Не Мојава пред 3ти роденден ги извади, мачно и долго. И општо сите заби ги вадеше долго Мислам дека е мала. Ќерка ми се вика Софија, прво за себе си викаше Тоти, па Тофи, па Тотија, па дури отпосле стана Софија.
И јас да пишам 20м полни има, горе кецови и 4ки уште не до излезени, долу кецови и една двојка. Кога ќе видам деца со полна вилица заби исто се запрашувам да не нешто не е во ред иако матичен добро е вели..
Стварно неможам да разберам луѓе. Викендов ја измешав со деца, бевме по гости навака натака, се изнаигра и изнаужива ама од ноќеска пак кашла како куче. Значи до толку ли ми е нежно детево? Од што? Никој од децава ни мрсулав, ни со кашлање, ни ништо. Не оди во градинка, можам да замислам да ја пуштам одма пак ќе падне болна. Што да и давам? Кашла како ларингитско само во спиење, кога ќе стане и треба време да и се пушти гласот, вака денес е весела и има апетит.
Луфтирај почесто кај што спие и влажни го воздухот, нека не спие на топло. Можеш пред спиење лажиче мед да и дадеш, чаеви ако пие можеш бел слез да и направиш. Некни правев сируп од сецкан кромид и мед, ама моево ништо не пие, ни сирупи, ни лекови, ни чаеви и така си правам само, колку да се рече.
ок, што ако кашла? Ако нема други симптоми опушти се. Син ми кашла со шлајм две недели, весел е, игра, нема друг симптом. Не сум ни помислила некогаш да помислам дека е нежен.
Исто би ти кажала како Бела да луфтираш, навлажнуваш простории, да не е преоблечена или да ви е жешко дома. Иставај надвор, мешај ја со луѓе повеќе, остави ја да да фаќа се.. пие ли витамини? Јас им ги земав сега на децава на Фиш оил гумените бомбони
Па не пратам кашлица како симптом на разболување освен ако не е проследено со други симптоми. Ни тоа ни нос течење. Ако качи температура тогаш ок рачунам, ама иначе не се стресирај кај што нема потреба.
Јаде она бомбони и секаква храна парчиња тврда/мека. Да ,се слагам дека треба пазење, затоа и пишува на нив 3+ ама доколку детето џвака добро се, мислам дека нема пороблем, ептен се меки
Кај моево кашлица со шлајм завршува со бронхит, па и пневмонија. За жал јас не можам да замижам на било каков симптом. Не значи дека кај сите исто и кај моево не е секоја кашлица исто ама бидејќи сме се изгореле што се вика, ептен претпазливо следиме и ние дома и матичната.
Imam davano mleko. Ne pomaga za kaslica, posebno ne ako e od bakteriska pricina. Mlekoto go smetaat kako mnogu dobro za imunitetot opsto, ama deka pomaga za kaslica ne, barem ne kaj nas.
Досега никогаш за жал не сме поминале само со кашлање, и јас сакам да е така. Се надевам како што ќе расте ќе одиме кон тоа. Затоа пишав, да видам дали можам да превенирам. Си го знам детето како почнува и како завршува.
И нас не чека 7 саати пат во фебруари, но не се надевам дека ќе помиме без цртани. Нема ни да пробам да биде така да бидам искрена. Инаку мислам дека е нормално што јаде помалку, моето е исто и воопшто не се замарам затоа што мислам дека е нормално додека патуваш да не ти се јаде многу, или од патот малку ти се пореметува метаболизмот.
Ќерката прв заб извади на 10мес, и петките дојдоа на ред над 3 години. Ако ги има сите други заби, ќе никнат и 5ки, воопшто не е касно, не се секирај. До 3 години викаше Ч место К. Сите други букви, дури и Р ги кажуваше точно. Пишав на логопед, ми рече не е лошо една консултација, и истата недела почна нормално да си кажува К. Мое мислење е дека вакви неспецифични лоши изговори не остануваат долго, за разлика од лошо изговарање на С, Р и Л. За млекото немам искуство.
Ја истеравме ваљда пошо поголемиот дел од времето го спиеше, а ептен бев на мисла како ке поминемњ по пат.
Браво. Јас не успевам без цртани по пат. Тоа е вриштење и пробува да си ги извади каишите. Јас не познавам друго дете освен моето што не сака во кола да се вози. Абе до центар на 10 мин возење тоа е мислиш го колам во кола. И кога одиме за мк. Земам нешто што сака да јаде, грозје најмногу функционира, ги броиме зрната хаха. Па после малку цртан и заспива. Досега само еднаш успешно без цртан стигнавме дома од мк на враќање, ама тоа беше чудо што го преспа пола пат. Се имам пробано и книги и јас да пеам, и да имитирам се и сешто. Ма јок сака од седиште да излезе и крај.
Јас мислев само моево е такво. Три дена бевме на викенд сега, се на се две лепчиња изеде во тие три дена. Се друго беше вода чај или сок. Се вративме дома стандард уште нас што не не изел. Е кога се вративме и кашлица собравме по пат, се мислев да не обрнувам внимание ама ај реков да го слушне матичната - спуштил, ама малку. Инхалација со синомарин и сируп за искашлување. Ако не се средело до четврток ќе ми пиши пулмикорт. Крвната слика е супер. Ама многу кашла, до повраќање..
Не сака да се вози ни моето никако имам приметено кога ја возам сама дека е помирна ама немам храброст да седам напред и да ја осгавам сама кога мм вози. Инаку пази pls со грозјето во седиште, малце е choking hazard