Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.066
    Допаѓања:
    20.001
    Пол:
    Женски
    Да. Вечерва мислам не на секој саат него на секои 30мин бараше, ме пукна. Немам сврзано два саати сон, не знам како ќе функционирам. Плус многу ме боцка дур цица, ама не дава да видам само што заби вади, изгледа и он тројки, тие и 5ките му фалат уште.
    Фонтанелата баш сега проверив, затворена му е. Ама он има 1 година и скоро 9 месеци. Мислам дека има фора до 2 ипол години за да се затвори.
     
    На kozuf и Giiirl23 им се допаѓа ова.
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.456
    Допаѓања:
    42.474
    Пол:
    Женски
    Не знам дали има ама мојов месец дена ваков беше, хорор. Мислам дека тој период ми беше најтешкиот од цело мајчинство. Пренервозно ми беше. Повеќе од месец дена не сакше вечерта да заспие со саати…сеа се врати во некоја нормала.
     
  3. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    1.373
    Пол:
    Женски
    Исто.
    Дали почнува повеќе да зборува па нешто и се случува.
    Превозбудена е секој ден, нема време за спиење.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.456
    Допаѓања:
    42.474
    Пол:
    Женски
    Да и јас исто мислев, баш тој период почна ептен да збори и возбуден беше многу, ама мислам дека беше најлош период до сега. Секоја вечер сама го заспивав дека мм втора работи, имаше денови кога ми се идеше да го фрлам низ прозор, гнев имав во мене…ама помина битно.

    Каков стрес сабајлечки со детето јадевме.
    Јадеше палачинки со путер од јатки, сега путер има јадено до сега секаков ама мали количини, сега многу му се бендиса и изеде доста, а он не е по јадењето онака. Наеднаш почна да плаче и да вика мама боле уста, мама боле иста, мама не дише, мама не дише, го гледам лигави и се проѕева многу и е испаничен, додека го кренав да видам поврати обилно, па уште еднаш, па уште еднаш…соо мм по влечки тргнавме на итна мислев има алергиска реакција.
    Не знам како стигнавме таму.

    Го проверија рекоа дека нема видливи болести, не е црвено грло, нормално дишење, стомакот мек. Ни дадоа капки за повраќање за секој случај и рекоа вечер пак да го однесеме и да паузирам со јатки некое време.
    Не знам дали беше реакција или многу храна му дојде, ама веројатно некое време страв ќе имам од путери.
    После кога завршивме кога рикнав да плачам, ми надојде паниката, уште се тресам.
     
    На strelec231992, Ano, kozuf и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.803
    Допаѓања:
    17.802
    Пол:
    Женски

    Леле :hug::hug: јас од овој пуст страв уште мед немам дадено, путери од јатки пробал онака на врв лажичка. А најверојатно на дечкото му е од повеќе храна ако внел, пошо малку јаде и сеа шок за желудник плус благо..
    Добро е што двајцата сте при себе за да реагирате. И јас сум таква во ситуацијата реагирам што како ептен сум присебна, ама затоа после рикам ко магарица од што можело да биде и како. А мм е паничар он вика уште толку стрес да ти даде може
     
    На DaisyDream, Ceneva и 1209 им се допаѓа ова.
  6. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    7.738
    Пол:
    Женски
    Леле и мојов две ноќи пред 22 никако не сака да легне. Му викам ајде нуна нуна и тој само ќе ми рече нече и бега. Мака мачам. И преку ден прави проблем. Ама ајде препишувам на промена, мк сме дојдени за празнициве. Инаку и ние уште малку 20 полни месеци, а и исто многу повеќе почна да зборува од порано. А регресија на сон мислам дека е околу 24 месеци.
     
  7. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    7.738
    Пол:
    Женски
    Моето од колаче се задави некна, зошто со полна уста фати да плаче за нешто. Ама јас одма кревам отварам уста и го наведнувам надолу со главата. Мајка ми како испаничи, што морав да бидам туш ладна за детето да не се уплаши од нејзината реакција. Се има случено и порано и фала му на бога реагирам прибрано. Покасно исто сум стабилна. Ми идат мисли што можело да се случи, ама потикнува кај мене само повеќе мислење како би можела да реагирам подобро од моментално. Не сум плачка.
    А може поубаво да си поплаче човек да излезат емоции од предходната ситуација, а не да се потиснат како јас што правам.
     
    На Carolin., kozuf и 1209 им се допаѓа ова.
  8. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.760
    Допаѓања:
    23.375
    Пол:
    Женски
    Да нон стоп бара и моево, на секој сат си цицнува, образи црвени и плус се лигави, в уста се става.

    @Ceneva нема гајле ќе го искака, мојов хартија често јади :D вчера од уста му извадив едно гумиче од оние пиштолине што се со пукање со стрелки пластични, од стрелката гумичката в уста ја џвакаше :worried: брат му го виде и викна, мамо в уста има нешто, па не зинува, ја стега устата, па вришти не дава да му извадиш ]:)

    Среќен Божик, Христос се роди!
     
