Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Marijana93

    Marijana93 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    1.382
    Допаѓања:
    9.584
    Мене ми даваше докторот за ќерка ми црева вадеше од него, само што ќе го мириснеше, а не да го пие гаден вкус има.
     
  2. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.582
    Допаѓања:
    7.842
    Пол:
    Женски
    Симнавме температура, од сношти нема,ама затоа ме пукна на цицка ми беше цела ноќ, плачење и му пукаше во стомак колку го грчеше,дадов пола доза бруфен ама не спиеше мирно.
    Вчера имавме и две течни столици, зелени, а смрдливи аууу немам осетено такво нешто. Денес пак му беше зеленкаста малку ама фала богу не е течна. Баш реакција имавме. Ама мислам дека помина да не го заречам.
    А како се има разлигавено тоа е веќе друга приказна. Сега да се враќаме во нормала
     
  3. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    626
    Види онјалн next.de
     
    На lalinda му/ѝ се допаѓа ова.
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.564
    Допаѓања:
    42.994
    Пол:
    Женски
    Бела, брат ми и снаа ми 10 дена беа болни, со 7дена тт, ептен неарно им беше. Брат ми се исуши.
    А јас Ковид 3 пати прележав инаку, полошо во животот не сумс е осеќала, буквално се ме болеше како што велиш, се сеќавам уште како мачно ми беше, посебно болките во коските, ау ужас.
    А и од вакцините за Ковид имав иста реакција, од првата доза не можев да станам од кревет, мм на раце ме носеше до вц.
     
  5. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.171
    Допаѓања:
    20.315
    Пол:
    Женски
    Јас не памтам некогаш да сум била вака болна. Температура немав качено од дете, прв пат качив кога имав мастит. Многу гаден вирус, друг човек сум моментално. Немам сила на нозе да си стојам.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    626
    Имав и јас нешто слично како што опишуваш во декември, уште кашлам и имам секрет и денес. Мислам дека само одмор помага за вакво нешто да помине побрзо, ама јас немав опција. Од што не ме држеа нозе лежев на под дури она си игра па се качуваше по мене :drunk: Ако имаш баби и дедовци што можат да помогнат околу детето, сега е моментот.

    бтв мајки има ли некоја примена за тетра пелените за 1+ дете или да фрлам?
     
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.564
    Допаѓања:
    42.994
    Пол:
    Женски
    Какво фрлање тетра:D Јас за де ги користам, бришење раце, кога мијам газе го умоткувам, летно време после капење во базен, за кога јаде да бришам, дури неколку земав за мене во кујна и бришење прашина. Буквално најкористена работа ми се:D
     
    На warrior, Splendor. и Ceneva им се допаѓа ова.
  8. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.582
    Допаѓања:
    7.842
    Пол:
    Женски
    Да поминува побрзо. Но ако треба нешто појако да се напиеш гледај да биде по доење на пример. Во такви случаеви мора нешто да се превземе, нема ништо да му биде од толку, не е секојдневно па да се секираш.
    Јас кога имав и дијареа и повраќање, лековите за повраќање не ги препорачуват за доили, ама ако не се напиев ќе завршев на инфузија а во неа пак ќе ми ставеа таква инекција. И гледав да пијам во период кога знам дека на брзо нема да цица.
    Мораш да се подкренеш, или ќе треба мм да зема боловање. Кај така сама мила. Те гушкам :hug:
     
    На Bella_Stella и kozuf им се допаѓа ова.
  9. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    626
    И мене ми беа ама во последно време се помалце ги користам. Голема е не можам да ја избришам после капење со една :D за миење раце закачував и ми паѓа од закачалката па земав мали крпи со такво за закачување :D може требаше да ја сменам закачалката сега кога се замислив :D а за бришење не ми текнало ете им примена
     
  10. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.582
    Допаѓања:
    7.842
    Пол:
    Женски
    Тетра користам кога му мијам газе и го бришам. Па и по капење со нив го бришам, поубаво ми упиваат од бањарките. Кога јаде во скут му ставам. Јас си најдов примени доста
     
    На kozuf му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    626
    Добра поента со доењето, јас завршив на инфузија и ми даваа секакви лекови, па не смеев да дојам после со саати и беше драми дома. После пиев и антибиотик, што мислам искрено дека беше непотребно ама од безизлезност земав. Ама подобро контролирано по малку отколку вакво нешто да те снајде. И нека зема маж ти боледување за нега на дете ако може, мора да се накренеш малку @Bella_Stella
     
  12. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    1.454
    Пол:
    Женски
    Еден ден ми беше вака како тебе, абе неможев да мрднам, одев свиткана од болки во тело, не ми се веруваше дека така може да ме бутне. Исто, после една недела ме фати. Таков е вирусот, мислиш поминало ќе фати некој друг и во круг. Цел декември не држеше.

