Пнеумокок, за бронхит, пнеумонија, воспаленија на средно уво, менингитис, воспаление на синуси ова запамтив од тоа што ми кажа докторката.
Веројатно имал некој вирус што веќе е поминат. Не го зимај резултатот за веродостоен чим бил затнат и лимфоцитите му се поместени. За месец дена кога ќе биде здрав повтори кс па ќе видиш.
Prevenar13 е тоа. Ако има примено две дози до 6 месеци, има ревакцина после годинка. На моево му ја ставија заедно со ревакцината на петтовалентната на 18 месеци што се прима.
На 9 месеци е ревакцинацина на Бсж ако на раѓање таа не била успешна т.е нема белег на рамо/рака. Ако е успешна не се става. Не знам дали подоцна се става оваа. Ние имавме закажано систематски на 9 месеци и тогаш видоа дека е успешна првата и не и ставија нова. На 12+ месеци е Мрп Па, Превенар и на 18+ месеци е петвалентна.
Дали би можела да ги ставам тие две (преневар и 5валентна) на 18 месеци, а да им кажам дека ја одложувам МРП.
Може. Ако планираш градинка, види таму дали имаш опција без Мрп. Кај нас (не во Ск), без Мрп прават проблем. Ептен треба со дијагноза од инфектолог или не знам што. Во спротивно не примаат. Дали стварно имаат постојано инспекција, не знам, или пак воспитувачките сакаат да си се чисти во случај да дојде инспекција некогаш, битно и во септември и во јануари носиме потврди и пресликан картон од примени вакцини.
Работеше, касно видов ама се надевам отидовте. Само понеделници не работи, можеш да си провериш на страната на јсп на фб ако има измени. Со задоцнување среќна нова мајки, ви посакувам да сте поодморени во новата, исполнети и успешни
И мојата е со слаб хемоглобин, ама не само тој и други вредности како хематокрит и мцв кога паднаа под граница, хемоглобинот иако тогаш го кренавме во граница, тогаш ни се загрижи докторката. Почнав да и давам маџун со таан по малку, свеж сок од морков цвекло и лимон/портокал. Семе од коприва сакав да давам ама не знам дали е ок за мало дете. Ама тешко го голта и ова. Пробуваме со храна богата со железо со месеци ама не јаде и последно ни дадоа сидерал. Се надевам полесно ќе ви оди вас. Гледај храната богата со железо да ја комбинираш со Ц, а не со млечни производи.
Не е мое да ти се мешам,ама ова добронамерен совет. Ако пушташ во градинка примете ја мрп. Јас лично имам повеќе страв од сипаници без вакцина, отколку од вакцината. Синко ја прима никаков проблем немавме, ниту реакција ниту ништо. Од премногу кревање прашина околу вакцината, се вратија сипаниците по градинките кои беа искоренети. Сепак ти си одлучуваш јас само споделувам став и како поминавме ние со вакцината. Ама вистина нема зошто да се плашиш ако е тоа причината на одложувањето.
Другарки, како да и направам инхалација кога вришти и се трга? Плаче до зајдување, никаква анимација не помага, ни тв, ни ништо. Јас ќе ја држам и со сила ама буквално зајдува и повраќа после тоа од што плаче. Има влажна кашлица, мрсули нема, на плуќа нема ништо ама малку и е црвено грлото и и препиша доктор инхалации само и проспан сируп. Ама немам ум како да инхалирам. Страв ми е да не се влоши а 4 неработни дена идат. Немам памет веќе. Ништо не јаде а и тоа што го јаде го повраќа сосе шлајмот кога плаче. А плаче и од инхалирање и од лигавење ако не и е нешто погодено и од мака ваљда. Можам за влажна кашлица да давам и некој природен лек? Сирупчето со кромид што беше би помогнало? Ќе ја тагнам @Bella_Stella знам го правеше, па да прашам како?
Цел кромид, цело јаболко и неколку ореви, сите сосе лушпа. Ги ставаш да вријат дур да се намали течноста. Мене не ми се прави како сируп, го пиеше како чајче.
