Индивидуално е, ама еве моево најмногу време троши на правење "манџи" со пластични садови, вангли, лажици, кутлачи. На најниско во кујната намерно ги ставив баш тие што ги игра и сам отвора си зема што си намислил, ги мкни сите во дневна на тросед и таму готви. Како што можев да разберам троседот му е шпоретот. Штом ме види мене кај плотната, одма и тој почнува. Оној додатокот за чај од електричниот бокал веројатно го потсеќа на блендер и со него блендира "бууу", така ги поставува рацете како ние врз нутри булетот. Ова му е константна занимација што му држи 20-30мин внимание. Една количка возеше, му мина меракот... На книги многу се радуваше, ги листаше и на тоа му мина. Цртање не доаѓа во предвид, намерно става во уста да изнуди реакција. Оди кај плишаните играчки им дава да јадат... За лего коцки нема трпение, јас редам тој бута. Има хармоника дома.. Мислевме ќе му биде интересна, еднаш дали ја чепна.
Им направив со лепак улица низ дневна, крстосница, возеа две недели. Ги гледам на кокомелон има фигури мислам да му ги купам дс ги одморам малку диносаурусите.
А сам не знае да се заигра? Еве мене првото знаеше само да ми се заигра, ме бараше и мене и здосадуваше и неа брзо ама ќе се заулавеше со нешто. Повеќе и бев посветена тоа нормално неа и ја учев повеќе ама второво ме научи дека и без да ги учиме, способни се само да научат истото за таа возраст, за тоа со Лаки се сложувам скроз. Второво не побарало никогаш да седнам со неа да играм, седнувам на кратко колку да минам време со неа, си зема се сама си реди, ако запне негде тука е дада, ако не јас ќе и помогнам секунда и толку, си фури. Иначе многу е нормално да не се интересира за некоја работа подолго од 5 мин. Не знам кои ви се очекувањата ама тоа е кај секое дете така . Оставете ги, не мора да го анимираш и да се преправаш нон стоп во нешто за да му правиш интересно. Да да седнеш и со него да минеш време во заедничка игра ама не по цел ден, многу ќе е поснаодливо и посамостално, а реално ќе знае исто како и неговите врсници. Па и нон стоп измислување игри, детското мозоче мора да си одлета во свој свет во кој само он ќе го знае. И боите и бројките и буквите ќе ги научи кога ќе е време за тоа, сега не е.
Ние сме веќе кај поголемите, 2 год и неколку недели. Ако си поиграм пола саат со него и после станам до кујна, ме следи секогаш. Ако му речам ај на мама ѝ треба пауза и седнам малку да пијам кафе доаѓа ми носи играчки или книга да читаме. Ако ние зборуваме и нема внимание во моментот мора да привлече внимание па макар и беља да направи. Сам ретко да се заигра и тогаш не го закачаме, не го прекинуваме ама ептен е ретко. Ако има некои финти/совети за самостојна игра кажувајте. Мене не дека ми пречи, гледаме да има максимално внимание ама не знам дали нешто погрешно правиме и сакам да биде самостоен понатаму. Google search ми вика 4-20 мин била самостојна игра на 2 години.
Се заигрува сам од мал. Тоа во последно време не бара нас да сме вклучени, ама не секогаш. Маката е што брзо му здосадува една игра па јас морам да барам друга опција. Кога ќе најдам продолжува да си игра сам, нема гајле. Само во кујна кога ќе ме види е страшен, одма доаѓа и бара да го кренам да не испушти нешто.
со играчки да, ама поинтересно и е да ми ја отвара корпата за зачини во кујна да вади зејтин и оцет па да ги става, па ги шета низ дома, капачки ги одвртува и завртува, вади влажни марамчиња па демек брише по дома. скока по спална, врз мене, и давам алишта ги става на глава... има интересни по страниве начини за таа возраст игри, но јас тоа ретко имам време.
