Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.025
    Допаѓања:
    45.909
    Пол:
    Женски
    2-3, да проодат стабилно, јас го носев дури пола година откако прооде, а подобро порано за ако има некој проблем да се види, кај нас така се деси покасно да го носам, среќа па немаше проблем.

    Пробај да не го користиш стоп, не, немој, не може, мислам дека мозоците не им се сеуште развиени за да сфатат негативни зборови, генерално слушав детски психолог дека “Не” не функционира как деца до 4г оти едноставно не го перцепираат како збор.
    Место тоа пробај да кажеш мама оди полека, мама дојди кај мене, мама ајде сега ќе одиме не трчме, мама по улицата се стои на пешачки итн, поточно да и кажеш алтернативно што да прави место што да не прави.
    Јас го испробав овој метод кај моево и вистина функционира, да не се заречам многу е послушен во последни време, мислам разбирлив. Ќе речам уште еднаш нешто ќе го направиме и одма функционира.
    Исто и ова е многу добра тактика, пр не сака да си оди од игротека, ќе речам ајде уште еднаш ќе се спуштиме и после ќе трчаме накај вратата и секогаш успева без драми да си тргнеме.
    И ова го слушнав од некој психолог дека кога сакаме децата нешто да прекинат да прават да им дадеме алтернатива и така ќе се осеќаат дека имаат контрола и стварно како расте многу е лесен за убедување со ова, уште еднаш и толку.
    А за завршувањето забавно активности без тантруми, само завршување во вид на игра, пример ајде да си одиме и да видме кој побрзо ќе стигне до вратата, или со нешто забавно. Сигурно го знаете ова, ама јас од искуство да си кажам дека многу функционира, ама веројатно зависи и од возраст на детето секако.

    Моето нема многу тантруми, може еднаш неделно за нешто. Некни оти го разбудив од спиење несакајќи, такво трускање имаше пола саат не се смири, јас се запрепастив дека прв пат направи така.
    Ама тврдоглав е ептен, додека не направи што намислил не се откажува и често кисне за тоа, ама се справуваме некако.

    Инаку да го пофалам почне да користи јас:D Тато јас пијам вода, мама јас кака, мама јас нане.
    Научил и да пее и нани нани бебенце му е хит, многу е сладок кога си ја пее сам на себе:D
    Просто не можам да поверувам колку многу разбира и зборува, како со возрасен да правиш муабет.

    Со мм почнавме на англиски да збориме во шифри за да не не разбере. И се слуша, јас ги мислам заигран и ете го ќе се јави со нешто што не слушнал додека збориме.Опасен.
     
    На H.VAGA, Giovanna, Giiirl23 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.356
    Допаѓања:
    3.114
    Пол:
    Женски
    Да, кај нас ова пали за легнување навечер. Викам, ајде гасни телевизорот и ламбите и легнуваме. Тоа два-три пати го повторувам и почнува да го гасни сето светло во куќата и легнува веднаш, инаку имаме драми.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.138
    Допаѓања:
    1.638
    Пол:
    Женски
    Мојава уште нема тантруми. Скоро 21 месец има.
    Затишје пред бура ли е? :D
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.160
    Допаѓања:
    40.522
    Пол:
    Женски
    Изгледа е нормално. И големиот и ден денес така ми прави мора да е зариен со главата до нешто, а еве и малово гледам исто прави :^)
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.015
    Допаѓања:
    8.496
    Пол:
    Женски
    Не мора да значи дека ќе има. Внука ми порасна без такви епизоди. Никогаш не видов кај неа хистерични напади ако нешто не добие или слично. А моево секој ден си плаче и вришти ако не му е погодено нешто.
    Не си ги повикувај оти не знаеш колку е нервозно ;)
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.232
    Допаѓања:
    24.671
    Пол:
    Женски
    Некои деца не се толку драматични, првото дете вака не правеше од година и пол, појаки тантруми имаше тек после 3 години, после 4 веќе не. А пред 3 год само неколку пати имаше во јавност драматични тантруми со лежење на земја. За рака секаде одеше со мене, многу беше послушен од мал. Апла различни карактери се, небо и земја.
     
