Eve ti ke se citiram sama za da ne povtoruvas edno te isto sovet ta sovet. Ti prasa dali bi davale edno isto celo vreme jas ti odgovoriv ne. Neznanam sto drugo sakas da ti se kaze. Jas ne bi davala i ne davam. A tvoe e sto ke pravis sekako. Mozebi sakas sprotivno da slusnes za da ti olesni sovest. Ok eve ke ti kazam t.e.lazam da 1209 sekoj den isto davaj, sekoj obrok vo denot, sekoj den isto, nema gajle uzivaj, neka ti olesni ajde.
@1209 Не знам дали си ја сретнала членкава во други теми ама мислам дека нема потреба да и реплицираш и воопшто да се трудиш да објасниш. Повеќе пробувале, во разни теми, не успевало, џабе е На темата. Имам нејадач со одлична крвна слика а едвај 10 кила на 22 месеци. Има проблем со текстура на храна, со мирис, со вкус, со гадење. Пример доматен сос јаде, домат на парче со семките и "водичката" уште со рака ко ќе го фати се гади и има нагон за повраќање. И нудам се, се молиме да проба, некогаш пали, некогаш не. И давам тоа што знам дека ќе јаде плус со нешто ново секој ден. И за тоа новото секогаш се молиме за да проба. Некогаш ќе се убедиме, ќе и се засвиѓа и ќе го изеде, што секако е поретката ситуација, некогаш ќе проба и плукне. Немам решение. Сите викаат ќе смени. Иста сум била, 5 јадења во круг ми вртеле, месо ми криеле сум го осеќала и плукала, буквално на воздух имам живеено и детството си го памтам по пиковитот. Сега јадам поразноврсна храна од голем дел од луѓето што ги знам. Имам само 5 намирници преку сила што воопшто не ми се допаѓаат и ме ги јадам. Порано не сакав ни да пробам нешто, сега сум прав гурман. Се надевам ќе стане ко мене, ама дур дојде тоа, ќе си се нервирам и тоа е..
@1209 , не сум ја сметала ќерка ми за пребирлива ама вака како што анализирам и читам мислења си има свои бубачки и таа. Во последно се повеќе плука храна. Е сега за пребирливост викам јаде се. Ама едно големо ама, пишав и претходно бобичасти овошја само со јогурт, смути или палачинки. Зеленчук свеж, само краставица и морков. Другото сето да е готвено. Искрена да бидам пак пример знам брокула јаде со ориз или во супа и не сум понудила поинаку. Тиквица јаде доколку направам полнета со месо или како мусака и не сум понудила поинаку последните месеци тоа од кога комплетно завршивме со каши. И така за сите останати зеленчуци. Следам еден канал со пребирливо дете и во коментарите често е мајката осудена кога дава заменско јадење, доколку детето одбие оброк. Пример нуди за ручек тортиља, детето ја фрла. За неколку минути спрема авокадо сендвич што е омилен на детето и ќе го изеде цел. Мене ми е Ок да не остане гладно, во коментарите на видеата има ептен голема осуда.
14 месеца досега си спиеше навечер в креветче има 3 ноќи се дере плачејки не сака да спие сам. Заспива кај мене го префрлам в креветче спие мах. 20мин и пак врескање... Как0 да се надмине ова,фаза е или??
Јас неможам да го оставам гладен, сега си кажува што сака голем е и тоа давам. Како помал нудев заменско и јадеше и воопшто не ми е гајле дали така треба или не, дали според некој друг тоа е лошо или добро. Внесува и месо и млечно, помалку овошје, зеленчук, најбитно е здрав и нема пиено антибиотик скоро 2 години, па ако јаде овие 2 недели претежно еурокрем и тост нека му е, следните 2 ќе јади друго, веќе се навикнавме
А што упорно висиш на тој некој си форум и се правиш најпаметна ако не ти значи? За свое добро поработи си на манирите и културата. Без основ напаѓаш и навредуваш повеќе мајки тука, на новите мамички назад им била зимата. Мизерен е начинот на кој што се изразуваш. Утре ќе треба децата и за тоа пример да зимаат од тебе, не само да трчаш со лажицата по нив.
@1209, упорно нуди и нова храна ама имај и безбедна храна ко бекап. Пример денес правев полнет црн патлиџан со мелено месо. Нејќеа двајцата... резерва имав макарони со маслиново и пармезан, па помина малку и од месото од ручекот ко сос. Од искуство со поголемиот, полека исфрлаше и тоа што јадеше. Пример порано јадеше авокадо, мандарини, овес. Нејќе веќе да помириса. Рибна чорба му беше омилена, веќе не ја јаде. И останавме на неколку опции, ама среќа јаде месо па вртам мисиркино, телешко, мелено и риба. Ново постојано нудам ама ништо не пробува. Никакво овошје, никаков зеленчук. Ама морам да нудам зашто ко шо ми исфрла и од испробаниве работи, ќе останеме само на макарони на крај. Некогаш ќе се посреќи и да проба нешто. Со малово сме катастрофа, само на цицање е. И глупости што ќе земе од брат му. Дур игра му подметнувам по некој залак и знам колку е погрешно ама на крајот - секој си го знае детето. Бега од хранилка, плаче, не сака да седи. Знаеме сите како е правилно. И буквално се' сме пробале. Да го оставам по цели денови гладен а знам дека ќе касне малку ако му давам дур игра, не.
