Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.498
    Допаѓања:
    7.738
    Пол:
    Женски
    Моето има така многу чести епизоди. Врескање, тргање. Тренер за спиење ми рече преморено ми било детето. А пртиме прозори на будност. Ама е премногу темперментен и не застанува. Па имаме плачки за се и сешто преку ден и после вечерта ни е хаос. Ако има помирен ден одма и помирна ноќ. Сега во последно скоро па 10 ноќи по ред се дешава такво будење и планирам да разговарам со матичната да не упати некаде. Зошто ни дете има сон како што треба, а ни ние дома.
     
    Последна измена: 8 јануари 2025 во 20:24
  2. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.973
    Допаѓања:
    10.200
    Не знам дали овде е најсоодветно да прашам ама може некој има искуство.

    Вреди ли да се купи вакво нешто? Вакви гаџети кога дизајнираат, такви како мене ги имаат на ум :D одма би купила, ама пред да се залетам сакам да слушнам искуство доколку некој користи слично нешто.

    IMG_7955.jpeg IMG_7956.jpeg
     
  3. DaisyDream

    DaisyDream Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2020
    Пораки:
    1.876
    Допаѓања:
    4.612
    Пол:
    Женски
    Ист и син ми од А до Ш како опиша, со сите заби кога ги вадеше вака се будеше со плачење и строго со тв и расонување комплетно се смируваше (годинка е, има 8 заби, што ќе биде 3ки и 5ки кога ќе вади еве не знам).

    Да се пожалам.
    8ми скок на најјако. Друго дете е. Ни јаде, ни спие. А фино беше се. Сега ми ја мава раката ме плеска ме бута. Со спиење ред нема. Не спие. Ноќе 8ч мах. Денски некад една, некад две дремки фаќа, ама и тоа заспива само кога ќе се премори. И за пола саат е кукурек. Нели е мал за преод на една дремка? До сега ниеден скок вака не сум го осетила, не ни гледав во календар.
    Цица како новороденче. Фластер за мене е. Нервозно гризе се, цуцлата не ја пушта 24ч. Си викав заби да не се, ама позади гребените не се ни задебелени, абер нема од нов заб.

    Дајте идеја да му купам некоја играчка да го почастам. Засега многу сака оние кругчињата и stacking cups да ги реди. Од музички се плаши, посебно ако се движат, уплав. Ама се живо лапа во уста, до кога трае ова. Се можно во уста лиже :|
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.075
    Допаѓања:
    20.016
    Пол:
    Женски
    Одамна се мислам и јас за вакво. Многу сака да гледа дур работам во кујна и се искичмив држејќи го во раце. Еднаш пробав да го ставам на работната површина дур му правев палачинки и тоа беше тотален хаос. Колку и да се трудев да е се раскренато околу него, он успеа да дофати тегла полна со шеќер и да ја тресне од земја. И да земам вакво мислам дека он ќе нема да достои во него туку ќе сака да се качи на плотна. Па си викам да почекам малку дур се стабилизира повеќе и да има разбирачка, па да го поткачувам на оние скалички што се за во вц за на лабаво.
     
  5. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.075
    Допаѓања:
    20.016
    Пол:
    Женски
    Зависи до детето, ама дур вади заби очекувај да потрае. Моево има година и 9 месеци и уште става се во уста. Од играчки за таа возраст најмногу му држеа внимание сортери, коцки, форми што се мушкаат во дупчиња.
     
    На DaisyDream му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.322
    Јас земав вакво. Нож со две оштрици :D
    Ми прави друштво во кујна, готвиме “заедно”, ама истовремено прави и хаос и мора да си екстра внимателна што му е на дофат.
    Треба трпение и да си спремна на многу чистење.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  7. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.586
    Допаѓања:
    7.074
    Пол:
    Женски
    Ова мене ми зафаќа многу место, а гледајќи го детето на сликата, си ја замислувам мојата со чинијата врз глава и тече смеса надоле.
    Ги гледав и јас, ама одлучив да не. Купив кујна за неа. И покажувам како готвам или на столче ја седнувам, да гледа. Тесто сака одма во уста да стај, на пример кифлички уште одма сака да јаде. Компири исто.
    Што знам може за дете од 2+ повеќе ќе одговара.
     