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.025
    Допаѓања:
    45.909
    Пол:
    Женски
    Ќе те цитирав тебе и заборавив. Мислам дека твоето те осеќа дека те фаќа нервоза и оно уште повеќе се нервира(од случајот на улица)
    Мораш да дишиш длабоко и да не мислиш на тоа што мислат другите околу тебе. Знам дека е невозможно ама мораш.
    Не му збори во тој момент, пробај со мм нешто си збори( кај над ова пали) он си врека ја и мм си збориме си се смееме, скроз игнорирај. Само го носи дека си наумила и остави го таму да се исплаче. Мислам не дека ние не го мислиме оти збореме ама мора така, оти вака најбргу се смирува.
    Не грешиш ништо, сосем нормално е однесувањето не си ставај на срце дека нешто не правиш па детето има вакви епизоди.

    Инаку и кај внуката сигурно имало вакви моменти ама не толку агресивни, едноставно тоа е во развој на децата, мора да имаат вакви епизоди оти мозокот и емоциите им се развиваат вака. Кај некој ќе бидат послаби, кај некој ретки, кај некои чести и агресивни ама сите мора да ги поминат.
     
    На le.soleil, lackygirl и Carolin. им се допаѓа ова.
  8. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.015
    Допаѓања:
    8.496
    Пол:
    Женски
    Внука ми е претерано мирна. Кај ќе ја ставиш да седи таму ќе ја најдеш, до ден денес. Ретко како неа мирно дете постои.

    Инаку не можев да го оставам и да удира глава во бетон. Зошто тоа проба. Јас останав приземна и ништо не му велев, само го кренав и го однесов во кола, дома исто ми прави ама на улица прв пат. Ми беше срам од народот што не гледаше.
    Кога се дешава дома, си седам и чекам да помине и кога ќе виде дека не му обрнувам внимание иде и се гушка плачејки и престанува.
    Му одржав лекција, ако ми веруваш, слушаше ама поглед на друга страна. Ни еднаш не сакаше во очи да ме погледне. Знае дека нешто не направил добро. И паќ ми се чини џабе беше зборањето. Ама еден ден се надевам ќе слушне слушне шо му се кажува
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Marijana93

    Marijana93 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    1.577
    Допаѓања:
    12.129
    Мојава е скоро 6 години ... Не знам дали во бришење подови по болници, маркети, кафани постои. И кажав после кога ќе си болна мисли си и одма престанува, гледа дека не се нервирам ко претходно и не ја рецкам кога е таква и прелинува секундарно.
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.221
    Допаѓања:
    26.233
    Пол:
    Женски
    Првото ми имаше почнаа кај 13-14м и беа страшни и траеа до кај 4г, после тоа и беше поретко и не така со фрлање пишав погоре, а малава нема, знае да заплаче ама брзо се смирува. Послушна е сега за сега, стоп е стоп, немој е немој, остави остава, тоа кај големата е невозможно сеуште мора со тактика
     
    На Sun&Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Amore123

    Amore123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2023
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    705TUC-5410041001204-1.png дали е штетно ако дете од 22 месеци почесто знае да си касне од овие?
     
    На atz1995 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.232
    Допаѓања:
    24.671
    Пол:
    Женски
    Моево си каснува секој ден некои грицки, дали вакви, дали смоки, соленки, сеедно. Дури си јади се друго нормално мене ми е ок и нешто др да си грицнува. Неможам ни од некое бананче/чоколатце да го спасам, ќе земи брат му да јади и овај одма му оди и јади ама тоа така да остани на едно.
     
    На Carolin., DaisyDream, Amore123 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.138
    Допаѓања:
    1.638
    Пол:
    Женски
    И давам и јас од овие, многу ги сака. Благо неќе, ама вакви грицки јаде. На мајка и :D
     
    На Amore123 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Amore123

    Amore123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2023
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    И мојов повеќе солено, благо не, може само некоја бисквита.
     
  15. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.140
    Допаѓања:
    9.752
    Пол:
    Женски
    Абе бројче, не дека јас нејзе постојано и велам не.
    Се зборувам и објаснувам. Давам и избор, се со убаво. И баш и затоа се фрустрирам некогаш кога на инат, значи буквално од инат прави нешта.

    Инаку да спискаш НЕ, СТОП или НЕ може е нормална реакција. Јас не верувам дека има родител, па и психолог, па и не знам ти какво стручно лице, кое може без воопшто да не ги спомне негациите. Едноставно кога си во кнап ситуација, дете ти бега или за секунда се наоѓа во опасна за него ситуација, прво што ти иде е НЕ, со надеж да застане за секунда, па да имаш време да реагираш, а после тоа ќе му објануваш.
    Инаку сум прилично сигурна дека и те како го разбира зборот НЕ. На пример зошто денес списка Најн на едно девојче кое го понудив од нејзините палачинки. :D
    Едноставно си почна фазата со инаетење. И сега се инати истовремено зошто нешто нема и зошто го добива кога го бара.
    На мајка и цела :inlove:. Што да кажам освен ме стигна клетва од мајка ми.
     
