Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.137
    Допаѓања:
    20.255
    Пол:
    Женски
    Со лесно и на вас мама. :| Кај нас најекстремно беше во неделата, тоа што го опишав беше тогаш. Во понеделникот нејќеше да спие во времето што му е типично. Т.е. заспа накај 15 до 9, спиеше цели 2 мин, одеднаш вресна, стана и нејќеше да легне повеќе. Сакаше во дневна да си игра и го оставив, едноставно немаше начин да не го оставам зошто се дереше на цел глас ако е во спалната. Си играше саат ипол два, после ме пукна за да му пуштам тв, немав избор и пуштив и ништо не му беше по ќееф, само ми го даваше далинското да сменам, а поима немам што требаше да пуштам. И така се натегавме до 00 и 15, тогаш конечно заспа и спиеше мирно до 10. Го разбудив намерно за да не се изреметиме ептен со редот. Успешен беше денот со стандард една дремка, заспа во 20ч синоќа и стана во 9 сабајлево. Ќе видиме денес како ќе биде. Него мислам не му се ни пробиени тројките, само му се бели непцата. Страв ми е да бркнам да видам дали боцка, многу гризе прст ќе ми откорне.
    За жал во такви моменти не може многу да се направи. Јас го оставам да му помине и го носам на спиење тогаш кога прифаќа. Во спротивно само се нервирам. Во ептен лош период ми се погоди овој пат неспиењето, имам грип и на антибиотик сум, ама кој не прашува нас. Немам време да сум болна. :smirk: Некни и јас експлодирав и се дерев како ненормална и плачев, и него му се дерев и не сум горда на тоа, после ми беше жал и му се извинував. Ама едноставно ме исклучи.
     
    На Splendor., LiquidLuna, Carolin. и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.557
    Допаѓања:
    7.804
    Пол:
    Женски
    20 месеци е :)
     
  3. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.532
    Допаѓања:
    42.862
    Пол:
    Женски
    Знае дека постои друга храна, другата храна ја јадеме ние заедно на маса со него. Може ти може финансиски и временски да си дозволош 10 јадења да готвиш, јас искрено не можам. Јас секако му нудам и од нашата храна, ама ставам во секој оброк пример и макарони оти знам дека нив ќе ги изеде макар од другото не пробал.
    Не мислам дека правилен пристап е да му буташ со зор на детето и да го казнуваш и наградуваш оти јадел, или да одиш по него и да го молиш додека тоа трча и си игра, тоа не е ни безбедно.
    Инаку од аспект на здравје е супер, нема ниту здравствени проблеми ниту се разболива често, кс супер.

    Познавам многу луѓе кои се кои се гадееле од се како мали, ете брат ми е жив пример. Толку беше гадлив што не сакаше со мене да јаде на маса оти јас јадев така ишлакано.
    Сега е супер, тргна на факс, мораше да јаде што му нудат у студентски и да виде како пројаде се.

    Не мислам дека се работи за нарушување @Bubish26 секако сте с еконсултирале со професионалци и знаат што прават, следи го детето. Плус ја видов на слики, воопшто не изгледа неухрането, супер здраво си изгледа.
     
    На LiquidLuna и Carolin. им се допаѓа ова.
  4. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.625
    Допаѓања:
    24.296
    Пол:
    Женски
    Еве ние не сме готвеле, 4 во вис и нека јаде банана ако сака.
    Муабет како ништо да не сме пробале.
    И јас пораснав без јогурт и кашкавал, без мелено, само со виршли (шо сега не можам да ги смислам) или кокошка печена, па сега јадам се јадач. Муабетот е сега дека е мачно, неам дете што ќе попушти после 2 дена не јадење ништо или тргање храна од пред неа, па нуди покасно. Не се сите исти, нити пак сите "нејадачи" се нејадачи.
    Супер што си успела, едно големо олеснување за сите вас, еве ние и покрај се се вртиме во круг.

