Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    8.504
    Пол:
    Женски
    И нашите епизоди се такви, со вриштење, виткање на назад, не сака на кревет, не сака во раце. Многу пати не сака да легне, сака во раце да ми спие. Тоа се ноќни терори.
    Денските татнтруми ни се нешто слично.
    Инаку не е тоа врв, за тантруми кои се дешаваат денски, од пријателка девојчето со забите гризнало по креветот, го влечела креветскиот чаршав, па чак и душекот се со заби тоа. Си ја трескала главата од ѕид и што уште не. Ја носеа на лекар и само доби совет да пазат да не се повреди и да ја остават да помине моментот на бес. Јас останав преплашена и си реков боже господе само тоа не.
    Ноќни терори имаат деца кои се сензитивни. А богами ние често ги имаме ноќе. Јас веќе научив како брзо да го смирам и да продолжи.
     
  2. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.751
    Допаѓања:
    21.465
    Пол:
    Женски
    Не знам дали се ноќни терори. Многу тешко вади заби он, а денес долните тројки му се побелени. Имал и он регресија и проблеми со спиење, ама ова беше друга димензија. Никогаш не бил ваков, никогаш. Таа нервоза и бес не ќе да се од ноќни терори.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    8.504
    Пол:
    Женски
    Тантрумите се напади на бес и они се дешаваат исклучиво денски и кога детето е будно. Синко драми прави кога не добива нешто, и пробува на тој начин да добие. Ама џабе и ќе си повришти така без солзи и прекинува.
    А ова во сон така будење во вресок, и фрлање на назад, туркање на родителите се ноќни терори на кој децата не се сеќаваат. Ноќните терори се дешаваат во првите 3-4 часа од заспивањето.
    Тоа и тоа не е исто.
    Инаку може и од заби да е. Тројките многу болат
     
    Последна измена: 20 јануари 2025
  4. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.715
    Допаѓања:
    7.702
    Пол:
    Женски
    Освен кога сме имале препорака од доктор да не оди, после појака терапија за бронхит или пневмонија, остатокот оди цело време. И да, на почеток 3-5 дена беше во градинка, 2 недели дома. Сега веќе врзува и по 3-5 недели без прекин. Не дека сме немале ситуација да и сега после 5 дена пак да е со растечен нос ама е поретко отколку претходно. Така да верувам дека почнува колку толку да се активира и имунитетот.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    19.770
    Пол:
    Женски

    Бела кај нас беше вака исто 4дена, со вриштење буквално стануваше како што опишуваш, не можев да го смирам со ништо освен со ТВ. На пладне и навечер прво во дневна го заспивав па одевме во спална иначе само што ке почнев да качувам скали он почнуваше да вришти. Кај нас една петка излезе, сеа се другите на ред. Од тоа му беше се смири после.
     
    На Mother of 2boys, Bella_Stella и 1209 им се допаѓа ова.
  6. DaftyCrafty

    DaftyCrafty Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2020
    Пораки:
    440
    Допаѓања:
    390
    Пол:
    Женски
    Ние имавме дома епизоди на ноќни тантруми и вриштење сред сон заради бебе во домот. Ама со игнорирање, секако внимавав да не се повреди и престана. Слично ова што опишуваш се повтори пред кусо време и исто мислевме дека се тројките, ама излезе дека се воспалени ушињата. Секако во исто време избивале и тројките. Првиот пат ја чешаше очајно вилицата, а потоа се случи да ги допира и ушите. Во секој случај, следи како ти изгледа. Не мора да значи дека е истото, само споделувам искуство.
     
    На Mother of 2boys, Carolin. и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  7. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Затоа и мислам да се смени малце концептот за тоа како изгледа еден ден во градинка на едногодишно дете во Мк, многу родители би ја избрале таа опција и би се вратиле на пазарот на трудот порано. Не мора породилното да е две години, еве нека е година дена, ама под хитно да се мени тој концепт на јасли или бебешка група кај шо децата само седат во креветче цел ден.
    Бенефит би имале сите.
     
    На Carolin., Splendor., 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.751
    Допаѓања:
    21.465
    Пол:
    Женски
    А зошто ми објаснуваш како јас да не знам што е што? Не сум неписмена. Си напишав погоре убаво дека така почна да прави откако беше со саати буден. Прочитај поубаво. Апла беше тантрум.
     