    На DaisyDream му/ѝ се допаѓа ова.
  8. defocus

    defocus Активен член

    Се зачлени на:
    22 август 2023
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    108
    Пол:
    Женски
    Омега и витамин Д до која возраст давате?

    За додатни витамини што користите?

    Кои се некои навики што ги практикувате со вас или децата на оваа возраст што ви се покажале топ? Дали со храна, бањање, активности?
     
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.457
    Допаѓања:
    42.478
    Пол:
    Женски
    Другарка ми го има, мултифункционално е и служи и како масичка(не знам од каде е земено подарок и било) јас гледав ама многу се скапи и му нарачав на брат ми да ми направи некое така едноставно, најдов димензии на нет и уште чекам, ама ќе биде:D

    Она вика дека многу го користат, и често ни праќа слики од малата како стои на него, го користат од кога беше 1.5г некаде. И јас сакам да готвам со моето и до сега го ставав на столче до мене во кујната, прави хаос тоа секако, столот е упропастен, ама интересно му е, е сега столот не е многу безбедна варијанта, ама мојта кујна е мала и буквално и да не сакам морам да стојам до него цело време, па врши работа за сега и вака.
    Битно дека он е внимателен кога е качен на стол и не проба да се џитне или слично, јас деновиве почнав да го учам и да сецка со нож, нешто што го немав пробано до сега. Засега е доста координиран и напредува брзо. Секако дека нема да му дадам сам да сече со нож :D ама лесни работи како банана или друго обошје му заджува внимание и додека јас готвам друго барем не ми џапа брашно/ шеќер итн.

    Еднаш свекрвата ќе добиеше срцев удар кога виде каков хаос беше кујната после готвење со него, дури и ми нареди веќе да не сум дозволувала да готви со мене мал бил, немало бенефит од тоа уште сега, па јас и реков дека сигурно има поголем бенефит него да го оставам пред тв додек готвам и така се спречкавме доста( а ретко иаме несогласувања) ова ја погоди дека кај нив секогаш главна замимација на внуците е тв.
    Ама и реков мене не ми смета да чистам и вистина не, ама сметам дека има доста бенефити, најмногу дека кога ќе готвиме заедно после обавезно ќе јаде од тоа, а он е нејадач.

    Така да ако си спремна на хаосот во кујна кој е неизбежно да го има барем докај 2 год, да си земеш.
    Ете другарка ми вели дека сега веќе на 2.5г малата ептен е внесена во “готвењето” заедно и хаосот е сведен на мин.
     
    На Carolin. и lackygirl им се допаѓа ова.
  10. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.322
    Што се случува на 20 месеци побогу?
    Се буди навечер и седи буден 2-3 часа.
     
  11. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.322
    Да ти пратам слика од синоќа кога “помагаше”… вода насекаде, путер од кикирики насекаде (вклучувајќи ја и косата)…ама пример еве прав бариста е, кафе знае да направи, сосе пуштање машина, сосе млеко, шеќер, се по ред.:D
     
    На LiquidLuna, Sun&Moon, јolene и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.075
    Допаѓања:
    20.016
    Пол:
    Женски
    Регресија во спиење. И син ми го фати, среќа траеше помалку од две недели, иначе може да трае и повеќе. Он претежно одбиваше дремка, неколку пати и ноќе се будеше и за жива глава не сакаше да спие, среќа помина релативно брзо. Good luck!
     