    @1209 крвната слика на мојава е топ, не пати од настинки ниту бактерии, здраво дете си е. 5-6 јадења ги вртиме, во нив спаѓа јајца,сирење, пилешко,риба,ориз, компир, банана, јаболко, авокадо. Од нив што се направи тоа ама под услов да и е на изглед познато. Сестра и јаде се, чајна глода како невидено, оваа бега во друга соба кога ќе ја види. Исто се растени, ист пристап, исто нудење т.е на малово нема потреба да нудам само бара.
     
    На LiquidLuna, Bella_Stella, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.553
    Допаѓања:
    5.492
    Едно е дете нејадач, друго е дете што има сензорни проблеми на одредена текстура што може да предизвика гадење или повраќање. За второто никогаш не би пикала со сила. Мене жива сила не може да ме натера да јадам кајмак од кисело млеко, ако некој ми даде милион долари да пробам, ќе повратам. Некои сензорни нелагодности имам со различна храна и можам да ги компензирам со мешање на текстура што ми е прифатлива, Некои не можам и не ги јадам. Во странство постојат посебни feeding therapist за вакви проблеми, за жал кај нас нема.
     
    На strelec231992, LiquidLuna, TheSecret и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.557
    Допаѓања:
    7.804
    Пол:
    Женски
    Е гризи кога треба забите да му ги проверам. Ама јас со другата рака спремна нос да запушам и одма пушта :lol:
    Пробај ако сакаш.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.137
    Допаѓања:
    20.255
    Пол:
    Женски
    Дозволи без да затнам нос. :D Конечно проверив убаво. Сите 4ри тројки од еднаш растат, цел заб се гледа под непцата. :drunk:
     
    На LiquidLuna и Ceneva им се допаѓа ова.
  8. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.557
    Допаѓања:
    7.804
    Пол:
    Женски
    Ете кај била маката. Ќе помине
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  9. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.737
    Допаѓања:
    8.802
    Пол:
    Женски
    Toa "uspeala" trae osum godini. So tek na vreme stanuva polesno.
     
  10. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.737
    Допаѓања:
    8.802
    Пол:
    Женски
    Ubavo opisa. Bas so toa se soocuvam. I tekstura i izgled na hranata mu pravi odbivnost, od mal uste. Sega golem e pa so molenje a i nekogas sam izrazuva zelba da proba samo, pa ke rece ubavo bilo ama sepak malku ke kasne ili pa voopsto nema da mu se svigja i ke povrati.
     
  11. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.975
    Пол:
    Женски
    АМА еден битен податок, НЕ СЕ СИТЕ ДЕЦА ИСТИ. Супер за тебе и браво.

    Да те прочитаат мајки што секој ден се борат на секаков начин, знаеш како ке се осетата?
    Ене ја внуката не јаде освен ПЕТ исти работи не јаде, на глава стој не јаде. 2 години има, сите и зборуваа на золва ми цица затоа не јаде. Ја одби, пак не јаде. Нуди по 10 јадења на глава стој едноставно НЕ ЈАДЕ. Ако не е тоа она што сака и на начин она што сака направено. На доктор ја носеа им кажаа ке порасне ке помине, крвната слика и е стакло дај боже секогаш така да и е. Моето се јаде и пак хемоглобинот на граница му е.
    Штом дете расте напредува, па и со пет јадења тоа е. Ке порасне и ке смени, а може и нема. Тоа е сите сме различни.
    Брат ми до 10 години јадеше, пире со плескавица, комири со стек, тост и леб и маргарин со вегета. Ене го маж 2метри, мајка мо што не проба, едноставно еден ден седна на маса и изеде од тоа што имаше зготвено. Кога тогаш ке биде.
     
