Оф камо да имав од кој да побарам помош. Моите не се тука, на маж ми работат. Денес сум за нијанса подобра, пак имав треска ама траеше пократко и качив температура ама еве се симнува полека со парацетамол, вчера не можев да ја симнам за жива глава. Да ми кажуваше некој дека може вака да се биде болен немаше да верувам. Ужас.
Остави тенџере со чај некаков на рингла за да има дома пареа и да има влажност, да тече носот. Чај од ловоров лист е за смирување на кашлица, има чај со пиво превриено, сируп со кромид и јаболка, некоја мешавина со маслиново масло има на нет што чисти од секрет ама не можам да најдам сега, а мислам да ја пробам. Ова се само идеи некои и не знам колку сум од помош. Моето е цело време со секрет и затнат нос. Јас лепам лепенки и спиеме со кромид. Спреј од диво оригано помага за одзатнување на носот и ако има бактерија во нос исто така.
Јас му ставам спреј од диво оригано и стварно многу ефикасно ми се виде, да не се подречам ете пола зима пројде ниту еднаш не беше болен до сега, всушност од септември мислам не се има разболено, а имаше повремено затнат нос и со ова ориганово не сум го сетила да има мака одамна. Малце пече ако е оштетена служницата, јас кај мене имам пробано, ама не е страшно.
Инхалирај ја во близина на пареа од камилица. Синко како чешма се чистеше секрет. Не бев баш за такви старски работи, ама такво чистење со ништо не успеав. Плус нема да и смета за слузокожата
Aj кога ќе можеш сликај да го видам. Ако не па ќе нарачам да ми пратат. Сега проблем е кај нас, се треба да се помине во градинка. Ама тоа е тоа. Еве се буди често пак, плаче оти не може да спие. Сите позиции ги пробавме. Не може да се погоди ниту една. Преку ден не е воопшто проблем. Само за спиење е.
Моево дека не е во градинка затоа веројатно и не е болен често, ама пак не е без луѓе, цело време е по кафичи, парк, дружби со другарките и со децата. Искрено мислам дека најголем “виновник” за добриот имунитет до сега се 3те кучиња што се бо куќа(кај баба му и дедо му) и не се бањати повеќе од 2 пати годишно Гадно , не гадно он се вала со нив од бебе.
Моето дете има 21 месеци. Сеуште дојам, денски долго време му давав по еднаш пред дремка, сега веќе и тоа го скратив, цица само ноќе ама многу често, како да скратам подои, или ќе морам наеднаш? Планирам да престанам да го дојам.. Млеко од крава не пие, сакам пак да му понудам на пример пред спиење, и доколку се научи да пие, колку мл би било доволно да испие?
И моето е иста возраст и не пие кравјо млеко, а допрва не ни планирам да го учам. Кога ќе го одбијам ќе си продолжи со млечните производи што си ги јаде до сега, јогурт, урда, сирење, кашкавал итн.
Како му даваш урда, може ли некој рецепт. На оваа возраст може да јаде пример пита со урда? Или мало е
Мајки, бебево ми е скоро 16 месеци и мака мачам со јадењето. И тие работи ( на прсти се бројат) што ги јадеше, веќе не ѓи сака. Месо и јајца не јаде секако ама последниов месец го достигна врвот. Јаде само јогурт, кросан со путер и пие млеко ( уште му давам аптамил). Друго не сака ништо, ако пробам да му подметнам нешто, почнува да плука и преќинува да јаде, ако можам и тоа јадење да го речам. Му нудам цело време нешто, ама џабе. Дури некогаш кога станува нервозен и знам дека е за јадење, не прифаќа ништо и тогаш ми идат мисли да не има некој поголем проблем. Педијатарот му даде сируп за железо, без крвна слика затоа што бил блед. Знам дека не внесува скоро ништо здраво, ама без кс можам ли да давам сируп? Инаку бебево освен што е слабо, е активно и нон стоп прави нешто.
И ние пиеме капки за железо ама секако со крвна слика, мислам треба да направите, па ако е потребно ќе ги пие
Направете крвна слика обавезно, а за јадењето не сте единствени, многу деца јадат само 2-3 работи а напредуваат како што треба, се им е поинтересно од јадењето. Твое е да нудиш храна и да јадете заедно. Можеш и некој сируп да земеш, WellBaby многу мајки го фалеа ама кај нас немаше ефект врз апетитот. Ако пие повеќе млеко и тоа го држи сит, не им треба многу на нив, моето почна повеќе да јаде откако го намаливме млекото.
