Да сте живи и здрави мајки, децата и вие. Да ве радуваат секој ден се повеќе. Среќна нова Јас вчера не знам како го издржав денот, 10 возрасни и 6 деца, исто ко 10деца да беа. Бебо заспа во 10ипол, многу беше среќен со децата, сите од врата за раче ги носеше кај подлогата со играчки. Ја тргнавме масата од дневна со мм да има простор и да нема некоја беља не дај боже. Останаа на мм сестра му на спиење тука па додека она миеше садови јас средував играчки, усисав и пребришав, денес и кревети ке поместам да извадам што има одоздола. Искрено реченп хаос беше, ама се изнаиграа барем тоа, можеа сите на раат да поседат. Малку и се степаа поголемиве ама не беше страшно. Вели мм јас очекував во секое време ТВ да го искршат. Не знам за вашите машки деца ама овие нашиве ептен борбаши сите и дека машки само се борат, деца од 5 години ко сумо борачи се обараат. Сеа се мислам ако дома вака прават кој знае што прават надвор. И така оваа мама сабајлето во 4ипол легна, а бебето и стана во 7. И со цел памет во Маврово заминавме, немаше гужви ептен, деца се полизгаа. Ама стазата ептен тесна, само очекував некој со скии да го собере бебо и така. Имајте убав ден.
Хахаха јас имам сумо борачка дома час е принцеза мила, час е соник се тркала дома, час е сумо борач. Час игра балет, час фудбал, женско е ама не застанува ни секунд и борбена е ауууу неќам да замислам машко да имаме ако вакво палаво женско имаме А второво е право женско
И кај нас беше истиот хаос, 10 возрасни и 7 деца од 1.5 до 7 години, 5 машки и 2 девојчиња. Хаос е мал збор за тоа што се дешаваше. Ама убаво поминавме, без инциденти, повреди и тепачки. Мали од три обиди да го заспијам, на крај си ја дочека Нова Година и заспа во 00:30. Превозбуден беше со батковците и кога и да пробав да го носам во спална со прстето покажуваше накај дневна и се караше да го вратам назад. Сабајле нормално стана уште во 8, пак со прстето накај дневна, мислеше децата уште се таму. Убаво беше, колку и да беше гласно и хаотично. Ќе се рехабилитираме деновиве.
Среќна нова година дечки! Ќе пишам тука, активна ми е темава. Имено, на синко пасош му истекува ноември 2025, ама нели има 6м претходно максимум за влез во ЕУ. Имаме во предвид неколку патувања годинава, дали за бебиња прават проблеми за тие 6м како за возрасни или да земам да закажувам уште наредниов месец? Секако за Велигден планот е да шетаме, па не би сакала да пропадне тоа
Мислам дека три месеци пред истек може да се користи, ако е до ноември тогаш средина на лето ќе треба да извадите нов. За Велигден може да си шетате со тој.
Синко денес се излудува и изигра убаво. Деца, деца си бараат тоа дефинитивно. Дојдоа братучед на мм со жена му и девојчето нивно, сега ќе прави две години, малку е поголема од синко. И од комшии му дојде дада Дуња. Така убаво си играа, мерак да ги гледаш. Да сите играчки беа низ цела куќа ама ако, ми се наполни срцето. Па ја гушка бацува од братучедов. Топење беа. Утре го очекувам брат ми со децата и снаата, пак ќе биде весело. Леле леле дада му ќе дојде тоа има да биде вриштење од радост. Ја обожава внука ми. Многу ми е криво што ете никој не ни остана од друштвото во родниот град, за синко да има повеќе контакт со дечиња. Ама ова ме наведе на мисла, да барам врска за в градинка. Мислам дека ќе биде многу среќен со дечиња таму, такво чувство имам. Сега мама малку време за неа и еден туш и топла пижама и в кревет. Синко веќе потона во сонче, се надевам оваа вечер мирно.
EU е 3 месеци пред истек, Турција е 6 месеци пред истек обнова. За деца важат истите правила како и за нас.
Затоа треба да се пази и да се провери кое правило важи во државата кај што ќе се оди како што кажав Еу е 3 месеци, Турција 6, пошо ако има надминато 3/6 месеци пред истек, ќе вратат од граница или нема воошто да пуштат од на чек ин да се упати накај пасошка.
