Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    618
    Не можев да најдам, а мислам дека тука ве читав за чистење на нос со шприц и физиолошки + воспаление на уво, дали помага или штети?

    @AngelOfArh од која возраст соработуваат децата за Отосан лаважа? Мојава нема шанса како и да ја држам ме клоца и двете сме утоп, растворот сегде освен во носот завршува. Пробав на куклите, со убаво, дали може ја прашувам вика да, и оп, борба и викање. Па се надевам ќе порасне малце и ќе дозволи :|
     
    Последна измена: 14 јануари 2025 во 21:46
  2. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.464
    Допаѓања:
    4.417
    Доколку има бактерија во нос, може да се прошири кон увото.

    Terrible twos, влезете, не се собувајте. :sweat:
    Како се тренира трпение? Прашувам за другарка :D
    Тантрумчињата му се многу драматични, ако и најмала ситница не е по замислата на неговото височество, веднаш легнува на земја и лежи така во знак на протест. Во подраматичните ситуации имаме и плачење и вриштење. И ајде ок тоа некако и се хендла, ама не можам да се справам со фактот дека доколку има нешто во близина, зема го фрла во фрустрација, или па не мава нас. Денес добив неколку сочни шамари, и кога ми дојде преку глава го спуштив и тоа беше причина за нов тантрум. :@
    На инстаграм видеата кога се справуваат со тантруми, нема вакви сценарија :D децата се опоравуваат прилично брзо.

    Како реагирате вие? Истовремено и сакам да му дадам простор да се искаже, да не му велам престани, немој да плачеш, ама и нервите попуштаат.
     
    На kozuf, Giovanna, LiquidLuna и 5 други им се допаѓа ова.
  3. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    7.151
    Пол:
    Женски
    Така легната во ходник на скали, оти не и дадов клуч. Се прави ехо, цела зграда ечи. Ја чекав да престане, помина комшија, ја пречекори и рече само ,, ој ој, ни фали лифт во зградава,, и си помина. И така, се справуваме.
    Мислам дека хаусмајсторот ме пцуе секој ден, оти влезната врата е нон стоп размачкана од нејзините раце. Срам ми е веќе, ќе треба секоја вечер да одам и да забришувам по неа.
     
    На LiquidLuna, 1209, kozuf и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.125
    Допаѓања:
    20.234
    Пол:
    Женски
    Од што може да се препотува толку? Откако е заспан два пати се буди плачејки и жива вода направен. Чепче му ставив пред да заспие, не му беше висока, околу 38, ама не можеше повеќе да чека ептен му се спиеше. Очекував еднаш да се испоти, ама не знам зошто и втор пат.
     
  5. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    7.794
    Пол:
    Женски
    Никако не се справувам искрено, нешто што најмногу ме нервира тоа бацакање по дома и лежење по земја и ударање со нозе. Ама само оставам да помине ако не успеам со гушкање да го смирам. Секојдневно имаме драми за се и сешто, сакал нож - епа нема нож опасно е можеш да се исечеш и да тече крв и дете да плаче, и џабе објаснуваш почнува да се драматизира на најјако.
    @Bella_Stella нека се поти да излезе лошото. Старите така велат и има вистина во тоа. Не е ништо страшно ако се испоти повеќе. Со лесно да минува
     
    На Lavender13 и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  6. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    976
    Допаѓања:
    1.422
    Пол:
    Женски
    Спушта температура.
     
  7. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.125
    Допаѓања:
    20.234
    Пол:
    Женски
    Никогаш до волку се нема препотувано, затоа ми е чудно. Еве го трет пат се буди, последниов само во главата беше испотен. Нити е препокриен, нити спие во топла соба. Не знам до што е.
     
  8. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    7.794
    Пол:
    Женски
    А температура има уште? Самото тело мила ослободува, штом и чепче си ставила. Може и на боди да е и пак да биде жива вода. Не му се стресирај што поти толку, убаво е. Нека поти.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.520
    Допаѓања:
    42.806
    Пол:
    Женски
    И брат ми беше болен со некој вирус моментално и баш сега ми кажуваше дека цела ноќ 3-4 пати се препотувал и пресоблекувал.
    Дури денес е подобар 7 дена тт не спушти, он работи со деца и веројатно ист вирус како нив има фатено.

    @Lavender13 последно се фаќам како при крај на ден веќе викам, после ми е криво и се извинувам ама не можам веќе. Уште не можеме ред со спиење да фатиме, детево е како урочено, навиено, не знам, се да се прави само да не се спие, на крај на ден за се едно нешто има тантруми.

    Моево во тантрум ме тегне и се дере и рита со нозе во стомак, не ми дава да го спуштам, ама не ми дава ниту да го држам, јас пред некое време зборев, демек додека трае објаснував, ама тука некој ми рече да не зборам, да го игнорирам. И почнав така, го држам, до него сум или на негово ниво се спуштам ама си зборам нешто со мм, или со некој, или нешто правам, не му давам значење на тантрумот.Вака прилично брзо почна да поминува, веднаш се смирува и тогаш ќе застанам на негово пак ќе го гушнам и ќе зборам тивко дека нормално е да е лут, сите сме лути некогаш, ама не треба така да се искажува лутина дрн дрн, и он само повторува по мене, да, да, да, мислиш разбира:Dама сигурно нешто му останува во глава.

