Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.037
    Допаѓања:
    45.968
    Пол:
    Женски
    И јас така му кажаувам и тоа го повторува, ама не ова не беше у таа смисла, баш онака исплашен мама не тепај и името.
    Да и баба ми со ова со кучето го правеше цело време и по милион пати зборење, и на крај еднаш татко ми многу и спука онака јасно и гласно, дека со стап никој не се тепа ни кучето ни никој и од тогаш прекина. И јас зборам на сите да пазат сега што зборуваат и прават, ама не можеш сите да ги упазиш.
    Свекор ми пак упорно го тера да кажел како прави(Детето ќе земе да писка и јас му викам да не писка, не е убаво ау) и на свекор ми овоа многу му е смешно и упорно го тера да му каже како правел т.е да писка детето. Милион пати реков да не го кажува тоа и не пак си тера по негово.
    А сигурна сум дека детето се дере од него, дека он постојано врека по кучињата.
    Некни кога беше тука внуката, нешто деца како деца се спречкаа, јас бев на 5 мин до долу(а цело време со мене беа и двете) ги оставив горе и слушам нешто дерење, се качувам свекрвата се дери на внуката, не можела она да прави горе долу само, кај што сакала, немало веќе да си играат заедно оти не слушале, мене воопшто не ми сметаа долу, се справував и со двете и двете деца плачат оваа се дери, ама ептен дерење, многу се изнервирав. Го земав моето и се симнав одма. Не знам како ќерка и дозволи ова да се деси. Јас да бев имаше лом да ја направам.
    Па тргнав и внуката да ја симнам и долу и не ми дозволи, ќе седела горе под казна.
    Казна на дете од 4г.
    После јетрвата слезе вели ич нема трпение затоа и не ја викам да ја чува ќерка ми долго. Кога е кај нас не знам кој е потежок за справување, она или ќерка ми. Свекрвата е голем инат и со мало дете се инаети, многу е упорна да истера по нејзино и стварно нема трпение, јас затоа и не ги оставам кај нив повеќе од пола саат во ден, а мислам дека и они не сакаат да го чуваат секако.

    Мислам дека и тоа тепањето е од кај нив научено. Баш ова ме потсети со ѕидот дека еднаш го тепаше она оти детето се удари, а се удари оти она напнуваше да му бутне у уста нешто што не сакаше да јаде и ја мааше главата и плус борба му покажува со животните цело време, стварно на моменти се прашувам како ги растела мм и сестра му, не е ни чудно што мм уште многу работа има да научи справување со бес и емоции сеуште.
     
    Последна измена: 31 декември 2024
  2. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.223
    Допаѓања:
    26.247
    Пол:
    Женски
    Има видено мислам.. мојава големава видела кратци на тв и не смеевме да отвориме прозор сред лето од страв, сега најново исто значи ќе свикам ама тоа не е претерано нити им е покажано насилство, претераа нешто и свикав и отидов да им земам играчката само и она се скри со рацете, Нина мама и велам што правиш зошто така, и ме гледа мислев дека ќе ме удриш ми вели и трепка. Маж излегува од соба и се чудиме и двајцата јас загрижена и ми вика да не се потресувам сигурно нешто видела и вистина има реклама една на тв кај што дете се плаши и се крие за против насилство е.. вака некој да видеше од страна ќе мислеше кој знае што и правиме ауу

    А со маж играат борење ама тоа е игра и се смее она е силната и најјаката и се бркаат низ соби и го фрла на кревет, мене ми креваат живци ама..
     
    На Carolin., Ceneva и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  3. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.753
    Допаѓања:
    21.467
    Пол:
    Женски
    Ете ти, се знае од каде може да биде. Со чест на исклучоци постариве си имаат некои чудни методи. Не се ни свесни дека прават лошо уствари. Голема е веројатноста и на тв да видел нешто, така да внимателно што се пушта.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.037
    Допаѓања:
    45.968
    Пол:
    Женски
    Бркам и јас, ама овоа со живот иѕе баш борба демек се напаѓаат.
    А им треба таква игра со играње и борење меѓу нив и родител, корисно е за развој. Секако да не е насилно нели, со усул.
     
