Искрено не би знаела да ти кажам. Прашај доктор. Иако прави смисла да може и така. И јас имам ваков дел, не сум го користела до сега. Инхалација со лекови само на лекар до сега и правеле. Кај нас со адреналин инхалираат, а дексаметазон како шируп даваат.
Ќе порасне и без млеко. Колку сака нека јаде млечни производи, не мора да е во енормни количини. Моиве без млеко пораснаа.
Јас ги мелам во нутри булет со вода па во цедалка стои малку, па во тетра ќе стиснам малку колку имам време и душа Вчера си замрзнав да не правам некое време.
Ќе може те молам да ми кажеш дали сè сме примиле? Ние последно на скоро 9 месеци бевме (во март), па за наредно ни ја закажаа МРП после годината (јуни). Не отидовме тогаш и сега во декември кога бевме на 18 месеци прими само една (PCV) и докторката рече примено е се, уште МРП останува.
И малата моја исто е така малку црвено грло и поткашлува,ни рекоја да ја инхалираме и чистење на носе ако можеш со шприц.Јас не ја имав инхалирамо од бебе и многу се плаши од апарати што бучат,ја земав мирно и и викам мама ајде да видиш дека не боли и дека не е страшно,проба и виде дека не е страшно и сега само го држи,ама кај мене е 21 м,можеме со разговор да се убедиме.Инкау имаме подобрување откако ја инхалирам,нас ни дадоја и антибиотик во случај ако се влоши состобата,го земав нерастворен поради што е продолжен викенд .
Нас не ни даде антибиотик. Рече ако се влоши на дежурен во Козле. Ме посоветува тоа да биде ако качи температура, и тоа втор ден од температура да ја носам. Она вака е весела само што не јаде и што кашла. 21 месец е и мојата. Се разбираме, не е тоа проблем. Генерално е многу умна ама за вакви работи не соработува баш. Зборевме вчера вечерта пред заспивање и сабајле исто. Ќе видиме после дали било успешно убедувањето. Јас и зборам дека не е страшно и дека не боли ама она плаче и вика боли мама, носето. Нејќам а и не можам со сила, ама ако не бива со убаво, во спиење ќе ја инхалирам.
Ќе ти предложев на спиење ако не бива поинаку. Или на некоја кукла стави ја другата маска, или на тебе, татко и, да гледа дека не е страшно. Мојата така гледа па сама ќе почне да бара, ама помала е
Прво што направив ја ставив големата маска на мене и уште толку врисна да плаче и да вика не мама маската, тргни во спиење ќе биде на крај ако не упали зборењето.
Моето се инхалираше без проблем како помал. Некна кога ме виде мене како се инхалирам, кога фати да плаче, истата реакција ја имаше предходно и татко му кога се инхалираше. Сега мислам ќе биде невозможно да го инхалирам, не дај боже да имаме потреба. Менуваат децата, јас се надевам ке менуваат и пак да сакаат
Моето ко беше со пнеумонија премногу плачеше од инхалаторот, со плачење инхалиравме, пред 2 месеци, сега пред 1 недела ко имаше ларингит си реков сега што ќе прајме, луѓе го зеде инхалаторот и со смеење сам го држеше, цело време го држеше, се чудев. 16+ месеци е.
Моево 1г и 5м уште пие Аптамил 2. Друго млеко не сака, не сака ни јогурт или било што млечно. Ретко да лапне 3-4 лажички грчки јогурт. Ќе си терам уште со ова.. не знам што друго да направам.
И моето уште си пие Аптамил, без лактоза, 13 месеци е. Добивме препорака од педијатар да го пие до 2 год, така да нема зошто сами да му го прекинеме. Од други млечни производи му давам јогурт, грчки јогурт и несолена урда, секако тоа се мали количини.
Кога ние требаше да правиме инхалација беше 5 мес и педијатарот ни рече: дури и да плака додека му стои маската добро е тоа затоа што ќе вдишува и преку устата. Мислам дека ако веќе е спуштено на гради нема врска дали ќе дише со нос или уста битно да се вдишува тоа за да се отвараат каналите и да се ослободува секретот.
Ние во принцип немаме проблем со храната освен што не сака ништо млечно да проба. Не сака ни кашкавал ни сирење, павлака, зденка.. Така да ќе продолжам и јас вака. Еве пример кога е навечеран добро, не го ни пие цело шише, пие пола како од навика. Можеби еден ден едноставно нема да сака млеко и тоа ќе биде тоа.
На ќерка ми до сега и давам бејбитол д3 и посебно омега, до кога да ги пие овие? Или треба да ги сменам со некои други?
Обично се оди на ортопед до 18мес или откако веќе 3 месеци ќе биде проодено. Ортопедот одлучува со колкава доза на д3 ќе продолжи детето, а омега 3 мислам дека може да даваш до кога сакаш, од него нема штета може да има само корист.
Јас Д3 давам уште, до 3г планирам, ортопед кажува колку, рече само од октомври до мај, на лето нема потреба. Омега кога давам кога не, ама во форма на сируп е си други витамини. Почесто не давам од што давам оти е жива борба да го пие, а дека нели е на антибиотик цело време, и капки и сабајле и вечер пиковит и сируп за железо и премногу му доаѓа па уште и овој грдиов со омега. Не сака дете го измачив. Нешто ме мачи, ноќно време менувате пелени? Моево многу лесно спие и пробав неколку пати да сменам и одма се разбуди и едвај го презаспивав. Никогаш не му протопуваат ама сабајле се скроз полни, ем ми е неубаво 10+ саати да носи иста печена, ем не сакам да го будам…