Јас дефинитивно ќе скренам со умот. Па ова веќе ги минува границите на нормала и здраво понашање. Толку будење и квичење во последните две недели, тоа е хаос. Едвај чекам 17 ти на советувалиште да одиме и да видам матичната што совет ќе даде. Ама озбилно размислувам на детски психолог/психијатар да го носам. Мозокот ме боли од тоа ржење/викање/плачење. Се гледам да му биде потаман преќу ден, ама пак не се угодува. Весел, трчка, си игра, почнува глупости да прави, и на крај завршува со плачки без солзи ( класично глумење ) за да добие нешто што не може. И вечерта истото се дешава во сон. Од како заспа на секој саат ржи, се љути, демек оти ме будиш ми се спие. И за на крај сега во 4 да плаче и витка со главата на назад. Му зборам пеам и едвај се смирува. Некогаш чак и пола саат ми треба да го смирам. Има ли некоја со слични дешавки ноќе да дава совет што да сторам. Готово психички попуштам од што не сум спиена ко човек.
Пресреќна сум кога некој ќе дојде или ќе одиме некаде да се изнаигра, измори, потроши енергија. А ко за инат периодов па нема никој за дружба. Сега мојава е во фаза да чува бебе, па демек го брише, му става крема и пелена. Зима една торба, оди до врата демек оди на пазар па се враќа ми дава ствари. Па така едно десет пати правиме додека не и здосади. И давам пластични чаши и знае да се заигра со нив, ги, реди, преведува.. И нарачав сега едно од али експрес голема слика за боење, ја закачувм на маса и бои демек + боите ги учиме. Или ќе и дадам крпче и и викам ајде сега бриши масата, вратата, плакарот Ќе и дадам лажиче и тањирче па демек прави јадење, па после ги рани мачињата Имам една играчка дрвена тостер со лепчиња, па готви, па ги мачка лепчињата, па има ноже за сечење демек сече кашкавал со лепенки и се заигрува. Тоа е нешто што мене ми текнува во моментов. Гледам да и давам нешто што и ја правам за низ дома, сега повеќе така се заигрува него со играчки.
Кај нас омилена игра периодов е вклучување во домашни обврски. Домаќин човек Сам знае да се заигра, ама бара некој да седи до него, не сака да биде сам. Може сам да си ја тера играта скроз, ама обавезно некој да е до него на под. Обично вози камиони, коли, или зема тенџериња од нашите и претура работи од едно во друго. Јас и не му давам многу играчки истовремено, оставам една/две и другите ги кријам, па ротирам. Ок е и да му е малце досадно, да смислува игра. Гледам и во градинка е така, пола од времето им е слободна игра, другото се активности.
Кај нас перидов е строго домаќински. Бриши со крпи насекаде, играчка правосмукалка има, мети со неа. Во живот "почисто" не ми било. Тоа и држи најмногу внимание. Под најмногу мислам 10-15 минути сама да се заигра. Исто слагалици и сортери реди, успива кукли и мечиња итн.
Мајки колку време после МРП вакцина сте ги чувале дома децата? Ја прими во петокот и во пункт ми рекоа одма можело во градинка понеделник, ама некако мене ми е брзо. А ако користам одмор од работа ништо нема да остане за летото ама секако здравјето е побитно, вие како правите? П.С. Ве читам редат слагалици, какви се и од која возраст? Мојата од слагалиците што ги имаме знае само во уста да ги става.
Мојата е скоро 2. Некаде месец дена реди, со по 3,4,5 делчиња дрвени. И тоа ретко кога сама. Повеќе сака да е некој до неа и од редењето игра да прави. Ајде тркалото од колата да го најдеме. Ајде главчето од кравата и цели такви приказни.
