Колку месеци имате? Прашувам зошто те гледам загрижена за фонтанелата. Најкасно до две години треба да се затвори.
Ја вакцинирав во петок, ја пуштив во понеделник. Матичната ми даде зелено светло и ја послушав. Супер помина, никакви симптоми или знаци за намален имунитет. Слагалици реди од оние дрвените со неколку парчиња. Некои делчиња со неправилна форма уште и се предизвик па знае да се помачи. Инаку има 21 месец. На 18 ипол и кај ќерка ми не беше скроз затворена, а сега веќе на 21 е затворена. Според мојот ортопед до 2 години е нормално да се затвори. Кај некои побрзо, кај некои поспоро, важно е да се движи во рамките на тоа што е норматив за возраста.
Просек е 14 месеци, ама секое дете не е исто. До 24 месеци има фора, ако до тогаш не се затвори ќе се обратите на лекар.
Не се му, а и не вели кога е во чевли, туку обично бос кога е, после играње најчесто, се мислам да не му се превртува некоја жила.
@1209 , гугл како доктор вели може од недостаток на магнезиум ама не верувам јас многу на вакви дијагнози. Да не имал стрептокока или пак брис да направите? Може и ништо да не е, да е од раст на стапалото, сепак да си сигурна.
Па што знам, магнезиум недостаток зар на толку мало дете…па скоро му правеа брис кога беше болен, немаше ништо, мајка ми вика дека сме се жалеле така мали демек од ширење на коските со растењето, ама продолжи вака ќе го носам дефинитивно.
Од денес пак болен. Три недели врза во градинка и толку. Каков е овој вирус само со температура е, од носето водичка само му тече, тоа уште од некни. Друго нема ништо. Ми здосади еј.
Риновирус. Го имавме лани. Ќе стане густ и леплив секретот дури и ќе се закоравува на носето. Јас го пројдов новиот грип, глејте само тоа да не ги фати, мене ме сотре, а камоли дете мало.
Со помин, супер издржал 3 недели, браво јас се спремам за втора рунда во градинка пауза скоро 3 месеци направивме. Па од др недела планираме да го носиме и знам дека по 3 дена пак ќе е болен.
Јаки болки во желудник и гадење, кој знае да повраќа ќе си поврати и мирна глава, јас се давам,не знам да повраќам и си трпев. Тт ама блага тт и болки во цело тело. За сој на ковид го рачунаат.
Деци не го фатија. Деци кашлаат. Тоа ми е друго прашање. Кашлаат, а и двајцата се за вакцина. Што да правам сега? Не и верувам на таа на вакцини, а кај матичната сега у ек на вируси не ми се носи. Да направам кс, нешто, штодае, да ја молам да ги ѕирне у ходник, не знам...
Ние дома го поминавме, маж заврши во болница. Цел декември си го вртевме, на раб бев психички да попуштам. Не сотре сите со се баби и дедовци. Сега чувам дете дома, страв ми е да ја пуштам во градинка, уште сум со трауми.