас. Такада..не се расправајте и правете си како се чувствувате најдобро. Тука можеме само да споделиме личен пример и свое мислење без напаѓање.
@1209 леле јас две и давам и мајка мо вели вчера тоа е многу, а мојава исто сака ептен. Кога читам као требело ептен малце.. јас знам за до годината дека треба да се пази ама не и сега
Па он јаде веќе цела година така, ништо не му е. До година се пази ради тоа што може многу да им го надрзни желудникот, дека вит ц, а они не се неучени. Мислам дека немаш гајле, освен ако не почне да пожолтува Моја колешка јадеше по цело кило мандарини и мисела дека има жолтица, беше станата портокалова
Хахах јас така како мала сум пожолтела од морков видела мајка моја дека ми се свиѓа и натегнала да ми дава сок од морков хаос Епа доброо реков да и ускратам такво уживање греота е
4-5 мандарини во денот јаде, ама стварно не претерувам. Прееска немавме мандарини, само портокал. Мислев нема да му се свиѓа, он зеде два портокали ги изеде.
Периодов моево од овошје јаде само мандарини. Некогаш ќе изеде пола некогаш 2-3 во тек на ден. Воглавно е во фаза "не не", така да секоја храна се одбива и ниеден предлог не е прифатен. Околу изложувањето пред екрани, додуша вие сте завршиле дискусија, само сакав да додадам за моето дете како пример, 21 месец е и "зборува" многу помалку од детенце на другарка што е неколку месеци помало од моето. Нејзиното расте со тв, моето сѐ на сѐ во живот 20 минути дали има гледано во тв. Ова зборувам кога е под мој или надзор на маж ми, надвор од тоа немам контрола. Моево не ни зборува, туку само кажува зборчиња. Нема реченици ни прости ни проширени. Не зборува додека ти не го прашаш нешто, одговара со еден збор или со првиот слог од зборот. Не знам дали ова со говорот би одело поспоро ако би пуштала тв, само сакам да кажам дека мене и блв и 'неекранизацијата' ми се покажаа како масив булш*т. Секоја од вас е во право и со секоја од вас во одредени моменти и аргументи се согласувам, токму поради тоа што ништо не е црно и ништо не е бело. Можда утре ќе се каам за овој амиш начин на живот, ама еве во моментов сум одлучила да се водам по некои си препораки на сзо мислејќи дека правам нешто правилно и прописно. Едно е сигурно, притисокот е преголем за денешните мајки. Еве лично осеќам преголем притисок од day one почнувајќи од доење, завршувајќи до монтесори. И баш поради тоа сум со константен мајндсет дека нешто правам грешка. Крај краева што ако сум дала киндер јајце или монте или ако ти си му пуштила биби и боби? Па како тргнала работата најмајки на форумот да бираме место најфорумџики.
Кажете како се справувате со миење заби? Од дете што без проблем даваше да му ги четкам, наеднаш почна да затвара уста и нема шанси веќе ни да му ја ставам четката во уста. Ептен ми е страв од расипување и морам да најдам начин. Не знам дали тие четки напрсток би завршиле работа, од сам старт го мијам со обична четка. Any ideas?
Јас имам напрсток, и кога не дава одма ме гризе. Со четка бар четката ја гризе. Има причина што не дава,може го болат десни ако треба да пробие некое запче. Мене синко само тогаш не ми дава. Пробај сам да ги четка овој период колку толку, без ич нема да е.
Не не, не објаснив убаво изгледа. Апсолутно ништо не пали. Порано јас четкав, па сам се четкаше, па со мојата четка мене ме четкаше и така успевавме да ги измиеме. Дури кога го носев знаеше што следи и викаше ааа. Сега има одбивност нејќе ни да ја земе четката, ни па да ја доближи до уста. Заби моментално не го мачат мислам, барем нема проблем со спиењето, обично на тоа му се одразува.
На спиење се одразува кога пробива тие неколку ноќи. А десните многу предходно може да му се осетливи и да му е нелагодно и да не дава. А може е и некој период. Јас кога не даваше не најдов начин да му ги мијам. Толку запечатуваше уста што никако не успевав да му ја отворам барем малку да го исчеткам. И не форсирав, пробував секој ден наутро навечер и пак почна да дава.