@AngelOfArh , кои пробиотици се за над 2 години? На маж сеуште Ваја му даваат од Зегин, а и пред некое време на болница општо на сите дечиња во соба им даваа Ваја. Доза спрема тоа на кутија што е пишано.
Овој ми го препорача педијатар, некогаш земам ќесички кога одам на пат, а инаку е во стаклено шише со мералче по 2 лажички во сок ставам И ако има течна столица одма му запира, тогаш му давам и Фурал сируп и тој е добар.
Ваја се дозира по килажа. Како и сите други во форма на капки. Ама имам чувство дека не му помага многу.
Ма колку сака нека е, само да помага. Често се грчи ноќе и му ги чувствувам цревцата. Некоја храна му прави проблем, а немам појма која. Само дали е препорачлив тој за секојдневна употреба. Ќе видам дали го има во србија и ќе прашам. Може слика да ми пуштиш
Ако сакаш кажи ми за дозирањево на ваја. Јас не давам редовно, обично ако има мака или пред патување. Сега му давам 7 капки, да не треба повеќе? Околу 14кг има
Од матичниот педијатар, мене малото ми кака потечно и повеќе уште од старт и до кај 9м давав Ваја, полесни ми беа за употреба од другите, после докторот ми рече слаби се Ваја, дај Провен, појак пробиотик е.
Вајата е џабе фрлени пари, ни на голем помагаат ни на мал. Или линекс форте за деца пробиотик или провен. За течна столица кај мене помага Фурал. Од две лажички испиени после има нормална столица детево.
Не давам јас редовно освен кога пие Атб или по потреба, настината и слично. Ама пак се случува барем 2 недели во месец да пие. Досега само со Ваја сме поминувале ама ќе побарам и други опции да имаме.
Луѓе ми треба совет, посебно од мајки на нејадачи. Детето не ми е многу по јадењето од мало, мислам од 12м почна да пребира до денес да стигне само на 5 работи од храна, меѓу кои за ручек е само спанаќ со ориз, макарони со зденка и јајце и тортиља со таратор и пилешко. Овие јадења мора строго по одреден ред и правила да се направени и ско пример пилешкото не е смелено нема да го јаде. Исто пилешко не јаде во друга форма и на друг начин, ниту никакво месо. Јадеме заедно сите, секогаш ставам и на него од ручекот што и да е, не нудам друго ако не сака ни да проба, ама веќе апсолутно не јаде ништо и ноќно време го слушам како му крчат цревата и знам дека е гладен, ако ми понудам од тоа што го сака ќе го изеде, ако не нудам ќе седи гладен. Испи цело шише пиковит и ефект нема никаков, мислам има аптетит ама не сака да јаде освен ако не се овие 5 работи. Не знам веќе што да правам значи стварно ептен ми е мака. Дали е во ред да му давам ист ручек секој ден, тоа што го јаде битно да знам дека е најаден, да престанам воопшто да нудам друго оти ако нудам друго знам дека нема да го јаде и ќе му дадам замена и пак ше биде лоша постапка. Изморена сум, фрустрирана и загрижена. Сите велат ќе порасне ќе јаде, ама ете веќе 22м ќе почне и не ми изгледа дека скоро ќе почне да јаде. Стварно е пробано апсолутно се, така да не ми давајте совети од аспект пробај друга варијанта, пробај ова она, ништо од тоа не пали.
@1209 , јас би одела на варијанта да јаде, па макар и 5 работи. Не би оставила дете гладно. Е сега може пример опција ако јаде макарони, настрана да му ставиш, парченце морков или брокула или грашок/пченка по малку. Не во истото јадење, туку настрана, па може некој ден ќе се охрабри и да проба. Палачинки или ќофтиња ако јаде или мафини може различни варијанти на овошја, зеленчук да се кријат тука.
Палачинки јаде, правам често во разни варијанти, овошје и зеленчук исто јаде и секогаш има салата со јадењето, тоа не ме загрижува, туку моментот дека ручек како ручек јаде само ова, не јаде манџи, не јаде чорби/супи, ќофтиња, печено/динстано месо, сосеви… Толку сум ограничена што секое седнување на ручек ми е стрес, знам дека не треба, знам дека форсирање ништо не прави, слушав и курсеви, знам како треба да постапам/како не, ама буквално ништо не функционира за сега.
Мене ми препорачаа еден сируп за проблемот со ушите, Имунотрофина се вика, наводно за регулирање на крајниците е, да се намалат. Дали е од него, дали едноставно дете се разјаде, сега јаде ко дупнат. Во градинка морало да му дадат прво него па после на другите зошто плачел. Вчера јадеше цело време откако го земавме до вечерта и викам што ќе му давам сега вечера јаден е, не заспа додека не му дадов вечера, вика Не нане, пво њам њам. Докторот мисли дека ради крајниците што му биле природно поголеми не сакал да јаде, сега се намалиле, видно се намалени да, и јаде. 2м го пиеше. Колега се фали од Олиговит, не Пиковит, неговото е некој месец поголемо од моето, вика се разјаде сега и меше и газе пушти.
Немал до сега проблем со столицата, веројатно и затоа не сум осетила. Мада што и се си е до организам. Јас му давам редовно секој ден периодов. Давав до годинка па прекинав и еднаш кога се разболе есента почнав пак и од тогаш немам прекинато. Диа стоп исто потрошив едно, ама ме нервира шишенцето. Појак пробиотик за секојдневна употреба не ни треба, шо знам.