На 2 години му се затвори, не примал никакви терапии. Еве и малата ќе тера како него, уште не ѝ е затворена. Пред 2 недели на контрола ми повторија дека до 2 години има фора, а кога спомнав за големиот, рече дека е генетика.
На последна контрола на ортопед ни кажа за рамни стапала, ама не ни кажа ништо да превземеме, ниту совет даде, јас имав рамни како мала, мислам дека уште имам, вистина може е од тоа. Има некои вежби што се ефикасни за мали деца, знам јас газев на шише и топки ама него тоа да го натерам тешко.
Исто почна и кај нас, со водичка цедење и тт, не беше висока, ама беше константна и беше многу ќенкав па го однесов на лекар, ми рече докторката.
Сите деца се раѓаат со рамни стапала, затоа се оставаат да газат боси и да одат на прсти за да се оформат табаните.
Леле бе мајки вирусите имаат ли крај ме плашат овие нови грипови и риновируси што ги опишувате. Сега крена тт и водести мрсули. Не верувам да е од вакцината дека и мрсули има а и ние сме сите болни од вчера. Мм има симптоми како тој нов грип. Се фаќа ли на ковид тест да земам од аптека да го тргнеме мм од неа ако го има? Пиете нешто за имунитет вие и децата? Бимунал ми препорача докторката за неа, ама го плука, и се откажав само вит ц и д и давам. За мене ургент ц, ама како џабе да е, толку настината не сум била вкупно откако сум родена За железо знам дека зборевме пред некое време, може на некоја ќе и се најде еден додаток што ми проаѓа кај малата, семе од коприва мелено ситно во нутри, мед, малку бадеми исто ситно смелени, малку таан убаво измешано. Ставив 50г семе, 6-7лаж. мед, 1 лажица интегрален таан убаво полна (јак вкус има и ми беше страв дека нема да го сака, следен пат би ставила повеќе). Може и сок од лимон внатре ама ја не ставив да не ми се расипе за некој ден, не знам дали ќе стои со лимонот. И маџун може место мед ама не можев да најдам, ако знаете кај да купам кажете. 1 недела негде по 1 лажичка и давам после ц витаминот и како да не е толку бледа, ќе видиме на следната крвна слика колку има ефект.
Така е, и мене тоа ми го кажа ортопедот, ако не се средат до поголемо тогаш вежби. Исто ми кажа да не купуваме "ортопетски" кондурчиња, да немаат испакнат дел на средината на стапалото него да се рамни за само да се оформи. Таквите биле за носење само ако има некој проблем. @1209 Провери му ги кондурчињата дали се се уште точни и добри, и дома ако ви е топло босо нека трча
Епа он цело време е бос, и надвор беше цело лето бос, и дома сега е бос. И одеше на прсти еден период ама кратко…не знам од што може.
Да бос е, нон-стоп, мислам дека нема дете во околината што толку оди босо. А кондурите му се точни, му ги сменивме нови се. Ајде ќе се консултирам до доктор ако продолжи да се жали. Фала жени.
Aма нормално е да се рамни табаните, сега се оформуваат, до кај 6г ќе се оформат скроз. Може да свиткал да го боли, може од раст да го боли, пробај да му ја мрдаш лево десно ногата, напред назад, ме разбираш мислам, само стапалото, ако е повреда ќе го боли, ако не од раст е, нормално е. И нека е босо, нека оди на прсти, не го сопирај. Направи крвна слика, да си знаеш, али владее риновирус секако, и на вести имаше дека моментално сезонскиот грип, риновирус и горнореспираторни инфекции владеат, Козле е полно.
Крвна слика пред три дена температура не правам никогаш, може и ништо да не покаже. Лечам симптоматски дома, не е за по болници шетање периодов. Ако недај Боже не се подобрува, тогаш.
Бела освен нос и температура имавте ли некој друг симтом? На моево 2 ден веќе нос му тече, или се забите или од мене закачил нешто. Не сака ни да јаде деновиве, јас на заби препишувам ама ме фаќа страв сеа.. Бевме во игротека пред некој ден таму ако не закачил нешто еве. Ни си да го носиш ни дома цел ден да го чуваш
Не Каролин. Носот одамна му тече, уште вечерта на Нова Година се затна и почнав диво оригано да прскам па почна одма водичка да тече, ама ништо друго не му беше. Си одеше на градинка, најнормално сѐ. Вчера си стана свеж со песна и накај 10 почна од нигде да качува температура. И он не сака да јаде како што си јаде обично. Во моментот кога ќе почне да качува одма губи интерес за храна, кога е под дејство на лек јаде повеќе. И јас си мислев заби да не го мачат зошто и лиги прави, а не прави обично. Ама температура на 4-5-6 саати некако не ќе да се само заби.
@Carolin. колку што имам читано, не постои температура од заби, можеби имунитетот паѓа кога растат заби, па организмот е поподложен на вируси и бактерии и лесно децата се разболуваат.
И јас така знам, ајде што и да нека им поминува со лесно само. Еве со што се игра цел ден Спојлер: Бебо Занемарете го што е исфлекан, сите блузи партал ми ги направи со цедените сокови. Плус и не се вадат. 3 расипав со арисдеграс, цели жолти кругови имаат на нив.
Однеси го нека го види матичен лекар како оди. Дали ти би забележала ако криви не знам, јас забележав дека моето оди накриви, додека другите не забележуваа, мислеа дека измислувам само.
Пинк стаф спреј за флеки пробај, не вади све ама подобро од другите ми се покажа Колку е фокусиран браво детенце И со лесно болештиниве, што да кажам..