Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.860
    Допаѓања:
    32.471
    Пол:
    Женски
    Ние сме 17 месеци и се разбираме ама со зборување ептен слабо. Само 2-3 зборчиња и толку.
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.807
    Допаѓања:
    202.813
    Пол:
    Женски
    B6 или пак да видиш со тие лижавчињата против повраќање што ги има во Зегин дали се дозволени за таа возраст.
     
  3. Love86

    Love86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    195
    Мајки некоја го има ли користено прашокот за апетит Киндеримун на д-р Wolz?
    Синко е 15 месеци во Зегин ми рекоа по една дозерка може.
    Оти сме скарани со јадењето :(
     
  4. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    Прашокот во основа е за имунитет(и самото име кажува),но содржи и витамини кои отвораат апетит.
    Синми имаше испиено 3 дози.
    Далеку од тоа дека стана јадач,но се забележуваше промена на подобро.
    Скоро пиевме сируп на Медекс,баш за апетит,но ништо посебно.
    Едноставно,синми е нејадач,ако може така да се каже.
    Имај во предвид дека секое дете е приказна за себе.
    Во секој случај,нема штета ако пробате.
     
    На azelea, M&M и Love86 им се допаѓа ова.
  5. Love86

    Love86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    195
    Јас пак
    Дали вашите деца се лоши?
    Значи денес мислам веќе дека бев при крај со нервите.
    Бара нешто што не е за играње, ако не му се даде плаче страшно. Не игра со играчки, сака да е во купатило на чешма, отвара фрижидер, рерна...Ако му кажам не таму одма почнува да плаче.
    Од можни в13-14 часа вкупно колку е буден 3-4ч ги мибува во играње другото е се плчење.
    Јадењето хорор филм. Го оставам даа огладне и по 5-6 ч,јаде му се нервозен е а никако да отвори уста. Само ми ја вутка лажичката. Пробувам да давам пасирано веќе,несака.Си викам може веќе сака да преминеме на парчиња,но се дави и колку ке апне 2-3 залчиња и толку.
    Не дава да му сменам памперс плаче. И веќе на крај му се развикав и отрча плачејќи кај баба му. Мака ми е ама ептен е лош..
    Незнам како да му погодам на детево
    Извинете многу на долгиот пост ама стварно незнам што му е на син ми, инаку 15 месеци е
     
  6. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.163
    Допаѓања:
    10.941
    Пол:
    Женски
    @Love86 исто,уште полошо.Не пишувам,не прашувам,само чекам да помине,нема друго чаре,се сум пробала.Отвара фрижидер,фурни,фиоки,се што може да се отвори,..истура вода од шише кај и текне,во тоа е нај упорна,мава по нас и што ли уште не.нон стоп е во движење не седнува,а јаде колку да преживее,минимално.
     
  7. Dollyy

    Dollyy Активен член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2016
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Majki pomos!!! Dva dena bevme so temperarura I pomina temperaturata pocna da kadla bevme sabajle na lekar doktorot rece crveno grlo I malku slajmcebi ni prepisa sirup cefaleksni...no eve nokva picna mnogu da kasla I ne moze da,spie ...ova ni se slucuva prv pat I mnogu sum isplasena 16m sme....sto da pravam?????
     
  8. Manuela.

    Manuela. Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2015
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    3.384
    Пол:
    Женски
    @Love86 Исто како за ќерка ми да пишуваш,само што е поголема,за 2 недели ке прави 2 години.Сега е и полоша од шо беше,примери имам милион за пишување.Нон стоп се лути за нешто и плаче а јас се молам што побрзо да помине овој период.Имам близок пример за такво девојче ама буквално сите ги тепаше,правеше се и свашта и наполни 3 годинки и сега е мирна:)
    Само мислам треба нерви да имаме,се ке помине
     
  9. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.257
    Допаѓања:
    35.083
    Пол:
    Женски
    @Love86 тоа што го опишуваш е нормална детска љубопитност. Рачунај се му е ново. Се сака да види. Со чепкање, истурање и слилчно учи како функционираат работите. Да нас ни е страшно и нервозно тоа ама како понаку ќе научи. Само внимателно да не се повреди и толку. Ако не сакаш да чепка по фиоки стави штитници за фиоки и крај.
    ПЛачат затоа што веќе разбираат и сакаат да ни кажат нешто а пустото не можат се да кажат и затоа плачат. Како начин на комуникација плачат.