Повраќа шлајм и е ок, бар го исфрла некако. Повраќаат по повеќе пати на ден кога се болни. Ако е инхалација со кортико или адреналин и мора да се прими, ја држите двајцата. Еден неа еден маска. Ако е само физиолошки раствор, на неколку рати. Некогаш и без маска, со дупла количина под нос. Не знам каков е кај тебе инхалаторот и дали може така. На итна ние ја држиме, сестра и држи инхалатор. Што се мора се мора. Ќе поврати, ама па и ќе и олесни.
Немав читано некое време ама ве прочитав сите. Сте зборувале на неколку теми, па да пишам и јас. 18 и пол месеци е мојата. Уште цица, нејадач е ама веќе искрено се имам помирено. Друго ме мачи мене во врска со храната, односно нередовна столица. Дали се должи на тоа што внесува мала количина на храна, па нема што да искака? Или дека е само на сува храна? Не кака 2-3 дена, па ќе се искака (најчесто со мачење) и после пак ништо. И така во круг. Дали вие со нејадачи имате ваков проблем? Сум стигнала и сируп да давам неколку пати. Фала Богу што и делува. Не јаде ништо течно - во главно е на палачинки (со банана,овес, јајце и плус некое друго црвено овошје), леб со путер, ѓеврек, ориз, од месо само плескавица, јајце, макарони со туна, сливи и некогаш круши. Јаде неколку дена плескавица за ручек, па и здосадува, па јајце неколку дена и така се вртиме. Нормално дека веќе сакам и сум спремна да ја одбијам само ќе е многу тешко, многу е приврзана. Ако пример и речам немам сега млеко ајде после, тоа се страшни драми. Има 11 заби, на пат се уште пет (една двојка и тројките) и некако како и повеќе да цица периодов. Не ми изгледа како прав момент за одбивање. И сега да се надоврзам за зборувањето. Читав пишувате игра улога блендирано за вилицата. Таа одамна не јаде блендирано/пл асирано, тоа само на почетокот ама пак се ова што го јаде некако ми е како меко - дали ја "вежба" доволно вилицата? Има 40+ зборчиња од кои само мама,тата,баба,дада, деде, тете и не и се чисти зборови. Другите се на пример папа за капа, нана за месечина, па за топка, ва за вода итн и ономатопеи. Имитирањето нормално не и го сметам за зборчиња. Ама разбира се, извршува команди и има и гестикулации за не, отвори-затвори,врти,јаде. И си зборува кинески нормално. Се надевам за брзо ќе има и други чисти зборови. Некако ја гледам дека многу се нервира кога ми кажува нешто, а не ја разбирам. Знае тогаш да вика, а почна и да се удира по главата од нервоза. Или пример ги мести коцките, и паѓаат, се нервира и се дере и удира. Се надевам е период, ептен ме нервира тоа и ми е баш неубаво за гледање. Баш е темпераментна и ептен ептен се лути ако нешто не е по нејзино. Ми се чини назад ни се тантрумите.
