@1209 , бројче баш со @AngelOfArh , пред некое време пишувавме дека почнаа да се плашат од повеќе работи. Баш на таа возраст околу 22 месеци.
Даааа, стравовите баш како што опиша почнаа на 22м. Дури и од некој гласен звук ќе почне да бега накај мене и вика Мама паше!
Аууу вистина ли и таков момент ќе доживеам? Ова моево од ништо не се плаши и не ни можеш да го излажеш. Не оправдувам такви методи бегај бубата ќе те касне, не прај така да не те земе вештерката итн, ама на моменти стварно ми треба да се плаши од нешто зошто е пренапорен во последно време. Пет луѓе ќе измори, он уште има енергија.
Значи не можам да поднесам Бегај бубата, ќе те касне кучето, иде полицаецот, ќе те земат циганите... Ние дома не плашиме деца нит со Ќе паднеш ќе се утепаш (Велиме внимавај да не се повредиш), нит со Ќе те касне бубата, нит со полицајци и вештерките, затоа многу ми беше тешко кога една жена што го чуваше големиот му велеа страв од кучиња и бубачки на негови 2ипол. Мислам дека до 6г таа мака ја имавме. Пукнав од нервоза. Ама стравови мислам се нормална појава, само треба соодветно да се реагира.
@1209 @Bella_Stella моиве немале страв тој период. Вака ко ќе размислам, таков без повод и причина па ни покасно. Така да, мое мислење е дека треба да се открие од каде доаѓа тој страв. Кога беа исплашени од нешто, ја знаев точната причина за стравот во моментот. Пример, средното дете го имаше исплашено кучето на комшиката. Тој мал, кучката огромна према него, му се исправи да се гали, ама дека голема го бутна на земја и од тогаш па до зимава тој имаше паничен страв од кучиња. Тек зимава почна да гали и улични кутриња, и да си игра со кутриња на блиски луѓе. Или поголеми кога беа, пред да се роди бебево, сакаа да го гледаат оној филмон Џуманџи, го начекаа на некоја програма. Им кажав дека не е баш за нивна возраст, ама пуста желба да го гледаат. И вечерта одвај заспаа, им беше страв некој носорог да не им истрча од ѕидот Инаку, блиски луѓе пробувале да ги исплашат од "старо купуем" или докторот со инекциите, ама не им успеало, зашто никогаш дома не сме ги плашеле на таков начин.
@1209 Те читам одамна и во многу твои објави како да ја опишуваш ќерка ми. За храната знам колку е фрустрирачки што едно те исто се врти. И најмногу ме нервира кога ќе се погодиме некаде на гости и нели и нудат се, сакаш ова сакаш она и ќерка ми ништо не сака. И одма знаеш чудни фаци па што јаде твојава? Ќере многу рано почна со нас на маса да јаде така мислев дека ќе пројаде се. Ама искрено кога не е јадење што го сака таа на маса буквално се глупира, прави се само не јаде. Претходно мнооооогу многу се нервирав, сега не дека пак не се нервирам ама малку олабавив. Со сила да и дадам не можам. Или да ја терам со сила па да поврати. Мојата месо не јаде, замисли нема ни пробано. Не сака ни да проба. И велам прво пробај ако не ти се допаѓа остави го. Таа не го ни пробала вика не сакам. Освен мелено месо пример во полнети пиперки со оризот, или во сарма исто со оризот ама некогаш и тогаш го осеќа ќе рече месо и почнува да го вади од уста. Сака да јаде многу јаболка и круши. Тие од овошјата и се омилени. Јаболко ми бара секој ден. Банана кога како ама ретко. Манџи сака најмногу, ваљда пошто у градинка тоа јадат. Ориз сака, мусака само компирите. Месото не. Ама сува храна не сака, повеќе во вид на манџа ја сака храната. Пример ако има стек со компири или лазањи нема да јаде. Пржени тиквици, пиперки, палалинки, мекици ништо од тоа. Макарони и шпагети јаде ама само со кечап. Добро е што оди во градинка инаку кога отсуствува појадокот ни се врти едно те исто. Макарони, шпагети, јајце варено само жолчката(поинаку не јаде јајце), бисквити со млеко,кришки пржени со јајца и јогурт и лепче со абц. Дури сега пред една недела почна да прифаќа лепчето да биде намачкано. Инаку лепче јаде строго суво. Јогурт и павлака обожава. Не тежи ни 11 и пол кг а скоро 2 и пол год е. Ама тоа е што е. Само нека се живи и здрави ќе пројадат. И јас како мала преборав и дури ми се гадеше од некои јадења кога ги гледав. А сега јадам речиси се
И јас сакав да прашам исто за топломери, бидејќи вреска од плачење, не дава никако. Бесконтактните какви се, оние на чело што се мери?
