Изгледа им е период, и моево покажува стравови од работи кои не покажувал. Вчера од музички воз се исплаши. Мандарини внимавајте знаат да направат жолтило на кожата. Многу ми е мака што му прават на малото полив и црвено газе, ама рани црвено, многу ги сака. Екрани, многу тешко прашање. Кај нас дома цело време нешто врти, дали цртани, дали песнички, сеедно, ама не се гледа тоа така посветено и да зеам да соберам не му се фаќа ни пола саат во денот. Важно е нешто да пее. Јас не планирам да создадам глува атмосфера дома па до таму да е, шанса нема. Од раѓање и двете тв нон стоп работи, кога беа помали пуштав за мене филмчиња, серии, емисии, сега они се концесори на тв, али се со усул. Ако го видам дека се губи го прекинувам. Инаку воопшто не им е фантазијата упропастена, ниту па сонот, сосема ок се децата. Големиот е хиперинтелигентен, чита и пишува од свои 4г, знае работи кои многу возрасни не ги знаат, има вокабулар како возрасен човек, со солидно академско образование, не се мои фалби овие психолог го има проценувано, чита како спикер, памети многу брзо и лесно, чита книги за деца од по 100+ страни... Единствено за што сум децидно против е англиски пред сосема да го совладаат македонскиот, англиски прв пат во школо во прво се соочи, за годинава во трето да е меѓу подобрите. Едноставно е интелигентно. Почна подоцна да зборува, на 3г но почна веднаш како возрасен. Бебе зборува солидно, да не речам одлично за 2г, се зборува со него веќе, одговара на прашања, поставува прашања, но бебешки скроз. Телефони додека не треба сами да одат надвор од дома нема да добијат и двајцата, големиот има скоро 9 и нема телефон и нема ни да добие сигуно до летен распуст, евентуално септември кога ќе треба да оди веќе и сам во школо. За бебе веќе не ни зборуваме. Некако магично малиот екран ги магепсува мислам, ги замајува. Така да не за телефон. И мајка оди во темата за поголемите батковци, бебе наполни 2г веќе. Љуби га мајка!
Јас да прашам мајки на 17 месечни, дали и колку зборуваат? Знам дека секое дете е различно, но чат пат се нервирам по малку.
@AngelOfArh , среќен роденден на баткото. Мојава општо не сака такви "нападни" музички играчки ама пак и перидов многу им доаѓа. Дедо Мраз и шаренила во градинка, на работа кај мама, кај тато, маскоти, фигури, па забава не знам каде. Ние се преморуваме, не пак дете од 2 години од сето тоа. Во една недела на 4-5 настани сме биле, башка шопинзи, гужви, по продавници, маркети и се останато. @DaisyDoo , ќерка скоро 2 години е. Ако јас се прашувам е назад со говор, а сепак има толку напреднато во последните месец, два. Зборови и тоа скоро па чисто кажува 100тици, веќе не ни бројам. Ама одговорот или кога сака да каже нешто е со збор до 2 најчесто. Од друга страна пак ако сака некоја песна да ја пееме или слушаме и цел стих знае да го "отпее". На сликовници тоа што го гледа го кажува со збор, два, без сврзници и чуда. Ама ќе ти каже се, на пример 5 животни да има, ќе ги каже без проблем сите. Еве пример сношти се успиваме, разгледувавме сликовница и ајде ја оставаме и да намалиме светло. Јас: ајде сега ќе кажуваме приказна. Која ја сакаш? Таа: Волкот Јас: Која со волк, за волк има многу приказни Таа: п(р)асина И почнува да дува како што волкот дува во куќите на прасињата. А на пример песна да пееме. Јас" Стела, Стела, да тато, .... Пејам цел дел и застанувам Таа продолжува - Сани, Сани... Го пејам и тој дел, застанувам, таа продолжува Луна, Луна.... Фактички кај што ќе застанам, знае кој е следен збор или стих.
Имаше некој период недела дена вака правеше и моево и после пак се врати на старо, не знам до што беше, ама моето се врати на старо кога изрази желба да се мие со наша паста, прочитав на нет дека нема разлика во пастите освен на вкус и му понудив, му кажав дека е лута ама очигледно не го одврати тоа, па проба и сега бара со наша да се мие цело време, ќе фучи малце и ќе се мие па ми дава дури и мене повеќе да го мијам од порано, дури сеа осеќам дека убаво му ги четкам. Се научи и да се плакне дури, не голта, зема малце вода ја држи во уста и плука. Пробај вака.
Смее ама ако плука, моево само обиди да плукне има, ја јаде пастата, така да не можам уште да пробам.