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.037
    Допаѓања:
    45.968
    Пол:
    Женски
    Не мислам дека е од тв, оти кога е пуштен 90% од времето е корејски видеа за готвење…цртаните не се насилни што ги гледа. Онака класично тв не е пуштено за да виде реклама или слично.
    Мислам дека е од нив.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.720
    Допаѓања:
    7.715
    Пол:
    Женски
    Нели пишував за касање. Ај што е до некаде нормално за овој период од развој, туку и видов дека свекорите, па и маж играат игра, кучето кас, кас.
    Бубата кас, кас, ова кас, кас. Учи јас дека не треба, да се каса, тие касањето го прават игра.
    Исто многу пати се случило и сум забележала да се обратат со зборовите, ќе те тепам по газот и слично.
    Не реагирала ќерка панично или нешто слично, барем засега. Ама нормално дека не е во ред.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    8.507
    Пол:
    Женски
    Да чкртнам во старата со надеж дека новата синко малку ќе мени во спиење ( дека ќе спие без будење ноќе ), ќе се одбие од цицање, и нема да вришти по цел ден за глупости зошто веќе не се трпи.
    Дедо мраз овие работи ги сакам покрај здравје и љубов :lol:
    На сите ви посакувам да ја испратите старата во убава хармонија со саканите луѓе и да ја дочекате новата, во која да ви се исполнат сите замислени желби, цели со многу здравје. Ве гушкам мамасити :hug::l:
    Наздравје :d::beer:
     
    На Giiirl23, strelec231992, Bubish26 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Emilija28

    Emilija28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2024
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    328
    Пол:
    Женски
    Majkii srekna nova godina na sitee.
    Me interesira kolku ml voda smee da pie bebe od 1 god.
     
  9. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.252
    Допаѓања:
    24.706
    Пол:
    Женски
    Колку што сака :)

    Среќна Нова Година :party: годинава сите дечиња да се поздрави пред се, после се останато :D
     
    На Carolin., 1209, Giiirl23 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.753
    Допаѓања:
    21.467
    Пол:
    Женски
    Новата година ја почнуваме со затнат нос. (facepalm) Среќна нека е за сите дечиња и родители. Да ни донесе повеќе мирни денови, добро здравје и многу детски насмевки. :sun:
     
    На atz1995, Carolin., 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.163
    Допаѓања:
    40.525
    Пол:
    Женски
    Многу ми е познато. Неколку нг по ред со големото со температура ги стартавме (facepalm). И вчера нешто како да му се пушти носот, ама за среќа се сопре. Е ама без ништо не бива, па најверојатно со циста на заб ја почнуваме:@.
    Со лесно и брзо да поминува.

    Среќна нова година на сите. И сами ќе ви посакам помирна година и повеќе здравје во новата.

    @lackygirl ќе изумев. Од козле не испуштија со антибиотик, инхалации и плус витамин д (што и онака го прима) плус сируп велбејби. За сега друго не препорачаа, освен да се направат алерготестови, ама тоа зошто кај мојов 3 пати за 2 месеци нагло ми спушташе на гради.
     
    На lackygirl, Carolin., 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    3.120
    Пол:
    Женски
    Ние со дијареа, и ја завршивме и ја започнавме :rofl:
    Можно ли е по трет пат во рок од 2 недели да фаќа ист вирус:?: Супер беше, вчера си беше во градинка, после градинка се во ред и во 19:30 само што стигнаа гостите детево почна да се цеди. Среќа сака да пие чај и да каснува банана, супа и слично..

    Среќна Нова на сите:l:
     
    На Carolin., 1209, Bella_Stella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.753
    Допаѓања:
    21.467
    Пол:
    Женски
    Побрзо да поминува и кај вас. За сега само носето е, се надевам без температури ќе помине. Прскам само спрејче од диво оригано. Така растат, се помирив веќе. Само да не заглавуваме многу сериозно.
     