Се зачитав на нет, вели дека е нормално и е развојна фаза. Дека треба да пројде за некое време, недели или месеци, ама дека ќе пројде. Па ќе чекам да пројде. Мислам дека нема кај него причина за стравот реално, зошто би се плашел од тушот наеднаш, или од музиката кога до вчера играше ко луд, или од некои цртани кои ги сака…ми нема логика. До вчера пример играше на кап кап омилена му беше, денес ја пуштам, ко почна, мама не кап кап, пашам, мама не пашам. Нешто или измислува или станува многу свесен. Сега за некои работи и јас знам зошто го плашат за кои имало причина ама имами некои ептен банални стварно. Инаку јас признавам дека го плашам со буба мара Му велам ако не ставиме пелена буба мара ќе влезе во курето и секогаш пали, мислам ова крајно кога веќе се убедуваме пола саат за пелена да сменам или кога трча гол како луд. Еднаш почнавме со баба рога демек во подрумот била ама сфативме дека многу се исплаши и рековме дека нема такво нешто и веќе не го користиме. Инаку и јас сум против ама некогаш ептен немам каде
Не ја плашам со ништо. Гледам за пресоблекување да и дадам нешто да фаќа или да ми подава марамици, крема итн. Некогаш ќе се умачка со кремата ама подобро тоа него да не ја пресоблечам. Не и кажувам закани, само и објаснувам со причина последица. Пример: ако не смениме пелена може да ти се вцрви газето, да те боли и да плачеш. Не знам дали е правилно, ама ми доаѓа зошто тоа е реалноста.
Да и тоа го зборам секако, мислам дека е правилно, зошто со тек на време ќе научат што може да се случи за нешто кое не треба да го прават. И јас сум за тоа да бидеме што е можно најреални со децата и се трудам најголем дел од времето да постапувам така и да бидам реална и му објаснувам многу, често ќе разбере, некогаш нема и апсолутно неам друго решение освен да речам иде буба мара, а не знам зошто баш буба мара и од каде излезе ова. Инаку порано успевав и така да го пресоблечам со занимација, ама веќе не. Мислам дека е спремен да тргнеме пелени, и последнава недела облекување пелена е страшна дешавка. Дури и до тантруми стигаме. Не сака и не сака, борба во права смисла. Ќе пробам да почнам на нокшир да го ставам, се надевам ќе помогне.
Iskustva so decinja koi na godina dena seuste ne jadat parcinja kako treba? Sinko jade blendano, izgmeceno ili parcenca ovosje (malini, kapini, kivi, mandarini, banana)... No, nisto drugo ne saka od parcenca, ni leb, ni mafini, ni palacinki, ni meso, ni zelencuk... Nudam sekoj den, no nikako ne otvara usta, a ako otvori ednas posle ne saka povekje nikako... Dali ima nadez da se popravi situacija naskoro i na koj nacin? Fala odnapred
Моето се плаши ѕвоното кога ќе заѕвони, буквално рипа и доаѓа и вика мама паше. Не сака такви ненадејни звуци. Инаку колку брзо растат, денес со баба му се чуваат, зошто мама е комирана болна, и иди свекрвата да праша што да му даде да јаде, а тој и покрај тоа што му реков не иди кај мама, на мама не и е добро, се пикна да се гали и само се исправи и си кажа чинка ( палачинка ) дека сака да руча. Тој знае што сака трто мал
Мислам дека после скоро 18мес е време да престанам да го калкулирам секој ден од будење до заспивање. Еве давам и овде ветување, од утре кога сака нека спие. Да се успиваме по 1час. Не, фала. Додека не почне лежејќи по земја да ги вози количките нема носење во кревет. Ете така
Мајка, само 40мин спиење на пладне, тоа е спасот. Секојпат кога спиел 40мин дневна дремка и да е завршена до 3, без разлика кога станал сабајле и колку спиел ноќта, вечерта заспива без проблем одма штом го легнам. Од се што пробав ова дефинитивно функционира, и единствено ова, а верувај пробав многу работи. Првите неколку пати ќе ќисне ќе бара уште да спие ама после се навикнува, значи само еден циклус сон во дремката, толку. Ако го оставам 2, 2,5 саата, пиши пропало успивање ноќта.
Здраво мајки намерно пишувам во оваа група иако сме помали...би сакала да слушнам искуства оф вашите малечки кога почнале со правење бравво,чао,...9 ти месец тераме ама абер нема не сака
Браво почна на крај на 9ти месец а чао на 11 м. И некаде на година, почна да покажува колку години има со прстето. Има време, индивидуално е Ама и кога почна браво и чао, правеше само него кога ќе му текне, не кога ќе му речам, и тоа обично ноќеска кога ќе се разбуди.
По колку мл млеко тетрапак давате ( за тие деца што пијат млеко навечер ) 14 месеци сме , два пати пие по 180 мл разредено млеко
Мојов е 13м, браво на 11 месеци, бам (да пукне) на 10 месеци, чао и ден денес не вика. Т.е. акога сака вика, дури и бакнеж праќа. Комшикава кога ќе го види секогаш коментира како не кажувал чао, а требало веќе. А овој само бледо ја гледа. Иначе тоа исто околу 11-12м научи, и тогаш исто така научи да ја гушка и бацува мама Мал фонд на слогови и зборови има, само мама, ба, и некој кинески измишљотини бамбори. А сè разбира. За јадење ве читам, јас бев дете што се јаде, не бев дебела ама бев фино пополнета Брат ми беше беше на секој систематски неухранет, стапче, живееше на крем и леб, или мајонез и леб, евентуално чоколада и друга глупост. Апетит 0, памтам мајка ми со лажица рибино масло го бркаше низ куќа. Б-комплекс гранули обожаваше, дека благи. И одеднаш, накај 11-12 год кога го здрма пубертет, сам почна да бара, дај грав Буквално сè почна јаде. Така да трпение, нашите зар имале време 10 јадења да ни прават, или да читаат по форум како треба. Gut filling, слушајте си ја душичката, правете како мислите дека е најдобро за вашето дете. И на ништо не се чудете, секој случај и секое дете си е своја приказна, нема две исти. Ај да се пожалам дур сум тука. Фластер мајкин, кога сум дома нема мрдање од мене. Време за ништо немам. Станува полесно или јок