Луѓе а од колку до колку им е дремката во градинките? Моево почна последниве два дена да спие од 8-8:30 што ми беше и цел, ама не ми е цел дефинитивно да се будам во 5, а он како со аларм станува точно во 5:15 откако заспива тоа време. Ете денес издржа до 10 ама пак заспа и уште спие, што значи нема да спие до вечер пак…никако не бива со ова мое дете. Си велев барем 7 ќе стане и у 12 ќе дремне, ама не, у 5:30 веќе беше скроз расонет и спремен за денот, немаше шанса да го презаспијам. Фактички пак 9саата спиеше, како и што спие кога покасно ќе легне.
Моево без Мрп го примија, после година почна на 14 месеци, нема примено, бидејќи се разболе не ја прими и така остана дома еве. Сега ко ќе го носам ако речат за мрп ќе му ја ставиме ако не сакам на пролет. @1209 на крај секое дете е различно, кога би имала можност не би го носела до 3 год в градинка. Има нешто во тој муабет до 3 год, јас верувам. Ама кој знае и тогаш како би било. Ние мораме да го носиме, еве мм зема денови од одмор за оваа недела, другата свекрва е 3та смена па ќе комбинираме со мене, почнав јас пак во 2 смени па ќе истераме уште 2 недели, ама мачно вака секој ден смислуваш што како, да си заоди бар до 3ч рает, ама дур стигниме до редовност Едит, кај нас е во 12 дремката, до кај 14ч. Мојов некои денови заспива во 10 и пол 11ч, за в градинка ќе биди малку од прво тешко дур се навикне пак.
DTaP, IPV i Hib една вакцина и мора да ја прими на 18 месеци за да го примат. Моето оваа ја прими заедно со PCV. МRP минимум 2 месеци после овие може да ја прими.
DTaP, IPV i Hib е една вакцина и мора да ја прими на 18 месеци за да може да посетува градинка. Моето оваа ја прими заедно со PCV. МRP минимум 2 месеци после ова може да ја прими.
Околу 12, дали пред или пола саат после 12, тука некаде е. Јас поради ова го “тренирав“ одма после роденденот да спие еднаш тој период, до роденденот беше на 2 дремки, една кај 10, една кај 3, после роденденот почнавме полека да одиме на една со тоа што беа празници па го оставав навечер до 10 да седи, да се умори за да спие до 8, па за кратко транзитиравме. Е сега, од оваа гледна точка лесно поминав, исто и со двајцата правев и брзо се навикнавме. Тогаш не се сеќавам дали имав мака. Мислам не. Неколку дена мора да има нервоза, не е едноставен процес. Ние еве вчера еден ден ни се изремети, поспа до доцна сабајле, доцна заспа на пладне и навечер беше борба, а камоли па подолго да е. Мислам дека да дојде ред да тргне градинка ќе се смени одма редот, зошто ќе станува рано за во градинка, ќе спие кога сите спијат и ќе се навикне брзо.
Знам дека е така, и знам дека повеќето родители немаат избор, сигурна сум дека е многу тешко, нас преоритет ни е да е здрав ради друго нешто инаку и јас би одбрала да оди во градинка искрено. Ама знаеш како е, ќе издржите, само да не е нешто сериозно на крај, друго болести се лечи се.
Да, со помин да е само, така си стекнуваат имунитет. Ама јас сум од тие што мислат дека до 3 год треба да се дома децата. Ама реалноста ми е друга. Тоа е.
Може треба да се дома до 3години ама Лаки еве го година ипол, се му е здосадено. Дете си сака деца, колку и да го анимирам, вклучен е во се дома 100% него сум му посветена, он е на прво место после е се друго се гледа дека му здосадува. Може е добро да е дома заради имунитет, ама за играње учење нови нешта, социјализација, ред градинка е мајка. Според мене најдобро нешто за детето е да биде опкружено со деца на негова возраст. Има настинки и болести и се, знам колку е тешко ама имунитет мора да изгради во секој случај.
Јас не се слагам со тоа дека дете до 3 год не е за градинка, јас имам само позитивни искуства, од учење нови работи, социјализација, развој на моторички/јазични вештини, емпатија, игра итн. Болестите се составен дел, кога тогаш мора да се поминат.
Јас сметам дека до 2г, треба да се дома, 3 може е премногу, не знам. Од сегашна гледна точка, тоа што е дома со нас ми е супер.И други деца да имам би ги чувала до 2 дома. На 1 година или на помалку од година ми е тотално нефер за мајка и дете што државите ги обврзуваат родителите да остават дете во градинка. Ако сакаат родителите во ред, ама сметам дека секоја држава до 2г треба да овозможи платено отсуство на еден од родителите. Пример внуката мораше од 3м да оди во јасли, во Белгија се, тоа ми е скроз беспислено, нефер и нехумано.
