Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.578
    Допаѓања:
    7.051
    Пол:
    Женски
    Ништо сваќе. Ни вит д не сум постојана, кога давам кога не.
    Ни па ќе ти препорача доктор суплементи.
    Крвна слика уште не и имам направено. Од вакцини уште втора доза ммр и фали изгледа. Да се распролети и таа да и ја стават. Не сакав сега во зимо пред одење во градинка, инаку ќе и ја ставеа на 15 месеци..сега е година ипол.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Girl239

    Girl239 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2022
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Женски
    Здраво детево година ипол пред една недела стана пиеше млеко поврати после јадеше нормално и пак малу и толку денеска пак еве пред маалку на 2 3 пати поврати ама поврати и се смее располозен игра од што може да биде?
     
  3. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.586
    Допаѓања:
    24.018
    Пол:
    Женски
    Д3 до 1г после не е морално. Од раѓање само д3. Никаква омега, пробиотици ништо.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.455
    Допаѓања:
    42.443
    Пол:
    Женски
    Исто и Лондон беше препорака, Д3 до година после не мора.
    А таму и сонце нема кој знае колку.
    Малце ми е утеха ова оти искрено не сум ич редовна со витаминиве, само со вит Д, ама не дека и од него не заборавам.
    Детето цело време ми беше надвор поголем дел од пролет, лето и есен па не се сеќирав толку.
    Јас малце од мм сум исплашена со вит Д со болеста, не дека е наследна, ама пак ми е мотивација да давам.
     
  5. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    1.929
    Пол:
    Женски
    Да од 4ка број па нагоре имаат гаќички.
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.430
    Допаѓања:
    4.310
    И јавното здравство не е нешто поарно, матичните се расфрлаат со упати за секакви испитувања беспотребно. Како се тоа да е бесплатно, а фондот плаќа. Партиципација беше 10% ако не се лажам, значи останатите 90% ги покрива фондот. Тука треба да се позанимава фондот, на што се трошат пари и дали е тоа оправдано.

    На темава, има добри педијатри и на Балканот, само жалосно е што се навистина ретки.
    https://www.instagram.com/reel/Cm_UwNjPfw9/
     
    На Giovanna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.586
    Допаѓања:
    24.018
    Пол:
    Женски
    И јас го пратам.

    мене ми е како може матичен да препише антибиотик затоа што побарал родителот за сваки случај кога одат на одмор, и на своја рака даваат за да не пропадне одморот.. еве не знам
    Мене еден спреј за нос не ми препишува за да го платам поефтино матичен кога одиме некаде ,не па антибитик
     
  8. Girl239

    Girl239 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2022
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Женски
    ?
     
  9. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.586
    Допаѓања:
    24.018
    Пол:
    Женски
    Ако повраќа повеќе пати тоа може само педијатар да ти каже зошто. Или има шлајм или има стомачен вирус.
     
  10. Girl239

    Girl239 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2022
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Женски
    Пред една недела поврати еднаш и толку сега пак еднаш може и да беше прејаден си поврати и си се смееше си трчаше и после ништо
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.531
    Допаѓања:
    201.621
    Пол:
    Женски
    Мислиш задолжително? Оти морално друго значи.
    А реално, треба постојано Д3 сите да внесуваме, сите сме во дефицит, јас постојано земам, им давам и на децава и на сопругот. Кај деца како превенција за рахитис, кај возрасни превенција за остеопороза, а освен тоа, битен е и за имунитетот.

    @Lavender13 мислам дека ситуацијата ќе беше поинаква ако приватното здравство немаше земено толку голем замав. Со толку приватни лаборатории и клиники мислиш дека матичните имаат избор? Порано баш и не се даваа упати за крвни слики и брисеви од ракав, сега нонстоп фрчат. Башка денес родителите се поголеми доктори од докторите, оти нели, постои google. Не дај Боже докторот да не даде терапија каква што сака родителот, на клада има да го стави. Не тврдам дека докторите се безгрешни, фала Богу дека имало и ќе има грешки, погрешни проценки, погрешни дијагнози, ама сепак, ние на своја рака не треба да правиме ни испитувања, ни да земаме лекови на своја рака, да не правам муабет за имуностимулатори. Кај нас фармацијата цвета од таа причина, како и приватното здравство.
     