Баш онаа недела на матичната ѝ спомнав околу зборењево и ми рече "па треба да врзува веќе прости реченици". Истата вечер, откако малото заспа, во ноутс ги изредивме сите зборови што ги кажал повеќе пати. Броеја околу 80, па и над, вклучувајќи и глаголи и придавки. Ме потсмири фактот дека е ок бројкава, али ова со праење проста реченица ме нервира оти баш и не гледам дека во блиска иднина ќе смени. Сеуште ме гледа како теленце кога му зборувам, не се ни труди да повтори два збора. Пример, мама јаде, бебе нане и тн. И Дедо Мраз дури го вика деде само, Мики Маус е Мики... Имаме и ние една песничка што ја 'знае' па кажува зборчиња после мене. А оваа елко елко порасни уште две три педи кога ќе му речам да ја запее, вели: ееееко. И толку. Некогаш па кога ќе ми каже само два слога од збор, а знам дека претходно го кажувал убаво... @AngelOfArh среќен роденден на снежното дете Настрана сѐ ова, ларингит од денес, така убав ларингит со кашлање на 30 секунди. Од терапија боцкање Лемод, инхалации кортаир и физиолошки. Нема една недела откако завршивме со претходното инхалирање, ама еве морало и во очи Нова година.
Имам 2, едното има скоро 9 а прозборе на 3 чисто и јасно, второво прозборе уште пред годинаипол да наполни ама бебешки, сега веќе солидно зборува и се прави со него муабет.
Моето е 19 полни месеци и веќе врзува две прости зборчиња. Ама и почна многу и на бебешки во последните две недели
Не се нервирај и не го споредувај со врсници. Моето е година и 8+ месеци и не врзува две зборчиња, ниту пак сите зборчиња што ги кажува му се чисти. До пред месец дена беше и многу помалку вербален од сега и бев до негде ‘загрижена’ зошто гледав дека касни со говорот. Ама сега веќе не сум. Невербалната комуникација ни е супер. Разбира апсолутно сѐ што му зборуваме и што си зборуваме меѓу себе. Повторува и се труди да изговара нови зборчиња. Еден период броев имаше 20+ зборови, сега сигурно има и повеќе. Многу работи ги кажува и само со првиот слог или со негов збор, пример ‘ба’ е и банана и бам и кога сака да се бања. На ‘чао’ вика ‘та’ и мава со раче. За цвеќиња (китки) на дијалект, некогаш вика китки, некогаш титки. Не именува сите, мама, тато, баба, дедо, тета, чиче не може, чат пат му се испушта и вика чичи, ама тешко му е се гледа. Од неколку животни прави ономатопеи. За вода вика исто со првиот слог ‘во’. Најспецифичен збор му е шише и го кажува многу убаво со ептен чисто Ш, исто и ‘шо’. Некни го прашав нешто маж ми и употребив шо и он од тогаш почна. Друго не ми текнува, ама во принцип јас си го следам детето. Гледам дека секој ден е сѐ понапред и веќе не се секирам. Ако читаш на темава на негова возраст има деца со далеку поразвиен говор, ама не сме и ние сите исти, па така и они. Плус тоа текот на развојот на говорот нема никаква врска со интелектуалното ниво што ќе го има детето во иднина. Освен нели во ситуации кога забавениот развој е последица од други состојби.
Моево вчера земало телефон негов има таков што свири и вика ,, Ало тета то паеш, чаоо тета.” Секој ден измислува нешто. Вчера каде во раце го носам не сака да оди па ми се свртел и вели мама земи убо да сум ги фатила убаво, онака на карање. А сабајле барам нешто и си зборам каде е тоа и он доаѓа до мене во кујната и ми вели, таму беше, е крај дури и мм го разбудив да му кажам оти многу беше смешен таков озбилен Ептен збори нашево и реченици подолги и буквално муабет може да си правиш со него, само сврзници не користи уште, не ни очекувам. Денес пак не спиеше убаво, само прстите во уста и се држи за образ и плаче. Цело утро е оцет кисел, ќе прославам и нг и денски и вечер изгледа јас, сама со кило сарми. Ама секое со свое темпо се развива, и јас сум зборела многу од мала па не сум нешто надпросечно интелигентна, брат ми до 3г само муцал па сеа нема за што не го бива. Така да зборењето порано не е никаква гаранција за натамошен развој.