И моето е дома и се му е досадно. А обожава деца. Како си игра кога ни идат дечиња на гости и радости не видени е. Јас многу сакам да го пуштам во градинка,ама овде кај што сум јас многу тешко. Преполни се градинките. А имунитет таму се гради меѓу децата, дома не. Ете го цела година се нема разболено ( пак ќе речам фала богу), а со разболување се запознава со надворешните бактерии и вируси и така се стекнува имунитет. Година и помал од година и мене ми се многу малечки, ама веќе кога оди и разбира и колку толку комуницира со нас детето мислам дека е спремно за градинка. Три години дома ми е премногу.
Ние еве тука имавме можност да сме дома до 2 години, сепек не се одлучивме за тоа бидејќи финансиски ќе беше потешко ( после 1 година породилното се намалува ). Јас бев на породилно 11 месеци, мм уште 6 месеци. Син ми тргна во градинка на скоро 14 месеци. Немаме никакви проблеми искрено, дури и сега кога е дома при болест/одмор, чувствувам како му фали стимул, само трча низ дома, не можам да му го исполнам времето со исти активности како во градинка. Се додека соодносот на воспитувачки и деца е рационален, според мене нема никакви пречки за да се пушти на една година.
Sekoj so svoite razmisluvanje ima i pozitivni i negativni strani gradinkata. Licno mene 1 godina mi e premalo, 3 godini predocna nekade pred 2 godini idealno kolku tolku da e potporqsnqto.
Јас сум малку во конфликт. Како би стекнала имунитет кога повеќе е дома отколку во градинка? Еве од декември одбрав да не ја пуштам, скоро месец и нешто е дома. Мм само ме тера да ја носиме, за да стекне имунитет ама знам дека после 2, 3 или 5 дена пак ќе кашла, кива и ќе се мрсулави и стварно ми е мака низ исто да поминувам толку често. Само си одложувам ама па си велам кога уште малку има кој да ја почува дома што да ја носам да се разболува. Што би направиле вие?
Ве молам кажете ми дека ова е нормално. Синоќа ја имавме убедливо најтешката ноќ откако е роден. Заспа како и обично во 15 за 9, ама после саат време се разбуди со страшно вриштење. Прво помислив од забите само плаче, зошто вади тројки. Го прашав запче ли боли, си бркаше во уста. Му дадов парацетамол и го земав во дневна да му делува малку. После скоро саат кога сакав да го презаспијам почнаа истите драми, само што ќе тргнеме накај спална он почнува да вришти, ама буквално вришти. Останавме будни до 3 ипол, ништо не му беше погодено, јас со температура и треска, не знаев каде да фатам. Најмногу од се ме ‘исплаши’ кога во еден момент почна да станува ненормално нервозен, вриштеше и почна да фрла работи, да ги треска од земја, да ме удира мене. Откако заспа во три ипол, во 6 пак се разбуди со слична епизода. Вакви ли се тантрумите, ова ли е врвот или има и полошо?
Знаеш што, мислам дека и голема улога игра тоа што кај вас градинките се на друг принцип, искрено мене во една соба не ми се затвора дете на 13-14м или година како што прават тука, не верувам дека со толку деца кога некои реално не ни лазат на 1г, може 8 саата активно да им се посвети внимание повеќе отколку што јас дома би му посветила. А тргнувајќи од моето јас искрено на тие месеци премногу го шетав, цел ден бевме во двор, некаде излезени, на планина, на излети…не верувам дека во градинка ќе имаше поголем бенефит, во сред лето затворен во воспитувалната. Од друга страна, ете на другарка ми девојчето не сака да оди во градинка, сменија и градинка и воспитувачки, до психолог детето стигна и само си кажува дека не и е ништо туку дека не сака во градинка. Им рекоа дека за сега подобро е да не ја форсираат, така да не знам мислам дека најмногу зависи и од карактер на дете каде ќе се прилагоди подобро, ние сме тука за да процениме.
Вакви се, имавме и ние некој период ваков, недела дена, ужасно беше искрено. Не сакаше во спална, спиевме во дневна на тесен тросед цело време, ме кубеше и врескаше и теглеше кога ќе се разбудеше така нервозен. Не знам до што е ама мислам дека тоа се ноќни терори.
И нашите епизоди се такви, со вриштење, виткање на назад, не сака на кревет, не сака во раце. Многу пати не сака да легне, сака во раце да ми спие. Тоа се ноќни терори. Денските татнтруми ни се нешто слично. Инаку не е тоа врв, за тантруми кои се дешаваат денски, од пријателка девојчето со забите гризнало по креветот, го влечела креветскиот чаршав, па чак и душекот се со заби тоа. Си ја трескала главата од ѕид и што уште не. Ја носеа на лекар и само доби совет да пазат да не се повреди и да ја остават да помине моментот на бес. Јас останав преплашена и си реков боже господе само тоа не. Ноќни терори имаат деца кои се сензитивни. А богами ние често ги имаме ноќе. Јас веќе научив како брзо да го смирам и да продолжи.