Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    5.519
    Пол:
    Женски
    Ноќе од некаде кога имаше 2 месеци немам сменето пелена. Менуваме пред спиење и после наутро и крај. Дали 10тина пати има прокиснато во овие 2 години или ни толку.


    За омега, подолго време давам Молерс, препорака ни е до најмалку 3 години.
     
    На Carolin. и 1209 им се допаѓа ова.
  2. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.060
    Допаѓања:
    20.000
    Пол:
    Женски
    Не менувам од ептен мал кога беше и до сега на прсти од една рака се брои колку пати му пропуштила пелена. Зошто да ти е шубе, таа и е намената на пелената, затоа се направени толку да апсорбираат. Син ми никогаш не поцрвенел, така да ако е сѐ ок и нема иритација, нема зошто да го будиш.
     
    На 1209, Mother of 2boys и Carolin. им се допаѓа ова.
  3. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.796
    Допаѓања:
    17.793
    Пол:
    Женски

    Уште за пелена да станувам ноќе. Му прокиснуваа кога беше помал а немаше да приметам дека ни треба поголем број. Од кај годинка користиме ист број 5ка на бејбилов и супер е, до сега не пуштила пелена.


    Давам молерс и вигантол насабајле. Давав и витаминЦ само една доза испи, октимври-ноември така беше и толку.

    На ведрата страна веќе не спомнува цице, дали два пати го спомнал и тоа. Мислам дека двете ноќи кога плачеше беа бунтот за цицето, се пикаше во мене и се местеше како за цицање ама помина и тоа. Некоја ноќ спие убаво, некоја се буди 34476 пати ама па убаво е што презаспива веднаш, само да го погалам или потапкам по грпче и си спие. И брзо заспива за дремка и ноќно, за 15мин е заспан со се преоблакање. :D
     
    На 1209, lackygirl, Miss_S и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.760
    Допаѓања:
    23.372
    Пол:
    Женски
    Јас само Д3 давам, омега воопшто не дадов, пробав на 3-4 месеци повраќаше од нив и прекинав. Исто и на првото дете не давав. Само до 3 год Д3. И лето и зима.

    Пелена не менувам ноќе од кај 6 месеци, освен ако го осетам дека е многу мочан, мојов мечак од 6-7 месеци е со 6ка пелени од Стокомак, не ги менав, еднаш зедов 7ка од бејби лав за ноќе ама иста беше по големина како овие од Стокомак. Сега гледав 8ка имаат од бејби лав па можи да ги пробам понатаму ако има потреба :D
    @atz1995 првото дете на 14 месеци го одбив од тогаш тој млеко не пие. Не јаде ни млечни освен кашкавал во тост или пица. Јогурт на прсти се брои колку пати пиел, исто и павлака. Сирење само во макарони поминува. И единствено попара со бисквити јаде чат пат. Се ова е ретко 1 неделата да не речам, освен тост што јаде на 2 дена :)

    За спиење не ми се зборува, станува со плачење па презаспива, се случува од 4 до 7 да спие без да стани, 3 часа врзува. Сношти беше полош, заспа во 9ч,стана во 12 и до 2 и пол мм неможел да го презаспие, пробав и јас во 12 ама нејкеше, па легнав јас да спијам тие до 2 и пол в дневна се заспивале. Па во 5 и пол ми го донесе в спална, па пак одвај заспа и еве сега во 9ч стана. Иначе 7ч е стана секој ден. Сега мм до 11 ќе го оставам да спие :D баткото голем е на спиење кај мајка ми.
    Се лигави, 3ките никако да пробијат, од нив не спие.
    Многу е пораснат и многу е интересен периодов :D
     
    На kozuf, Carolin., 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    1.929
    Пол:
    Женски
    И јас давам молерс со вкус на зелено јаболко, тој дури сам ја држи пипетата и чека да му притискам да му тече. Баш го прифати и потоа давам и солдевит капки во лажичка и нив ги пие без проблем.
    Во однос на памперсот кога стануваше ноќе за млеко секогаш му менував. Сега веќе подолго време не се буди воопшто и не му менувам.
    Завележав дека 5ка му пропуштија па земав 6ка.
    Сега користам 6ка Nature pants за преку ноќ, а обични преку ден.
     

    Прикачени фајлови:

    На Carolin. и 1209 им се допаѓа ова.
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.455
    Допаѓања:
    42.442
    Пол:
    Женски
    Сите ги фалите овие бејбилове, кај нас ги нема, јас користам 5 виолета.
    Не дека му пропушта на него, скоро никогаш, не се сеќавам кога последен пат, со поцрвување нема проблем, многи ретко од влажни ако морам да го бришам(јас цело време го мијам по какање, на менување памперс бришам со влажен памук),
    него шубе ми е од што е стварно скроз пуна, си велам нему да не му е мака така влажен да седи.

    Со каква пипета даваш Молерс? Мојов нема пипета, а и јас го имам тој ама не сака да го пие ни со лажица ни со шприц.
     
