Е да, и тоа го заборавив. Веројатно и јас ако би имала уште едно дете ќе бидам похрабра и поискусна, природен тек на работите е. Ама и за ова секој следен ден сум сѐ посигурна и посамоуверена кога е болен. На почеток бев Миле Паника, ама се стабилизирав на време.
За било која состојба за која би требало антибиотик имам патничко осигурување и би носела на доктор. Сепак не одиме во пустина. Големиот е 7, малото 2 никогаш не сум носела антибиотик со себе. Тоа е мој став, кој како сака нека прави.
Мислам дека ја одминуваш поентата. Што ако го носиш антибиотикот со себе? Ако има состојба што бара антибиотик, секако ќе го однесеш на лекар таму кај што сте и ќе купиш. Зошто би носела, како сама ќе процениш дали треба?
А еве кој ќе го носиш? Може ќе му дадеш а ќе треба друг и поентата е ? и кога даваш аб? Во кој случај еве мене не ми е јасно
Веќе ти пишале нема што да се повторувам. Не е проблемот шверц, проблемот е негова употреба без да е препишан од доктор.
Ај да не ви реплицирам на сите. Поентата целосно ја разбирам, затоа и дебатирам. Мојата поента е дека не бегам толку страшно од антибиотик, ниту се смеам ако некој земе со себе кога ќе оди на одмор, тоа ми е скроз нормална работа. Не сум за антибиотик, не давам на дете и не сметам дека е бонбона па дај кога сакаш, ниту докторката наша е за тоа, ама одбирам да имам сигурност и да не трчам таму по аптеки и во друга држава за да барам. Тоа мене ми личи на нормално и ми го чува стравот од не дај боже. Денес има широк спектар на антибиотици кои покриваат доста работи такада 80% би била сигурна да носам за не дај боже. Убави празници на сите и што помалку искористени и испиени антибиотици.
Давам кога ќе се консултирам со доктор на кој му верувам и кој ја води ќерка ми од самото раѓање (затоа и досега не сум ја сменила) и давам кога вистински има индикација за тоа, верувам истото го правиме сите.
Антибиотик има пиено 1 во оваа година ипол, и тоа беше се. Никаде немаме носено со нас, вадам патничко ако нешто не дај боже биде некогаш ке го носам таму. Имал температура до 40 и сме завршиле на крај со сируп за имунитет. Мислам дека и матичната за тоа има влијание она секогаш вели компоти, супи и чаеви. Да се проба на природна база. Ама па од друга страна не ни дава нешто ако нема крвна слика пред неа. Јас и верувам бескрајно, што е паметно кој знае. Битно е вие да му верувате на докторот на кој што сте му го довериле вашето дете и неговото здравје.
Nie koga odime na odmor nosam bukvalno mini apteka, antibiotik, za alergija, za povrakanje, acidiborici, antipiretici, kapki za nos,kapki za oci, imunostimulatori... sigurno i uste nesto. Fala na boga nikogas nisto ne sum upotrebila megutoa taka se custvuvam posigurno. Atibiotik bi upotrebila vo slucaj da ima bolno i crveno grlo (toa i sama mozam da vidam) kasla ima hrcenje na gradite.... edno 90% sto gi znam lugeto sto se vo stranstvo od tuka recisi redovno si nosat antibiotik natamu i nema nisto loso vo toa. Ne opravduvam antibiotik za sekoj slucaj no koga gledam deka ne odi na dobro podobro da preveniram nego li da zaglavam tesko... go znam i muabetot deka pri virus ne pomaga antibiotik i taka e, no casovi znaat da delat od virusno vo bakterisko...
Кој носи антибиотик од странство? Ни еден доктор нема да препише антибиотик за да си купат за на одмор за да имаат за сваки случај. Ме интересира државата каде што живеат. Сама не мојш да процениш ништо, не секое болно грло кај деца е за антибиотик ( јас не сум доктор, така ми го објаснале, најчесто се вирусни кај децата, затоа моите на црвено грло не добиле антибиотик) како и не секое кашлање или хрчење, за хрчење и кашлање си има пумпица со инхалатор и се прска, тоа го добиваш во странство ама пак мора да има дијагноза, а така да ми дае да си го носам за секој случај нема сигурно. Второ, ретко кој зема осигурување за на одмор, побитен е антибиотикот него осигурувањето. При болно грло, тт, омалаксаност се носи дете на доктор, ако треба ќе препишат соодветна терапија и ќе ја купиш во аптека. Ништо нема да се деси ако се поттрча еден ден по болници, плажата нема да избега. Не, не не е ок да се носи антибиотик за секој случај, не е ок да се дава на своја рака, не смее доктор да препишува за секој случај. Со оваа тема се вртиме само во круг. Секое второ дете во Мк има препиено антибиотици и ослабено имунитет ради пиење на истиот и во случаеви кај што не ни бил потребен.
Синко фати урма и ја стави целата во уста. Очекував дека ќе ја плукни, ама ништо, пробав уста да му отворам да му ја извадам семката ама не успеав. Ја голтна. Дали може да му биде нешто? Ме фаќа паника.
Ne sme se razbrale, od mk nosat vo stranstvo i ne eden tuku site sto gi poznavam. Sekogas imam osiguruvanje pri patuvanje i sekogas prva opcija za mene e poseta na doktor, no sepak se nosam so mene. Dodeka dojdeme do doktor, dodeka barame itn... strav od nepoznatoto pa sekogas si imam i plan B. Sin mi e eden od tie otruenite so antibiotici od 12 meseci 13 antibiotici, ama bronhiti i pnevmonii se lekuvaat taka, za zal retko kaj nas se koristi i alternativna medicina. Tocno e deka ne sme doktori i ne znaeme, no moeto bogato iskustvo po bolnici, razboluvanje me naucija tocno da znam koga sto treba pa duri ne sum imala potreba da meram tt so dopir ja znaev tocnata tem. Za zal jas na mnogu los nacin nauciv, nikoj da ne go iskusi toa.
Ништо нема да му е, моето пластика голтна и ја искака, а за така циркони и глупости уште наоѓам во кака... ќе ја искака не се секирај. Па како шо нема заби моево уште печурки цели ги кака не ги џвака,големи парчиња патлиџан све голта со мало проџвакување.
Има период некој на 20месеци кога не сакаат да спијат? Неможам да ја заспијам ни попладне, ни навечер. Ако заспие како да ќе пропушти нешто. Денес е спиена преку ден 30мин и еве ја уште ровари, а и се спие и се плаче.
Дали кога вадат заби ви цицаат повеќе? Па, мислам дека на 1 саат бара. @Bella_Stella спомна и црвени образи. Исто и мојата - мислам дека сите тројки ќе ги вади. И сакав да ве прашам до каде се со затворањето фонтанели вашите, им се затворија? На ќерка ми се уште не, на допир уште ја чувствувам. Ја провери докторката сега кога примаше вакцина, не рече ништо ама не знам веќе година и пол. До кога имаме фора? Планирам и ортопедот да ја види. Секако не сме отидени после проодување.