Пробајте дома играјте доктори, со мечиња, кукли, правете диши диши и пред да одите на доктор кажете и однапред, зборете како ќе и направат диши диши, ќе го видат грлцето, може после тоа да и купите нешто ситно како награда што била умна.
Оф се од ова правиме, цел докторски сет имаме дома, само се преслушуваме, па играме со играчки, па видео ќе пуштиме да види дека ништо не страшно, дека сите деца одат ама никако да се оправиме..таман ќе речам ајде одиме кај докторот да не проверат почнува да пишти неее нееее, научила дури и ординација каде му е и ако одам до таму по упат или по рецепет само вика дотојот (докторот) не не не, како незнам шо да и правеле пусто чудооо. Авицена дури знае каде е и вика мама нема боц немаа
Разговарај со докторот, нешто тој да смени. сум прегледувала деца и без униформа, без мантил, во игрална на детско столче, без ламба, без стапче. Во ходник, без многу рассоблекување, да поминат прегледи и без крвна слика. ти како родител добро правиш, но треба и друго да се смени, пристапот да е низ игра
Оф, докторот никогаш нема време да не толерира нас со нашите трауми и тантруми, он превртува очи и чека да ја стиснам да помине побрзо т.е да и помине редот зошто редица деца чекаа надвор и мене ми е сосема непријатно од сите ситуации..да ја тешам неа да се справам со неа или да се прилагодам на докторот. Обично кога ја носам во Ремедика е друг пристапот таму го имаа целото време за неа, да се исплаче, да се смири, да ја утешат да се запознаат ама не секојпат имам можност да ја носам таму..
Па до докторот е најмногу, реално Нашата претходна докторка кога ќе приметеше дека почнува да се плаши, соблекуваше мантил и го облекуваше на неа, па демек она прави диши диши Новата докторка ја седна на биро за да се запознаат, за да не ја замрази уште од прво видување. Па и пристапот на сестрите влијае, еднаш само со сестрата сакаше да влезе во ординација и девојкава ја крена без проблем, ја однесе. Ти како родител можеш само да збориш дека не е ништо страшно, и дека некогаш мораме да одиме на доктор. А да, да пробаш со некое играче да оди? Пример омиленото мече, да и го "чува" стравот. И обавезно награда после, нешто што не го добива често. Пример лижавче да и даваш само кога ќе оди на доктор, да го поврзе некако и да "издржи" Сеа грубо звучи да издржи, ама па не ја тепаат на доктор. Малите мозочиња чудно функционираат
Мојата е 5г и има уплав од доктори и не можи никако да го надмине тоа, дуру кога малово треба да оди она се потресува цела. Ми кажаа ( ама не Мк) дека има капки на природна база и да и давам по доза колку е пред да оди на доктор оти ги смирувало, неам пробано. Она пред месец негде повраќаше и од страв сама ми рече да одиме ама таму кога виде игли и почна да се треси цела, се грчи не можат крв да и извадат буквално не течи. Во градинка дошол заболекар она видела мантил и кренала цела градинка во вис. Не знам.. драма е
@Bella_Stella @AngelOfArh ќе ве тагнам вас зашто знам вие го имате правено чајот со кромид и јаболка. Дали е за влажна или сува кашлица? Син ми кашла влажно со шлајм, ќе го смири?
Мислам дека е за секаква кашлица. Важно е да го вади шлајмот. Ако правите инхалации после секоја инхалација тапкај го по грпче и чисти го носето.
Тука не препорачуват инхалации дома ама јас правам само со физиолошки. Нос чистам пред и после инхалација, плус уште 1-2 пати во текот на денот. Давам лој од гуска го смирува малку ќе пробам и со кромид
Таман сте, треба време да го исфрли. Некој тука ми имаше пишано последниот пат кога беше со секрет син ми, дека требаат околу 10 дена за да се исчисти целосно, и стварно беше така.
На тема Солени соби, дали некој има искуство со солени соби во Битола? Би помогнале за надминување на респираторните инфекции? Кај 2 годишно дете. Колку се чисти и безбедни? На Гугл ми излегуваат две, па ако имате препорака споделете.
Репорт за ноќеска Заспа одвај во 22 ч, во 12 плачеше во сон, во 12 и 15 пак, мм го чуваше ама јас станав 2 пати дека плачеше, за џабе, во сон плачеше и не стана, во 3 и пол ми го донесе мм в спална, цицаше прв пат тогаш и се рассони, слезе од спална и си замина в дневна, одам по него и седнав на кревет и седам не зборувам, темница, сврти околу и се качи на кревет и си легна кај што спиеше дотогаш заспа ставив стол за да не паѓа и се вртам големиот станал по мене ајде мм се префрли од детска в спална со големиот, јас в дневна со малиот лудило цела ноќ се шетаме по соби сите. За страв, првото дете имаше страв од стрижење со машинка, само со ножица дозволуваше, плачење хистерично беше ако пуштевме машинка, никако не дозволуваше, прв пат се убеди на 4г и 8 месеци и тоа јас да го стрижам, па така 9ти месец бремена, август го истрижив од тогаш се стрижи со машинка, претежно брат ми го стрижи. Значи стравот сам му помина со време. Малово досега нема страв од ништо, ќе видиме понатаму.
