Сум мислела и претходно да те прашам - како стимулираше говор? Ова е вау!!! Мојата скоро 19 месеци е и има околу 50ина зборчиња ама се уште не кажува ни прости реченици. Си зборува кинески. И најмногу се нервира кога ни кажува нешто, а не ја разбираме. Тоа е крај на светот. И зборуваме постојано што како правиме, екраните не се на нула, гледа ама навистина не е предолго и 90% е на македонски освен тие некои Рам сам сам. Сликовници фала Богу сака, во денот неколку пати читаме.
Мајки од Швајцарија или Германија, едно брзо прашање, каде можам да најдам бело фустанче за 2-3 месечно бебе? Можеби не е за тука прашањето ама не знаев каде да прашам
Мајка таман си е, 50 збора е супер, ќе научи скоро и друго, не се нервирај супер си е. И другите и моево се нервираат како да е крај на свет кога не ги разбираме. А никако посебно не стимулирам, моево и цртани гледа. Едноставно си е таков муабетчија, и јас сум била иста, веројатно е гени во прашање.
Во скоро имаш видено дека има? Бев скоро во еден Кик ама не најдов. Инаку за крштевка ми треба, во тој стил нешто.
Зависи 2-3 работни дена. Peek and Clopenburg имате? Jacardi од продавниците. Амазон имаш убави и чевличиња и венчиња
Јас дури ти одговорам... Јас ги пиев и двете, не правеа кај бејби несоница. Поради високата доза кофеин може да направат несоница, затоа не се препорачува тие по 7 што се. Ние имаме полни 2 и уште немаме ставено, планот ми беше сега ама пак се затна, се раскашла, секрет пак има. Мислам дека клучно е многу зборење со децата, уста да не затвориш. Јас секој процес го објаснувам, се, од вода пиење до менување пелена, облакање, искачање, се зборувам. Тешко е, некогаш не ти е до муабет, ама само така деца повторуваат. И пак на крај е до детето. Моево исто гледа тв, и сака да гледа не само што гледа, нон стоп нешто да бучи дома, песнички, реклами, Маша, Биби, едно маче има на руски... Вчера гледаме на сториња куче бело големо и ми вика Јеје мама како гоемо куч(ш)е, ч ја кажува меѓу ш и ч, и го прашувам каква боја е кучето, мислејќи нема да знае од пушка ми вика Беуо! Работи кои никогаш не сум му ги вежбала пример ги кажува, бои, форми, такви работи. Врв ми беше кога му дадов да јаде за ручек полнета пиперка у чопна 2 пати ама не беше воодушевен и остави, брат му ја изеде некако неговата и му ја нудам за вечера пак, секогаш ручек недојаден го нудам и за вечера, му давам и зима тањирот му го става на брат му пред него и вика Бате јаде ова!
4 дена. Кај мене немаше висока тт, само до 37.5 али ме уби. После уште најмалку 1 недела глава ме болеше. Не знам тебе дали ти се повраќа, мене душата ми беше у нос.
Јас изгорев. Синоќа качував до 39 и не се симнуваше со ништо. Прво саат ипол имав треска и кога намали качив ептен висока. Главоболка имам ненормална, не се опишува. Јас си имам мигренозни главоболки ама ова е некоја друга димензија. Сега се потам цело време и почнав од носот да вадам секрет. Многу ми е лошо, премногу, цело тело ме боли.
Баш така, цело тело ме болеше, косата ако ми се помрднеше ме болеше. Викаат сој на ковид било. Децава не фатија, малото многу прдкаше тие денови, ама ништо друго.
Кај нас малово беше од минатиот викенд со температура неколку дена, затнат е во носето и поткашлува. Уште не е асално дооздравен. Ама крвната слика покажа дека не е вирус, наводно настика. Јас не знам од каде го закачив ова чудо кога од дома не мрдам. Ковид немам прележано, ама ако било вака многу лошо. Со што се лечеше ти? Јас сум ограничена од што цица, а ибупрофен и парацетамол како веќе да не ми делуваат.
Јас пред 2 месеци имав нешто слично, немав висока тт, ама главоболки ужасни и константно 37,7 и ужасна кашлица, со секрет во нос. Траеше некои 10на дена, ама не можев да издржам со главоболките и матичниот на 7от ден ми даде Зинат. И јас дојам, ама беше невозможно да застанам на нозе. Кетонали пиев, немаа некој ефект колку беше ужасно. После децата фатија од мене, големата пројде со температура и кашлица. Не те утешив, ама тоа е, брзо да проаѓа, знам дека се изнамачи и со детенцето.
Што е тоа Зинат? И јас си викам да не сум за некој појак лек, не знам. Се осеќам неспособно, не можам детето да си го гледам. А сами сме со маж ми, он од утре и на работа мора да се враќа. Ако бидам вака не знам како ќе издржам.