Еее овој не е ништо посебно,само кога мочка почнува да свири Инаку ги има како шоља личи и горе на капакот од казанчето има музика, како да испушта вода. И многу други. И јас со кој ум купив не знам искрено таков, мислев ќе сака да седи и мочка кога ќе слушне дека свири ,ама неее, мм мораше да му покаже од кај свири и дека кога со наплунчени прсти фаќаш на контактот свири. И сега синко тоа прави и затоа го сокрив.
Ќе мочкаат и без музика кога ќе им дојде време. Јас уште не сум купила нокшир, планирам најобичен, здравје на пролет.
Па и јас на пролет ќе почнам да го одвикнувам, и ќе си купам најобичен. Среќа ни овој не го платив многу па не ми е криво Како сте вие? Подобар е ?
Првото дете за какање кажуваше од кај 2 год и 2 3 месеци, за мочање на 2 и пол год, тогаш скроз ги фрливме пелените. Малово дури следното лето планирам хахахха сега в лето ќе направи 2 год, мал ќе биди, 2 и пол ќе биди зима, па тек таму в година пролетта за откажување планирам, освен ако нешто сам не почни. Иначе имаме 2 обични нокшири, бидејќи горе немаме вц уште користиме нокшири со големиот да не му студи долу во купатило, па така свеки на сабајле ако ги чува му ги носи 2та и да седнат 2та, малово седнува облечено со пелени со се па демек се мочкат
Не баш. Сто пати се разбуди откако е заспан. Плаче, се тегне, не дава да го земам. Веќе не знам ни што му е, ме полуде. Заби ли се, вирусот ли е само, не знам. Го намачкав со гел, па плаче го плука, му прснав спреј во носот, му дадов и сируп за алергија зошто кива чат пат па викам ај и тоа да пробам. Еве го пред малце заспа пак, ќе видиме до кога. Температура последно качи во 6 поручекта, сега уште нема почнато да качува. Се молам да биде помирна оваа вечер зошто ако биде како синоќа официјално ќе се мрднам.
Ох души. Се измачивте. Посакувам помирна ноќ да имате и да се одморите сите. Кај нас сношти по долго време мирно поминавме, без многу будења, и денес денското спиење му беше супер. И многу посакувам така да продолжи, оти и јас ќе се мрднам од 100 пати што станува, а здрав прав е. А можам да замислам додатно да му е нешто какво би било. Така да те разбирам и поддршка праќам и многу
Бела како што те читам нешто слично има и син ми. Имаше температура 3 дена и последната вечер го пресоблеков 6 пати, и толку беше со температурата. А не е дете што се поти и јас се чудев зошто толку се препоти. Носот уште не му е среден, прво му течеше како вода, па затнат, па зелен густ секрет, па пак затнат и така во круг еве втора недела. И мене ме фати ова со носот ужасно е мислам ќе се загушам од еден тон густ секрет ем затната и воопшто немам мирис. Вирусот е страшен, цела вечност трае. Поминувајте со лесно ти пуштам сила
И јас бев пред недела дена со таков лош секрет, дури и брис правев да видам да не си префрлуваме бактерија со него пошто имаше пред некое време, ама чист е. И он порано од температура не се потел, сега не знам што е ова. Вечерва кога легна не ни имаше температура, симната му беше негде од 19ч, а заспа во 20:30 и пак се направи жива вода. Ич не е лесно, ама ќе издржиме, нема друго. Побрзо да поминува и кај вас.
Нема моментално. Ама се потеше и синоќа така па со саати немаше и сабајле пак качи. Не знам ми нема логика вирусов малку. Ќе видам вечерва како ќе помине и утре од сабајле како ќе биде, ако не е добар ќе го носам на лекар. Обично до сега не го држела температурата повеќе од три дена, освен кога имаше бактерија во нос. Овој пат почна во неделата сабајле да качува и очекував до денес сабајле да го држи, ама качи и поручек, така да не знам. Ќе видиме.
Малата пред нг имаше температура 7 дена. На брис излезе стрептокока во нос. Е сега дали вируст или бактеријата даваа симптоми не знам. Поентата ми е ако е истото трае малку подолго, да не те плаши температурата.
Чудно што по потењето пак качува, ти викам мојот по цела вечер потење не качи веќе. Ај баш пиши симптоми и јас се сомневам на стрептокока во нос
Нема качено денес, ама не носам заклучоци прерано, ќе видам како ќе се одвива денот. Бактерија не верувам да е. Секретот е проѕирен, а температурата не оди толку високо. Еднаш до сега имаше бактерија во нос и секретот беше обоен, а температурата стигаше и до 40.2, нагло се качуваше и траеше 5-6 дена.
Што е со фазава соблекување на панталони? Бега во куќичката што ја има, се утрајува и си ги соблекува панталоните. Си го проучува ли телото, што му значи ова? Го прашувам за мочкање, какање, не ми изгледа дека ради тоа.
Ау со тие чорапи мака жива да се научи дека треба да се на нога, пантофли сеа носи па со нив нркако не му текнува да ги соблекува. Иначе беше ти една облекуваш он другата ја соблекува. Зима е, да е лето нека трча бос, ама кај нас дома не е ни на лето да трча бос се е плочки. Подно имаме во дневна само, остаткотот нема а он си шпарта низ цел спрат. Јас го гледам и ми замрзнуваат нозете, јас и со чорапи спиев едно време од што не си ги осеќам нозете.