Еее другарки ете јас зошто и тв пуштам Оти по цел ден, секој ден е тешко да го анимираш. @Bella_Stella со стикери скоро најмногу си ираше, купив 10тина листа различни и ги лепеше и прелепуваше насекаде, па приказни ќе раскажува нешто со нив… Сега моментално му се опсесија формите и учи кои се, веќе знае коцка, триаголник и круг да каже, а другите да ги сортира, ова не знаеше до скоро. Се што е со сортирање бои му задржува внимание, исто книга има една со сите животни и сака да ги става врз животните оние мали пластични животни што ги има и да ги “парува” Бројките му се исто окупација деновиве и само нешто брои Ден, дан, ту тоа му е еден два три. Кога се спрема да прави глупост го кажува она, а онака знае да брои до 7 течно и чисто, не знам зошто вака го кажува ова. Има и слагалица со букви и нив многу сака да ги сложува. Ова не го терам јас да напоменам, сама изразува желба. И слагалици сака од оние дрвените со животни едноставните, има неколку и ги ротирам оти брзо ги учи и му скиснуваат. Сака и да чисти и има едно празно шише му полнам малце вода и со крпа демек прашина брише, да простира алишта, да прередува фиоки… Сам и он не се заигрува многу долго, генерлно сака со некој да игра, ама дефининитивни омилени игри му се борење, фрлање врз душеците од гарнитура, веќе не ги ни ставам на гарнитура нема поента, качување на прозор и да се фрла во нас. Е за ова вчера се смеевме многу, му се карам јас да слезе од прозор и он сега намерно се качува на прозор и вика по мене, мама каа силно и името, и сака силно да му се карам и он ме имитира и се гази од смеење. А и многу сака да ги “чита” сите книги од библиотеката, особено Хари Потер серијалот, ги врти реди прередува, и тоа цело време е извадено не го ни средувам веќе. Од тв омилено му е зумба за деца моментално, игра ли игра.
Некој ме имаше тагнато за кашлица и чајот од кромид, давам тоа за влажна кашлица. За сува давам чај од ловоров лист. За болки во грло прскам Лизобакт. За беснотилак не давам ништо, игнорирам. Инаку синко мајкин ја уби елката, ја кутна, среќа сите стаклени лампиони ги среди претходно па не остана ништо за кршење. Нека е жив и здрав само. Кај нас за против квичење само добро шетање му е мајката, пешки, и кома е одма. Еве го саатипол не мрда, бевме на снег, ко препариран е, ќе си отспие уште најмалку еден саат, ако не и повеќе. Играчки игра баш се, али моментално врв е Пиши пиши и чита чита, пишува со моливчиња и боички, фломастери имам дадено ама не би си играла со ѓаволот пак, лом се прави. Не кине веќе книги па ги зима и моите ги врти. Игра со слагалки овие по 2-3 парчиња ги склапа сам, од градинка место пакетчиња тоа добија, супер се. И да погодува што е што. Збори веќе супер, па се распознава и што кажува. Вчера гледавме Кунг фу панда и на делот кај што пандата го победува леопардот вика Ова Медо (мислам Маша и Медо ни се фаворити) тепа тигај, тигај падне огое, упепа. Прв пат вака конструкција да направи од реченица. Сабајлево си бараше тањирче за да стави овошје, Мама дај тањиче за овошке. Пее многу, има богат репертоар и ко џубокс е, ние нарачуваме он пее. Ама се срами многу и пред луѓе му треба време да се опушти.
Околу 2 недели ја чував дома и после тоа не се разболе, очекував дека сите викаат паднат имунитет ама од тогаш поминаа 4 месеци и више еден стомачен фати и еве сега ова грипот. Иначе на 2 год. точно ја ставивме.
Луѓе често детето ми се жали дека го боли ногата и покажува на стапалото, тоа е на моменти и одамна е вака некои денови, нема видливо ништо. Јас мислев измислува прво, ама секогаш покажува на исто место. Што може да е?
Кој пробиотик ви се покажал добар за запек? Во моментов користам Ваја ама сакам да го сменам да видам како ќе е со друг. Постојано има нередовна столица. Кака пример денес, па не кака два дена и така цело време. И @0ли ти мислам пишуваше дека на големиот подоцна му се затвори фонтанелата. Кога беше тоа и каква терапија ви дадоа?