    На DaisyDream, Mother of 2boys, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.536
    Допаѓања:
    5.392
    Да не му се има залепено од путерот на непцето?
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.456
    Допаѓања:
    42.474
    Пол:
    Женски
    Може е и тоа, а може и свекрвата рече дека кога исчистила тоа повраќаното, имало некое влакно така замотано, може не сум видела и некое влакно во палачинките паднало;( па му се има згадено.
    Ама добар е сега, нормален.
     
    На le.soleil и Ceneva им се допаѓа ова.
  11. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    7.738
    Пол:
    Женски
    Ма од хартија не му се плашам ич. Картон колку има ижвакано, не бројам веќе :rofl:
    Ама и за ова веќе ништо не можам,само да чекам да ја искака семката :lol:

    Мир божји! Христос се роди!
     
    На DaisyDream му/ѝ се допаѓа ова.
  12. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.536
    Допаѓања:
    5.392
    Битно поминало, верувам дека личело пострашно него што реално било. Инаку и мене ми има едниот повратено при јадење, знам како се извадив од памет, до ден денешен не знам што се деси, се сомневав дека нешто на непце го имаше изиритирано до степен да му се враќа храната и од плачањето дури како да се давеше личеше.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.108
    Допаѓања:
    1.929
    Пол:
    Женски
    Како да го научам детето да јаде нешто намачкано (facepalm)
    Само што ќе осети дека има нешто "влажно" на леб, кифла или било што одма го плука.
    Преска оти го виде братучед му како јаде кроасан морав да му дадам и него. Изгриза цел кроасан одоколу кремот, само што допре крем веднаш го фрли :D
    Не дека планирам крем да му мачкам на леб, ама барем да сака abc, путер нешто..
     
  14. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.127
    Допаѓања:
    1.769
    Пол:
    Женски
    2+ е мојот, не јаде ништо намачкано. Леб држи во една рака, путер јаде со другата(facepalm)
     
  15. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.803
    Допаѓања:
    17.802
    Пол:
    Женски
    Со такво плачење стана 2 пати ноќеска од памет ме има извадено. Еднаш во 11ипол еднаш во 5 до 4 сабајле. На двата пати се симињавме во дневна и пуштавме со мм ТВ да се смири. Арно и тоа го смири. Првиот пат вриштеше не знаев што да му направам, се што ке му подадев ми фрлаше мм шокиран не гледа двајцата и по некое време му текна и му вика тате сакаш да одиме кај играчките овој даа и плаче липта се симнавме сите тројца, пушти мм ТВ некој македонски приказни ли што беа кој знае се смири. Испи пола шише вода и изеде кифла една, реков да не е гладен пошо не сакаше да вечера а и вчера јадењето му беше никакво од се по 2-3 залчиња. Сега ке спиеме му велам, да вели се качивме а бе одма заспа. Во 5 до 4 исто врискот. Нозе ми се пресекоа пак, ајде пак симињање долу пак ТВ инаку со ништо луѓе не се смируваше. Застана 5мин, мама нана вели ајде легнавме. Он заспа јас и мм останавме да се гледаме ко леви до 5 сабајле. Сабајле во 7 на нозе ко по навика. Јадеше тос сакал, му сплескав со кашкавал и одозгора намачкав абц и некоја маслинка изеде. После тоа пола краставица и бисквит. Еве го заспа во 12и15 ама не дај боже да сакам да се мрднам одма отвара очи и мама. И така лежиме двајцата.

    Жими се ако не се смиреше на првото викање ке го носев на лекар, јас толку го немам слушнато да плаче и да вика. Го чепкам по уши, стомак сегде кај што ми текна да не го боли нешто, не реагира. Најверојатно му ср забите пошо почна и да се лигави пред некој ден ама не дава да проверам. Се надевам дека нема вакви епизоди веќе. Немал некоја голема промена за ова да го прави, сите денови ни се горе доле исти ама што знам.. не сум паметна веќњ
     
  16. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    1.373
    Пол:
    Женски
    Од заби знаат така да врескаат одеднаш во сон.
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.456
    Допаѓања:
    42.474
    Пол:
    Женски
    100% е заб, види ако ти даде ќе осетиш дека пробива некој. Моево исто има такви епизоди и баш многу се страшни, кога срипам од сон не можам после да се смирам мислам срцето ќе ми излезе. Многу пати ме има вака исплашено и секогаш после тоа приметувам дека има врвче некое од заб.
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.803
    Допаѓања:
    17.802
    Пол:
    Женски
    Уште 5ки му фалат, најверојатно се тие. Ке пробам после со гелот да го подлажам да чепнам ако дозволи.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.053
    Допаѓања:
    118.887
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, идеја дали можам и како да направам домашна паштета?
    имам нејадач дете, кое сака паштети;(
     
  20. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    712
    Допаѓања:
    1.029
    Пол:
    Женски
    Ќе свариш пилешко месо со кромид, црвена пиперка, морков и компир и кога ќе се свари ќе испасираш се заедно. Проверено- Аргета вкус. Ако ти е многу густа додади од водичката.
     
    На Alishan30 му/ѝ се допаѓа ова.