    На Splendor., 1209 и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  12. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.737
    Допаѓања:
    8.802
    Пол:
    Женски
    Dobro sea finansii se edno deteto da mi e najadeno e drugo. Ako treba i sto pati ke gotvam za niv vo denot jas nema da jadam zosto povredno od niv nemam. Tuka ne se diskutira za toa zosto sekoj si ima svoe glediste za finansii i slicno. A so sila ko sto kazuvas demek vo lanci go vrzuvam i so inka mu pikam vo usta (facepalm):rofl: Bog da cuva. Mene so sila ne mi izgleda ako izlezeme vo park so tanjirceto i ranime macinja i kucinja demek pa ajde edno zalce na maceto edno tebe, primer kazuvam za lazenje. A ti sto si mislis so toa na sila eve neznam ama smesno e.
     
  13. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.557
    Допаѓања:
    7.804
    Пол:
    Женски
    Дајте идеја за нешто не млечно а да биде лесна храна за вечера, немам идеа што да му дадам дур да му се смири стомачето
     
  14. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.975
    Пол:
    Женски

    Супа без месо или пак со телешко да не е мрсна, палента, ориз, компир варен.
     
  15. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.737
    Допаѓања:
    8.802
    Пол:
    Женски
    Eve ti procitaj ja mojata prikazna. Sin mi od ragjanje bese alergicen na mleko. Pazi bebe, novorodence sto edinstvena hrana treba da mu e mleko nesmeese da pie. Jas od petni zili se trudev da odrzam laktacija i fala mu na Boga cicase do dve godini zosto toa mu bese edinstveno mleko sto mozese da go pie. Ne napreduvase voopsto, edvaj 20 gr mesecno pazi novorodence. Ad mleko probavme osip, ni smenija vo drugo hidrolizirano nikako ne prifakase sise, ma neznam kakvi se ne sisinja kupiv i cucli ne i ne, povraka ako mu dadev sise. Isteravme nekako do cetiri meseci i morase porano da se pocne so cvrsta hrana. Se super ke bese ako jadese i toa. Edna po edna namirnica ja obdivase posle prvoto lazice. Kako sto voveduvav namirnici izlagase po nekoja alergija, na primer na banana, na jajce, griz, posle toa orevi lesnici... Se potesko mi bese dali toa sto neke da jade i toa sto smeese da go jade go povrakase ili toa sto izborot za namirnici ni bese mal zosto bese alergicen. Sekoj den bese borba pred se so sama sebe, pa posle so nego za da stavi vo usta nesto. Pazi nesmeese da jade nisto mlecno kako mleko, jogurt, kaskaval sirenje ama bas nisto zosto bese alergicen, nesmeese jajce a mnogu rab se so jajce i mleko neli. Sum stoela so saati pred raftovi vo prodavnica za da citam sostav na proizvodite za da mu kupam da jade i zamisli toa na kraj nekese da go jade. Go prativ vo gradinka mal so nadez deka ke projade gledajki gi decata. Ne, mi se javuvaa da go zemam zosto ziv gladen bil cel den. Nadvor puka sonce jas so kutijata od doma spremna so hrana odam vo gradinka go zimam i setame niz park, ljuljaski se lazeme so kucinja macinja odvaj nekoe zalce da lapne. Pola ako izedese jas na konj bev. Po celi denovi barav na net recepti bez namirnici na sto e alergicen, gotvev, nesto ke mu se bendisase ke kasnese, pogolemiot del ne. Go odnesov na sekoj mozen lekar i sekade odgovorot bese ke porasne ke stekne imunitet ke pomine alergijata, ke se razjade i slicno. E toa cekanje so godini traese i moite nervi se poveke se tencea. Gledajki kako site drugi deca okolu nego jadat i ne se spageti. Eden den slucajno doznav za edna doktorka vo Sistina, Badzakova, na koja i se klanjam i den denes, ona go spasi od tie alergii, iako mal milion alergolozi pominavme do togas. Posle toa si prodolzi da ne jade, kako rastese gadna mu bese hranata na izgled nekese ni da proba, veke pogolem tuka razbirase. Pa iznakupiv eden kup interesni tanjircinja vo neznam kakvi formi, pravev zivotni od hranata dekorirav i ne i ne dzabe. Edinstveno sto jadese bea testenini i pleskavica so pomfrit. Najnezdravoto. Dzabe treskav glava od zid nisto nemozev da smenam. Pravev pleskavici od zelencuk dzabe gi primetuvase deka ne se tie. Nekako vrvevme, bev presrekna vo denot ako izel bar eden obrok. Pred nekoja godina izvadivme krajnici od drugi pricini, toj mesec dur zazdravuvase oslabe pet kg od 20 na 15 zamisli 7 godisno dete, bukvalno stap. Kako zazdravi ranata od krajnicite pocna magicno da jade. Se cudev sam barase, jas presrekna odma ripav da mu dadam. No sepak taa averzija kon hranata si ostana, ne jade ovosje, ne jade zelencuk. Jade nezdrava hrana, brza hrana. Mnogu mi e maka i seuste se trudam vo denot bar edno nesto zdravo da jade. Baram recepti, gotvam, prikrivam ovojse, za da jade banana na primer pravam banana lebce, palacinki ko sto pisav ponazad i slicno. Nekako pominuva. Cedime sok sekoj den i ne mi e tesko sekoj den da mijam milion delovi od sokovnikot znaejki deka ispil. Vo skolo dzabe plakam hrana mandzite ne gi jade jade samo lebot i ako ima kompir ili pleskavica nesto takvo suvo. Bukvalno posle se i posle tolku godini borba jas otrpnav, sega bitno mi e da ne e gladen samo. Ova e samo mnogu mal del od mojata borba so jadenjeto, ako zemam da pisuvam na siroko ke me baniraat od forumov. Zatoa bez da gi znaes borbite so koj se bori covekot drug pat ne sudi. A na clenkata jas i dadov sovet od licno iskustvo zosto tocno znam kako e. A ako nejze ne i odgovara toa sto go cita zosto mozebi ne sum pisala toa sto saka da go procita slobodno neka ne me cita.
     
