Не пиела тетрапак никогаш. На таа возраст пиеше околу 180мл за заспивање Ад и уште еднаш 180мл во текот на ноќта. Тоа ноќното полека почнав да го намалувам, на 150, 120мл, 100мл, за околу 19-20 месеци комплетно да прекине да бара млеко ноќе. Веќе и пред заспивање има ноќи кога не сака и ноќи кога пие. Ако зачестат повеќе ноќи да не бара, ќе го прекинам и тоа комплет. Јаде/пие останати млечни производи така да не е критично. Полни две години е.
Само да се надоврзам, на една блиска моја, детето ѝ се плаши од грмење оти дедо боже се кара. Така му велела баба му.
Сите вриштат кога ги одвикнуваш од некоја навика. Оти деца се, не знаат поинаку. Да е до млекото, ќе ти го плука разредено, ама не е до млекото, до навиката е. Разредувај, ама до кога ќе тераш така? Доста е и од шише со цуцла веќе, за забите не е добро.
Моево браво правеше многу рано, накај 8м, на тапшин тапшин шлакаше раце, чао почна подоцна околу 11-12м.Не му се сеќирај ќе прави и тоа и тоа кога ќе реши дека сака да прави
Анат да те прашам за забиве кога сме тука веќе. 22м е, долу има само 1ци и 4ки, горе 1,2 и 4ки. Толку, други не ни гледам на повидок. Многу касно ги извади првите накај 13м. Веќе се загрижувам, до кога има фора да никнат? Јас имам недостаток на млечни и трајни заби, немам 2ки, читам тоа е наследно, можам да проверам некако дали ќе никнат или?
Jas da ti pisam nepovikana. Mozno e, obicno dole trebalo da niknat 2ki pa posle 4ki, no ne mozes nisto da napravis. Iako nekogas zabeguvaat od redot. Premalo e za snimanje na zabi i nepotrebno, duri i da nedostasivaat, toa e toa. Ponataka ke se napravi snimka koga ke pocnat da niknat trajnite zabi, da go sledi ortodont i da se planira prostorot ako ima nedostatok na trajni dvojki.
И на мојата и фали една двојка долу. Исто касно извади запче - две недели пред роденден. Има 19 месеци, сега тек ми изгледа дека ќе ѝ излезе двојката и се надевам дека не грешам. И тројките ги чекаме се уште, се гледа бело на непцата. Да се надеваме дека ќе ги извадат сите што е можно полесно.
Големи се шансите и детето да го има твојот дефицит на двојките, така и ми личи според ова што пишуваш. За сигурно може снимка да направиш, ама не мора, штом досега не се никнати горните двојки, најверојатно и ги нема (има две години малиот, нели?). Не е ништо страшно ни нерешливо во секој случај, другите заби секако ги има. Дефицитот се средува кога ќе никнат сите трајни заби, дали ќе се чува простор за двојки па ќе се надокнадат со импланти или ќе се наместат тројките на место на двојките па ќе се направат евентуално да личат на двојки, тоа ќе се види од комплетната ситуација кога ќе почнат да се менуваат забите, веројатно ќе треба да носи помагало, мобилен апарат по мерка или готов миофункционален апарат. Во секој случај, не е тоа многу редок дефицит, постои и се решава. Гледајте да му се здрави забите што ги има, кога ќе почнат да се менуваат ќе се консултирате со ортодонт, и ќе се најде решение.
Зборувавте за пробиотик пред некој ден кој помага за дијареа. А дали знаете кој е поефикасен за запек? И уште едно прашање - од каде ги нарачувате капките Вигантол?
Ниеден провиотик за запек. Големиот кај мене има проблеми и пробиотик никогаш немам давано. Само на почеток , додека заклучив дека му права дополнител проблем. Не давам ни на малата. Посебно на дете кое е доено по мене не му требаат плус суплементи од овој тип.
За запек малку чиа или мелено ленено семе во оброкот помага многу кај моето. Доручекот е обично овесна каша или житарка па таму додавам, или во палачинки, мафини.
Ќе го објавам како. Видео ....дали има индруги бебина што правеле вака со рацете? Прави кога седи во хранилка А да јадр..за да гп земам или он кпга сака да земе нешто и види пример смоките и почне да ги врти рацете...
Да двете така правеа, се возбудува и мрда со рачињата. Не барајте си проблем кај што нема. Уживајте во моментите оти не се повторуваат.
Дали имате давано мелко од магирица на децата за кашлица? И прашање за забите мојата е 2години и 5 месеци и сеуште и немаа излезно 5ки ни горе ни долу? По муабети со мајките скоро сите веќе ги имаат... Иии уште едно прашање, кога зборува и место К буквата сегде вика Т ама било каде да е во зборчето она автоматски го мени така си и иде. Стручните лица сметаат дека е за логопед ама јас сеуште не сметам дека е, детето и зборува и незборува не е сега нешто мубает да прави па ајде да приметам дека стварно има потреба any suggestion?
Од мали победи издвојувам поминати 7 саатии во кола со бебо без телефон. Иако имав спремено за секој случај маша и медо да пуштам. Ама мојот голем човек читаше книги. 3 саати ги преспа остатокот јадеше, читаше, цртавме и гледавме каи по пат Дали и вашите деца не јадат кога одите некаде? Мислам јаде ама не како дома што јаде. Вчера има изедено една каша со бисквити јаболко и млеко, после тоа 2 мини кроасанчиња севендејс, на ручек касна малку помфрит и некое мевце повеќе остави неголи што касна, и синоќа пола тост. Да е дома се мав би направил ама се му е поинтересно од јадењето. И јас само го нудам ама бадијала..
Немам давано. Немаат врска забите со годините. Никој без заби не останал. Не е за на логопед. До пред еден месец и кај мене така правеше, преку ноќ смени.