Мојот е нејадач и дури помалку јаде од ова што ти го напиша, цица уште, 20м е, генерално сува храна, освен овесната каша што често ја јаде, ама кака некогаш 2-3 пати на ден, нормална столица, никогаш не бил без какање ни еден ден, ама без барем еднаш насабајлечки не е. Јас пак се загрижувам дека многу кака, што не јаде што одма искакува. Кс скоро секогаш му е во ред, кога беше болен му падна хемоглобинот на 104, па рече докторката со исхрана, не сум го проверувала одамна. Вака проблеми иако не јаде, генерално нема. До сега се има разболено 2 пати, од кои еднаш воспаление на уше. Не оди во градинка ама пак е цело време со деца, возрасни, игротеки и кафичи. Реално не сме имале мака со болести, ќе качи тт до 40 обавезно, и е многу паднат со тт, воопшто не е активен, ама на 2 пати болест не се жалам и од ова. Не знам како е можно на вакво нејадење да биде здрав, ама се надевам така ќе продолжи. Ете денес јадеше само тиганички со јогурт, цел ден само тоа. Ништо друго од понудено не изеде, вчера помфрит и кечап, а бевме на ручек имаше 10 работи на масата кои можеше да ги јаде. За доручек само една палачинка. Јас уште се надевам дека кога ќе излезат сите заби ќе почне да јаде повеќе. Сега моментално сите 3јки се набабрени, уште да пукнат, може затоа не го јаде ни она што предходно го јадеше. За делот зборување…моето беше на блв ама јадеше и кашести работи, и од готовите каши и тоа често. Зборува многу, течно и јасно. Пр. прееска гледаме влог на една то готви, многу ни се смирувачки и он сака да ги гледа. Јас ништо не му зборев и тој си прави мубет сам, реченицава ,,Тета мие пуките( печурки) водата, ножо пае сеч сеч, тета пае адење(јадење), ова буквално наеднаш го раскажа. 90% од секојдневните зборови ги знае, се што слушнал до сега има запомнето и го користи активно, значи можно е и да нема врска каши или парчиња. Детево мое е страшен муабетчија, уста не затвора, некогаш ми се иде да речам синко те молам само 5мин мир ми треба Него кога сум веќе на темава, колку заба треба да имаат и до кога најдоцна? Моево сеуште е само на 10 Ако немам соковник, како да правам сок од цвекло и морков, имате некоја идеја?
@Giiirl23 и ономатопеја се смета во зборчиња, слободно може да ги сметаш и нив. Моето има 19 месеци и дали 10 зборчиња знае да каже, во тоа ги вклучувам и да/не и ономатопеја. Ама бевме на логопед, задоволна беше пошо од сликовница со 100 зборчиња, он сите знаеше да ги покаже каде се на македонски. Може третина знаеше и на тукашниот јазик. Исто набљудуваше и невербална комуникација, задоволна беше како комуницира што сака. Пример ако сака музика, носи звучник, и со кореографија покажува која песна сака да ја пуштиме. Следна контрола на 2 години, ама ми влеа самодоверба оваа консултација.
Да, ги сметам и ономатопеите. Исто и мојата ги покажува повеќето работи од таква сликовница - тие што се во собата сите. Покажува и каде пример летаат хеликоптерот, авионот. Да ја прашаш покажува со прстето каде е нештото или ако сака нешто. Ги покажува деловите од телото кога ќе ја прашаш. И има доста гестикулации, на пример за миење заби, коса, лице, чешлање, јадење итн, значи се разбираме, комуницираме и тоа е мислам супер. И јас мислам дека нема место за паника ама ете да споделам, па да слушнам и други мислења/искуства. Немам во опкружување вака мали деца, поголеми се. На тема екрани, телевизорот ни стои исклучен цело време, и пуштаме по потреба кратко и гледаме тоа да се фестивали (ама гледа и Биби, Дарко биберко). И ја сака многу Рам сам сам, па ја научи и кореографијата и кога сака песни да и пуштиш покажува како се игра и вели Там там там. Смешна е. Не сум за екрани нормално како и сите, телефон не даваме ама околу годината почнавме вака со песнички кога мораше нешто да се направи што не сака и сега нема назад. Фала Богу што брзо и здосадува. До годината теравме само песнички на телефон во позадина ама тоа веќе не пали - го бара каде е.
На девојчево мое почнав да и давам аптамил 3 ама не сака да го помириса млекото, а камо ли да го пие. Пробав со обично исто така. Кисело млеко и јогурт внесува, ама многу малце. Не знам веќе што да правам..... Така проблем имав и со големото, ама па тој јаде млечни производи
Со кортико инхалација треба да правиме. Имам инхалатор со маска мала за неа и има и еден бел дел пластичен само за во уста што е (ќе ставам слика). Со тој дел прифаќа, го става во уста и си седи така. Не знам дали со тоа смеам да ја инхалирам наместо со маската?