    Мојов сега и во количка се исправа сака да излезе од неа.

    Тоа е тоа. СИте викаат полесно е после 3 години. И да полесно е зашто до тогаш ќе прозборат убаво, ќе им се стабилиза одењето, ќе го запознаат светот, ќе им никнат забите што ги прави нервозни. После тоа ќе дојдат други проблеми, па школо, па пубертет па ехе хее. Ако од сега го прогласиш за лош кај ќе ти биде крајот.

    Нормално, воспитување треба да има. Се знае кога и каде се јаде (столче за хранење е местото кај што се јаде од 6 месеци кај нас, евентуално количка ако сме надвор), се знае дека во кола се вози во седиште (иако имаше период кога за ова се бунеше или сега ново ги вади рацете од појасите), се знае кога се спие, раце мора да се измијат кога ќе се дојде дома од игралиште, кога му даваме нешто му викаме повели и си кажуваме фала ако ни даде нешто. АКо сака нешто опасно или што не е за него го земаме па и ако плаче, плаче ќе му свртиме внимание со играчка или само го земаме во раце да се исплаче. ЗНачи основен ред и дисциплина мора да има, се другото е негова игра.
     
    На marchi-cool, Monella, ma4e1311 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.327
    Допаѓања:
    107.899
    Пол:
    Женски
    Ама потполно се слагам со Џој Џој, исто сме и ние, за некој ден 14м, сака да игра со лажици и вилушки, вилушки не добива ама лажица добива пластична, сака да игра со металните црпалки, шпакли, епа нема ќе игра со пластични и дрвени, сака со тањири добива пластични, тенџере сака му давам едно малецко колки да му помине од мисла. Ако направи беља добива по памперсот малки, не дека го боли, ама да знае дека направил беља. Најново му е дека се цитка од кревет, тоа му е школо од татко му, вчера падна и си ја удри главата, епа сега на секое качување и пробување да направи нешто ризично го симнувам, ако си игра најнормално го оставам, ама он ска да паѓа од креветот во слободен стил и тоа му е најинтересно сега. Ќе заборави ама дотогаш коса ќе ми обеле. Јас сум малку како џандар, го правевме муабетот во другата тема и бев погрешно сфатена, не дозволувам се. Седи во количка, не се буни, сака да се вози, сака да разгледува, ако му досади, тоа обично кога сме во мирување не се возиме му давам нешто да се заигра и проаѓа време. Мене ме вади од такт што со играчки не се заигрува, ги има куп, досадни му се, епа затоа сега ќе ги соберам во кутии и за некое време ќе ги извадам пак, да видиме дали ќе ни успее.

    Во врска со настинки, имаше тт два дена, душа ми излезе, неколку дена арен и еве го денес кива, мрсулчиња бели му течат, свеки вика се чисти ништо не му е ама шо знам, ми е страв некако. А покриен е со антибиотик, пие и витЦ и пробиотик со витамини, плус секој ден цедам портокали пие со пробиотикот и капките витЦ. Белки не го префати од мене, јас бев настината последно.

    Што се однесува до зборењето мојот нема некоја желба за зборење, си е малку така тврдоглав. Чао и вика и со раче покажува, ајде кога сака нешто и му е досадно, мама, тато, баба, деде, тете и како прави мачето и како прави кога ќе се удри на главата, тоа му е целиот репертоар на 14м. Ич не се потресувам. Плус си брбори на некој негов јазик, не знае ниедна песничка да гестикулира со раце, браво научи пред некоја недела да прави. Децата не се мотори, наше е да им помагаме, ама секое само си кажува. Факт е на девојчињата мозочето им е побистро од на момчињата, ама ни тоа не е правило. Моето е физички појако а на јатрва ми па е побистро умствено, брбори, песнички кажува со гестикулации, браво прави ко некоја стринка, дрдорко си е, а се 20 дена разлика. Ако кма некој проблем здравје на 3 години би реагирала, сега засега не.

