Не сака да се вози ни моето никако имам приметено кога ја возам сама дека е помирна ама немам храброст да седам напред и да ја осгавам сама кога мм вози. Инаку пази pls со грозјето во седиште, малце е choking hazard
Пазам пазам, го знам тоа. Сепак фала на совет. Инаку и јас не се осудувам да седнам напред. Тој толку брзо знае да си ги извади рацете од каиши и покрај убаво стегнато. Целиот е црвен во рацете од шо се тегне. Јас знам кај лежи проблемот, не сака врзан да е. Ама кога се мора се мора. А сама да го возам не се осудувам, ниту пак мм се осудува сам да го носи некаде. Баш е проблематичен по тоа прашање.
Моево досега нема седнато на седиште нема шанса од мало не седеше, излегува од седиштето, не купивме друго, реално и немаме многу потреба, живееме во мало градче и нема сообраќај. Со него само до Охрид и до Битола сме оделе, Охрид ни е 1 саат возење, Бт 20 мин, го држам в раце, знам не е безбедно ама нема никаква шанса да седни, сега ќе се вежбаме пак, ама и седиштето е такво во каишите и можи да излези. Па ќе треба изгледа ново да купуваме. Јас се чудев ко ќе речеа не седи в седиште, не седи в хранилка, не седи в количка, не стои за пелена менување, со првото никаков проблем немав со овие работи премирен беше, седеше секаде, душа беше. Ова се ми врати Не седи в хранилка, не седи в количка, не седи в седиште, за пелена менување не прам муабет а истата сум со двајцата, ама не бре, немало врска. Деновиве ја разви љубовта од брат му за часовници реприза имам сите извадени, ги редиме, па на рака, на нога вчера му ги ставиле, пресреќен со нив заспа не оставаше да ги извадиме хахахах Пушта зборчиња пo негово, повторува, сабајлево кај мајка ми го носев и оди в дневна вели Бзо бзо, демек ајде брзо брзо смешки. Само паѓа, само се мава, се тепаат со брат му, лудница е дома, без бато тешко му е, цело време го бара дури е на школо, Бато бато и шета по собите Дневната
Моево ако не заспие, тоа е вриштење, пиштење, јас не знам дали ова дете ќе научи да седи во седиште без драма. Абе ако не е заспана не можиш ни да ја ставиш ни во количка ни на седиште, се витка како змија.. јас молам совет за тоа. Ни лижавче ни ништо не помага. Цртани не сака, неа и е интересно да скрола, да поремети све и затоа не ни покушавам. Пример вчера мораше да седи во количка ја ставив некако, само шо влеговме во автобус, детево се претвори во ѕвер. Иако признавам е многу полесна за лажење од голема.
Леле хаха јас не знам на мојава главата од што и е, не паѓа толку колку што трча и гледа наназад, значит челоно и е по 5 пати на ден удрено, а не подсинува. Крв од уста е нормална појава кај нас и само проверуваме дали се сите заби на број. Исто премногу се сакаат и се гишкаат и играат заедно и радости е кога ќе дојде дада дома од некаде амаа кога ќе почнат да се тегнат за една работа, па малово напаѓа со гребање и кубање, оваа другава лае 'ржи тоа е хаос
Исто, се сакаат премногу, се гушкаат, ама кога ќе почнат да се бркаат, малово трча, па ќе падни, па мм одма вика по големиот, не го бркај, паѓа, а малово само оди се чепка со него, секогаш тоа е иницијатор за се, а големото си го крка, ем попушта ем тој крив на крај Најјако е што од толку играчки се фаќаат за иста Многу паѓа, сам на права ледина се сопка, а лазеше, демек тие деца што лазат нема да паѓаат, аха да не и тоа нема врска. Првото воопшто не лазеше, дирек прооде на 14 месеци и не паѓаше, ама ич, многу постабилен беше. Ова само отепано е
И мојава беше по книга со лазење па уште паѓа на прав пат. Главата горе, не гледа што има пред неа, само оди, ако падне, падне. Среќа не е плачка, станува и продолжува.
На големиот немаше кој да го брка на големава имаше кој да на чува, малово само се снаоѓа само што голема е многу одговорна и во игротека ја чува она и ја качува секаде.