    Искрено веќе не му се толку нападни танрумите, ама инаетот од такт ме вади, убедување за се, посебно за облекување и се е проследено со плачки.
    Мора се да е со нешто лежење, пелена се става оти буба мара ќе влезе во куре, облеката се облекува со финта демек да покаже дека знае, и се е така со финти некои и трае 10-15-20м и стварно на крај нервите ми се влакно.
    На моменти толку се фрустрирам што одам во друга соба и се дерам во перница. А среќа сега нова игра му е мавање пластични топчиња во ѕид, тоа му е омилено, а и мене богами оти фрустрации вадам со мавањето.:devil:

    Не знам многу ми е тешко месецов, ич немам време за себе. Имм е длма еден месец, ама не смее да излегува што значи нема шетање со детево, што ми беше многу корисно, детево не сака од мене да се оддели само мама и мама, мислам дека полоша сепарателска криза немал до сега.

    Тешкичко другарки, тешкичко.
     
    На Giovanna, Ceneva, LiquidLuna и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.125
    Допаѓања:
    20.234
    Пол:
    Женски
    Нема температура, симната му е уште на првото препотување.
     
  11. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    745
    Допаѓања:
    1.075
    Пол:
    Женски
    Сум давала и јас сируп пред спиење од страв, ако ако можеш да издржиш ти да не заспиеш, остави го нека заспие со температура. Кога ќе качи 39 тогаш разбуди го и дај му сируп. Навечер практикувај бруфен зашто подолго држи од парацетамол да можеш и ти да поспиеш.
    Јас му облекував џемперчиња тенки или памучни за полесно да ги соблечам да не се разбудат.
    И уште еднаш да ве утешам дека се ќе помине, после две и пол се како други деца. Ќе спијат по цела ноќ, и дефинитивно помалку ќе се разболуваат. А и кога се разболуваат, е многу поразлично. Знаат да кажат им е топло, ладно, ги боли ли нешто. Пијат сируп, електролити, не носат пелена, дуваат нос.
    :hug:
     
    На Bella_Stella, lackygirl и 1209 им се допаѓа ова.
  12. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    399
    Пол:
    Женски
    А страшно е да спие со температура? Мислев не можат да спијат ако толку креваат.
     
  13. Fudbalgirl

    Fudbalgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2014
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    157
    Здраво мајки имам прашање немаме примено трета доза од вакцина за пневмококни инфекции сме пропуштиле на 12 месеци може да ја прими сега на 2ипол години
     
  14. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    7.794
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека може
     
    На Fudbalgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.798
    Допаѓања:
    23.505
    Пол:
    Женски
    @Bella_Stella му поминува, нема да крева поќе, кај моиве така се покажало, од ко ќе испотат не креваат поќе тт...
    Тантрумчиња секој ден по неколку :rofl: легнува, се фрла на под, се мава, каса, вришти :devil: јас игнорирам, засега поминуват побрзо, ама тек иди јакото :rofl: кај нас го смирува и брат му, одма почнува да му зборува, да му дава други играчки па скоро секогаш успева да го залажи.
    Иначе ако плачат помага и да зборуваш тивко, колку можите потивко, така за да ве слушнат ќе намалат со викање :D пробајте.
     
    На Giovanna, Mother of 2boys, Splendor. и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.243
    Допаѓања:
    18.352
    Прашај во диспанзер,има врска на колкав временски период се примени претходните и која возраст е во моментот детето.
     
    На Fudbalgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    618
    Не можев да најдам, а мислам дека тука ве читав за чистење на нос со шприц и физиолошки + воспаление на уво, дали помага или штети?
    И мм имаше таков вирус, спушта тт и после цела ноќ препотување 6-7 пати жива вода. Малата го помина ок без тт и потење ама сигурно го има фатено од неа.

    @1209 :hug::hug::hug: немам што друго да кажам ;(
     
    На Bella_Stella и 1209 им се допаѓа ова.
  18. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.520
    Допаѓања:
    42.806
    Пол:
    Женски
    Сабајле ме стегна главата да му направам домашно тесто за играње, најдоб рецепт на нет и успешно беше, измешав со разни бои и цело сабајле игра со тоа.
    Кој сака рецепт пишете, ептен брзо и лесно се прави.
     
    На Panovic, le.soleil, Bella_Stella и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.844
    Допаѓања:
    17.963
    Пол:
    Женски

    Кажувај ајде и така немам веќе никаква идеа за играње :D
     
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.520
    Допаѓања:
    42.806
    Пол:
    Женски
    Ставаш 3/4 вода, 3г лажици сок од лимон и 1г лажица зејтин на тивко да се згрее. Настрана мешаш 1 cup брашно и 1/4 cup сол и кога ќе се згрее(не да врие) го ставаш брашното и солта во мокриот дел, мешаш константно додека не се соедини и не стане како топка нелепливо.
    Тргаш настрана оставаш да се олади, го делиш на колку бои сакаш, ставаш боја за храна и замесуваш убаво.
    А ако немаш боја може и така не прави разлика.

    Јас случај и имав купс дома и затоа не мерев во грамови, ама 1кап пише дека е 250гр.
    1/4 пише дека е 60гр.
     
    Последна измена: 15 јануари 2025 во 11:40
    На kozuf, Bella_Stella, macalavica и 1 друга личност им се допаѓа ова.