    Ах кога ли ќе дојдат тие фамозни 3 години.
     
    На marchi-cool и Arendelle им се допаѓа ова.
  11. Sunshine_1979

    Sunshine_1979 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    11.929
    Пол:
    Женски
    Скоро 17 месеци е девојката моја и комплетно одговара на описот на децата од предходните постови!
    Плаче, вика, фрла кога не е по нејзино но се трудам да и скренам пажња на друго нешто и да ја смирам!
    Најголем проблем сега ни е заспивањето и неспиењето! Секоја вечер по 2 саати се заспиваме - од 10 ќе ја легнам и 12 ќе не фати, мртва уморна сум и ете ти ја во 5 разбудена, наспана, ако ја игнорирам почнува да плаче на цел глас! Во исто време и тројки и четворки и петки излегуваат од забчињата и мислам дека тоа ја иритира. Мачкам и гелче за ладење и бело вино но слабо помага!
     
  12. Arendelle

    Arendelle Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    7.405
    Пол:
    Женски
    @AngelOfArh исти сме и ние, малото е тука некаде како твоето. Слабо му се зборува, знае браво да каже, чао, мама, дада...ептен ко без ич да не е. Знам дека кај сите деца различно се развива говорот и не треба да бидам загрижена но шубе ми е зошто ќерката на негова возраст многу, многу повеќе работи знаеше, ептен од мала почна да зборува. А за правење бељи први сме.
     
  13. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.257
    Допаѓања:
    35.083
    Пол:
    Женски
    Мојот на 17 месеци почна да користи повеќе зборови. До тогаш користеше гестови, имитираше звуци од животни и слично. Сега гледам секој ден некој нов збор ќе употреби. Не зборува уште правилно ама добро е се труди да се разбереме.
    За спиење и ние сме кога како. Се успива кај 9 не е проблем ама сега вади тројки, четворки се одеднаш и често се буди. Си има мака пустиот. Ништо веќе не мачкам нема никаков ефект, го носи килибарното ѓерданче и толку.

    Настинките се посебна приказна тогаш е ептен разлигавен. Инаку јас за настинка освен капки од солена вода ништо друго не давам. Нормално парацетамол за температура. Антибиотици не сакам да давам без потреба. Така што ако има температура правец во лабараторија, ако е мирно ЦРП тогаш нема антибиотик. Имам и таков матичен лекар за него и така тераме. Последно имавме ларингит ама поминавме само со инхалации. Тешко е и стресно ама поминува се.
    @AngelOfArh бели мрсули не се за паника. Ако се зелени, жолти, густи тогаш е проблем.
     
  14. fuki

    fuki Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    198
    Јас мислам дека треба невролог да се консултира.
     
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.327
    Допаѓања:
    107.899
    Пол:
    Женски
    Не ни имаме некои мрсули страшни, белички како водичка му протекуваат кога ќе заплаче или кога ќе кивне чат пат. Верувам дека не е нешто страшно.

    Во врска со забите, на мојот му излезе и една петка, не трипам, не е четворка, петка е, на таа страна има 1,2,3 и 5 измеѓу 3 и 5 има доста место. Не мачкам ништо, не ми ни дава веќе. И килибарното го џитна некаде, којзнае каде е. А го мачат доста, непцата му се жар црвени и набабрени.
     
  16. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.257
    Допаѓања:
    35.083
    Пол:
    Женски
    @AngelOfArh исти немирковки изгледа имаме. Мотјот едно килибарно скина второ му купивме.
    Во однос на забите има само 1 и 2-ки ептен споро и мачно ги вади дучишката. Ама тоа е што е. Нема како да му помогнам.