  7. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    1.929
    Пол:
    Женски
    Не било баш пипета не знам зошто така си го викам :?: сега барав низ интернет и ова се води како шприц
     

    Прикачени фајлови:

    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    7.738
    Пол:
    Женски
    Не менувам преку ноќ. Сабајле пуна е да ама кога ја фаќам таа е сува, нема чувство на влажно не се секирај. Не го размрдувај детето. Јас користам памперс гакички, зошто друга пелена е невозможно да му залепам. Во покрет се облекува пелена :lol:

    Инаку оние од дм пелени имаат ли гакички? Или само класична пелена на лепенки се?
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.586
    Допаѓања:
    24.017
    Пол:
    Женски
    Исто, па и кога ќе прочитам имало малце секрет, без тт и брис направиле и излегло бактерија.. кој знае моиве колку имаат така поминато нити сме знаеле. На 39тт прават кај нас кс и мокрача. Ама тоа е затпа што можеш да си појдеш во Лаб и да побараш да ти направат испитувања, а кај нас тука само со упат можеш да отидеш, без упат не ти вадат крб и не предаваш мокрача.
     
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Girl239

    Girl239 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2022
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Женски
    За пелена еднаш морам да му ја сменам преку ноќ иначе се прави жива вода од секоја пелена сме пробале различни исто е помал не од кога направи година сега има година ипол ако еднаш не му ја сменам мокар е ама он не се разбудува си спие ја ке му сменам и продужува не ни осеќа
     
  11. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.760
    Допаѓања:
    23.372
    Пол:
    Женски
    Ме интересира што давате од суплименти таму, Д3 секако, омега дали ви даваат? И јас кога читам тука си велам бар омега да земам некаков сируп, па после си велам еве го 6 год е без омега порасна.
     
  12. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.430
    Допаѓања:
    4.310
    Ако има температура 3-4 дена, земаат црп обавезно, а некогаш зависи од симптоми прават и брз брис за стрептокока во грло.
    Ама вака брисеви секој месец, па на брисот обавезно излага бактерија ( по тоа што читам тука низ темава ), па ајде антибиотик ( а дете без симптоми ). Ту мач ми е искрено.
    Синко два пати примал антибиотик досега, еднаш во мк ( и за ова сум сигурна дека немаше потреба, ама ајде ) и еднаш тука, со инфекција на уши. Имам другарка мк, детето е секоја недела на антб, ама секоја недела. И она паничи на прв ден од температура го носи на преглед, а и матичната и е таква, одма дава антибиотик.
    Нишо, само витамин д.
     
    На Bubish26, thinkerbell и lackygirl им се допаѓа ова.
  13. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.060
    Допаѓања:
    20.000
    Пол:
    Женски
    Од што може да се вцрват обравчињата? Не е од топло зошто цело време му се црвенки веќе 2-3 дена. Мазно е местото ама црвенко и како затегната е кожата.
     
  14. Isabela23

    Isabela23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2014
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    161
    Заби?
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  15. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.760
    Допаѓања:
    23.372
    Пол:
    Женски
    Заби да, мојов исто така е со црвени образи кога вади заби, баш сега неколку дена е црвен жар.
    Фала :)
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.531
    Допаѓања:
    201.620
    Пол:
    Женски
    Реалната и тажна вистина кај нас, во македонското здравство. Сите вирози се лечат со антибиотик за не дај Боже, пневмонија и бронхит обавезно антибиотик, иако често се вирусни.
    Децата се посетливи, за жал, поради големото загадување што го имаме, тоа многу влијае на здравјето на респираторниот систем.
    Достапноста на здравствените услуги прави да се користат претерано, на штета на децата, барем тоа е мое мислење. Да беше само јавното здравство, сигурна сум дека немаше да се прави крвна слика и брисеви на секое. Ама со приватново, не ти треба ни упат, ни мислење од матичен, одиш на своја рака, правиш што мислиш дека треба, плаќаш. Тоа е тоа.
     
    На Mother of 2boys, lackygirl, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.531
    Допаѓања:
    201.620
    Пол:
    Женски
    Од растење заби, ама и од ладното, моиве се црвени во образите цела зима, особено штом се надвор подолго време.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.060
    Допаѓања:
    20.000
    Пол:
    Женски
    Ни на крај памет не ми падна дека може да е од заби. Вади да, деновиве и лигави, а не лигавеше како бебе, плус носето му е чешма.
     
    На atz1995 и lackygirl им се допаѓа ова.
  19. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    5.519
    Пол:
    Женски
    Од овде што пишуваме ќерка ми е може меѓу децата што најчесто пие антибиотик. Се случува и да покаже Кс вирус и да не добие ништо, освен нели парацетамол за температура. Ама се случува и едниот ден да сме на преглед со слаба кашлица, за по 2 дена без други симптоми да има симнато на гради.
    И се случило и покрај антибиотик, да развие пневмонија, па дополнително 15-20 дена да има лечење.

    Дали е правилно или не, не знам, ако матичната ми рече дека е за антибиотик, давам, без чекање да се влоши, без 100 додатни испитувања.
    Давам и витамини и имуностимулатори и единствено што ми останува е да се надевам дека како што расте, ќе издржува повеќе и ќе има подобар имунитет. Условите во кои живееме се тие, во помал град, не дека е којзнае колку чист воздух. Може за нијанса подобро од Ск. Храна нормално внимавам да внесува постојано и овошје и зеленчук и се со ред.
    Да ја отпишам од градинка може краткорочно би било решение, со надеж дека дома нема да собира толку вируси и бактерии. Да ја преселам не знам каде, не можам.
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    1.760
    Допаѓања:
    10.433
    Пол:
    Женски
    Зошто давате Молерс? Тоа замена за омега е? Сируп е така? Малава си ги сака и Д3 и омега, нема проблем за пиење, ме чека со лажиче да и дадам.
     
    На DaisyDream му/ѝ се допаѓа ова.