    На 1209, Splendor., Lavender13 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.586
    Допаѓања:
    24.018
    Пол:
    Женски
    На тоа мислам. Знам дека треба, јас маж и големата пиеме оти на кс ни беше ептен намален, кај малата ми рекоа дека не мора, не штети нормално ако и давам ама дека не е задолжително после годината.
     
  13. Isabela23

    Isabela23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2014
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    161
    Хаха добар коментар. Во 2025 ве молам да ја научите правилната употреба на "морално". А дали нешто е задолжително е друга проблематика :D Ако така гледаме ништо на овој свет не е задолжително, но сепак ако добијам препорака од педијатар и ми изгледа разумно ја почитувам до крај, во овој случај до 18м. А за понатаму ќе видиме тогаш на контрола. Дали некоја била на контрола кај ортопед после проодување и какви чевли ви препорачаа? Моето одбива да носи било какви патики, па моментално само Attipas прифаќа.
     
  14. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.430
    Допаѓања:
    4.310
    Точно, и приватното здравство е реално достапно на секој.
    И тука може да испиташ целосна крвна слика, е сеа еден реагенс е околу 30 еур. Да сакам да испитам целосна кс како во мк за 800 денари, ќе треба да кеширам 4-5 илјади еур. А тоа е само за кс, а каде е доктор кој ќе ми ја интерпетира? Тоа плус треба да си платам.
    За итна помош, имам секогаш опција да одам на ургентно, каде се прави тријажа на прием, па некогаш се чека и 12 часа да те види доктор. Има приватна опција, а таа е околу 2500 еур годишно по дете, каде има посебен ургентен каде ти гарантираат дека доктор ќе го види детето за 1 час. Мк ако некој чека со дете 1 час на прием, ќе го има на сите вести.

    Ние не сме свесни колку редок ресурс се докторите, и колку тешко се стига до доктор на запад. Сите напори тука се вложени за што поефикасно да се искористат докторите без притоа да се одрази тоа на квалитет. Пример нема drop in термини кај матичен, закажувањето оди преку сестра која повторно врши тријажа. Имаш настинка и температура 2 дена? Too bad, почекај уште некој ден, ако сеуште имаш температура, јави се.
    И еве тука нема матичен педијатар, т.е педијатар не лечи настинки. Сите педијатри имаат субспецијализации и работат само со хронични состојби. Обични настинки лекува општ доктор.
     
    На DaisyDream, Carolin., Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    1.348
    Пол:
    Женски
    Хммм..
    Па немора да значи дека ова е и добра работа.
    Достапноста е битна и среќа што ја има тука кај нас. Некогаш нешто изледа наивно, па на преглед ќе излезе друго. Особено со ризикот од воздух што го дишат децата во мк. Таму најверојатно ризикот е многу помал со оглед и на градинките кои повеќе децата се надвор. Тука условите се многу поразлични, па би било апсурд и паника ако и доктор не ни е достапен.
     
    На Mother of 2boys и LizzyGrant им се допаѓа ова.
  16. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.430
    Допаѓања:
    4.310
    Но што со сите состојби тука кои не стигаат да ги прегледа доктор, и не се третираат никако, па пак поминуваат без терапија?
    Пример тука без симптом ( а и со симптоми ) ретко кој зема брис од нос/грло, ако се зема тоа е најчесто брз. Мислиш тука да земат брис на деца од градинка, некое дете ќе има чисти резултати? Можам да се обложам не.
    Ама ниту здравствениот систем, ниту градинката, ниту па на родителите им доаѓа тоа како помисла, воглавном пошто не е достапно, и се практицира во крајно неопходни случаи.