Може да се каже дека е така. На граница со кола помали се шансите да ви прават проблем. Не е исклучено и да ве вратат, се разбира. На аеродром ве враќаат ко ништо. Не се исплати ризикот едноставно, мора нов пасош.
Мајки кажувајте нешто природно што ви помогнало за накачување на хрмоглобинот? Се изнервирав сабајлечки, гледам здраво да се храни 90% ако не и 100% од времето, јајца, месо, зеленчук, овошје се јаде бре. Демек настинат минатиот пат вирус не знам што. Денес пак иста крвната слика хемоглобинот долу. Го боцнаа со пнеумокок, докторката на вакцинација ми рече пробај нешто на природна база да го поправите. Месец дена, па крвна слика, ако е подобрено уште месец па пак крвна слика. Ако не се оправи да земеме некој апчиња или матичната што ке ни препорачала. А и да уште ми вели мрп или пнеумокок да ја ставиме? Јас и велам таа што е на ред, ај вика со пнеумокок ке го боцнеме. Ако сакаш мрп за месец ипол, ако не крај на март дојдете за петовалентна. Ептен се исплаши бебо иначе сакав да ја прашам дали е задолжителна или кој како си милува со вакциниве? Како ако сакам? Жими се, однесено е се во државава, е заради ова ми се оди одовде. Тој што треба да те насочи, да ти помогне тој ти вика сакаш или не? Што вика мм ко јас вика да му речам на муштерија да ставиме школка или дупка да си седи во тоалетов. Ако нешто мора, мора за сите.
Моево секогаш е на долна граница Не беше алармантно, знам за деца што не пиеле ништо за тој хгб, ама матичната кај нас ја гледаше целата слика. Бледичок беше, не јастелито дете и се одлучи да ни даде. И плус секој доктор што ќе го видеше коментираше дека е блед, и конечно ми беше кога една на вакцинација искоментира дека на оваа возраст, кога се во интензивен раст, треба да се донесе во ред хгб. Не знам колку е кај вас паднат, еве во моментов на моево му давам Фероглобин и на последна кс беше 120 што е екстра за нас. На почетокот кога сеуште си јадеше моево убаво, околу 9-10 месеци, гледав во секој оброк да има извор на железо. Жолчка, кајсија, просо, за жал кај него не мрдна. Баш ќе ги побарам старите крвни слики да се потсетам.
@DaisyDoo i @Carolin. после прележан грип син ми го имаше проблемот со хемоглобинот (околку година, година и пол имаше). На детска клиника една докторока спец. хематолог на контрола ми рече да му давам секој ден говедско месо. И тоа ми препорачаа да му го давам во во мелена форма, чисто говедско месо (плескавица или ќебапче), зошто само така количински ќе изеде а нема да му е тешко да го џвака. Рече ако сакаш и за ручек и за вечера давај му месо. Исто така помага и следново и до ден денес си го практикуваме: Да испие Ц витамин (пр. ацерола соодветна за возраста) па после пола саат од витаминот Ц, да испие една чаша свежо цеден сок од цвекло, морков, лимон и сезонско овошје што ти е достапно (портокал, јаболка, мандарина, круша, праска или кајсија на лето). Соковникот сегде со нас го носевме и на одмор и на викендичка
Често ве читам за железо, за хемоглобин, вредности намалени зголемени.. и се чудам самата на себе што немам појма кое колку е, дали е таман дали не е, бидејќи крвна слика не се прави. Па ни пред вакцина.
Исто, кс никој не прави тука. И јас некогаш се мислам што е правилно, ама дете јаде се, ваљда ако има ниски вредности ќе се одрази некако. Него сакав да прашам, има една модринка на ногата, две недели му стои, може и подолго. За колку време обично заздравуваат? И среќна Нова и среќни празници на сите!
Кај син ми обично правиме кс кога е болен и хгб секогаш му е 110. Кога е здрав не знам колку му е, ама докторката никогаш не рекла дека му треба суплемент.
Ама здрав е, ништо не му е. Шиба тера, цел ден не е допрен. Јаде се, воопшто нема симптом на настинка или болест. Носот затнат му беше ама и тоа му помина. Лимфоцитите исто му беа намалени.
Која е таа вакцина? Не ми се јасни вакцините после годинка. До сега има примено на 2,4 и 6мес и од тогаш наваму не сме ставале ништо.