На која возраст треба да знае 15 зборчиња детето? Моево има 18м и употребува десетина зборови со значење,но јас сум разочарана очекував многу повеќе да кажува,т.е. да повторува по нас. Прави ли некој вежби за фина моторика и ако да,какви? Знам дека фината моторика е поврзана со говорот,па да го поттикнам некако. Ко за инат да не збори детево. И да знаеш дека се најтешки 3ките. Кенкаво,раздразливо дете (оправдано си има мака) сите 4 одеднаш пробиваа,закачи бактерија,месец ипол болен, многу непроспиени ноќи, се будеше од 3 до 5 неколку ноќи,па возење во кола да преспие,нејќе да цица,нејќе да го нишкаш...хорор..
Моето е 20 месеци. Не му се секирај добари сте, земате залет. Одеднаш ќе почне повеќе. Моево е како папагал деновиве и многу е смешен
На 17. Прекинав со доење на 16 месеци. После тоа имаше будења, ама 2-3 најчесто за вода или од навика што знам тоа траеше одприлика 2 недели. Ама веќе си спие цел ноќ. Освен кога има мака нешто, нели тогаш се се пореметува.
Колкаво е вашето? И јас се мислам за еден систематски. Ако 15 зборови се ок, моево е за на школо да го пратам Многу е смешен што зборо многу, прееска од никаде ми вика, мама абе жеден сум, онака баш чисто го кажа, деновиве хит му е “абе” и ако не правиме нешто по негово оди по нас и вика абе нееее, ако барал нешто, вика абе те го бе А најлошо што има научено “ебам матер” И мислам дека е од мене, јас обично не пцувам и се пазам пред него ама веројатно ми се испуштило и он одма научил. И тоа знае кога да го употребува, кога ќе скрши нешто вели ебам матер. Стварно се сунѓери, буквално одма помнат се. Моево мислам дека има многу добра меморија и затоа збори толку, не дека знае значење на се, туку повторува се што ќе чуе. Кажува и сложени реченици и почна и сврзници да користи, супер е во тој поглед ептен сум задоволна.
20 месеци. Моето не зборува колку твоето ама супер е. Мама где је му беше прва реченица Вие сте топ немаш грижи
38.6 можно да е од вакцините или има закачено нешто во меѓувреме. Крвната слика вчера му беше топ. И целосно прегледан, одличен беше.
Хахаха исто двете мора да се на изволте и бара трета и се лути што ја нема Мене и ме притиска со забите и ме боли ама за сега не размислувам за откажување @Ceneva мене од вакцина не ми кренале тт ама ми се деси ден после вакцина да качи тт и да снумава глас, испадна спуштила на плуќа без предходно да има мрсули или кашлање, мислев од вакцината е ама ако е ммр вакцина после 7-10 дена е реакција и ми рекоа не е сигурно од тоа ама така се поклопи
Мене од вакцините секогаш ми качувал тт, ама брзо минува за еден ден обично, така да ќе видиш дали е од тоа, можно е.
од кога во детска и како да се привикне има 13м. ?? и се буди на секој саат за млеко со плачење. Каша пред да заспие и млеко ( да е сит)... а имаше период се будеше во 4 сабајле и 8 и тоа беше... сега нз што е проблемот...има како да се надмине таа фаза?
Мислам дека после 2г е нај ок да се почне во детска според мене.. моето има и дада поголема ама не сум за тренинг туку кога е дете спремно, без разлика на годините. Првото ми почна на 4г во детска и уште се буди да види дали сме тука. На 13 месеци имаат скок, учењето да оди и да разбира повеќе им ги уморува мозочињата и затоа знаат да се напнати, со тоа следи нели и регресија во спиење. Знам првото на 13-14 месеци стануваше и по 2 саати низ дневна се плеткаше, второто немаше такви периоди пример.
Синко прв пат реакција, ама две ревакцини беа. ДТП и Хиб, му ги избоцкаа двете раце. Сега ја симнавме па да се надевам нема пак да качи.
Сепак се смири од ко излегоја 3ките, можи има и доењето удел ама сепак дур не ги извадат сите заби не спијат повеќето деца. Со првото така беше до 2 и пол дур не ги извади сите 5ки... Второво воопшто не ме поштеди исто како првото "лошо" ми се погоди за спиење лошо хахах иначе супер се, дечиња. Сите се различни нека се живи и здрави само, ќе спијат после, ќе спиеме и ние В понеделник планирам в градинка да го носам wish me luck да издржи барем 3 недели без разболување... А шо убав период си имавме 3 месеци здрав само со еден ларингит кој го помина во 2 дена без никакви последици.
Па како што имам и јас дома 13м бебе, не ни помислувам пред 3 год, а тоа ти е генерално препорака од сите. Моментално е и во 9ти скок, а секако си бара близина и сигурност од родителите.
Dr. Goodnight ја слушав за ова тема, дете во своја соба. Според неа од 2 и пол до 3 и пол години треба да се одвои во тој период. Мене ми е така планот пред третата година таа пролет да почнам
Тука е само до родителите, кога се тие спремни уствари големиот, 6 год, со мене спие уште, план ми е двајцата заедно в детска, сакам да пробам в лето, малото ќе направи 2 год тогаш, па како ќе биди нз, здравје.
Да да, се смири. Некоја петка излегуваше мислам левата така ме гребна на прст кога му ставав масте 2 вечери плачеше и беше црвен во образите. Ама тоа помина. Добар е сеа, освен што се врти ко перките на хеликоптер кога спие
Многу ми е смешна со ова: абеее неее. Хит и е. Кога и викам нешто да не прави или ако нешто не сака ми го кажува ова. Пред некој ден се објаснувам нешто со мм и викам: божее, сеа цело време повторува божее како мало теткиче. Се впиваат, а ние не сме свесни што кажуваме пред нив.