  9. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.245
    Допаѓања:
    24.698
    Пол:
    Женски
    Затоа реков јас би сакала до 3 да сум со нив, ама ете едното од 2 год почна, другото година и нешто, ај не се повторувам. Мое мислење е ова не реков дека е правилно. Од искуството со првото дете кое не ја засака градинката, значи до крај плачеше, и многу ми е криво дека така го носев со сила. Не сакаше деца, не се мешаше со нив, не играше, на крај тоа малку се промени, се опушти ама сепак одеше оти ние сакавме и моравме да го носиме. Ете имаше и позитивни работи, си стекна имунитет.
    @Sun&Moon јас еве исто 3 месеци пауза да одмори од антибиотиците што ги прими, 3 со ред 1 венски, потоа по 1 недела имаше пролив, в болница 4 дена од дехидрираност, заради тоа така одлучивме.
    Се согласувам скроз. Во моево градче само една е градинка, имаат голем двор и ги носат надвор по пола сат кога е топло, др дел од денот се внатре, јасли воопшто не ги ваѓаат надвор и му пуштаат на ТВ песнички.
     
    На Carolin., kozuf и 1209 им се допаѓа ова.
  10. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.751
    Допаѓања:
    21.465
    Пол:
    Женски
    Да истото и јас го правам. Го оставам да му помине, тука сум ако сака да го гушнам, иако не сака, пазам да не се повреди трескајќи се живо. И маж ми рече за ушите, ама не се фаќа за нив, не изгледа како да го болат. Којзнае што е, ама јас мислам дека голем удел играат забите, од тоа е раздразлив и ништо не му беше по ќееф цела вечер и на крај ескалираше.
     
    На DaftyCrafty му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Не мислам дека во таков контекст ти го кажа ценева, сакаше само да помогне и нема потреба за таков тон.
    И мислам дека е битно да разграничиш дали е терор или тантрум пошо во терорите не се скроз будни ко во тантрумите и може треба поинаков пристап.
     
  12. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.751
    Допаѓања:
    21.465
    Пол:
    Женски
    Оф со среќа нека ни е значи. Да бев здрава ќе стиснев заби некако, ама пред крах сум. Се надевам вечерва ќе биде помирна зошто готова сум.
     
  13. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.751
    Допаѓања:
    21.465
    Пол:
    Женски
    Не употребив никаков тон. Знам дека сака да помогне, ама не е помош да ми објаснува што е тантрум и ноќен терор. Знам и сама. Убаво пишав дека се разбуди вриштејќи и не сакаше повеќе да е во спална, а испадот со трескањето и фрлањето се деси кога веќе беше некое време буден. Како повеќе од ова да разграничам? Јасно е дека е тантрум.
     
  14. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    8.504
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто се навреди мислев не ме разбра јас што напишав. Ниту пак те направив неписмена. Длабоко ти се извинувам што се почувствува така.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    8.504
    Пол:
    Женски
    Фала ти. Но не мора да ме браниш. Како и да е ниту имав лоша намера ниту пак сакав некого да навредам.
     
  16. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    8.504
    Пол:
    Женски
    Мамасити каков пробиотик користите. Нас матичната ни препорача буларди џуниор да котистиме, ама синко да пие прашкаст во вода тешка работа. Давам ваја ама некако не помага многу.
    И дали некоја има правено тестирање за нетолеранција на храна, не можам да приметам која храна му прави проблем, а можеби и комбинација на храна, баш се грчи навечер. И мислам дека тоа ни е проблемот што се буди навечер во плачење.
     
  17. Marijana93

    Marijana93 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    12.163
    Јас давам провен пробиотик :)
     
  18. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    8.504
    Пол:
    Женски
    Во каква форма е :)
     
    На Marijana93 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.211
    Допаѓања:
    111.415
    Пол:
    Женски
    Капките ти се слаби за твоето веќе. Сите пробиотици над година се прашкасти. Растварај во сокче, смуди, нешто такво. Провен е со вкус на малинка, со сок од мандарина го мешам топ е.
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  20. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Кога имаше стомачен вирус користевме на Dr Wolz Darmflora се вика и е во ќесички па треба да го раствориш во вода или чај, сок.
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.