Ај ја дапишам нешто. Му тече носот уште, синоќа крена 38.9 ама се држеше го истуширав симна до 38.2. Легна и си заспа во 9. Дефинитивно се забите му врнат лиги и мирсули, ја не знам од каде толку мрсули вади детево. Сабајлево е свеж, шетавме, "чистевме" низ дома собравме елката и сите новогодишни тракатанци па имаше плачење зошо ја береме елката, се договоривме дека мачорот ке ни ја земе па да ја скиреме за дедо мраз догодина да му донесе поклони. Само за нешто се убедуваме. Амаа моево дете ја не знам од кај научи дека сака дада мислам дека мм го има научено скришкум иако и он беше морам тука да признаам изненаден од ситуацијата. Значи одме во тоалет заедно се подразбира и сака да ми чепка во пупакот, а мене ме боли притиска. И јас му кажувам во мешето бил Диме, мама го галела, му пеела, тато го бакнувал дрн дрн дрн... ова пред 4-5 дена. И добро, синоќа седиме на фотељата и кај му текна пак да ми буричка низ стомак и јас му велам ама нели мама ти кажа дека тука мама Диме го чувала да порасне голем и да може да си седис еа со мама и тате. И се симна дете од скут и ме баци во стомакот и вика "дадааа" и ме гушка. Јас бев шокирана, и мм му вели дада има таму тате и овој да, дада и бацува. Ако ви кажам за 2 недели дека ми доцни не се чудете, а јас ке фатам патот бардовци
Хахахахах ме изнасмеа Ќерка ми нема слушано такви работи дома, не знае што е брат и сестра ама знае од кај дошла, дека била во меше нели и пред некој ден ми вика "Има бебе?" фаќајќи ми го мешето Викам не златна, а ти си причина за тоа, ама ќе има Леле детево ме пукна деновиве луѓе, значи притисок ми праи повеќе од сите. "Ајде татоооо, стави бебе кај мама во меше" А мм си ќути, и вика "Прашај ја мајка ти тоа, јас не знам"
Страшно е ако заспиеш и ти и не го сетиш. Јас моите по дишењето ги познавам. И не давам на 38, оставам да спијат и да кренат тем додека не се стоплат екстремитети, па тогаш давам сируп. Да ги туширам ми е страв бидејќи еднаш го истуширав големиот кога беше помал и се стреси. И во болница кога бевме ми кажаа да го истуширам кога ќе му падне температура, главата не. Чепче еднаш му ставив само кога повраќаше. Исто ми кажаа дека за момчиња не биле препорачливи, зошто не знам.
@Carolin. , @LiquidLuna , под мустаќ се смеам, да не ми дојди на глава нештото. Ќерка си игра со кукли, абер нема ни за бебе, ни за меше, ни дека дошла од некаде. Ни пак ние сме споменале таму. Башка пред некој ден, толку беше "мирна" ќерка, што јас изгубив нерви и маж си го однесе, така да и тој во широк радиус ме избегнува сега, не пак на нешто да му текне. @Bella_Stella . Нека врви со лесно. Единствено што ми е предност сега од минатата година е што ќерка дозволува без проблем и тегнење, да чистиме нос кога е настината, болна.
Јас едно од првите нешта што ја научив беше кој ја роди, и кој ја направил А маж одамна си го нема однесено, дали тоа значи дека детево помалку ме нервира?
Верувам дека како растат е полесно, приметувам и по него. Порано кога беше болен се молевме за вода, сега сам си бара. Ама уште дешифрираме што го мачи, кога качува температура се стега цел, јас претпоставувам има мускулна болка, ама не можам да знам кога не може да каже. Кога го заспивам само што почнал да качува и не му дадам лек, после е полошо. Се буди, плаче, се тегне. Па ќе се расони и после тешко заспива. Сабајле последно чепче во 6ч му ставив, немаше висока, 37.8, ама цела ноќ не спиевме од будење и кенкање и веќе не можев да издржам да чекам да качи доволно за лек. Спиеше докај 10, ама со константно будење од што е затнат, ни лепенки помогнаа ништо, од нив дури како полошо да беше, киваше. Еве го сега заспа пред скоро пола саат и се разбуди после 15 мин плаче, се тегне, едвај го смирив. Моментално во раце ми спие, страв ми е да го оставам. Малку ми се плаче веќе, дома е хаос, ручек не можам да направам, компјутерот ме чека да го уклучам и да работам. Маж ми е на работа до 4, а мене ми се гледа како цела вечност. Преморена сум, не знам како уште стојам на нозе.
Пази од лепенките, на другарка ми алергија страшна направи кога прв пат на облека го ставила, пред тоа на кревет лепела.
Не бе и ние немаме зборено пред него. Ама не знам ова дете е ко сунѓер мислам дека слуша и комшиите што зборат па пренесува многу ја сака братучетка му па ваљда затоа му иде дада да вика. Кој ти вика онаа дада ми само ме мава, не игра со мене ај напрајте една да ја играм @Miss_S јас и мм сме на ратна нога, кога стануваше бебо 3-4 ноќи и седеше до 3 сабајле ко за беља доаѓаше во 8 навечер и јас бев капната и папсана и он си го доби пред некој ден така да сеа освен ако треба нешто за детево не комуницираме најдобро колку што ме држи памтење и не сме се омрсиле во новава година, уште не држат излеа божиќни пости Сама ќе се испратам ај
Не треба да правиш ручек, и онака бебе нема да јаде. Свари една супа, може ќе изеде некоја лажичка. Напиј се сокче, чоколадо. Маж нека донесе нешто за јадење. Истуширај се, одмори се. За ден два ќе му биде подобро, ќе расчистиш.
Бела отвори на инста ако имаш, Христина пан имаше споделено еден гел, глупо ми е да ставам слика овде пошо девојчето е на истата, Pavle Paxi за отежнато дишење, болки во мускули имаше пишано.
На овој ако мислиш, редовно си го користиме ние. Од Зегин го земам. Настината или не мачкам пред спиење. Може не секоја вечер, кога е добра ама 3-4 пати неделно ставам.
Синко мој почна од кога ќе се искака да кажува, мама каки Дали тоа значи дека за брзо ќе почне и да кажува пред да кака Супер би било и на пролет да тргнеме пелените И да прашам некоја дали има порачувано мече што дише и има 30 мелодии... Сакам за поклон да купам па дали сте задоволни тое што имате
Јас најчесто после бањање, мачкам мала количина на градите. Најчесто пред спиење ја бањам, па тогаш. На друг дел од телото не сум користела, мислам на нос и слично.
Така ќе биде да. Ми поспа во раце, успеав некако да го оставам, ама кога стана пак почна да качува. Го ладевме ама џабе, пред еден саат морав пак да дадам лек. Не знам каков вирус е, ама го поминавме веќе третиот ден, од неделата сабајле почна да качува. Целиот тече, лиги, солзи, носе. Го имам, ќе намачкам ноќеска.
Ооо мојот оди до нокшир кога е на добрите или до вц школката и вели дие какаааа, а никако не остава да го седнам на нокшир
Јас нокширот го сокрив, зошто го врти наопаку и отвара кај што е батеријата,господин сопруг тоа му покажа. А посекако од три секунди и не седеше повеќе. Ќе купам обичен што не свири да немам главоболки