Мојот за неколку дена ќе наполни 18 м. Кажува баба, деде, мама, тете, бебе, бам, папа, дада, ам ам, нене, нана, цице... Тато не кажува никако, понекогаш му се испушта да го погоди тате ама ретко. За седни, нени и покажува каде да седнеш/седне. Кога сака тој, кажува неколку ономатопеи од животни - крава, куче, коњче, маче, како прави колата брм и како бучи машината буу. За вода вика фуу, за песнички пепе и знае како дува волкот од 3те прасиња. Разбира се, слуша и покомплицирани наредби. Покажува со прст колку години има и кога има две работи во рацете или сака уште една а има само 1на, вика де (две). Сепак се нервирам и јас понекогаш зошто и моите и на мм кажуваат како ние на таа возраст сме кажувале повеќе. Ама колку се сеќаваат е прашање . Исто и во место не седнува, ми носи книги да му читам ама 30 секунди читаме и носи нова книга. Телефон не даваме никако, 2-3 пати неделно пуштаме песничиња македонски на тв по 15 мин до 30 макс. Баш пиши ми како е твоето или нека пише некоја друга што е на оваа возраст детето.
Ларингит ноќта во 3ч саботата моево, одма се јавивме во итна, дексазон имав дома па ми рекоја дома да го инхалирам, неделата го боцнаа урбазон, вчера кај матичната беше немал ништо, не требало ништо, само Лоратадин сируп, сабајле кашлаше како со шлајм... Немам ни сили ни време да пишам, на работа турбо секој ден сама, сите саботи ги работам, ми се смачи, 3 недели вака.. Малото ме бара, мама мама и на врата оди, кога си одам само што ќе ме слушни трча во мене и ме гушка ме гали За зборување, 16+ месеци е, кажува по 2 зборчиња, Гого нана, (за брат му) ова веќе скроз изучено му е мама тато Гого, вака кажува по 3 заедно и му значи демек еве сега сме сите тука, или ако е свеки тука пр, вели мама, баба, Гого а телефонот вели Алоо, куче му ав ав за сат уште вели тас. Спрема брат му помалку кажува ама добар е засега.
Со затнат нос ке си дочекаме нова година, сериозно брисови ке му правам после празнициве. Матичната ме убедува дека ништо не му е ама луѓе од каде толку секрет секоја 3та недела јас не знам, чистам и само излага. И почна ептен да се лигави периодов а си има заби, за 5ки рано е мислам. За зборење ваљда си брбори по негови. 17 месеци на 11 ке прави, знае мама, тато, баба, деде, даде, тете, тети(тетин), тито (чичо) не распознава сите со прст ако го прашам. Риба (бо); кај (чај): тао (чао); кок ( му значи сок а бара вода, од чешмата сок ни тече); каи(камион); тафе (кафе); ам ам (за јадење); коколи (чоколино); бу (кола); еко(елка); де (две); ти (три); кака. Знае да каже како прави куче,маче,лав,мајмун,магаре,коњ,крава,слон,гавран,волк,жаба сигурно знае уште нешто не ми текнува. Ги распознава живитните на слика. Знае каде што стои и ако му побараш нешто одма оди таму низ дома. Разбира што му велиш, слуша команди. Вели "тате бууу" татко му бушел со бурмашината и покажува каде. Освен некој вака зборови не сум го чула да состава сеуште. Или да каже пр: мама нана, баба нана. Сеа на ова ми текнува
Моето на 8 месеци кажуваше тата и баба, кратко после тоа баба заборави (тата не се заборава, тоа е главно). Некаде околу година почна и мама, дури сега на 17 месеци почна пак баба и деде. Значи сега имаме мама, тата, баба, деде и тета. Го имитира мачето, кучето и кравата. Од скоро почна и јаје ( кога ќе види јајце). Вика Да и Не. Тоа е се. За имитирање е прва. Ако види правосмукалка или машинка за шишање имитира звуци. За да те однесе во друга соба ќе те фати за рака, за да ти покаже каде да седнеш покажува со раче, менуваме памперс и одма ми покажува со прст каде да одам да го фрлам. Тие работи ги прави и разбира сѐ. Само зборовите ми се малку некако. Инаку звук не ѝ бега ниеден, комшиката во соседниот стан ако вклучи правосмукалка, одма го дига прстето и ме гледа, тоа го прави кога ќе слушне било што. Разбира буквално сѐ што зборуваме и ние меѓусебе со маж ми, а и на неа кога ќе кажеме. Фала ви на сите за споделеното. Ааа да, кажува чао со раче, не со збор, дава бакнежи со раче. Ако прашаш кај е тоа и тоа животно во книга, знае да го покаже.