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.804
    Допаѓања:
    17.804
    Пол:
    Женски

    Се будел со викање ама вакво вриштење не, мислам сега и голема улога игра тоа дека се одбивме и нема цице за утеха па не знае душава како да се смири. И синоќа од 1 до 2ипол седевме, редевме коцки, вртевме глобус, има едно возче дрвено и фигури на него да става коцка,круг,триаголник и уште нешто пола саат мислам со тоа си играше. Му дадов парацетамол 5мл. Па сме спиеле сабајлево до 7ипол без будење. Ама а го носам на кај спална вриска мислиш игли има по креветот.


    Не е често, а и не е престимулиран или изморен деновиве ни се лаганица искрено, не е за никаде времево. Надвор магла, се крева околу 11 па го вадам да прошета 30-40мин колку сака, трчка имаме едно игралиште демек до нас одма ама што знам ништо не се сменило во рутинава за ваква реакција. Забите му се 100% зошо и од гел на глодалка па се смирува. Се надевам нема да потрае ова.
     
  14. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.762
    Допаѓања:
    23.376
    Пол:
    Женски
    И мојов некни се разбуди и не заспиваше од 12 дп 2 и пол, др дена е ок, станува ама одма презаспива.. На 17 месеци има нешто? Регресија, скок?
     
  15. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.075
    Допаѓања:
    20.016
    Пол:
    Женски
    Може да е спојка од заби и регресија во спиење. Мислам дека твоето е малку помало од син ми, и него баш тој период го фати.
     
    На lackygirl и Carolin. им се допаѓа ова.
  16. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.075
    Допаѓања:
    20.016
    Пол:
    Женски
    Скоковите ако не се лажам ви се завршени, има регресија од 18+ месеци, може го фатила порано.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.586
    Допаѓања:
    7.074
    Пол:
    Женски
    Леле ај не. И кај вас ли?
    Учат нешто. Јас друго не можам да си го објаснам. Со зборување може е поврзано. Зависи сега на што е концентриран.
    Кај мојата се собра се и трае веќе со месеци. Не истошти буквално. Скоро секоја вечер од 2-3 до кај 5.
     
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.586
    Допаѓања:
    7.074
    Пол:
    Женски
    Пушти ми адреса ќе ти дојдам на кафе. Дури за мене шеќер не треба, полесно ќе му е.
    Ја држам во раце кога варам. И ми кажува мама кафе. Притиска на машината да пушти.
    Бебешкиот дел од штоке го извади ли? Јас се мислам, ама ми е страв да не лупне одма доле. А голема е веќе, мислам висока е. Треба да ја измерам, ама ми стои нешто малку под 90цм.
    Плачки плачки, којзнае колку ќе ми елута после што ја оставив денес во градинка.
     
    На Lavender13 и lackygirl им се допаѓа ова.
  19. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.322
    Како бе две недели? :D Се научив на спиење јас, вака е три дена и веќе ме фаќс нервоза.
    Се буди и стои буден, не сака да игра пример туку онака си стои буден.

    Ма какво зборување, абер нема, само покажува со прстот ако сака нешто.
    Синоќа дојде меѓу нас, од 3 и пол до 5 не истормози, се изнервирав и го легнав во креветче, “плачеше” една минута и заспа, па за 10 мин стана пак, па пак иста песна, и стана во 20 за 8, и сега сите доцниме за работа/градинка.(facepalm)
     
  20. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.586
    Допаѓања:
    7.074
    Пол:
    Женски
    Мене ми е вака од септември друшке. И кај нас ја преместите и абер нема. Во креветче кога ја ставам, како казна го осеќа. Плаче 2 мин, ја земам и заспива.
    Значи се буди, ме кубе, гребе и пробува да заспие. Па се вртка и на крај ке лежи и ќе не замара. Мислам она по нејзино си мисли не гали, ама боли. Па ќе почне да клоца. И на крај ќе заспие откако ние ќе шизнеме од пробување да ја презаспиеме.
     
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.