    Пиј МНОГУ течности, ама МНОГУ тоа ми помогна мене. По 2,3 тенџњриња чај варев, супа и цедени сокови и оние на фруктал во стаклено шише од цвекло, морков, имуно.. само тоа мислам дека ме спаси.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  13. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    7.228
    Пол:
    Женски
    Женски де ај ум, како да му помогнам.
    Малата е болна уште од минатата недела, вторник-среда. Не дека и предходно беше нешто здрава де.
    Од среда почна секрет од носење, беше проѕирен па сега е зелен веќе. Температура не ни имаше нешто, само една вечер до 37.8.
    Сама од себе симна.
    Е ама секрет нон стоп. Не престанува. Ни оперил п не и помага. Не може да спие, кашла буквално на секоја минута.
    Инаку е свежа, игра, не јаде многу ама тоа е.
    Како да и помогнам со секретот не знам. Навечер не може да спие од што и се слева и нон стоп кашла.
    Утре ќе се јавам на лекар секако, ама што со ноќва?
    Ја држам и исправено да спие, и кромид и ништо не помага.
     
  14. DaftyCrafty

    DaftyCrafty Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2020
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    334
    Пол:
    Женски
    Антибиотик е, мене матичниот ми го даде како демек послаб пошто дојам, ама бебето после секако заврши на антибиотик. Те разбирам скроз, со две деца сум, не можев да станам колку ми беше лошо. Големата ме галеше од жал колку бев скапана. Дури и на инфузија завршив и џабе, ни тт се симна, ни главоболки ми пројдоа иако ми ставија парацетамол. Вода, сокови, чаеви, супи, сѐ што можеш да испиеш и барај помош од баби, тетки, стрини.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    626
    Кашла од секретот што се слева?
    Нас во таква ситуација ни помогна сируп за алергија. Долго се мачевме така и не сакав да дадам, пробав се друго. Ама стварно само ова помогна, објаснувањето од докторката беше дека помогнало со намалување на отокот во носот и грлото.
    И една крема мустела можеби беше малку корисна[​IMG]
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  16. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    7.228
    Пол:
    Женски
    Да од секретот што се слева.
    Е за сируп се велам ќе купам и се заборавам, а вчера бев во аптека. Крема имам и јас, ќе ја нмачкам и тоа.
    Спрејот за нос ко божем треба да помогне, ама ништо.
    Не влечам многу, оти слузокожата на носот и е партал секако, преска имаше крв и ми е страв. И две тројки исто у најава од доле.
    Жална е.
    Дадов по пола доза ибупрофен вчера и преска, бар болка да и намали.
    Утре гарант ќе ме откачат од матичен, ама ај да пробам.
     
  17. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    626
    А со шприц со физиолошки да исчистиш, може ќе и олесни (кај нас не помогна воопшто ама сите ми го гарантираа тоа како решение). Иако знам немате така лесно достапни шприцеви и игли во странство. Матичен барем нека види дека не е црвено грлото и да ја слушне на гради.
    Штом има крв не влечи, ама можеш со хипотоничен раствор да прскаш почесто да се навлажнува додека не ве види доктор.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  18. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    7.228
    Пол:
    Женски
    И влажнам под нос со инхалаторот со физиолошки. Имам шприцеви не е проблем. Проблемот е што она толку плаче на перење нос, што после дупло се полни секрет. Па се што не се мора, не го правам.
    Ама ако не престане, ќе морам и ова да го применам.
     
  19. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    626
    Може пиша ама не најдов, од кои вакцини вакви реакции има? Со помин и со лесно :l:
     
  20. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.171
    Допаѓања:
    20.315
    Пол:
    Женски
    Оф камо да имав од кој да побарам помош. Моите не се тука, на маж ми работат. Денес сум за нијанса подобра, пак имав треска ама траеше пократко и качив температура ама еве се симнува полека со парацетамол, вчера не можев да ја симнам за жива глава. Да ми кажуваше некој дека може вака да се биде болен немаше да верувам. Ужас.