    Последна измена: 22 јануари 2025 во 14:49
  16. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.532
    Допаѓања:
    42.862
    Пол:
    Женски
    Добро ете јас имам повредно од нив , па затоа не готвам сто пати. Бог да чува. Не ти се на место мислењата, па како сакаш сфати. А еднонод проблемите што толку години се мачиш со пребирливост е веројатно затоа што си готвела 10 јадења и си нудела заменско цело време. И јас правев така кога почна да одбива да јади, ама доктор ми кажа дека тоа не е правилен пристап.
    И лажењто да касне исто не е, ама кој како сака.
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  17. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.737
    Допаѓања:
    8.802
    Пол:
    Женски
    Epa ok ako ne e pravilen pristap ostavi go gladen sto da ti kazam tvoe pravo e. Sekoj razlicno, jas nikako nemozam da si dozvolam dete gladno da mi e a jas najadena. Pa koj kako sakal neka kaze pravilno ili nepravilno. Dete gladno cel den a jas najadena e toa ne mi e pravilno mene licno. A drug koj kako saka neka si pravi.
     
  18. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.557
    Допаѓања:
    7.804
    Пол:
    Женски
    Се мислев гриз да му сварам на вода ... Дали може тоа? Компир ќе му спремам за ручек, супа јадеше за доручек и сношти за вечера хаха, ќе почне да ми ја одбива веќе.
     
  19. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.975
    Пол:
    Женски
    Можеш, можеш и да ставиш испасирана банана во гризот. Моето ко бебе многу јадеше гриз со банана :D
     
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.532
    Допаѓања:
    42.862
    Пол:
    Женски
    Епа затоа не го оставам гладен и му нудам и тоа што знам дека ќе јаде и плус ново. Ако не сака и тоа што го јаде обично да го јаде макар и цел ден ништо не јадел, значи не е гладен. Децата знаат повеќе за себе од што им даваме кредит. Ако не сака да јаде значи не е гладно во моментот во најголем дел од случаевите.