Леле луѓе сега многу се загрижив. Го облекував и почна да плаче и наеднаш се гушка во мене и вика мама не тепај. Значи рака му нема дигнато никој, насилство општо не применуваме кон ништо дома, се галиме гушкаме секогаш, колку што сум свесна и за моите блиски кои го чуваат ова е така. Знае да рече мама кара ако му свикам да не прави нешто, ама не го кажува тоа со страв, ова со страв го кажа. Јас и мм баш се погледнавме и сега заспа и јас седам и си мислам што значеше… Дали некој без наше присуство се обидел да го тепа ако е немирен или плаче или има видено нешто на тв, деца и сл. Ама зошто баш мене да ми рече мама не тепај. Срце ми се скриши.
Гарант има видено нешто на тв или надвор или некој се обидел/го удрил него. Мнооогу внимавање треба, многу. За ова некни се расправав со свекор ми. Малиот падна и се удри од масата, а он вика ела дедо да ја тепаме масата и почна да мава по неа и нормално и малово почна да мава. Во кујна бев и ништо не искоментирав во моментот, за да после минута две малово му се качуваше на маж ми по грб и дедово пак, удри го дедо тато, тресни му една. Мислам кој идиотизам е во прашање не знам. Дали мисли дека е интересен или што. Е тука ми се споија жиците и го подбрав. Викам ајде доста со тоа тепање веќе, никој никој нема да тепа. Ее само еднаш кажав, викам не кажа еднаш, а и да е така, нема тепач да го правиме. Маж ми му вика немој така, после ќе мава по нас, по деца. Ништо не рече. После неколку дена одиме кај нив, го гледаат кучето во двор и му вика, ќе го тепаме ли кучето дедо, не е умно. Е тука веќе збеснав, му викам добро што е проблемот, што кажав за тоа тепање јас? Ее да бе он многу разбира ми вика. Да викам разбира и ти тепај си кој сакаш, он нема да тепа никој. Маж ми не беше во моментот во просторијата, му кажав после што се деси и дека ако уште еднаш ми згази стариот по зборот нема да го види син ми! Си треба многу пазење од околината, бар дур имаме контрола врз тоа.
Мене некогаш ми вика 'мама не се тепа' зашто знае да ме удри кога го облекувам итн. Мама не се шутира мама не се скубе. Повторува по мене како му кажувам.. може во таа смисла е?
И јас така му кажаувам и тоа го повторува, ама не ова не беше у таа смисла, баш онака исплашен мама не тепај и името. Да и баба ми со ова со кучето го правеше цело време и по милион пати зборење, и на крај еднаш татко ми многу и спука онака јасно и гласно, дека со стап никој не се тепа ни кучето ни никој и од тогаш прекина. И јас зборам на сите да пазат сега што зборуваат и прават, ама не можеш сите да ги упазиш. Свекор ми пак упорно го тера да кажел како прави(Детето ќе земе да писка и јас му викам да не писка, не е убаво ау) и на свекор ми овоа многу му е смешно и упорно го тера да му каже како правел т.е да писка детето. Милион пати реков да не го кажува тоа и не пак си тера по негово. А сигурна сум дека детето се дере од него, дека он постојано врека по кучињата. Некни кога беше тука внуката, нешто деца како деца се спречкаа, јас бев на 5 мин до долу(а цело време со мене беа и двете) ги оставив горе и слушам нешто дерење, се качувам свекрвата се дери на внуката, не можела она да прави горе долу само, кај што сакала, немало веќе да си играат заедно оти не слушале, мене воопшто не ми сметаа долу, се справував и со двете и двете деца плачат оваа се дери, ама ептен дерење, многу се изнервирав. Го земав моето и се симнав одма. Не знам како ќерка и дозволи ова да се деси. Јас да бев имаше лом да ја направам. Па тргнав и внуката да ја симнам и долу и не ми дозволи, ќе седела горе под казна. Казна на дете од 4г. После јетрвата слезе вели ич нема трпение затоа и не ја викам да ја чува ќерка ми долго. Кога е кај нас не знам кој е потежок за справување, она или ќерка ми. Свекрвата е голем инат и со мало дете се инаети, многу е упорна да истера по нејзино и стварно нема трпение, јас затоа и не ги оставам кај нив повеќе од пола саат во ден, а мислам дека и они не сакаат да го чуваат секако. Мислам дека и тоа тепањето е од кај нив научено. Баш ова ме потсети со ѕидот дека еднаш го тепаше она оти детето се удари, а се удари оти она напнуваше да му бутне у уста нешто што не сакаше да јаде и ја мааше главата и плус борба му покажува со животните цело време, стварно на моменти се прашувам како ги растела мм и сестра му, не е ни чудно што мм уште многу работа има да научи справување со бес и емоции сеуште.