Мајки можно ли е да се прекинат ноќните подои, а да не ја одбивам? Слаба ми е со здравјето да ја оставам да поцица уште некој месец, ама и јас да преживеам, а со ова темпо и 10+ будења немам шанса.
Пробај со тоа не на секое будење да добива цице. Така ќе ги намалиш. Јас сега почнав тоа, некогаш успева некогаш не. Ама пу пу да не го заречам два пати цица сега во ноќта и како помалку да ми се буди. Во предходните две ноќи, едната два пати се разбуди,сношти три. Оваа вечер ќе видиме како ќе биде. Јас постепено му намалувам зошто го одбивам. Не се трпеше по цела ноќ на цицка.
Не,тие се последни за кратење. Моментално се соочувам со ова,му скратив дневни и за заспивање(два дена де,ама мислам дека сум на добар пат) а ноќеска цицаше повеќе од 6 пати и ме изнервира да продолжам понатаму со одбивање,ова не води никаде. Откако заспа од 9ипол, 3 пати се разбуди и плачеше,не дадов (уствари уште сум намачкана со сенф,но ќе се измијам за ноќва ако побара.). Извини се надоврзав на твојот пост,ми требаше некаде да се искажам, зошто сама се справувам,мм е на работа. Ти ако си решена да ја одбиеш давај разновидна исхрана, свежо овошје, зеленчук ...во краен случај и препарат за имунитет. Не знам која возраст е детето,ама не верувам дека доењето има голем удел во имунитетот кај поголеми бебиња/деца кои веќе јадат се.
Таман напишав и стана, цицна и ќе видеме до кога. Денски и за заспивање веќе не добива месец дена. Знае да побара пред спиење ама ќе му речам нема млеко, ,нели јадеше млеко и кекс што бараш уште доста е. И не инсистира. Ама ноќе во полусон не пали тоа, одма хистерија, плаче и се расонува. Се немам мачкано со сенф, тоа ми е крајно во план ако не бива со кратењево. Подршка мами и ќе успееме за брзо
Моево оди во градинка и таму си заспива дење без проблем. Е викендов ќе го нишкам и ќе пеам,не давам дење да цица по никоја цена! Јас завчера почнав со сенфот, цицаше кога дојде од градинка,потоа изгледа огладне и побара пак (или од навика). Си реков ај да пробам(една пријателка ми кажа за ова) и се намачкав и реков расипано е, чудно му беше,плачеше,викам пробај,проба и му се згади. Го бараше другото и тоа го намачкав,па ги покриваше,а од кај вратот ѕиркаше и бараше други и некако заборави. За заспивање не му дадов вечерта,ама ноќта да,да не му дојде нагло и него,и на мене. Денес од сабајле од 6 нема цицано,ќе видиме до кога... Со лесно нека ни е
Леле ова со барањето други ми е врв. Син ми одамна цица паралелно од двете гради, ако не се и двете надвор војна се случува и ме тегне ми ја вади. Е некогаш кога ќе му помине јакиот млаз и на двете страни, бара трета дојка и се нервира што нема. Со среќа нека ви е одбивањето. Со дете што тешко вади заби не знам кога ќе се случи тоа кај нас. И он заспива во градинка без цицање, ама дома бара. Да оздрави ќе пробам и јас да ги тргнам тие за викенд преку ден. Многу е нападен и нервозен ако не добие, мислам ќе ме истепа. Си викам да успеам докај вториот роденден да ги намалам подоите, ќе биде успех.
Мојов ако сум дома, цел ден се мези, јас неможам да намалам, ќе мора изгледа нагло да биди. Ме фаќа од горе ја пика раката и така си ка држи меѓу гради вака заспива и со мама, раката и ја ставал меѓу гради иначе цела сум изгребана на врат и на гради Др позитивно е што заспива со сите без цицање. Моментално рутината е вака, цица в спална, па си станува си заминува в дневна и заспива со татко му со валцери Ноќе тој го презаспива ко ќе станува тој со нишање го презаспива, во 3 ми го предава и тогаш цица, па после до 7 уште еднаш можи ќе цица. Вака е последава недела.
Денес две ревакцини, и сега мирна глава од вакцини до пред тргнување во школо... Систематски направен, стомтологот задоволна, бели и здрави запчињата. Логопед презадоволна, на таа возраст требало 15 зборчиња да кажува, а он пу пу почна прости реченици да кажува. Друго што кажа како информација е дека треба да се врти кога го викаме и да извршува задачи. Така да се е супер во тој поглед. Очно исто ок се, уво нос и грло исто,само ни даде сируп за алергија оти многу ги чеша ушињата. Мама е среќна што детето е топ
Па не ми остана нешто во сеќавање. Првата доза ја стави со уште една друга. Не ми текнува која. После втората беше само таа. Температурата немаше сигурно. Евентуално да била малку плачлива. Парацетамол немам давало после вакцина до сега. Кај неа само скоро после секоја вакцина и излегува егзема.
Истото и ние го поминуваме. Прво температура, сега нос и грло и двајцата… А година ипол има и не соработува за ништо, плачки е за сирупче, за капки, за инхалации… Мене ми е мачно, не па на него. Со лесно на сите, да помине побрзо.
И мојата конечно почна да заспива за дремката без цицање. Така се навикна со татко и и мајка ми, па еве денес и со мене така. Ама некако џабе зошто ти како што си пишала - мислам ќе ме истепа ако не и дадам. Посебно од кога ќе дојдам од работа или за призаспивање. Дали почна да ги вади тројките? Јас се осеќам како 2-3 недели веќе да зборувам вака и од забите, а нигде ги нема уште. Тројкиве ми изгледаат ко најтешки.
Тешки се ептен. На моето наеднаш му пробиваа сите 4 четворки и сите 4 тројки, цел октомври беше хаос. Ама дефинитивно после тоа се смири и он и јас Можам да кажам дека конечно преспива ноќ, некогаш знае да стане на газ ке разгледа и продолжува со спиење. Освен кога има мака нели. А јас учена на неспиење станувам у 5 и дремам наспана.
Те разбирам скроз. Пробав јас без мм додека беше на пат да не давам ноќеска, после некое време двете плачевме и попуштив. Многу е тешко, тука сме да се искажеме ако помага инаку 17м е ќерка ми, нудам разновидна здрава исхрана ама ептен пребира и слабо јаде. Пие и бимунал за имунитет. Ама слабокрвна е и откако е во градинка стално е болна. Цица пред заспивање, и некогаш ретко после градинка ако не успеам да и одвлечам внимание. Ама ноќеска немам ни сила ни воља да нишкам толкаво дете, со дискус хернија сум, ако не цица вришти. И така минимум 6 пати последните 5 месеци. Некој пиша после годинката станува полесно, мене ми стана многу потешко не сакам да плашам никој само да се пожалам да ми олесни
Успеавме. Пу пу да не се заречам само. Заспива 8ипол станува 7ипол. До 12 мое време е, првите денви не верував што се случува ама ептен билп убаво да си наспан. На сите ви посакувам што побрзо и што помирно да си спиете