Немам совет мила. Моето само во количка сака да се вози зошто успевам да го залажам со тоа дека ќе видиме многу коли, камиони, автобуси, комби и ќе ги броиме. А му купивме и трицикл онаков да го туркам, во него да седне е мисловна именка. Во седиште успевам да го седнам до тоа што го вртам седиштето во круг од како ќе го врзам, малку забава добива. И играчки имаме во кола и книги и ништо не помага, само цртани и тоа одредени. Не сака сите да ги гледа хаха
Тоа да, не плачи, ќе чукни силно леле само чекаш реакција а големиот па малку да се гребни плачи и ден денес
Нешто што најмногу мразам е деца што по улица прават сцена. Е тоа ми се навеа на глава и никако не можам да се помирам дека имам такво дете. Која сцена ми ја приреди сега, ми се идеше да го ишамарам во сред центар таму пред сите. Ама тоа не е решение. Давајте совет како да му објаснам дека тоа што вришти и седнува на земја и демек пробува да си ја удара главата од земја не е воопшто убаво и дека со тоа ништо нема да постигне. Не знаев кај да се свртам од срам, сите очи вперени во нас беа. Значи не знам кај грешам, ете прошетан, на љуљашки однесен, во песоко си играше ( што ич не ми е ок тоа, мочаат какаат кулињата таму) ама го пуштив да се издува и измивме рачиња на чешма и него му светна да се водени во сред зима. Епа нормално тоа не бива и го тргнав и почнаа драмите и вриштеше низ цело шеталиште се до кола. Така ми се споија жичките, не знам жими се како се воздржав а да не го шлакнам. Не сум за воспитна мерка котек, ама и ова вакво понашање не бива. Мајки како се справувате со вакви ситуации, стварно ми треба совет
Џабе се нервираш. Знам дека е не взоможно, ама тогаш мораш да се смириш. Иначе колку ти се нервираш он бетер ке се глупира. Ние сме немале такви сцени ама знае да писка у количка или додека е во седиште во кола, кога сала да прави нешто што не смее, јас возам или го кревам во количка и одиме, се правам дека не го регистрирам. Така најбрзо се смирува. Ако земам да го карам или да му зборам он не слуша само вика повеќе. Ова пали кај нас.
Не грешиш никаде. Тоа е едноставно дел од процесот на созревање кај тодлерите и тоа е тоа. Кај некои поинтензивно, кај некои не толку драматично. Јас се правев дека не е моја оставав да се исплачи да не запознаат сите дека ние сме драна и од кога ќе завршеше со хистерии ќе се гушневме и како никому ништо. Рачунај дека тамтрумите траат до кај 4г негде, после 4г е поретко ама знае да се урла. Не му зборувај, не го гушкај ако не сака, нека се валка по земја, едино само тие без деца и стари жени можат да те гледаат чудно, другите сите тоа го поминале и ништо страшно. Моето знаеше да се фрла на сред транвај кај што е опасно да не се повреди и тогаш се препотував.. а вака на улица, трговски оттрпнав.
Моево завчера 12+++ Седи до проодувалката станува ја гура со една рака паѓа, ја гура преку него - паѓа и почнува плаче на цел глас со солзи. Зема шише за вода со капаче не може да го отвори нема сила почнива вриска и плаче. Седнивс врз музичка играчка среќен дека свири, како рипа со газето ја гаси музиката вриска и плаче. Кутија со влажни марамици ги извадил сите не видов, ги земав - вриска и плаче. Јас стварно не мислев дека ќе почне со драми од 1година. Не го разгалувам лигавам не е се по негово не хистеришаме со убаво објаснуваме, разбира да не дај не тоа пушти и сл ама џабе
@Carolin. @Fenix05 Аууу значи да си седам дома до 4 годинки. Дома ми прави вака, ама надвор до сега само еднаш и тоа беше баш мал, ама ова веќе е друга димензија, прав тантрум. Останав прибрана само го кренав в раце и едвај го држев од што се виткаше. Да го оставам да се валка јас не можам или да си ја удира главата. Јасно ми е дека пробува така да добие тоа што наумил, ама да вриштиш 20 мин без престан иако гледаш дека не е функционира, тоа ми е премногу. Значи каков инат има во него тоа е чудо.
Такви се тантрумите, до 4 год е траат обично, кај моето до 4 беа, после 4 имаш дете. Совет, да не ти е гајле кој ти се пули и што вели, сите помлади со деца знаат како е, шо вели Бубиш само стари и млади без деца можи да незнаат како е. Ти ќе си прифатиш дека детето ти е нормално, со нормален развој, никаква воспитна мерка нема, само оставаш да му помине, после имаш мирно дете.
И најважно да може да објасниш на баби дедовци да не му викаат аииии леле неее не правиме така!! Срамота ТОј уште толку
Мајки на девојчиња, дали сте имале проблем до сега да е црвена долу, и докторот рече дека усните доле се затворени, а нели треба отворени да се. Дали мачкавте нешто? Дали мислите дека се мачка таму доле со крема со кортико? Ни даде таква крема што ја имам користено за исфрлање на кожата пред некое време. Сега ни ја дава истата за оваа намена. Ми треба совет, не сум свесна што да правам.
Да била црвена и многу почесто него големата иако одма ја преслекувам мијам ама поцврдта кака и се праи секаде црвена не знам.. мачкам секојдневно со веледа, со судо ако е црвена. Еднаш големата ми напаи како ранички и тогаш ми рекоа белоген со канестен измешано да мачкам и брзо помина. Имат имано мојава и бели брунчиња имано ( некоја пиша мислам) тогаш и дадоја некоја специјална маст
Црвена и мојата се прави, ретко ама знае да се направи и јас користам веледа, но ова е црвено скроз внатре, и таму треба да мачкам, ама чудно ми е за кремата не знам што да правам искрено. Тие што ги спомнуваш внатрешно ги имаш мачкано или? Имаат кортико?