И јас не можам, па за да не нудам замена секогаш ставам и од тоа што знам дека ќе јаде во чинијата, или ако не јаде ручек ќе спремам тоа што јаде за вечера. Пример макарони и ориз се сајд диш скоро за се, и салата исто така да знам барем дека тоа ќе го изеде. Затоа и прашав колку е во ред секој ден да јаде исто оти на крај на ден пак и да има други намирници тоj јаде истото. Вечера пример моето скоро и да не јаде, некогаш ќе побара леб и маргарин или леб и мармалад со путер од кикиритки, банана, житарки со млеко и никогаш не го јаде до крај. Ама затоа доручек може и 10 палачинки да изеде, 3 мандарини и пола литар јогурт. Исто цело време нешто мези, така да не дека е гладен, ама ручек како ручек обилен и нутритивен често нема.
Epa nazad ti e, doprva ke svatis i naucis mnogu raboti sakala ili ne. I ne se sekiraj moite deca se sto pati povospitani od tebe.
Ако малку повнимателно прочиташ што си напишала, ќе заклучиш дека без разлика на тоа што си готвела по 10 јадења твоето дете не јадело од тоа што си готвела и пак си ги јаде истите работи што ги наброја. Смири малку страсти, сите кои си имаме проблеми со нејадачи сме пробале и од пиле млеко да дадеме па пак не сме успеале, а ако не сме готвеле по 20 јадења тоа не не прави помалку мајки од тебе!!!!! Имам дете што е 2 години и 10 кила ЕДВАЈ. Секое седнување на маса да јаде мене ми обелува по едно влакно пошо не знам дали ќе јаде. Почнав да му давам да јаде додека гледа цртани. Апсолутно не е правилно ама само така можам да го најадам а да не се тоа 5 залчиња и толку, пошо можам на лустер да се обесам ама нема да касне повеќе од 5, макар било и неговата омилена храна. Се сум пробала, сам да јаде, на маса, на стол, надвор, со мачиња со врапчиња со што сакаш ама не јаде ако не е со цртан. @1209 ако никако детето не јаде ништо освен тие неколку работи давај му ги нив и не се секирај, битно да е најаден. Мојот еден период само леб и намаз и млеко јадеше по цел ден. Јас нудам и плус работи ама скоро никогаш не ги јаде и пак остануваме на тие неколку оброци што ги јаде и тоа од се се јаде по малку, цел оброк е мисловна именка за мојов.
Da de toa i ja sovetuvav da proba so crtani, so lazenje i slicno. A ona me napadna lekar i kazal ne bilo ubavo neznam sto. Ama lekarot ne i kazal deka makaroni ne se jadat sekoj den, nitu pilesko polno so hormoni. Ne si me procitala izglea od pocetok na diskusijava. I mojot den denes jade so crtani. Toa bese edinstveniot nacin da e najaden. Site znaeme deka ne e ubavo nemora lekar da ni kaze, ama pre bi odbrala da e najaden so crtani nego li da preskokne rucek i vecer da se natupani so suv leb pa cela nok da povraka. Ete ona me napadna sum gotvela deset obroka, ama rece ona nemala finansii za toa (sto voopsto ne e moj problem) pa zatoa sum bila kriva sto sum gotvela deset obroka, jas samo sovet dadov jas sto sum pravela i sto upalilo kaj mene. Bar sum se trudela i sum bila srekna deka od tie deset eden e izeden obrok. Sepak koga ke pobara javno sovet nekoj treba i da prifati deka ke dobie i porazlicen od tapsanje na ramo, mesto da se rasprava.
Извини вака, да вие дадовте совет, членката се заблагодари, ама даде до знаење дека не сака на сила да бута или со лажење, и дека е пробано на секој можен начин вие што го пишавте како опција, за во парк, со цртани итн да не набројувам... вие почнавте после да ги напаѓате и навредувате сите што се спротиставија на вашиот коментар дека не давате секогаш исто за јадење и дека вие најправилно постапувате со тоа што готвите 20 јадења. Ако е за вас тоа правилно, за некој друг не е, и не треба да се навредува ако не е истомисленик како вас. И малку врати се наназад и прочитај каков ви е речникот, и на колку овде контра им отиде. Во ред е да се браните, ама не на ваков дрзок начин и да навредуваш. Закочете малку, вистина нема потреба од вакви работи. На крај да сумираме... вие дадовте совет членката се заблагодари и не го прифати и немаше потреба да се крева прашина понатаму. Толку беше едноставно.
Ти имаш проблем, а за тоа си постојат институции. Не го злоупотребувај форумот, он не е една од нив. Поздрав.
Никој тебе не те нападна туку ти ги нападна сите што не мислат исто како тебе. Сепак кога ќе дадеш совет, треба да се повлечеш кога нема да го прифати членката а не да се расправаш, пошо ти се расправаш а не членката. Она самата кажа дека пробала секакви начини и ништо не и упалило. На крај на денот секоја мајка прави како што мисли дека е најдобро а ти не си таа што ќе суди дали е правилно или не. Доста беше на темава!