    Верувам дека загаденоста игра голема улога во комплетната здравствена слика и понатамошни компликации и при обична настинка.
    Ама ако гледаме статистички, не може пример, лупам сега, дете до две години на Балканов да има примено 10 дози антибиотик, а децава што се посеверно само една или ниедна.
    Или моето омилено, според македонските педијатри скоро секоја мајка нема доволно млеко, па сите даваат совет за дохрана. Ниедна моја другарка доле не доби охрабрувачки совет од педијатар и тогаш кога напредокот на бебињата беше супер. Секогаш совет е “нуди после цицање”. Значи, не знам еве, ако се избере метода за споредба испаѓа дека кружи некоја епидемија низ Мк, до толку екстремни методи се избираат. А суштински секогаш се избира полесниот пат во моментот, што не значи дека на долг рок е добар избор.

    А жално е на толкав број доктори и таа пристапност да се нема стратегија, па сите се како мува без глава. Да има организација, насоки, препораки, цел систем би функционирал многу подобро за сите страни, и Мк би имала подобро здравство од многу западни земји.
     
    На Anturium, 1209, Splendor. и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.060
    Допаѓања:
    20.000
    Пол:
    Женски
    Препораки и насоки има, законски мора да има. Но прашањето е кој ги спроведува и почитува. За разлика од ова што го пишуваш за твоите другарки, јас добив огромна поддршка од медицинскиот персонал кај што се породив за да го дојам бебето, иако не напредуваше сосема по параметри. Исто и матичната, никогаш не спомна млечна дохрана, ама затоа пак уште на 5 месеци почна да ми збори за немлечна, за мевце со малку солче. (facepalm) Сама се едуцирав за да сфатам дека не му треба дохрана и моето млеко му е доволно.
    Ти ја разбирам поентата и во право си во поголемиот дел. И за мене не е нормално да се дава антибиотик од ракав, а многу често се дава. Голем дел од лекарите тука се прилично несигурни во себе, слаби дијагностичари и покрај ресурсите со кои што располагаат. И најважно од сѐ, а воедно и најтажно, за да се заштитат често даваат терапија од која што нема потреба и децата ги прават зависни од лекарства.
    Делумно има вина и кај нас родителите, зошто многу родители не се едуцираат доволно и слепо им веруваат. Ама од друга страна не треба да дојде ред да имаш недоверба во здрваствениот систем, а тука имаме и те како. Моето дете на неполни години има пиено антибиотик само еднаш, ама тоа е така зошто јас не сум дозволила да пие по секоја цена. Матичната во неколку наврати му дава и кога нема реална потреба за тоа и јас сум доведена во ситуација да консултирам и други доктори, да читам и препрочитувам, да прашувам други родители за искуства итн. А најсоодветно би било да можам да му верувам на докторот, ама ете се испоставува дека не можам.
     
    На Giovanna, Mother of 2boys, DaisyDream и 3 други им се допаѓа ова.
  18. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    1.929
    Пол:
    Женски
    А демек не се разбира ли ако некој каже морално наместо задолжително? Да не треба да се лекторираат мислењата пред да се пуштат тука? Опуштете се малце, секако се зборува и на дијалекти.
     
  19. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.017
    Допаѓања:
    40.348
    Пол:
    Женски
    Или мислат дека се премногу "едуцирани" па сами си бараат тетапии и нормално она - рецепт за антибиотик за на одмор да понесат за секој случај, зошто они доктори па можат да проценат кога треба да го дадат.

    Големиот има пиено антибиотик и без потреба, ама за жал за неговата состојба и препорака од докторите каде што се опериташе беше профилакса антибиотик. Ова додека беше помал, сега веќе е поголем и стабилно е се, а и имунитетот му е подобар па многу ретко пие антибиотик.
    За малово малку сме похрабри и во однос на трчање по доктори и терапии и испитувања. Е сега тоа што потешко заглавува че се надмине. Битно да поминува.
     
    На Mother of 2boys, Bella_Stella и Annath им се допаѓа ова.
  20. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    1.348
    Пол:
    Женски
    Ама зошто да немаш со тебе антибиотик за секој случај?
    Немора да се работи само за вирус, може нешто друго да се случи не дај боже каде ќе биде потребно да се даде за да се спречи инфекција.
    Јас не сум за антибиотик по секоја цена и до последно чекам ако може да го спречам давањето ама со мало дете на пат бирам да имам се за не дај боже.
     
    На lovely91 му/ѝ се допаѓа ова.