    На Carolin., Ano и Bebetoo им се допаѓа ова.
  14. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    8.507
    Пол:
    Женски
    Ние новата ја почнавме со расипување подни ламби на гости. Луѓе косата ми се крена. Срам окркав само така. Тој си доби викање, па и повреден почна да глуми дека плаче. Среќа има кај да купам скоро па иста, да им ја обновам.
    А стигање дома тој мене ми вика тишина со прстето, дека јас така му велев кога почна да глуми таму. Како се копираат. И на сета нервозна ме насмеа на крај.
    А одење на гости во скоро време не ќе да биде изгледа.
    Среќна нова на сите, и посакувам сите да оздравите што побрзо и што помалку да се разболуваме.
     
    На lackygirl, Carolin., Ano и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.223
    Допаѓања:
    26.247
    Пол:
    Женски
    Ма кое во скоро време, тоа полошо ќе биде само да кажам. Неќам никој ни да ми иде ни да одам. Какви нервози имаме изеено ние и тоа на гости со спиење по неколку дена, ај речи им не идајте.. едино еден се најде паметен да рече ќе ви дојме на гости кога децава ќе пораснат ако сакате да си останиме сите добри со паметот и во добри односи.


    Среќна Нова и од мене и моиве девојки до сите вас!
     
    На lackygirl, Carolin., 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    8.507
    Пол:
    Женски
    Ма ова баш кај свои луѓе бевме и пак ми стана глупо. Освен кај мајка ми, брат ми во мк, а овде кај тетка ми, вујко му на маж ми и братучетка ми, кај никој друг не одиме веќе. И ова кај вујко му бевме. А они дај остави го детето, како бе да го оставам, мора да знае дека тоа што го направи не е добро. Тоа ни дома не смее, не пак на гости. Почна елката да ја фаќа подвикнав и се тргна, и тие пак во нивни стил, е остави го де нека фаќа. Ќе ви се најде на земја. Е добро де ќе ја исправиме, добив одговор (facepalm)
    Му велам ааа не, дома јас ја заградив за да не биде капут елка,и овде нема да дозволам.
    Јас пак се надевам дека малку повеќе кога ќе разбира, бар ќе прифати некој ред што треба што не треба да прави. Значи да не си се надевам залудно :?:
     
  17. Secret-Angel7

    Secret-Angel7 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    1.091
    Допаѓања:
    2.164
    Пол:
    Женски
    Среќна Нова година храбри мајки! Мојот тодлер вчера дувна 2 свеќички. Заминувам од оваа група. Фала ви за секој совет, споделено искуство, убав збор!
     
    На Anturium, LiquidLuna, lackygirl и 11 други им се допаѓа ова.
  18. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.223
    Допаѓања:
    26.247
    Пол:
    Женски
    Ние кај што сме старосватови многу добри другари се маживе, децата ни се и малите и големите иста година родени по 3м разлика. По игротеки супер си поминувавме, низ дома 2 саати ќе издржевме некако али кога дојдоја Австрија 4 дена, маж го фати жолчката од стрес. Маливе тогаш беа 8 месеци и не беше драма ама големиве што ни приредуваа ауу ауу до степен да кога дојдовме Мк и се договоривме да се видиме, и нашава и нивната не сакаа со очи да се видат :?:
    Исто и ние кај нашите старосватови на гости со спиење и никад више. За вака без деца еднаш сме бидени кај едни и почна да скока по кревети, не можевме да ја скротиме и патот накај дома, на гости сакаат да се докажуваат или не знам шо им иде ама баш не се свој
     
    На Carolin., 1209 и Ceneva им се допаѓа ова.
  19. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.223
    Допаѓања:
    26.247
    Пол:
    Женски
    Среќен роденден :l:
     
    На Carolin. и Secret-Angel7 им се допаѓа ова.
  20. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    8.507
    Пол:
    Женски
    Среќен роденден!
     
    На Carolin. и Secret-Angel7 им се допаѓа ова.