    Бели мрсули се сигурно вирус ќе му пројдат брзо. Се решаваат со Sinomarin и аспираторче.
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Love86

    Love86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    195
    Мајки совет шро да му дадам за доручек на малото 15м,нешто полесно( кое овошје со житарка)
    Денес сабајле исповратил, пред спиење си го дојадел јадењето без мака. Спиеше па му сварив супа со варено компирче ручаше едвај една тегличка од 200гр.изеде ама добро не поврати. После 2ч и едно пудингче и тука немаше мака. А да напоменам дека излезе денес по вц 3-4 пати не баш пролив ама некако по водно беше. И сега за вечера му дадов палента со кисело млеко исто јадеше и почна да си игра па ја виде баба му како вечера и касна едно залче средичка со малце сирење и наеднаш се исповрати ама буквално се и пудингчето од прееска. Го истуширав лом беше и го заспав. Не пие млеко никакво, цицаше до скоро.
    Совет што да му давам утре за јадење?
    Незнам од што така денес?
    Ако продолжи и утре ќе отидам на доктор
     
  18. Manuela.

    Manuela. Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2015
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    3.384
    Пол:
    Женски
    Да ја фатам темава дур не сме наполниле 2 годинки(за една недела)

    Значи вака мајки,ке ве замолам за совет и за помош.
    Со ќерка ми имам доста време проблем со нејадењето!
    Ке се случи да јаде еднаш на ден,на градинка или било каде и се друго и беше млеко само.
    Ама овие денови воопшто не сака да јаде,значи еден залак пробува и ми вели дека не сака повеќе.На сила не пробувам да ја наранам,не гледам фајде од заплашување,не сака со песнички,не сака кога изигравам кловн и веке нема нешто што не пробавме(заедно со моите родители кои се исто така загрижени)

    Давав провен пробиотик,мултивитамински капки,киндер имуно,имуно бор,мултивитамински сируп на доктор тајс кој моментално го пие(веке 2 месеца)Се ова за 1 година време.
    Јас резултат никаков не гледам и воопшто не е гладна.Сок не давам,чоколада не сака,смоки не сака....
    Стварно не знам веке што да превземам.Едино една петка и испадна па и другите излегуваа,набабрени се.Се плашам ова на кај тера.А за млеко цел ден бара,како доенче да е.Дали од болка на запчињата се случува овој протест или таква ке биде стварно незнам...
    Ако има некој се соочено со таков проблем нека ми пише.Секој совет ми е добредојден.
    Она инаку не изгледа слабичка,онака нормално дете си е:)
     
  19. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.257
    Допаѓања:
    35.083
    Пол:
    Женски
    @manuela ако има проблем со запчињата нема да јаде многу одреде период.

    Мене по ова што го опишуваш ми излгеда дека е преполан со млеко. Пробај да не даваш млеко пред јадење или ако даваш сабајле пред да стане престани со тоа. Не и треба толку млеко после една година.
    Пробај да ја вклучќиш во приготвување на јадењето. На пример заедно да мачкате лебче, заедно да сецкате (не она да сецка туку да ти подава), ако месиш нешто нека меси тесто паралелно со тебе. Значи вклучи ја во подготовка на храната и потоа заедно јадете. Можеби не сака да јаде сама веќе сфаќа дека е дел од семејство. Јадете сите иста храна заедно. Веќе се може да јаде детето нормално нема да ја зачинувате храната (малку сол може).
     
    На Sunshine_1979 и Manuela. им се допаѓа ова.
  20. sunshine2015

    sunshine2015 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2015
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    4.488
    Пол:
    Женски
    Малово се залепи на пегла со раката (facepalm) една секунда излегов од соба и он успеа да се фати. Измив со ладна вода и гледам денес такви со вода му се појавиле на 2 прстиња.
    Ставив малку паста за да се засушат. Друго нешто да ставам ?