    На Splendor., Skyler81, lackygirl и 5 други им се допаѓа ова.
  16. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.710
    Допаѓања:
    5.998
    Прво, тебе ќе те искарам. Срам ти било од народот што те гледал? Во моментот кога детето ти се треска ти мислиш на луѓето околу тебе? Ако некои од тие биле мајки, верувај ми, го имаат поминато тоа веќе и никој не би те обвинил. А за останатите те заболе, нит ги гледај, нит им реагирај ако нешто некој ти префрли. Прво треба да видиш што му е тригерот, во случајов било што не сакал да се тргне од нешто што му е забавно, следен пат не го тргаш нагло, му даваш најава, уште малку ќе си поиграме и одиме дома. Ќе ги измиеме рачињата уште еднаш тука и после дома одиме да ги миеме со сапунче. Давај му нешто што ќе му биде дистракција да избегнете тантрум. Ама ако некогаш кажеш уште ова и дома, стоиш на збор, не дозволуваш уште еднаш уште малку, зашто точно знаат тие што сакаат и како да го добијат тоа. Ако протестира и покрај се што правиш, истото што си направила, земаш во раце, носиш во кола, нека плаче нека протестира колку сака.
     
    На H.VAGA, Bella_Stella, Skyler81 и 8 други им се допаѓа ова.
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.025
    Допаѓања:
    45.909
    Пол:
    Женски
    Абе се во ред и јас секако дека викам не, не ми беше тоа муабетот, него во такви ситуации може повеќе ќе функционира ако кажеш алтернатива.
    Инаку и мојот знае што е не кога го користам само како не, ама мислам дека оваа теорија се однесува на “не” кога се користи во смисла не прави го тоа, и место таа реченица, да се каже прави го ова…као не им се слуша не, туку прави го тоа само:D и затоа изгледа како да тераат инает.

    Моево кога ќе спискам не во вакви ситуации ме слуша, ама мене ме фаќа жал после оти мислам дека го плашам па се стаписува.
    Ама многу сака да го карам и да ме имитира. Цело време кога прави глупост повторува мама кара силно, јас полека ќе му речам да не го прави тоа и он не мама карај силно, јас асоцијација на карање сум му на детево;(
     
    На Mother of 2boys, Carolin. и јolene им се допаѓа ова.
  18. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.140
    Допаѓања:
    9.752
    Пол:
    Женски
    А мене ме тепа. Оти и е интересно кога викам, немој ме боли и се држам кај ме боли.
    Не знам кај научи да удира стварно. Моја грешка е што изреагирав еднаш кога ме удри. И сега трпам, за да заборави евентуално и да не и биде веќе интересно.

    Јас зборував за ситуации што не ми дава раче кога сме на улица. Или ми бега од игралиште кон улица.
    Не знам како да ја научам да оди до нас и полека за раче. Стварно е исцрпувачки веќе.
     
    На lackygirl, Carolin. и 1209 им се допаѓа ова.
  19. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.015
    Допаѓања:
    8.496
    Пол:
    Женски
    Никакви дистракции не помагаат. И не беше тргнат нагло во тоа е проблемот. Што не слуша ич, ама ич. Колку и да гледам да биде задоволен и он, толку полошо е ми се чини. Дома на секој тантрум пробувам нешто ново и ништо не функционира. Најбрзо се смирува ако го игнорирам. Ама на улица не можам да го игнорирам и да се повреди, и станува лошоооо.
    И да може сум за карање, ама ете некој работи ни јас не можам да ги контролирам. Се осетив лошо и не можев да ги занемарам погледите. Ама ќе утрпнам со време можеби (facepalm):rofl: оти ова ми се чини е само почеток
     
    На Splendor. му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.138
    Допаѓања:
    1.638
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден бев во Зара. Гледам една мајка тивко му збори на детето, а детето лежи доле на земја и не сака да стане. Она сирота упорна со надеж дека ќе стане и ќе тргнат. Претпоставувам и беше срам. Ми идеше да ја гушнам.
    Јас немам срам со тоа, ми е гајле што ќе кажат. Тие што имаат нешто да кажат валјда немаат појма како оди процесот на растење итн. Не се замарај со тој дел, најмалку битен е.
     
    На Bella_Stella, DaisyDream, lackygirl и 5 други им се допаѓа ова.