Како јас да се читам....и мојата ништо не сака..само млеко, сок, краставица и лебче некогаш и домашен овошен јогурт ...што не пробав...единствено со цртани нешто и потпикнувам....а не дава да видам за петките дали избиваат...долго време веќе не извадила забче, а кога вади заби бавно ги вади...се надевам дека се во прашање заби. 25м сме. Вашиот проблем веројатно е поради забчињата...ајде уште 5ките, после пораат....да се надеваме дека ќе пројадат.
@JoyJoy @alana благодарам за одвоеното време Она пие млеко наутро кога ке се разбуди,поручек за да заспие ако е дома(ако е на градинка кога си доаѓа бара дека таму не го пие тоа што го нудат)и навечер пред спиење.Потоа се буди еднаш за млеко, Се е по 200 грама...Ретко знае да побара од кога ке се разбуди и поручек.Ако решам да не и дадам се залисува од плачење и едноставно морам инаку се треска од земја Млекарче
Ние пиеме сабаље околу 250мл и навечер околу 200мл (некогаш со чоколино, некогаш така само млекце)....ама кога бара сама ај не дај и...станува и знае што и следи оди кај фрижидерот право и вика еко,еко .................а и женски се убаво е за коските...нека си пијат...женските повеќе страдаат од коските во подоцнежни години....да не пиеше и мојава сок, млеко само ќе бараше.
После година дена тереба да пијат помеѓу 300 и 500 милилитри млеко и млечни производи максимум. Инаку им доаѓа премнолгу калциум и им прави проблем со абсорпција на железото па може да развијат анемија. И да 600 милилитри млеко се премногу да ги испие во текот на денот и најадена е од тоа. Пробај ти испит толку млеко во текот на денот па ќе видиш дали ќе ти се јаде. Не сакам да осудувам само се трудам да помогнам. За почеток намалувај малку по малку од дневното шише. Значи давај еден ден по 190 па по 180 млеко итн итн. Најдобро е да почнеш да кратиш од тоа сабајле што го пие зашто од описот тоа дефинитивно и го расипува доручекот. Ќе се напие млеко и нема место за друго во стомачето. Рачубнај млекото не е пијалок туку храна. За да се свари во желудник се скиселува прво и од течна преминува во тврда состојба па потоа се вари. Му треба прилично време за варење. Затоа помалку млеко за да има место за храна. Исто така помеѓу млеко и оброк требада поминат минимум два саати за да има барем малку простор за јадење. Со среќа.
@Manuela. и јас би те советувала да го скратиш млекото, нема никаква корист од него, ни за коски, ни ништо, само може да доведе до анемија и микрокрварења во цревата, дава чувство на ситост, а не е хранливо. Кај дете над година, се што е повеќе од 500мл е вишок, а како што расте, треба да се намалува количината. Покорисни се млечните производи од самото млеко. Мораш да бидеш упорна, од земја ќе се треска затоа што знае дека така добива, ако не добие следниот пат, нема ни да го прави тоа. Прво почни со намалување на дозата, не мора 200мл, дај помалку, 100-150 мл, потоа и тоа помалку што ќе го даваш измешај го со вода, да и се смени вкусот, самата ќе почне да го одбива. Добар е советот на @JoyJoy да го вклучиш девојчето во подготовка на храната, она што е соодветно за нејзина возраст, инсистирај да проба да види дали е вкусно, мислам дека така ќе се залаже и ќе почне да јаде. @sunshine2015 за да не се прават пликови при изгореници, следен пат мачкај со јекодерм. Ладна вода никако, таа провоцира создавање на пликови при изгореници. За сушење не знам што да ти препорачам, ама има крем Дермазин во аптека, нема да останат лузни.
Ацикловир маст побарај во аптека и витамин ц давај.Обично се појавува при пад на имунитет.И заразно е да знаеш
Јас пак помислив од нечистотија Нон стоп со раце во уста е,секаде чепка Него успеав некако да сликнам,незнам баш дали е херпес,гледам и гнојче има
Малата е скоро 2 недели со растечен нос и тече вода, а навечер и кашла веројатно и се слева пие антибиотик, утре е 7 ден, планирам повторно да ја носам на контрола иако ми рекоа во петокот дека е ок. Дали е нормално и покрај антибиотикот толку долго да и тече носот?
Можно е. Јас мислам од кога е родена и тече носот, небитно дали лето/зима. Еднаш има пиено антобиотик и пак истото. Испитував брис ништо не покажа.
Може да и тече носот од вирус или алергија. Ако е од било кое од тие две антибиотик џабе даваш. На мојот секогаш носот му тече околу две недели кога ќе фати некој вирус. Не е ништо страшно ако е само нос растечен.
Правевме крвна слика и педијатар ни препиша антибиотик, алергиска реакција не ми се верува ама ме ставивте на мисла.
А што покажа на крвната слика? Ако нема индикации за некоја бактерија или слично, џабе пиете антибиотик. Тој не помага за настинка/вирус.
@MissDior бидејќи леукоцитите се покачени, има некое жариште во организмот. Може да биде бактериска инфекција. Кај нас така имаше три дена температура, јас и давав само парацетамол. И кога испитав крвна слика само леукоцитите беа качени. И ми дадоа антибиотик. Почнав два дена , се симна температурата и докторот ми рече најверојатно е вирус прекини го антибиотикот. И сум почнала да лечам и не долечив. После недела дена испадна бактерија.
Бааги високи леукоцити И црп покачено Кај нас вакви беа од црвено грло и бактерија на истото Ние Алицев пиевме седум дена
Мајки Ве молам за совет да издржиме до сабајле пукнав !!! Малата од сабајле до сега 11 пати менувам пелена пролиф , јаде пие се ок ...не и е лошо . И давам Линекс Џуниор не помага , спие и кака неможам да сватам што се случи .
Maliot naednas pocna da neke da se banja, maka macime, bar kolku tolku da se isplakneme na zeskovo, a obozavase da e vo voda edvaj go vadevme od kada. Sovet???
Да не е од шампонот ? Може му има влезено во очињата и сега се плаши . Ние така мака мачевме ,додека не сменивме шампон.