Девојки со што си играат вашите дечиња од 21+ месеци? Некако периодов сѐ му е досадно. Уште во кловн се немам маскирано за да го анимирам. Пеам, скокам, играм, кога е дома гледам 80% да сум со него на земја, се правам коњ, крава редиме коцки, правиме штала за животните, гледаме слики во книги, слики од нас во албуми. Чат пат ќе пошкрта со мрсни боици на боенки, ама повеќе сака да ги гризе. Уште става се во уста. Некако ништо не му држи интерес повеќе од 5-10 мин, некогаш ни толку. Купувам нови играчки, гледам да е се нешто развојно не знам какво, ама првиот ден ќе ја поврти низ раце и после толку. Денес повеќе си играше со две празни шишиња од 6 литри, отколку со било што друго. Ги полнеше со кеси за пелени, со играчки, па ги празнеше, ги шеташе низ соби, ги возеше на камион. Сакам да му направам некакви активности дома, нешто DIY, ама не наоѓам некоја привлечна идеја. Периодов ми е ужас значи, ептен се познава дека му е досадно, а не можеме надвор.
Исто, ама баш исто. Ем он не знае што со себе ем јас не знам што со него. Ние сме помали ама мм му донесе една кутија како со алати внатре и за нова година му купиме багер и сеа тоа 3 дена станува од кревет и одма буууу трча кај машината, повеќе седи багерот наопачки свртен демек го поправа одколку што го вози. Има ден не го загледува, а некогаш ке го изнаигра. Сериозно се мислам порано да го пуштам во градинка зошо стварно не знам што да му правам веќе. Готвиме, чистиме, переме се заедно правиме. Во последно и плаче по татко му, беше дома за празнициве и некако се повеќе по него со алати да играат, и знае да му текне 2-3 пати на ден да поплаче по татии... Иначе оваа мајка си заработи антибиотик од ништо не ми е. 5 дена мм ме тера да одам на лекар, кашлам ама насабајле само и навечер, преку ден не. Ама фати некако да ме стега градниов кош и сабајле си викам ај да си фатам патот под нозе и арно што отидов.
Моето дека има поголем батко дома со се си игра Колички, диносауруси, животни, коцки, сложувалки, тесто, на цедалка за тестенини му давам да пика шпагети од обратна страна, сламки во боја ги ставаме во улошка од јајца овој му ги ти со маркер да ги погодува, попит
Е да знаеш дека градинката е голема помош. Поготово зимава кога се поретки излегувањата надвор и дружбите со пријатели со деца. Преку неделата немаме толку гајле, си доаѓа дома изигран од градинка, возбуден е си пее, и тие 4-5 саати поминуваат некако. Ама кога сме дома цел ден стварно не знам веќе како да го анимирам. Почна и многу кенкав да е и да прави драми од ништо. Дали се тантруми не знам зошто не е нешто екстремно, ама како на копче е ако малку нешто не е како шо он замислил, одма се дере од петни жили. По природа сум интроверт, ама периодов многу сакам да ми доаѓаат и да одам на гости. 2-3 саати имам загарантирана анимација. Ќе ме натераш да почнам побрзо да размислувам за уште едно бебле. Сите вака викате што имате 2-3. Иначе сум правела избушени дупчиња на кутија па во нив да става чепкалки за уши, цевки и такви некои слични. Сака такви занимации ама ептен брзо почнаа да му здосадуваат.
Ние ги имаме сите можни играчки од првото дете, се му е достапно на малото и со ништо не игра многу. Сега еден период играше со сортери, игра со количиња, игра со плишани играчки, си има омилени, 2 кучиња, со нив секаде одиме ги нишка, му дава јадење, му дава вода, додека па првото дете не сакаше нив ни да ги види Иначе ништо јас не го анимирам, се со брат му прават, додека на првото му правев секакви диу игри дома и го учев се, го анимирав, скроз му бев посветена. Разлика нема, се исто прави и малово на иста возраст, само овај пат учи од брат му, а е многу посамостоен, со многу самодоверба за разлика од големото. А и има врска и карактерот, секое своја приказна.
@Bella_Stella и јас се мачам со идеи во последно време. И приметувам дека веќе не и се забавни играчки за нејзина возраст, се и здосади. Најмногу внимание и задржуваат најобични 3д стикери од било која книжарница/тему и слично. Што пошарено тоа подобро. Пола саат може да ги лепи и прелепува без да крене глава. Такво чудо со ништо друго не се случило. За нова година доби и едни магнетни плочки слични на конетикс, иако се 3+ немаат ситни опасни делови и си игра и со нив. Далеку од тоа дека гради замоци, ама интересни и се и си ги игра на нејзин начин, а интересно и е и да ме гледа кога јас ќе градам нешто и ја анимирам да ми подава делчиња. Сликовници стандард уште и задржуваат внимание, ама морам постојано да докупувам нови. Ако е во добрите и пола саат ќе седи да ја испрашувам да ми покажува/ да и покажувам. Има едно и како стаза дрвена за воз што се спојува во делчиња, вагоните се мали и се држат на магнет, кога поминува на едно поле прави чув-чув и пресреќна е Некогаш си игра со мечиња и ги покрива да спијат, ги храни, ги пусти. Многу сака да шкрта со боици, ама последно време не и ги давам цел ден пошто сфати дека и ѕидовите и се многу интересни за боење инаку во дневна си има и своја масичка со столче, блокови боенки, па си седи таму и црта кога е во фините. Си подаваме со топки ги брка низ дневна, јас и ги фрлам легната од тросед она ми ги носи Тоа ми текнува засега, ама се ова што набројав многу зависи од моментално расположение. Некои денови е жив напаст и ништо не сака и што и да правиш кенка и збеснува. Многу ми е жал дека не успеваме да шетаме често, ама просто не можам да ја изнесам кога ќе видам на апликација колку е презагаден воздухот. Преку недела градинката многу спасува, за викенди секогаш кога можеме одиме негде на воздух да прошетаме, ако треба и со преспивање. Еве има утре најави за снег, едвај чекам да ја изнесам, многу сака.