На таа возраст сѐ може да јаде. Јас одамна не готвам посебно за него, само помалку зачинувам и тоа е тоа. Урдата можеш со палента, тарана/кори, како намаз на лепче, во пита итн.
@1209 Секој ден го ставаш спрејчето од оригано? И нас ни помагаше ама ме уплашија дека оштетувало слузокожа и предизвикува болка и го прекинав, а и достс плачеше од него, од другите спрејови не ми правела така @Ceneva како инхалирате со чајот? Малце страшно ми звучи покрај врела вода да ја држам кога некогаш ми се чини е посилна од мене за туркање
Ставам вода во тенџере со чај од камилица, рефус од билна аптека. И од кога ќе зоврие го ставам во близина наша тенџерето да диши од пареата. Ова го правев лани зимото кога беше мал. Имаше 7 месеци, а можам да кажам од бебе крчкаше на носето, и кога се разболе стана хаос. Со ова се исчисти и од тогаш со секрет не сме имале проблем. Можеш кога ќе спие во близина на креветчето да ставиш ако не ти е мирна. Мислам дека и така ќе помогне. Ама поубаво будна да биде исправена за да излегува секретот. Ако треба и цртан ќе пуштиш да поседи 10 мин како за инхалирање
Нејќам ич да "кобам" ама разболувањата кога одат во градинка се нешто што неможе да се прескокне, не е исто мешање со луѓе по кафичи и во градинка со деца, ретко некое дете кое оди во градинка да не се разболува, барем во мое окружување. Еве го моево 3+ месеци дома, не се разболе ич, само еден ларингит кој за 2 дена помина со 2 инхалации, при тоа мешан со неколку деца што се дружиме стално, со мачка кај моите и кај другарка. За разлика од пред тоа кога почна во градинка па се исразболе одма. Требаше од денес во градинка да почне пак, ама одложуваме уште 2 недели, почнува од февруари, тогаш ќе пишам како ќе е, а знам како ќе биде За првото дете си мислев леле каков имунитет има само еднаш болен во 2 години, како тргна во градинка на 2 год и 2 месеци на 3тиот ден беше болен, потоа цела година болен.. Буквално цела, поќе дома беше одколку во градинка. Тогаш му го видов имунитетот уствари тогаш и си го направи имунитетот. Пу пу без антибиотик е скоро 2 години. А прваче е пак со деца, ама сите тие деца заедно се си поминаа во градинка, сега се редовни на школо. Ниту еден ден не отсуствуваше во прво полугодие. За спрејовите пак ќе пишам, еднаш пишев, некој не се слага со мене, ама мислам дека јас му ја оштетив слузницата (на првото дете) па крв често му течи од носот. Како последица од често користење физиолошки, диво оригано и септаназал. Верувале или не на малово спрејче досега само неколку пати му имам прснато и тоа физиолошки. Ко беше болен со шприц му чистев носе. Лепенки респирантол за дишење и кромид. Колку можам ќе одбегнувам било каков спреј. Мое мислење со кое може нема некој да се сложи, ама резултат ќе видиме по 5 години или пак само такво е детето. Иначе имам мал багабонт по дома, мава по брат му, нон стоп му досадува, многу е напорен, големиот трпи многу ама кога ќе му здосади му враќа па имаме тепачки, па малово иди и се жали дека го удрел брат му бато ми вели и демек жртва иди да се гушка а се гледам како е
Мајки дечкото мора итно да тргне градинка од февруари. Не беше баш така планот, но се случија некои работи. Моментално нема примено ниту една вакцина што е после 1 година. На 6ти февруари ќе полни 18мес. Дајте совет како да ги организирам вакциниве за да може да тргне во градинка.
Се согласувам, мислам дека сите деца мора да ги поминат болестите. Ама и не мора да значи, пример јас како мала скоро никогаш не сум била болна, ниту од градинка. Брат ми секој месец барем еднаш, плус нон стоп лежеа со мајка ми по неколку недели. Разликата е што јас градинка сум почнала после 3та година, веројатно до тогаш им се подобрува целиот имунитет. Ќе видиме, за сега ми е битно да го одржам здрав, а инаку сметам дека што повеќе децата се валкаат и не се пазат, се поздрави. Затоа и го дадов примерот со кучињата. За спрејчето и јас не користам редовно, ама многу ми помага кога е затнат. Моево се научи да шмрка и веќе не ни употребувам носко, само прскам малце спреј и он дува. Мал со шприц чистев, ама реално стварно до сега не бил затнат толку за интервенции, само еднаш инхалации и еднаш со кромид, онака нема проблем со затнат нос.